Би се отселиле ли од државава доколку?

9Би се отселиле за стално од државава (кажете си реално, ова е само мислење)

  • Не доколку средната плата беше 1000 евра, наместо сегашниве 300

  • Да за средна западноевропска плата од 1800 евра и некојси таму поквалитетен живот


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.088
Kaj има у Македонија гратче кј шо е воздухот многу почист?
Лазарополе
Автоматски споено мислење:

Не ги верглам многу, јас во меѓувреме станувам во 6 секое утро и си легнувам до 12 на полноќ. Со напорна работа си купив неколку станови по ск, куќа, нова кола и тн, си развив мој продукт и континуриано работам на продукти што би ми носеле пасивна заработка, имам стабилна работа, а не ми е ни проблем нова да најдам ако има потреба. Сакав да кажам дека ми иде да се смеам на глас од токсични луѓе што шират негативна енергија и глупостиве што ги пропагираат.
е што индустрија е тоа да се купеле станови и куќи, трева, брашно?
 
Член од
1 мај 2019
Мислења
122
Поени од реакции
136
Лазарополе
Автоматски споено мислење:

е што индустрија е тоа да се купеле станови и куќи, трева, брашно?
Што сакаш да кажеш? Па најголем дел од луѓето вишокот пари го инвестираат во недвижнини.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Ако навистина го имаш тоа што не верувам, кога за 1200 ден сметка се правиш циган. :Д

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.598
Поени од реакции
18.021
Ова со иселувањево во последниве 4-5 години ми го форсираат луѓе со што не заработиле ни денар во животот, спијат секој ден до 2 или 3 напладне, пијат по 3-4 кафиња на ден и сите им се криви. Не ги верглам многу, јас во меѓувреме станувам во 6 секое утро и си легнувам до 12 на полноќ. Со напорна работа си купив неколку станови по ск, куќа, нова кола и тн, си развив мој продукт и континуриано работам на продукти што би ми носеле пасивна заработка, имам стабилна работа, а не ми е ни проблем нова да најдам ако има потреба. Ако некој не успеал во животот не значи дека сите треба да се отселиме од тука. Не ве разбирам што сакате да постигнете. Дикусијава стана токсична и убедување дека сите требат да се отселиме.

Ти ме потсеќаш на еден другар од средно што си праеше филмови дека после факс ќе шмрка бело на плажа дур работи remote :icon_lol:, со неколку милиони на сметка и две кубанки у скут.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Ако навистина го имаш тоа што не верувам, кога за 1200 ден сметка се правиш циган. :Д
Тролче е малиот, ем милионер во евра

Колку глуп менталитет. Во животов сум заработил преку милион евра и еве кампувам, идолошки спротивен од коминизмот и така. Не е се до скапите хотели и сл.
ем вози кола од 1000 евра

Ми треба клип за опел астра 1.7 тд 2000. Доколку некој продава или има повеќе инфо нека пише.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.730
Поени од реакции
9.770
Додека ние пол живот во редици и институции го поминавме за се и сешто, некои други што во исто време станале независни и почнале од понезавидна ситуација од нас како екс-Ју држава им држат лекции и се пример за држави ко Германија, Финска итн. и им шетаат роботи по улици.


@Ilumious пошто се жалеше за бирократијата, еве како се решава тоа. Ама после кај ќе се вработат плакатолепачите...
 
Член од
1 мај 2019
Мислења
122
Поени од реакции
136
@Forza Milan!!! веќе кажав дека не се правам циган за толку туку сакав да знам зошто е тоа така пошто до тогаш не ми се случило.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Додека ние пол живот во редици и институции го поминавме за се и сешто, некои други што во исто време станале независни и почнале од понезавидна ситуација од нас како екс-Ју држава им држат лекции и се пример за држави ко Германија, Финска итн. и им шетаат роботи по улици.


@Ilumious пошто се жалеше за бирократијата, еве како се решава тоа. Ама после кај ќе се вработат плакатолепачите...
Да да, Естонија е врвот моментално а и другиве земји од Балтикот. Чув една доскочица, вика во Естонија не можеш дигитално само да се ожениш и разведеш :D

Можеш да станеш и е-граѓанин на Естонија ама немам многу истражувано на таа тематика.
 
Член од
1 мај 2019
Мислења
122
Поени од реакции
136
Може да земеш e-residency од Естонија ама не е за секого исплатливо и има многу процедури иницијално... Најмногу се користи ради пониски даноци и тоа што може да направиш paypal што има можност да прима пари и да го користиш Stripe за онлајн продажба. Претежно за бизнис. Инаку само пофалби за Естонците цел систем си го направија електронски. Кај нас е скоро невозможно да се воведе ова со оглед на криминогеното опшество кое постои и повкарените политички елити, а плус тоа и партииве ќе си калкулираат бидеќи одма 100 000 администрација ќе изгубат работа ако почне да се воведуваат современи системи за работа по институциите...
 
Последно уредено:
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.532
Поени од реакции
21.408
Па кога ни носеа компјутери во школо да се дигитализираме како Естонија, они маме им ебаа од крадење.
Што од тастатура, маус па се до монитори и куќишта. Плус имаше тие боксовите што ги шиткаа по 100 ЕУР.

Јадам гомна малку, иако има вистина.
Сепак, луѓето во Македонија се многу тупи за да се 100% дигитализираме.
Пола македонци на фејсбук место Ц пишуваат Ч (со че праис-so ce prais),така да е нереално да очекуваме да сме близу нив без разлика од кога сме независни ние или они. Ќе си почекаме едно 10-15 години да сме на тоа ниво.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.730
Поени од реакции
9.770
Да да, Естонија е врвот моментално а и другиве земји од Балтикот. Чув една доскочица, вика во Естонија не можеш дигитално само да се ожениш и разведеш :D

Можеш да станеш и е-граѓанин на Естонија ама немам многу истражувано на таа тематика.
Бил Гејтс, Меркел, премиерот на Јапонија па дури и Папата се е-граѓани. Таргетираат исто ИТ кадри да фриленсат како дигитални номади со свои фирми во Естонија со помош на тоа е-residency. По нивна иницијатива се отвори центарот за сајбер-напади на НАТО и тоа кај нив во Естонија. Тоа е...сфаќам разлики во менталитет и пред се интелект и образование (први се во Европа, ние претпоследни...види слика), ама сепак страшно депресивно делува разликата меѓу 2 земји слични по многу параметри и скоро иста појдовна точка после 30 години независност.


 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.420
Поени од реакции
7.759
сите кењаме како треба гитла да се фати, а ни еден не сфаќа дека сите имаме одговорност у целава прича за дното во коешто е нашата држава. Пошо сите мислиме дека државата се оправа со работа од 8 саати и колку толку малце образ, морал и повремено "остави го кафето и донирај" 100 денари СМС или титка.

Жалам, ама сите вие имате одговорност, колку год да тупите дека други се одговорни за состојбата у државава, а демек вие (и јас) сме рози за мирисање. Еве, ја сум свесен дека кај нас не ја бива, ама знам дека и ја имам минорен удел во се тоа.

Колку од вас да речам ви дошло од срце да напраите апликација за помош на брзата помош (лупам), па тогаш да кењате за истата?
за воздухот? или чекате кеш само, па тогаш? Глеам има тука И.Т луѓе.
колку од вас стварно сте саделе дрвца на "ден на дрвото" (колку год да е тапа иницијативава), а колку фаќале гитла со наводни стоматолошки прегледи и разни оправдувања?
колку од вас остаивте кеш на келнерот кој ви донел кафе. Од учтивост, не ради тоа што брзо ве услужил?
Колку од вас сте прифатиле да работите ко фриленсери преку банка, а колку сте земале на рака кеш, за да не платите данок?
колку уствари плаќате данок in the first place? Колку затајувате?
колку од вас волонтирале некаде каде што има потреба (пожарникари или не знам што)?
колку од вас од чиста страст за помагање сте направиле КАКВА-ТАКВА апликација (пошто сте И.Т) за да помогнете у некоја сфера, било каде?
колку од вас сте обучиле некои постари граѓани за употреба на е-сметки за да не се праат гужви по шалтериве?
Колку од вас бесплатно сте го предале своето знаење на некој друг, без да го сечете со ненормални суми?
Колку од вас при продажба реално продавате нешто, без шминка и без помпезност?
колку од вас сте пробале да помогнете на некој и да му бидете психолошка поддршка (не зборам за донирање или давање крв) ?
колку од вас уствари фрлате ѓубре каде што треба а не на секоја страна?
колку од вас борци за чиста средина сте избегавале пластика? Ама удира на џеб тоа, заеби :)
колку од вас сте пишале на вашиот пратеник или претставник у општина за да сеа тупите дека тоа и тоа не го бива, колку год да ве игнорираат истите и да е бесцелно?
колку од вас сте презеле било каква иницијатива за подобрување на сивилото тука?
колку од вас сте донирале leftovers од храна на некој гладен?
колку од вас сте одбиле да ви ја срушат бараката за да не никне зграда у рок на 2 години? никој не би издржал да живее у 40 квадрати цел живот, наместо да добие 3х повеќе од тоа, на сметка на урбан хаос.
Колку од вас се шверцате у ЈСП?
колку од вас прошле со врски у текот на животот, дали возачка, дали испит дали лекарски преглед?
колку преку ред чисто ко да прашате нешто?
Колку од вас се спремни да дадат макар 2 денари повеќе за да купат македонски производ?
Колку од вас слушате/посетувате/купувате тикети за МАКЕДОНСКИ артисти?
Колку од вас кичма кршат за да дојдат до гага, било што?
Колку од вас бараат фискална сметка на секојдневна основа и бојкотирате продавници што не издаваат, или ќе ве удри на џеб па што го ебам?
Колку од вас се позитивен пример за другите граѓани тука?
Колку од вас направиле/преземале чекори колку што можат за да другите речеме "еј, има надеж за државава"?

(доста од прашањава се безврска, ама ја сфаќате поентата)

Знам дека многу од овие ствари се воспоставена пракса во државава и веќе имаат изгубено поента, ама доколку почнат секојдневно да се практикуваат, за многу кратко време ќе имаме видни разлики во нашето ни општество.
Никој не е цвеќе за мирисање, па не сте ни вие. Тоа е најголемиот проблем у државава, што никој не сноси одговорност за апсолутно ништо. прифаќањето на одговорност е чекор број 1 во поставувањето на подобар живот, индивидуален и општествен. Сите вие/ние имаме одговорност.

Реалноста е дека вие (и јас) сме еден степен повисоко на еволутивната скала од рајата од која бегате и која ја ругате на темава.
Еве, јас самиот си прифаќам дека имам макдеонска ДНК и дека имам одговорност за сивилото, колку год да мислам за себе дека сум западњак во умот, сепак, не сакам да живеам во шизофрена илузија дека не сум производ на ова труло општество тука, дека сум посебен и не се лажам себе си дека во моиве 27 години сум направил се што можам за да го подобрам ова општество тука.
Веќе е толку труло што и нема оправање уствари, ама ја сум соочен со фактот дека и ја (колку-толку) имам удел во срањево кое што се случува тука.
Сите вие што мислите дека не сте криви за ова што ни се случува сте само обични македонски лицемери. Сите вие што (меѓу кои и јас) плукате за сивилото у Македонија а не сте дале 100% за да стварите мрднат од мртва точка, сте хипокрити и лицемери.
 
Последно уредено:
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.901
Поени од реакции
17.548
Реално e така иако сега јас би можел да ти дадам неколку примери од мојата околина со кои до некаде би го демантирал постот но сепак во суштина постот ти е точен.Затоа секогаш кога ќе видам ѓубре во парк мојата реакција ја искажувам во прво лице множина.Сите кои пишуваме овде или пак на твитер,статуси на фејзбук,коментари да сме се потруделе барем малку мислам дека ќе било подобро но факт е дека и голем дел од населението е незаинтересирано за никаква граѓанска активност по ниедно прашање па ќе признаеш дека кога ќе ја видиш таа слика ќе изгубиш секако мотив за понатамоша активност.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.420
Поени од реакции
7.759
муабетот дека голем дел од населението е незаинтересирано за никаква граѓанска активност држи вода, не викам не.
Ама како да ти кажам, тоа ти е исто као сеа да почнеш сериозно да тренираш баскет и да си речеш "абе што кур си го губам времето, никад нема да дојдам до НБА". Сите да мислеа така, немаше да има НБА играчи. немаше да постои ни НБА.
откажување пред време е тој мајндсет. :)

Алудирав на фактот што тука само се плука и плука, а никој ни еднаш не кажа дека има макар мала одговорност за појавата/состојбата која што се плука. И јас сум во таа група.
Вака кога ве читам ми е скроз лицемерно тоа што го зборите. Појдете прво од тоа каде вие сте направиле/допринеле општествово да смрди, прифатете одговорност па потоа плукајте.
Дајте 100% се од себе за да го подобрите општествово, па тогаш го плукајте. Вака сите на куп сме лицемери и си ствараме его-boost илузии за себе дека сме high-class западњаци, а уствари сте(сме) како што реков, едно ниво над баграта од која што бегаме. со таа разлика што имаме доза на лицемерие во себе.
 
Член од
18 септември 2014
Мислења
827
Поени од реакции
746
Би се отселил поради криминалот и корпцијата која што владее со години во земјава. Најпрвин ради тоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom