Битола

Член од
14 август 2010
Мислења
1.150
Поени од реакции
1.375
А можеш и да покушаш да не платиш за пијачка и тоа да го искористиш како причина за бокс тренинг со шанкерот, келнерот или вратарот
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.395
Поени од реакции
7.839
Рак кај 18 бебиња во Битола во 2016

Во 2016 година во Битола имало 18 случаи на малигни заболувања кај деца до две години. Биле заболени и пет деца меѓу 3 и 6 години, шест деца меѓу 7 до 9 години, четири деца од 10 до 14 години, два тинејџери од 15 до 19 години и 18 млади од 20 до 24 години.

Дури 410 случаи на малигни заболувања повеќе биле регистрирани во 2016 година во споредба со 2010 година на територијата на Општина Битола. Според податоците што Центарот за јавно здравје од Битола ги достави до општинскиот Совет, за 2010 година имало 1291 вкупно лекувани од малигни неоплазми, додека во 2016 година 1701. Стапката на регистриран болнички морбидитет од малигни заболувања за 2010 година изнесувала 12,6 на 1000 жители, а за 2016 изнесувал 16,7.

Според податоците, од малигни неоплазми боледуваат и деца од најмала возраст. Така, во амбулантно-поликлиничката дејност имало 18 случаи на малигни заболувања кај деца до две години во 2016 година. Потоа, пет заболувања кај деца од 3 до 6 години, шест кај деца од 7 до 9 години, четири кај деца од 10 до 14 години, две кај тинејџери од 15 до 19 години, 18 кај млади од 20 до 24 години.

Битолчани се загрижени од алармантните податоци.

„Во секое семејство има по некој заболен од канцер. Широк Сокак се празни, а секој ден на некролози гледаме млади луѓе.“

„Останува дека нашите деца се отруени, треба посериозно да приоѓаме кон овој проблем.“

„Ако ви умираат по 1200 луѓе годишно, а се раѓаат помалку од илјада и дел умираат поради еколошки проблеми, може да се каже дека во градот живеат еколошки мртовци“, реагираат битолчани.

Инаку од Центарот за јавно здравје во Битола посочуваат дека во 2016 година неоплазмите како причина за смрт со вкупна бројка од 382 умирања или стапка од 208,1 умирања на 100.000 жители, се на второ место после заболувањата на циркулаторниот систем. Алармантните податоци беа разгледани и на седница на Советот.

„Битола го води орото на заболени луѓе. Како Совет и Општина треба некои прашања да ги кренеме на многу повисоко ниво, да се покрене иницијатива за Општина Битола да почне да презема активности за овој проблем. Сме втори во Европа, а сме имале и смртни случаи од малигни неоплазми кај деца и до две години. Податоците се алармантни“, вели Габриела Илиевска, советничка од независната група „Поинаку“.

Се смета дека дел од здравствените проблеми се последица на загадувањето во градот. Истражувањата покажаа дека најголем загадувач се токму оџаците од домаќинствата и институциите кои се греат на тврдо и течно гориво зашто Битола нема топлификација.

Од Општина Битола сериозно се посветени на гасификација на градот, преку која во иднина ќе се обезбеди и поевтино и еколошко греење на домаќинствата, па се смета дека болестите од загадувањето ќе станат минато. Општината веќе објави оглас за основен проект за гасификација.

„До 2020 година планирано е гасоводот да стигне до општина Битола, а во меѓувреме се подготвуваме и со мрежа која ќе биде поставена низ општината. Ние веќе ги имаме двете главни линии по кои ќе се одвива мрежата во нашиот град. Досега имаме направено и сериозен пристап кои стопански субјекти ќе се вклучат, останува мотивација на граѓаните да се вклучат кон мрежата“, рече градоначалничката Наташа Петровска.
 
Член од
21 јануари 2018
Мислења
142
Поени од реакции
148
Здраво. Да не знае некој која бензинска пумпа или плинара во Битола продава плин за домакинства и го носи до дома ? Фала
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.198
Поени од реакции
4.896
@snatch Макпетрол ако не се лажам носи боци до дома, исто и кај Герзо имаш Пелагонија Петрол и тие имаат гледам возила за достава на плин.
 
Член од
21 јануари 2018
Мислења
142
Поени од реакции
148
@Пеце Бев зедов од торпедо од дулие, ама за нареден пат ќе знам. Фала.
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Ех Битола Битола какви нелуѓе те водат. Браво за луѓето од ПСК Пелистер. Го почнаја реновирањето на Копанки, па му ги тргнаја корпите од жичарата да не можат да носат материјал. Денес со останатите донирани пари бележеа пешачки премини кои се избришани пред училишта па ќе добијат казни од инспекторите кои констаторале неовластено бележвање на пешачки премини. Има уште луѓе шо ја сакат Битола ама неможат да дојдат до израз од лоповите во Општина (дпмне и сдсм).
Уште еднаш браво за луѓето од ПСК Пелистер, а другите арам да ви се парите шо ги крадите
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.395
Поени од реакции
7.839
Ех Битола Битола какви нелуѓе те водат. Браво за луѓето од ПСК Пелистер. Го почнаја реновирањето на Копанки, па му ги тргнаја корпите од жичарата да не можат да носат материјал. Денес со останатите донирани пари бележеа пешачки премини кои се избришани пред училишта па ќе добијат казни од инспекторите кои констаторале неовластено бележвање на пешачки премини. Има уште луѓе шо ја сакат Битола ама неможат да дојдат до израз од лоповите во Општина (дпмне и сдсм).
Уште еднаш браво за луѓето од ПСК Пелистер, а другите арам да ви се парите шо ги крадите

Изглеа се токми некој чауш партиски да си го присвои, затоа прават пиздарии.
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Реакција на ПСК Пелистер после изјавата на професорицата за настаните со Копанки и пешачките

Отворено писмо до Наташа Петровска,

По вашите последни изјави не можеме да ве разбереме и најдобронамерно препорачуваме да излезете од чаурата во која сте, за ваше, наше, но пред се', за доброто на граѓаните на Битола. Не е проблемот до неовластеното обележување на хоризонталната сигнализација, туку до ОВЛАСТЕНОТО НЕОБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ХОРИЗОНТАЛНАТА СИГНАЛИЗАЦИЈА. На кого му се заканувате со записници на сообраќаен инспектор? На тие што ве избраа? Сообраќајниот инспектор треба да направи записник и вам да ви нареди под итно да ги обележите необележените пешачки премини. Па не знаете со тоа соопштение колку личите на оние против кои демократската јавност и „Шарената Револуција“ се бореше. Граѓаните на Битола ја препознаа благородноста на нашата акција, акција насочена кон зголемување на безбедноста на нашите деца. Доколку се случи несакан настан на необележан пешачки премин, ќе можете ли мирно да спиете? Вие боја можете да барарате по спецификации на НАСА, но едно мора да разберете, животот не запира, градот живее(сеуште) и доколку институциите не преземаат мерки од нивна надлежност, граѓаните имаат право истите да ги преземат. На кого му наштетивме е основното прашање. Внесувате политика во вашата комуникација со нас. Политикантски е да се полемизира на тој начин со квалификации и полувистини за една во основа позитивна активност.
За „Копанки“, резимирајте што предложивте: 1. да ја пренесеме сопственоста на општината и 2. КЈП „Нискоградба“ да го управувала домот. И упорно се држите до тоа дека НЕМА ЗАКОНСКА МОЖНОСТ, бла бла.. Не слушате наши аргументи, ви објаснивме дека ЗАКОНСКА МОЖНОСТ ПОСТОИ!(чл.22 и чл.24, ст.2 од Законот за локална самоуправа), понудивме 10.000 ноќевања за наши деца кои на Копанки ќе одржуваат настава во природа, ќе дишат чист воздух, ќе ја засакаат планината...Ништо од се тоа не прифативте. Лично го споменувате Претседателот на ПСК „Пелистер“, човек со интегритет, кој се одважи да се бори за правда и му се спротивстави на вашиот претходник, кој на сличен начин како и вие сакаше барем во прво време планинарскиот дом „Копанки“ да биде сопственост на општината, а потоа... Споменувате години, да, во 2015 се изврши легализација, во 2016 имавме средба со вас и со носителот на изборната листа од вашата партија на која беше договорено да се помогне после изборите. Во 2017 чекавме помош, а во 2018 година се одлучивме да започнеме сами. Клучен момент за таквата наша одлука, а кој не го споменувате, е вашето одбивање да ставите потпис на изготвената апликација за грант од УНДП во висина од 100.000 долари. Апликацијата беше одлично оценета од УНДП, но не го добивме грантот од причини што немавме партнер во локалната самоуправа(по вашето одбивање), партнер кој немаше никакви обврски. Таа е вистината, колку и да е болна. Споменувате јавен интерес бил планинарскиот дом, па кој го спори тоа? Не само јавен интерес, туку и јавно место, термин дефиниран со закон, ама треба да се чита, да се имаат вистински советници. Планинарскиот дом „Копанки“ ќе се обнови и без ваша помош, само ве молиме, не не спречувајте, не одржувајте колегиуми за тоа како да се спречи изградбата на домот. Повикајте не лично, не преку посредници. Ќе разговараме, ќе се убедуваме, ќе се обидиме да го надминиме измислениот проблем, ама и да градиме, а за тоа ни е потребна жичарата.
„Копанки за сите, сите за Копанки“

22.08.2018 год. Претседателство на ПСК „Пелистер“
Битола
 
Член од
8 октомври 2015
Мислења
870
Поени од реакции
2.385
Политички препукувања,и тие од пск не се цвеќе за мирисање,секоја чест за оние искрените ама има некои шо стварно сакат да профитират преку домот,сума сумарум натето е женската верзија на 2.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom