Битола

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.287
Чисто од радозналост кои мерки кои веднаш би се вовеле, осетно би го намалиле загадувањето во Битола?
Еве ќе ти одговорам наместо него - Да се врати господинот Груевски на власт.[DOUBLEPOST=1514384873][/DOUBLEPOST]

Не бе, океј е.

Последно уредено:

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.395
Поени од реакции
7.839
Чисто од радозналост кои мерки кои веднаш би се вовеле, осетно би го намалиле загадувањето во Битола?
Истите тие што ги предлагаше СДСМ минатата година, не мора повеќе.[DOUBLEPOST=1514387002][/DOUBLEPOST]
Еве ќе ти одговорам наместо него - Да се врати господинот Груевски на власт.[DOUBLEPOST=1514384873][/DOUBLEPOST]

Лирим и тука на оваа тема како загарче трчаш по мене. Тоа е тој менталитет на оФца.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.035
Поени од реакции
6.633
Чисто од радозналост кои мерки кои веднаш би се вовеле, осетно би го намалиле загадувањето во Битола?
пронајдување на загадувачите и нивно санкционирање, доколку е од фабрика/комбинат забрана за работа додека не исполни стандарди(ама не наши составени од пред 50 години) , доколку станува збор за превозници и приватни возила - забрана за возење додека не ги исполнат најновите стандарди во превозот, субвенционирање на истите да користат еколошко гориво(автогас), забрана за регистрирање на возилата кои им се извадени катализаторите, доколку е од домаќинства - гасификација , воведување колективно загревање (по зградите каде не е) , субвенционирање на струјата како загревањето би било поефтино одколку на дрва, субвенционирање на сончеви колектори и оние кои би произведувале струја од истите, потоа борба со урбаната мафија која го запоседнува зеленилото како централното градско подрачје така и периферијата, што повеќе пошумување и изградба на паркчиња во секој дел од градот без исклучок, потоа пренасочување на сообраќајот односно што повеќе улици би се направиле еднонасочни толку помалку ќе има гужва и задржување на возилата кои испуштаат издувни гасови во воздухот, на истите ќе нема потреба од толку семафори ќе се зголеми протокот низ градот исто ќе се реши проблем како со метежот така и со паркирањето, потоа изградба на велосипедска инфраструктура во градот која и те како ни е потребна

и уште многу работи за кои треба работа и решавање, а не лежење во фотеља и безидејно цицање на буџетот
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.395
Поени од реакции
7.839
Или воздухот се прочисти, или се промени власта, каде се сега тие кои протестираа за чист воздух?

Еве како тогаш советниците од СДСМ даваа изјави во јавноста како опозиција и тврдеа дека тогашната власт е некадарна, еве сега се тие власт, после толку време немале подготвено акциски план за делување, или ги изненади зимата?

Еден куп видеа има со кои се потврдува ова лицемерие без преседан.
 
Z

ziko bt

Гостин
Истите тие што ги предлагаше СДСМ минатата година, не мора повеќе.
Пиши ги де. Јас како неупатен во ова тематика, "брзи" мерки не вервам да помогнат во намалување на загадувањето. Филтри на оџаците на Рек ваљда би било најизводливо како таква мерка. Мада според луѓе вработени таму, Рек има филтри по пропишани стандарди.
Да не се лажиме, се освен долгорочна стратегија како топлификација/гасификација и забрана за увоз на канти од страна ќе биди ветер во магла. Шознам, мислам рано е за прозивки за нешто шо не се решава преку ноќ, најавена е гасификација, па ќе судиме на крајот на мандатот дали сработија нешто околу загадувањето.
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.395
Поени од реакции
7.839
Пиши ги де. Јас како неупатен во ова тематика, "брзи" мерки не вервам да помогнат во намалување на загадувањето. Филтри на оџаците на Рек ваљда би било најизводливо како таква мерка. Мада според луѓе вработени таму, Рек има филтри по пропишани стандарди.
Да не се лажиме, се освен долгорочна стратегија како топлификација/гасификација и забрана за увоз на канти од страна ќе биди ветер во магла. Шознам, мислам рано е за прозивки за нешто шо не се решава преку ноќ, најавена е гасификација, па ќе судиме на крајот на мандатот дали сработија нешто околу загадувањето.
Види, јас потптолно се согласувам дека ова не е проблем кој може да се реши за кратко време макар да има неограничени финансиски средства на располагање, меѓутоа да се бориш за власт и да немаш изготвено акциски план за делување со вака горлив проблем, а во меѓувреме си критикувал безочно за истиот, политички оркестрирани протести и што не како опизиција, а сега ваков пристап ист како тие пред нив е чисто лицемерие.

Ако можеа еден куп безврска закони по кратка постапка да донесат, можеа да сработат нешто во поглед на цената за електрична енергија за Битола и околината, во грејна и вон грејна сезона.

Имам пишувано наназад на оваа тема, имам и читано постручна анализа за амбиенталниот воздух во Битола, преку цела година проблем е РЕК, додатно е грејната сезона и енормното согорување на фосилни горива.[DOUBLEPOST=1514391234][/DOUBLEPOST]Битола преку цела година треба да има субвенционирана цена на електрична енергија, додатно за оние домаќинства кои ќе се обврзат да се греат на истата.

Гасификација на топланите во поголемите станбени компчески низ Битола кои се во целосна кондиција, меѓутоа користат фосилни горива, мазут поточно.

Приоритет колективно домување да биде и тоа во Централно Градско Подрачје.

Кој qr е касарната со згради кога бројот на жители на градот драстично опаѓа?

Сево ова треба да биде на терет на ЕЛЕМ затоа шо стапката на канцерогени заболување се крие од јавноста колу е повисока од нормалата.
Можи од моликата е од Пелистер, канцерогена смола има или сл.
 
Последно уредено:

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.698
Поени од реакции
20.962

Просто да се чуди човек што луѓето дишеја пред да го пронајдат кислородот во 1770 и некоја.
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.395
Поени од реакции
7.839
Просто да се чуди човек што луѓето дишеја пред да го пронајдат кислородот во 1770 и некоја.
Колку е глупо ова да го напишиш чудо едно, просто едноставно, без навреда.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.698
Поени од реакции
20.962
Колку е глупо ова да го напишиш чудо едно, просто едноставно, без навреда.
Ич не се навредив не се секирај. А ти од мал вака беше загрижен за пм честичките колку се или од ко ти ставија мерачи?
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.395
Поени од реакции
7.839
Ич не се навредив не се секирај. А ти од мал вака беше загрижен за пм честичките колку се или од ко ти ставија мерачи?
Од ко почнаа сите станбени комплекси низ Битола да исклучуваат од централно греење, па полека енормна маса на битолчани поради економската ситуација се префрлија од електрична енергија на дрва и шо уште не.

Ти од мал си вака бистар мајтапчија или на спремање одеше негде?
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.698
Поени од реакции
20.962
Од ко почнаа сите станбени комплекси низ Битола да исклучуваат од централно греење, па полека енормна маса на битолчани поради економската ситуација се префрлија од електрична енергија на дрва и шо уште не.

Ти од мал си вака бистар мајтапчија или на спремање одеше негде?
Кои станбени комплекси жити се. На прсти се бројат кои згради имаа можност за парно . Колку од нив некогаш било когаш го проработиле е сосем друг муабет. Имаше можеби пред 10 години или повеќе една акција се рестартираја котланите и толку. Повеќето уште другата година се откажаја најверојатно поучени од топлификација во Скопје. Настрана тоа дека тие котлани се на мазут.
Друга работа што како да подзаборавивте дека не толку оддамна домаќинствата покрај што се грееја на теромо печки имаше и еден голем дел што се грееја на печки на нафта, еден огромен дел кои не се грееја на струја се грееја на јаглен и секако на дрва. Најголем дел на оние домаќинства кои имаа дома спорведено инсталација за парно котлите исто така им беа на јаглен или на нафта.
И како шлаг на сето ова популацијата на Битола барем колку што се изначитавме последните неколку години е скоро дупло намалена од тоа што беше пред да речиме 20 години.
Со други зборови не толку оддамна за греење покрај струјата најчест избор како енергенс за греење се користеше фосилно гориво. А да дрвата не спаѓаат во фосилно гориво онака чисто информативно да ти кажам. И РЕК на јаглен работи едно тричетриесет години( барем така велат :cautious:).
Затоа и те прашав ти одсекогаш беше загрижен за пм честичките или од ко ви ставија мерачи.
П.с од мал сум ваков ;)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom