Биткоин (Bitcoin) фарма и електрична потрошувачка

Член од
15 мај 2016
Мислења
71
Поени од реакции
42
Јас сум заинтересиран за инвестирање во 'биткоин фарма', па доколку на некој му требаат финансии може слободно да ме контактира. Јас не го познавам тој бизнис, од мене нека не очекува да инсталирам/одржавам некакви системи. Ако јас го правам тоа сигурно ќе се деси сликата од погоре со опожарените компјутери. Но можам да се вклучам во соработката како инвеститор.
 
B

Bafra

Гостин

Уште не се одлучи кај да инвестираш :D
Биткоин фарма да инвестираше пред 5-6 години ОК, сега веќе ти е ризично зашто државите почнаа да се мешаат и горе доле повеќето ќе почнат да го забрануваат од причина што народот на тој начин избегнува владините контроли. А власта со сите сили сака целосна контрола и оданочување на секој цент.

Подобро би ти било легални работи: берза, валути, соларни централи, апликации и сл.
 
Член од
15 мај 2016
Мислења
71
Поени од реакции
42
Уште не сум ја направил мојата 'голема' инвестиција :))). Потрагата продолжува.

Летово имав мала инвестиција во Охрид додека траеше сезоната, и имам нешто тековно со лешници/брзорастечки дрва но тоа е пробно и ситно па ќе видиме што ќе испадни.

Во однос на фармата за биткоин, точно дека државите (поточно банките) се трудат повторно да воведат контрола за да ја имаат контролата и да си го земат својот дел... И во некој сегменти им успева на пример тоа што се случи во кина резултираше со голем пад на биткоинот.

Но мислам дека тоа е само една од многуте битки кои ги добива оваа или онаа страна. Војната е далеку од готова. Јас во овај момент верувам дека иднината е во криптовалутите.

До кога ќе менуваме железни пари и ќе киниме џепови, до кога за да префрлам 100 евра на некој преку границата треба да платам уште 15 евра провизија...

Криптовалутите се реалност и функционираат, луѓето се инертни и тешко им оди прафаќање на нови нешта, посебно старата генерација. Но таа изумира и доаѓаат нови генерации.

Државите со законите се голема кочница во моментот. Но ако некогаш се случи да можеш да си купуш бурек и автобуска карта со биткоин тогаш се надевам дека ќе ги имате конвертирано останатите валути навреме, бидејќи ќе станат безвредни.

Секако ова е само мое мислење, незнам што ќе се случи. Кажувам што јас мислам дека ќе се случи.

Имаше период кога менуваа магаре за облека, менуваа сирење за овошје и така натаму. Потоа менуваа злато, алтани, грошеви, сега менуваме денари/евра/долари бидејќи е полесно да направиш банкарска трансакција во долари одколку на некој да му испратиш магаре во саудиска арабија и за возврат тој да ти испрати нафта. Исто така мислам дека наскоро ќе е полесно да испратиш биткоин или било која крипто валута одколку да плакаш провизии со моменталните банкарски системи.

Пак ќе потенцирам ова е само мое мислење и главна причина зошто ви влегол во таков бизнис. Можеби грешам и ќе се зезнам но би пробал.
 
B

Bafra

Гостин
и имам нешто тековно со лешници/брзорастечки дрва но тоа е пробно и ситно па ќе видиме што ќе испадни.
Ај баш информирај не за кинеските дрвја и лешниците. (y)

За крипотвалутите во право си, ама тие ќе бидат воведени и конторлирани од страна на ДРЖАВИТЕ. Електронските пари се иднината (лошо за народот) ама дека баш биткоин ќе биде и која вредност ќе ја има тука е дискутабилно. Затоа кажувам внимателно.
 
Член од
15 мај 2016
Мислења
71
Поени од реакции
42
Целосно се согласувам дека нема да ни дозволат да правиме што сакаме, и дека ќе има некој закони кои повторно ќе тежнеат во воведуванје на некоја контрола...
И дека не мора да е биткои и дека може да е друго, и да ги има повеќе валути и така натаму.

Се тоа се согласувам, и свесен сум дека има ризик. Кога негде има заработка секогаш има ризик.
Но конкретно со крипто валути јас лично ви ризикувал.

За лешник треба да најдеш нива и чоек што ќе се вртка таму. Бидејќи ќе те украдат, верувал или не се случува и расадот да го откорнат и да го препродадат.
Јас почнав на многу ситно чисто да видам како ќе ми оди соработката со човекот, па од година ќе видиме. Ако имаме добро ни оди пробново јас се надевам дека в година на пролет да земам барем 1 хектар и да се направи капка по капка, ограда, ова она... Од 3та година почнуваш по нешто да бериш, но тек на 7ма си во добра берба. Долгорочен тип на ивестиција е, како што врви време така се зголемува приходот....
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Уште не сум ја направил мојата 'голема' инвестиција :))). Потрагата продолжува.

Летово имав мала инвестиција во Охрид додека траеше сезоната, и имам нешто тековно со лешници/брзорастечки дрва но тоа е пробно и ситно па ќе видиме што ќе испадни.

Во однос на фармата за биткоин, точно дека државите (поточно банките) се трудат повторно да воведат контрола за да ја имаат контролата и да си го земат својот дел... И во некој сегменти им успева на пример тоа што се случи во кина резултираше со голем пад на биткоинот.

Но мислам дека тоа е само една од многуте битки кои ги добива оваа или онаа страна. Војната е далеку од готова. Јас во овај момент верувам дека иднината е во криптовалутите.

До кога ќе менуваме железни пари и ќе киниме џепови, до кога за да префрлам 100 евра на некој преку границата треба да платам уште 15 евра провизија...

Криптовалутите се реалност и функционираат, луѓето се инертни и тешко им оди прафаќање на нови нешта, посебно старата генерација. Но таа изумира и доаѓаат нови генерации.

Државите со законите се голема кочница во моментот. Но ако некогаш се случи да можеш да си купуш бурек и автобуска карта со биткоин тогаш се надевам дека ќе ги имате конвертирано останатите валути навреме, бидејќи ќе станат безвредни.

Секако ова е само мое мислење, незнам што ќе се случи. Кажувам што јас мислам дека ќе се случи.

Имаше период кога менуваа магаре за облека, менуваа сирење за овошје и така натаму. Потоа менуваа злато, алтани, грошеви, сега менуваме денари/евра/долари бидејќи е полесно да направиш банкарска трансакција во долари одколку на некој да му испратиш магаре во саудиска арабија и за возврат тој да ти испрати нафта. Исто така мислам дека наскоро ќе е полесно да испратиш биткоин или било која крипто валута одколку да плакаш провизии со моменталните банкарски системи.

Пак ќе потенцирам ова е само мое мислење и главна причина зошто ви влегол во таков бизнис. Можеби грешам и ќе се зезнам но би пробал.
за биткоини провизија на размена е огромна, мн поголема од банки-пари.
5-7-10% и нагоре % од размена. имам видено бараат и по 30% провизија!!
да пратиш пари во странство банк провизија ти е 2,5% и помалку.

понатаму прочитав, 4% од корисниците на биткоин го држат најголемото мнозинство на биткоини.
тоа знаеш што значи? тие 4% можат да ја контролираат вештачки цената и да ги ебат сите други 96%.
 
Последно уредено:
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Има некој шо порачал Антминер и какво беше искуството со доставата?
 
Член од
28 август 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
3.171
Има некој шо порачал Антминер и какво беше искуството со доставата?
Пријател имаше напраено нарачка од 14 D3 минери. Му стигнаа околу 10 септември од bitmain.com. Али немаат веќе глеам, мора пре-ордер да напраиш..
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Пријател имаше напраено нарачка од 14 D3 минери. Му стигнаа околу 10 септември од bitmain.com. Али немаат веќе глеам, мора пре-ордер да напраиш..
како даноци царини на граница го заебаваа?
 
Член од
27 ноември 2009
Мислења
963
Поени од реакции
920
кој мајнер е најдобар а биткоин и дали само од битмеин е нарачуваат?
 
Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.656
Поени од реакции
4.713
Според кој закон не е легално тргување со криптовалути?
Појма неам дали има официјален закон за било шо или е само јадење трици,за тргување не е наведено конкретно,ова е повеќе за тоа дека нема да имаш шанси криптовалутите да ги конвертираш или купуваш со нив во државава.
 
Член од
14 април 2013
Мислења
68
Поени од реакции
21
како даноци царини на граница го заебаваа?
За еден Antminer S9 царината со сите трошоци ти е околу 15 000 денари (вклучувајќи и царина за напојување како посебен апарат). Се си е легално, одиш во шпедициска куќа, наоѓате на интернет број на шпедициски продукт (или tax custom number) и според тоа имаш царински трошоци и данок. Јас за машиниве бев ослободен од царински трошоци, но си платив данок 18%
 
Kajgana Shop

На врв Bottom