Битолски прекари

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618

Распусто – оти е роден на 10 јуни

Резило - пошол да си купва патики по влечки и по чорапи​

Свиокот - живеел на некоја кривина!

Неспремното - оти ко му се пуштала некоја (грда?) и` рекол „не сум спремен“.

Сантимо - за сантим немал два метра кутар тој 199цм....

Во четврто, на запознавање на општеството, учителката го прашва Иле како се вика текстилната фабрика од Тетово? А овај дума, дума и едно време вели ТЕКСАС! Е, од тогаш сите го знат ко ТЕКСАС, а Иле уште само мајка му го вика.
Две први другарки беа многу суви и ги викаа СЛАМКАТА И ТРЕФКАТА

Ајкула - оти ко ќе тргал марихуана ајкули му излегвале

ЌОШО - оти Ивица се вика

ЛАНОТО - Одпрво ЛАЈНО му викаја, па се лутел многу, па после нагалено почнаја ЛАНО да го викат!

ДРЏ - домашна расна џукела

Нитрото........оти црногорец е детето и "екстремно е брзо"

Индексо - прв во цела мала се запишал на факултет

ЏОГЕРО - висок, слаб со виткана коса

Купусо - оти се истрижал неубо и личел на зелка + љубел некоја дебелка - каца.

Ленче шц' - сите машки шц праеле ко ќе поминела кркркр

Џоле - Салафета ! оти женска му има фабрика за салфетки
Спидот - оти секое лето шљака со speedo влечки по Широк Сокак!
Кофчегот - интерен прекар за една висока, згодна и мрачна металка :)
Индексо 2 - единствен во друштво со факултет
Децималнио - не е баш „точен“, нормален
Ќор - Оти на сите му викаше „Кај си Саша“ :)
Пеце Грдиот - оти имаше едно кремче и беше фаца и на сите им викаше:„Кај си бе, грд!“ :) Иначе на Жабата брат му. :)
ФЛОРЕ - оти љубовницата му се викаше Флорида
Казанова – оти ко казан бил во главата
Џони Walker - Австраљанецот шо го вртеше корзото по 20-30 пати денот (порано се криеше од сите со раката настрана), во последно време шеташе гушнат со сок од 1 1/2л. во пластично
Пожаро – оти мајка му и татко му отишле во пожарна на родителска
Струјата-оти го акна струја од појачало за бас пред да почни свирката......исто така познат како Мики-добиено по неговиот мачор...........исто така познат како Коцка-не се знај оти..
РАБРАТА - професор по биологија шо секоја реченица ја завршвал со рабра? (разбра?)
 
Пропалица

Мртов/а
Член од
25 јуни 2011
Мислења
2.866
Поени од реакции
1.406
Поштенио - оти секој ден покрај поштата поминвал.

Коцката - Оти многу бил многу по коцкањето

Тротоаро - Оти едната нога му била покуса и му идела таман на тротоар да се качи.

Сатаро,Mачоро,Cаксo... - истото дете е ова! и на крајот од шо имал баеги прекари...РАНДОМО го завикаа!!

Педеро - едно чупе му се пуштало и ко прашала дали се знај со некој другар, овај му рекол - се знам ептен, кај е тој да го ебам, и ова си помисли стварно дека е педер.

Крефкото - оти нон стоп фаули барал фудбал ко ќе играле.

Бојата - оти бил гламна црн.

Школскио - роден на 1 септември

Беќаро - оти три пати се женел и се разведвал.

Финио- оти ошол на поседок кај брачедите во Финска

КаГеБе (КГБ) - оти ко ќе играл кантер сите го барале.

Маката - оти кога да го побарале другарите за излегвање викал неможам брат мака ми е.

Блинкеро - Оти трепкал нон стоп со очите.

Дубако - од шо бил дебел ко во дубак да бил клаен (дубак да имал голтнато)

Зајако, зецо.. - Женската имала изразити предни заби и заради то во основно така ја викале. Таман го заборајле прекаро си фатила дечко Зецо напрекар шо го викале.. и ете ти пак.

Наиме - го прашале: „како да те викаме тебе на прекар? Цела маала има прекари.“ - одговорил: „Неќам прекар, сакам наиме да ме викате.“ и така НАИМЕ го завикале!

Рингла - на персоната можело комотно цело тенџере за ајвар да му стои на главата

Празнио - избегал од час и после му се вадел на професорката дека бил да ја прегледа глата и ко го прашала професорката шо му нашле овај му рекол НИШТО.

Тушнико - оти бил билдер

Кенгуро - Австралијанец кој живеј во Битола.

Пичкуро - за ова не би објаснувале.

Марката - оти носела само брендирана (марка) гардероба

Ќофтето - Оти ко ја прашале кај се стрижеше место кај Кебапо (прекар на фризер во Битола) рекла кај Ќофтето.

Кокошката - оти пилиња печел пред кафаната, и од шо го завикале кокошката ги тргнал пилињата.

Кртишо (lat. KRTISHO) - Ко играле Warcraft наместо KRISHO како што се потпишувал стално, му фатила и „Т“ -одма до „R“- (сега сите видете се в тастатура...)

Млекото - оти многу бел бил во фацата.

Ремено - бил многу слаб и двапати го вртел ремено.

Тоблеронето - оти фризурата му била како „Тоблероне“ чоколадата

Мозоко - оти на сите му делел ум.

Ајваро - оти ко мал си мачкал лепче ајвар и излегвал надвор

за крај

Акмако - оти ко се запознавала со Паљачо (пејачо на Чоканче) препрашала 3 пати како се вика и за да памти поубо Паљачо му рекол - абе како за палење, Упаљач ама без У - Паљач ме викат. Друго ден по корзо го видела и почнала да му вика Акмак (некако за палење Чакмак му дошло дека е).
 
Пропалица

Мртов/а
Член од
25 јуни 2011
Мислења
2.866
Поени од реакции
1.406
Не се битолски овие ама ќе ги ставам тука
Ристо Трактористо
Столе Спрермата
Рачко Подржачко
Киро Компиро
Има уште:)
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.794
Поени од реакции
15.819

Ај овака, сите да го прочитаат ова, бидејќи не сите користат Кајгана - Е, неее...!, некои користат и други верзии. :)
 
Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Паца Толчи-Газ - Оти нон стоп седела на камен пред куќа...
Системо - Оти татко му се викал Ксенофон.
Драги Фантата - син му крадел вкомши во некоја куќа и телефоно заѕвонил во куќата,и овај улајо влегол се јавил!!на кој си ти бе? НА ДРАГИ!! кој драги бе? Драги Фантата!!
Чадоро - оти многу плукал кога зборел.

Место на настанот: Техничко училиште
Професорот : Ние денеска ќе учеме за бојлери.Ајде ти што можеш да ни кажеш за бојлерите ...... и наставата продолжува
//
Следен час кај истот професор
Професорот : Денеска ќе учеме за бојлери.Ајде кој е спремен да ни каже нешто ?
Ученик : Ама професоре учевме за бојлери минатиот час
Професорот : Седи таму бре, вие нас ќе ни кажувате што имаме учено.Ајде кој знае за бојлери
//
Следниот час приказната се повторва
И така за бојлери се учеше 3 часа со ред
И се знај професорот е Владо Христовски - Бојлеро.
Манџата - оти си ја заборави крофната на компјутери.
Испаѓа дека е некој вид на расипан телефон муабето дека МОЗОКО го бивало за математика....прекаро му е оти ко играл старкафт, еден од зборојте шо можел да се напиши со латиниќно писмо, а да изгледа кирилично бил зборо мозок, напишан како МО тројка ЗОК
Тони Бетоно - морфолошки глеано прекарот иди од случката поврзана со ударот на дотичниот во бетонски стуб со шкода чамојца
Покојното - оти си направил некролог за инает на родителите да го мислат умрен
МУТЕТО - оти таткому и мајка му се неми, демек на муте биле клаени
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.238
Поени од реакции
19.396
Значи само кај нас во Битола(та)има вакви .ЛЕГЕНДАРНИ ПРЕКАРИ...:pipi:
Индексо-оти само тој во друштвото бил запишан на факултет...:D
Сантимо-бил висок 199 см,и само еден сантиметар му фалел до 2 метра,и затоа си го заслужил прекарот:pipi:
Неспремнио-оти ко му се пуштала некоја грда пес женска и рекол "НЕ СУМ СПРЕМЕН":pos:
Ќорио-Оти на сите му викаше "КАЈ СИ САША"
Сламката и Трефката-ова се две другарки шо биле ептен слаби и така ги завикале..:ROFLMAO:
Тексасо-Во четврто, на запознавање на општеството, учителката го прашва Иле како се вика текстилната фабрика од Тетово? А овај дума, дума и едно време вели ТЕКСАС! Е, од тогаш сите го знат ко ТЕКСАС, а Иле уште само мајка му го вика.:cuc:
Беќаро-оти три пати се женел и се разведвал:D
П.С.
За погоре наведениот прекар КОКОШКАТА....:D
Кратка историја како настана тој прекар...

Се работи за легендарниот Битолски скараџија Цане Боксеро(држи кафана на Широк Сокак):cool:
Е сеа,муабетот е шо,едно време кладе во кафаната и кокошки за печење....и доста добро му одеше.....:)
Арна ама Битолчани ко Битолчани(улај луѓе):D го завикаа ЦАНЕ КОКОШКАТА:pos:
И пусти Цанче се нервираше шо го зафркаваа кај стигнат,и ги тргна кокошките....:ROFLMAO:
И оттогаш нема печени кокошки во кафаната наречена како подруго ако не РОКИ ДООЕЛ:pos:
 
sanos_a

www.autobusi.net/
Член од
12 декември 2008
Мислења
554
Поени од реакции
82
ТУБЕЛЕС - носел патики без чорапи
не сум од битола, таму бев на факултет и стварно битолчани се закон во прекари
 
Член од
23 септември 2010
Мислења
645
Поени од реакции
385
Штурецо- зашто е слаб и грбав
Лукче-јадел многу лук, може некој го знае има перална за коли и теписи
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.238
Поени од реакции
19.396
Штурецо- зашто е слаб и грбав
ЛУКЧЕ-јадел многу лук, може некој го знае има перална за коли и теписи
Кај нас в мала живеј,и НИЕ(друштвото од маала) му го извајвме прекарот...:D
Навистина ко мал јадеше ептен лук,копаше...и целосно си го заслужи прекарот....:pipi:
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.126
Поени од реакции
2.764
Менде - Чипот, бидејќи прв се вакцинирал против Короната во Битола...
 
Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.034
Поени од реакции
28.670
Пеце-Алфа, многу расипан тип бил.
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.126
Поени од реакции
2.764
Александар Маленко во Битола го викале Аудито пошто имал 4 прстени, а сега дека има 5 прстени го викаат Александар олимпијадата...
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Вакциниран со трета доза - гоблено
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.126
Поени од реакции
2.764
Го викале полжаво оти бил многу спор...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom