Би-Би-Си: Нема докази за трговија со човечки органи од лица заробени од поранешна ОВК

@Lbaneso

Лаеш НЕ касаш !
Член од
19 ноември 2009
Мислења
2.425
Поени од реакции
798
Би-Би-Си: Нема докази за трговија со човечки органи од лица заробени од поранешна ОВК
Лондон, (МИА) - Тврдењата за илегална трговија со човечки органи од заробеници на поранешната ОВК, можеби се без основа, затоа што истрагите што беа направени не открија никакви поцврсти докази, јавува Би-Би-Си.
Првите наводи за ваквите случувања се појавија во јавноста уште веднаш по завршувањето на косовската војна во 1999 година, но тврдењето за злосторствата добија многу поголем публицитет, откако за тоа напиша Карла дел Понте, поранешен обвинител на Хашкиот трибунал, јави дописникот на МИА од Лондон.
Изнесените детали за тоа дека одделни припадници на ОВК земале од своите албански и српски заробеници човечки органи за да ги продаваат на меѓународниот црн пазар, а дека „хируршките интервенции“ биле извршувани во некоја „жолта куќа“, лоцирана на територијата во Албанија, предизвика згрозување на меѓународната јавност.
Косовските политичари во Приштина, како и албанските власти во Тирана категорично ги демантираа таквите обвинувања, но Судот во Хаг одлучи да не покренува своја истрага за наводите изнесени во книгата на Дел Понте.
Судот за воени злосторства во Србија меѓутоа одлучи да почне своја истрага за случувањата од годините на косовската војна, а потоа на истрага се реши и мисијата на Европската унија во Косово Еулекс. Двете истраги сепак не дојдоа до докази за злосторствата кои се споменуваат.
Шефот на Еулекс за воена истрага Мати Раатикенен за Би-Би-Си изјави дека скандалот со т.н. „жолта кука“ и потрагата по неа и по доказите за тоа што во неа се случувало во војната, го сврте вниманието од сите други случаи за кои може да се најдат докази и виновниците да се изведат пред суд. Додека случајот со таа „жолта куќа" и со тврдењата за тоа што таму се случувало се без докази, вниманието треба да се насочи на работи што може да се истераат до крај, вели Раатикенен.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.065
Поени од реакции
4.716
ББС тврди дека нема, СНН тврди дека има докази..... а бе медиуми, за популарност тврдат што сакаат...
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Тврдењата за илегална трговија со човечки органи од заробеници на поранешната ОВК, можеби се без основа, затоа што истрагите што беа направени не открија никакви поцврсти докази, јавува Би-Би-Си.
Насловот на темата не соодветствува со текстот.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109

Kajgana Shop

На врв Bottom