Битола - Македонски обележја и македонски личности

Најубави обележја во Битола се од следната националност?

  • Туските обележја (тумбе кафе, широк сокакот, безистенот, чаршијата)

    Гласови: 10 32,3%
  • Албанските обележја (Град на албанската писменост)

    Гласови: 1 3,2%
  • Влашките обележја ( Филмакста продукција - Милтон Манаки )

    Гласови: 1 3,2%
  • Македонските обележја

    Гласови: 19 61,3%

  • Вкупно гласачи
    31
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.074
Што е муабетов, и Битола албански сакаат да го прават?
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
ДА го заборивив него, но тој по едничка припадно е турчин http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=7D24D42F0BDA1F45AFC5FA1A14BDF4B9 Јас мислев Битолачани по етничка припадност македонци.
Атанас Лозанчев (Војвода и деец на ВМОРО) , Ѓеорги Сугарев(ваљда си чул) исто познат деец и војвода на ВМОРО , Ризов , Лука Џеров ... Тоа ми падна на ум сега :) кога ќе видиш во близина на Битола е и Смилево(нез дали е под општина Битола ама како и да е) таму е роден Даме Груев...
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
11.809
Поени од реакции
17.694
Првиот професионален театар во Македонија е основан на 14-ти Ноември 1944 година во Битола, само 10 дена по ослободувањето на градот.
мк.википедија напиша:
14 ноември (настани)

Од Википедија, слободната енциклопедија
1944
Група македонски артисти организирани во полупрофесионалниот ансамбл „Кочо Рацин“ во Битола, на македонски јазик ја изведоа едночинката „Ѓоре Магаревски“, од современиот македонски писател Владо Малески. Со тоа беше означено раѓањето на Народниот театар во Битола и раѓањето на драмската уметност во Македонија.
Институт за театрологија напиша:
Веднаш по ослободувањето во Битола се организира интензивна театарска дејност. Професионалниот театар со работа официјално започнува на 14 ноември 1944 година, изведувајќи ја едночинката на Владо Малески - Петтоимениот Ѓоре. Овој датум се смета за ден на основање на Народниот театар Битола.
Првите членови, основачи на Битолскиот театар се: Јорго Цаца, раководител на групата, Вера Вучкова, Димче и Ацо Стефановски, Мери Бошкова, Симо Георгиевски, Славче Матевски, Георги Карев и Јован Бејко.

Првиот управник е Аки Павловски (1945).
Од 1980 година театарот работи во нов, исклучително функционален објект, кој на ансамблот му овозможува најдобри технолошки услови за работа.
Од 1945 до 2001 година Битолскиот театар има изведено над 350 премиери и одиграно над 7.000 претстави. Денес тој е несомнено најуспешен театарски ансамбл во Македонија, афирмиран и респектиран не само во поширокиот балкански регион, туку и подалеку.
Институт за театрологија
Црквата Свети Димитрија во центарот на градот е изградена во 1830 година.

Народниот музеј во Битола е изграден одамна пред Османлиите.

Националниот парк Пелистер е прв основан национален парк во Македонија.30-ти Ноември 1948 година.

Познати личности:
Во средното музичко во Битола учеле Тоше Проески, Каролина Гочева, Ламбе Алабаковски, Кире Костов, Славе Димитров (последниве двајца се таму родени и живееле доста време).И Марјан Стојановски :icon_lol:

Револуционери :
Стив Наумов
Елпида Караманди
Пецо Божиновски
Васко Карангелевски
Таки Даскало (Димитар Николовски)
Ѓорѓи Наумов - Шоферо
Фахри Ибраим
Никола Канински
Кочо Чолаковски
Естреја Овадија
Вангел Тодоровски - Мајоро
Ѓорѓи Сугарев
Даме Груев (Смилево)

Главен генерал на АРМ во 2001 беше Панде Петровски.

Доктори:
Јован Калаузи , (1919-1989).Роден 1919 г. во Битола, каде го завршил основното и средното образование. примариус, д-р специјалист, интернист кардиолог, еден од основоположниците на интензивна нега и терапија при кардијални кризи во Р. Македонија. Се одликувал со голема стручност и хуманост.Во 1951 го формирал првиот Оддел за трансфузиолигија.Во 1959 г. специјализирал кардиологија во Париз.Од 1963 до 1978 г. ја обавувал функцијата началник на Интерното одделение и Службата за внатрешни заболувања.Д-р Калаузи бил голем ентузијаст и неговите пионерски зафати и интервенции дале видни резултати во намалувањето на процентот на смртноста при акутен инфаркт на миокардот АИМ.Средното медицинско училиште во Битола е именувано во негова чест.


Трифун Пановски, првиот партизански лекар во народноосло-бодителната војска на Македонија, и патрон на медицинскиот центар во Битола. Како лекар и хуманист со големи лекарски способности кај борците и народот уживал голем авторитет.Во текот на 1943 г. бил интерниран во Бугарија и мобилизиран како лекар во бугарската армија, од каде успеал да избега и да им се приклучи на партизаните (1944). Во партизанските редови работел прво како главен лекар во партизанските болници на Кожуф планина, а потоа како лекар во Првата македонско-косовска бригада и на крај во Првата македонска бригада (во Дебарца и Караорман). Ce одликувал co храброст и пожртвуваност, спремен да им помогне на ранетите борци во првите борбени редови. Заради неговата несебичност бил почитуван и сакан од сите борци.Д-р Трифун Пановски работел во партизанската болница што ја формирал и организирал кај с. Песочани и Ехловец, во подножјето на славниот Караорман и Славеј. Во оваа болница се лекувале тешко ранетите борци, а полесно ранетите, под негов стручен надзор се лекувале во своите единици.
На 22 јуни 1944 г. партизанското движење претрпело голема загуба. Во близина на селото Буринец (Дебарца) при едно пробно гаѓање со минофрлач, од ненадејна експлозија бил тешко ранет заедно со командантот на Првата македонска бригада Коле Канински и уште тројца нивни соборци - партизани.

Познати спортисти:
Оливера Наковска Бикова (стрелаштво)
Димитар Илиевски Мурато (алпинизам)
Николче Новески
Петар Милошевски
Ванчо Мицевски
Тони Мицевски
Зоран Мицевски
Горан Ставревски
Митко Стојковски
Тони Савевски
Драган Канатларовски
Ѓоко Хаџиевски сите фудбалери, репрезентативци и последните двајца селектори, вториот најуспешен досега.

Ракометари, сите репрезентативци:
Петар Ангелов - Диви
Бранко Ангеловски
Боро Чурлевски
Стевче Стефановски
Иван Марковски
Александар Јовиќ
Стевче Алушевски (инаку роден е во Сиднеј:icon_lol:)
Ѕвонко Шундовски
Во РК Пелистер се поминати доста македонски ракометари Кире и Филип Лазаров, Наумче и Златко Мојсоски, Пепи Манасков, Владимир Темелков, Гоце Макалоски и во најголем дел таму се афирмирале како имиња.

Единствениот аеромитинг во Македонија е еднаш годишно одржуван на спортскиот аеродром Логоварди, кај Битола (за чудо аероклубот Скопје неколку години по ред е во бојкот на аеромитингот, поради намера за префрлање на истиот во Стенковец).Некогаш постоела и пилотска школа, .најавена обнова лани, ама некако испадна пак во Скопје.најголем дел од пилотите во МАТ и Авиоимпекс беа Битолчани (и пилотот во Кингерот на Трајковски беше Битолчанец), после пропаѓањето на двете компании, успешни во странство.
 
Член од
22 февруари 2011
Мислења
47
Поени од реакции
6
Значи секогаш е бил и пред 100 и пред 50 и пред 10 години и сега турско обележје и ке остане турско обоележје. Јас не викам дека на сокакот е лошо место или дека на неког не пијат кафе и македонци туку викам дека тој е турско обележје и најверојатно Битолчани го прифакат како таков (Битолчани ги прифакаат турксите обележја, молам без навреди)
--- надополнето: 14 октомври 2012 во 10:58 ---
B.T.W.Според анкетата гледам дека повекето гласаат за македонски обележја, кој се тие? За Што Точно гласате? Дали може некој од тие што гласат да наброе макенско обележје или само така гласа. Јас бидејки не најдов затоа во анкетата и во загради не набројов македонски обележја како што набројав во друите. Значи што би била битола ако ги има само македонските обележја без обележјата од другите националности, би била празно поле.
Широк Сокак нема врска со турско обележје таа улица постои уште од времето на Хераклеа односно за стигнување до реката драгор само со текот на времето го сменувала името иначе таа улица постои од основањето на градот
--- надополнето: 18 октомври 2012 во 23:21 ---
Во право си дека не треба да се делеме, но незнам како викаш е на сите лично да ти кажам дека тоа што битола се спомнува како град на албанската писменост со мене нема многу врска и јас не го гледам многу мое, го почитувам но незнам што е тука мое. А факт е дека во треба битола да се изгради Музеј на албаснката азбука и да ја прифатим како
Битола град на албанската писменост
Како што наведија во битола се печатеше албанската азбука, а колку што се сеќавам албанската азбука е создадена во Корча.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom