Блаже Конески

Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Еве една прекрасна песна од Б. Конески

СТЕРНА

Ами моите стари зер не се плашат од Стерна што ја правел Марко Крале под Маркови кули, и што ја затнал водата со не знам колку арари со бубаќ и ковани со бруќе колку еден аршин големи, та ја затнал водата и го куртулисал Прилепското поле да не стане како Охридското Езеро.
М. Цепенков

Ја затнав Стерната со бубаќ,
Со партали,
Со песочиште, со чакалиште,
Со камења, со карпи
Што ги натрупав на дувлото —
Да крепат.

Беше заден час!
Сонот ми скипна.
Во ниедна доба
Сум одел да наслушнам како приидува водата,
Како гргори, грчи и зајачува под земи,
Се лути некому
— А не го разбираш зборот —
Се токми да излезе
Како сура мечка од пештера,
Да потера лов.
Ноќе.

Знаев: трпелива
Таа го чека својот час.
Таа ќе почека да го успие мајка детето,
И лелејката да запре во лулањето,
Елемијата во вртењето,
Таа ќе почека да вечераат орачите,
Да ги сопашат објалата,
Да ги потурат опинците со плева,
Таа ќе почека да згасне последното жарче
Под пепелот,
Последното ѕвонче во трлата да молкне,
И пците да се притајат,
И старците што ги мачи бесоница и кашлица —
Да тивнат.
Да биде глуво и спокојно и темно кога ќе рикне.
Стерната.
Таа го чека само својот час.

Сите спијат,
А само јас буден во трудната ноќ,
Како ајдут на пусија,
Чекам —
Полн од нејзиното подземно бучење,
Сиот намовнат кога за малку ќе молкне —
Зашто тогаш крои најлошо и се присекава.
Ми иде да викам, да мавтам со раце, да будам!
И тогаш решив:

Ја затнав Стерната со бубаќ,
Со партали,
Со песочиште, со чакалиште,
Со камења, со карпи
Што ги натрупав на дувлото —
Да крепат.

Колку ликував
Дека ја задавувам до мртовечко отпуштање,
Дека сè послаб иде нејзиниот глас
Од подземјето,
Како да липа и да моли милост.
Сè повеќе се силев, раскинат од бес,
Со нокти корнев — и мавав и шибав
И толчев, и трупав грамада,
Брзав — да не ѝ се загревам.
А кога запрев, задишен и потен,
И минав со кална рака по челото,
Кога се исправив совсем простум
И вдишив со сета душа воздух и тишина,
Чув —
Некој под земи, далеку, се кикоти,
Како да ја прекрил устата со дланка.

И еве пак е ноќ и пак е ниедна доба.
Сите спијат, а јас го загубив сонот.
Ми бучи стерната в уши како никогаш,
Како да претекла сета во мене,
Овде, в гради,
И по дамарите
Ми приидуваат темните подземни водје
Без починка,
Како јас да ја создавам Стерната
И треба да го изречам нејзиниот збор.
Наслушувам:
Таа расте.
Таа го чека само својот час —
Да биде глуво и спокојно и темно кога ќе рикне,
Ќе се оттиши,
Ќе гргне, да поклопи, да подави, да повлече,
Да се успокои во ширината.

 

Velix

Kirk Hammett
Член од
18 мај 2012
Мислења
674
Поени од реакции
207
Може линк од целата поема ракување? :)
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.345
Не помислував дека треба добро да ги анализирам песните на Конески за да дојдам до самата поента.По првото читање мислиш едно,по второто нешто второ а после целосна анализа навидум толку лесна на крајот излегува суштината.Еве песнава една од пократките ми е поомилена.И да ја споменам песната Очи,напишана за Вера Јоциќ која ми е премногу емотивно прикажана.

Навреди

Кога би можел да ги изумам
трите навреди во мојот живот -
ох колку лесно би живеел тогаш?
Но тие тука се, присутни везден,
но тие живи се – будни и в соне,
и тие низ себе се пречистуваат
со привкус горчливо-тих.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Мајска ноќ

Цела ноќ ја сонувам. Се будам повремено колку да сетам дека заправо ја нема, дека реалноста е безмилосно проста и јасна. Незаштитено е моето срце во ваква ноќ, разградено за страдање. Говорам со неа на сон, и приоѓам, не можам да совладам една проклета граница меѓу нас, се будам — и сеќавам безмерна тага — ми лежи тешко на левата страна од градиве. Ова е мајска ноќ, врнежлива. Сега се слуша глас на птица од бавчата. Како солза капе таа песна. Го шепотам нејзиното име, самиот сум изненаден од тоа колку сум занесен. А само ужасна крајна самотија ме допира со својата бестелесна дланка во оваа ноќ.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Честит ден на македонскиот јазик!

besmrtnosta-na-blazhe-koneski-dokumentaren-film-vo-chest-na-stogodishninata-od-ragjanjeto-na-v...png
 

Kajgana Shop

На врв Bottom