Првиот професионален театар во Македонија е основан на 14-ти Ноември 1944 година во Битола, само 10 дена по ослободувањето на градот.
мк.википедија напиша:
14 ноември (настани)
Од Википедија, слободната енциклопедија
Група македонски артисти организирани во полупрофесионалниот ансамбл „Кочо Рацин“ во
Битола, на македонски јазик ја изведоа едночинката „Ѓоре Магаревски“, од современиот македонски писател
Владо Малески. Со тоа беше означено раѓањето на
Народниот театар во Битола и раѓањето на драмската уметност во Македонија.
Институт за театрологија напиша:
Веднаш по ослободувањето во Битола се организира интензивна театарска дејност. Професионалниот театар со работа официјално започнува на 14 ноември 1944 година, изведувајќи ја едночинката на Владо Малески - Петтоимениот Ѓоре. Овој датум се смета за ден на основање на Народниот театар Битола.
Првите членови, основачи на Битолскиот театар се: Јорго Цаца, раководител на групата, Вера Вучкова, Димче и Ацо Стефановски, Мери Бошкова, Симо Георгиевски, Славче Матевски, Георги Карев и Јован Бејко.
Првиот управник е Аки Павловски (1945).
Од 1980 година театарот работи во нов, исклучително функционален објект, кој на ансамблот му овозможува најдобри технолошки услови за работа.
Од 1945 до 2001 година Битолскиот театар има изведено над 350 премиери и одиграно над 7.000 претстави. Денес тој е несомнено најуспешен театарски ансамбл во Македонија, афирмиран и респектиран не само во поширокиот балкански регион, туку и подалеку.
Институт за театрологија
Црквата Свети Димитрија во центарот на градот е изградена во 1830 година.
Народниот музеј во Битола е изграден одамна пред Османлиите.
Националниот парк Пелистер е прв основан национален парк во Македонија.30-ти Ноември 1948 година.
Познати личности:
Во средното музичко во Битола учеле Тоше Проески, Каролина Гочева, Ламбе Алабаковски, Кире Костов, Славе Димитров (последниве двајца се таму родени и живееле доста време).И Марјан Стојановски
Револуционери :
Стив Наумов
Елпида Караманди
Пецо Божиновски
Васко Карангелевски
Таки Даскало (Димитар Николовски)
Ѓорѓи Наумов - Шоферо
Фахри Ибраим
Никола Канински
Кочо Чолаковски
Естреја Овадија
Вангел Тодоровски - Мајоро
Ѓорѓи Сугарев
Даме Груев (Смилево)
Главен генерал на АРМ во 2001 беше Панде Петровски.
Доктори:
Јован Калаузи ,
(1919-1989).Роден 1919 г. во Битола, каде го завршил основното и средното образование. примариус, д-р специјалист, интернист кардиолог, еден од основоположниците на интензивна нега и терапија при кардијални кризи во Р. Македонија. Се одликувал со голема стручност и хуманост.Во 1951 го формирал првиот Оддел за трансфузиолигија.Во 1959 г. специјализирал кардиологија во Париз.Од 1963 до 1978 г. ја обавувал функцијата началник на Интерното одделение и Службата за внатрешни заболувања.Д-р Калаузи бил голем ентузијаст и неговите пионерски зафати и интервенции дале видни резултати во намалувањето на процентот на смртноста при акутен инфаркт на миокардот АИМ.Средното медицинско училиште во Битола е именувано во негова чест.
Трифун Пановски,
првиот партизански лекар во народноосло-бодителната војска на Македонија, и патрон на медицинскиот центар во Битола. Како лекар и хуманист со големи лекарски способности кај борците и народот уживал голем авторитет.Во текот на 1943 г. бил интерниран во Бугарија и мобилизиран како лекар во бугарската армија, од каде успеал да избега и да им се приклучи на партизаните (1944). Во партизанските редови работел прво како главен лекар во партизанските болници на Кожуф планина, а потоа како лекар во Првата македонско-косовска бригада и на крај во Првата македонска бригада (во Дебарца и Караорман). Ce одликувал co храброст и пожртвуваност, спремен да им помогне на ранетите борци во првите борбени редови. Заради неговата несебичност бил почитуван и сакан од сите борци.Д-р Трифун Пановски работел во партизанската болница што ја формирал и организирал кај с. Песочани и Ехловец, во подножјето на славниот Караорман и Славеј. Во оваа болница се лекувале тешко ранетите борци, а полесно ранетите, под негов стручен надзор се лекувале во своите единици.
На 22 јуни 1944 г. партизанското движење претрпело голема загуба. Во близина на селото Буринец (Дебарца) при едно пробно гаѓање со минофрлач, од ненадејна експлозија бил тешко ранет заедно со командантот на Првата македонска бригада Коле Канински и уште тројца нивни соборци - партизани.
Познати спортисти:
Оливера Наковска Бикова (стрелаштво)
Димитар Илиевски Мурато (алпинизам)
Николче Новески
Петар Милошевски
Ванчо Мицевски
Тони Мицевски
Зоран Мицевски
Горан Ставревски
Митко Стојковски
Тони Савевски
Драган Канатларовски
Ѓоко Хаџиевски сите фудбалери, репрезентативци и последните двајца селектори, вториот најуспешен досега.
Ракометари, сите репрезентативци:
Петар Ангелов - Диви
Бранко Ангеловски
Боро Чурлевски
Стевче Стефановски
Иван Марковски
Александар Јовиќ
Стевче Алушевски (инаку роден е во Сиднеј
)
Ѕвонко Шундовски
Во РК Пелистер се поминати доста македонски ракометари Кире и Филип Лазаров, Наумче и Златко Мојсоски, Пепи Манасков, Владимир Темелков, Гоце Макалоски и во најголем дел таму се афирмирале како имиња.
Единствениот
аеромитинг во Македонија е еднаш годишно одржуван на спортскиот аеродром Логоварди, кај Битола (за чудо аероклубот Скопје неколку години по ред е во бојкот на аеромитингот, поради намера за префрлање на истиот во Стенковец).Некогаш постоела и пилотска школа, .најавена обнова лани, ама некако испадна пак во
Скопје.најголем дел од пилотите во МАТ и Авиоимпекс беа Битолчани (и пилотот во Кингерот на Трајковски беше Битолчанец), после пропаѓањето на двете компании,
успешни во странство.