Битка помеѓу автори, ликови, книги. (Шерлок Холмс vs Херкул Поаро)

Шерлок Холмс vs Херкул Поаро?


  • Вкупно гласачи
    34

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Темава е замислена како дуел помеѓу автори, писатели, книги и серијали. Дуелот ќе се менува од време на време. Јас не сум модератор и веројатно нема да можам да го сменам, така да ќе побарам од некој од модераторите да ми излезе во пресрет :)

Океј, неделава во дуел се Херкул Поаро на Агата Кристи и Шерлок Холмс на Артур Конан Дојл. Ги знаете сите, основоположниците на детективската фикција и понатамошна инспирација на многу книги, серии и филмови. Кој е, според Вас, подобар лик и зошто? Кого повеќе сакате?

*Ако тргне темава како што треба, во овој пост ќе има листа од сите изминати дуели. За тоа повторно ќе ми треба помош од модератор.
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.658
Големата мистерија, дали Холмс или Поаро, али за мене е Поаро секогаш, David Suchet го претстави Поаро во најдоброто светло, толку талентиран глумец што го воскресна измислениот лик на Агата Кристи, немам читано книга од нејзе за Поаро, ова кажувам само за серијалот.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Големата мистерија, дали Холмс или Поаро, али за мене е Поаро секогаш, David Suchet го претстави Поаро во најдоброто светло, толку талентиран глумец што го воскресна измислениот лик на Агата Кристи, немам читано книга од нејзе за Поаро, ова кажувам само за серијалот.
Се мислев да ги спомнам сериите во воведниот пост, но нив не им е место во оваа тема.
Значи, во оваа тема правиме муабет за книгите, не за сериите :)
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.658
Се мислев да ги спомнам сериите во воведниот пост, но нив не им е место во оваа тема.
Значи, во оваа тема правиме муабет за книгите, не за сериите :)
My bаd, дури сеа видов каде е отворена темава. :)
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.989
Еј баш добра идеја за теми во овој подфорум.
На Поаро за жал, не знам зошто ама му немам прочитани ниедна авантура. Ама Поаро е лик кој што има црпено инспирација од делата на Дојл така да Холмс е оригиналот, а се друго е обид за негово надминување.

Е сега не би било праведно да гласам на не прочитан еден лик, ама онака кога би гласал базирано на тоа што го знам за ликовиве најверојатно би гласал за Шерлок бидејќи е оригинал :)
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Шерлок! Од секогаш со неговиот соработник Вотсон ми биле посимпатични. Мене искрено повеќе ми се допаѓа начинот на кој пишува Артур, бидејќи ми содржи таква мистерија со по некој хорорски, притаен момент кој знае да извади од такт. Агата е исто страшно добра, одлична е, но ете, Шерлоков ми легнал како лик многу повеќе. Teжок мозок треба да има човек за да создава онакви мајндфакови.
Памтам дека прв пат го читав Конан некаде во 7-мо одделение. Во основното училиште имавме секогаш по еден различен дежурен кој седеше на столче секој ден во средината од ходникот во случај да дојди некој родител, да бара нешто, за да го упати и да му помогни. Тој ден мене ми беше редот. Имав другарче кое купуваше книги цело време, па така за да разбијам монотонија дури седам, ми ја позајми книгата, која беше напишана на лесно разбирлив англиски. Прочитав тогаш некаде околу 15-тина страници, за потоа да ја довршам дома. Мислам дека не ги содржеше сите авантури, туку 4-5, меѓу кои најдобра ми беше таа со змијата и отровот :)
Агата ја читав нешто подоцна, и најсилен впечаток ми остави секако убиството во Ориент Експрес. Тек потоа и играта ја отпревртив, па серијата ја гледав и така натаму.

Така да гласам за Шерлок. Едноставно повеќе сум се поврзал со ликот, ми врзал филм, дури и еднаш на филозофија во средно на дебата за идоли, спомнав дека немам идол, но најблиску до идол ми е ликот на Шерлок. (тогаш плус бев крајно фасциниран од глумата на Џереми Брет, во Авантурите на Шерлок :D )

p.s секако и она што го кажа Драгонот од погоре, кое мислев да го вметнам во постов при средината, но го изумив. Првичната идеја за ваков детектив е од Дојл, па тек потоа Агата.
 
Последно уредено:

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Јас гласам за Поаро. Појше шарм ми има :) Шала настрана, на Агата имам прочитано многу појше книги отколку на Артур Конан Дојл. Холмс го читав во средно, и многу имам заборавено. Паметам дека начинот на кој Холмс ги решава случаите не ми се допаѓаше, како многу погодување да има. Поаро е совршен, ѕвер од човек. Знае да биде морбиден на моменти, а некогаш полн со хумор.

Мислам и дека потписот на форумов ми е од Поаро, илу барем долго време ми беше. Не можам да видам, од моб сум. Тоа е и причината поради која немам гласано на анкетата, кога ќе се ставам на компјутер ќе гласам.

Да беше темата во подфоумот Серии, навистина ќе не знаев за кого да гласам. Вака, дефинитивно Поаро.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Малку тежок избор со ликовиве зашто и двајцата ми се многу мили. Но, ете како што кажа еден член погоре, гласам за Шерлок Холмс затоа што повеќе ми има легнато ликот :).
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.665
Поени од реакции
4.387
Моментално ја читам „Мистеријата на синиот воз“ и сметам дека е супер, но не верувам дека можно е да ми остави подобар впечаток од делата на Дојл. Со неговите дела сум внесен од прв до последен збор.

П.С Не знам колку си ги прочитала ама баш на повеќе наврати потенцира дека не постојат случајности и детално образложува како он доаѓа до заклучокот иако начинот можеби некогаш се граничи со научна фантастика па можеби оттука да произлезе конфузијата..
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.198
Поени од реакции
27.503
Ах, колку тежок избор беше ова. Шерлок, најголемиот ум против Поаро, најпедантниот детектив на кого ништо не му бега. Артур Конан Дојл против Агата Кристи.
Како и да е, гласав за Поаро. Иако сепак Поаро е инспириран од Шерлок, случаевите на Поаро се пореални, подобро опишани и повеќе мистериозни, и можеби е до авторот, секогаш сум мислела дека убиствата што Поаро ги решава се по "опипливи" од оние на Шерлок.
А тука е и самиот лик на Шерлок, наркоман, непристоен, секогаш го има последниот збор. Поаро дозволува да изгуби некоја битка додека во меѓувреме ја добива војната.
И секако

П.С Да беше битка помеѓу серии ќе гласав за Камбербач Шерлок. Sentiment.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Ех, Шерлок е машина, генијално студенило, личност со речиси социопатски обележја, кои, сепак, повеќе се изразени во кинематографијата отколку во литературата.
Поаро. Во Поаро, пак, иако постои една голема воздржаност, сепак е тој емотивецот во дуелов.

Проблемите на муштериите Холмс ги решава како многу вешт касап, кој не води премногу сметка за чувствата на оние што бараат помош од него, додека Поаро е нешто како професионален хирург - претпазлив, внимателен, обѕирен.

Доколку имате проблем кај кој од имагинарниве генијалци би се обратиле?

И да, филмовите и сериите, независно од тоа дека темава е во Литература, се неодминливи. Се испреплетуваат и заемно си влијаат. Кај мене многу се посвежи впечатоците од нив, отколку од книгите. Мислам дека тие најмногу придонесуваат во одржувањето во „живот“ на овие два незаборавни лика.

Од она што сум прочитал, зародишот на детективскиот расказ (кој веројатно му претходи на детективскиот роман) треба да се бара кај По. Не можам да се сетам дали во оној негов расказ за писмото имаше толку впечатлив лик кој би им бил достојна конкуренција на Хаус и на Монк, упс. на Холмс и на Поаро. Тешко.

Нема аир од мене. Подеднакво ми се драги и Социопатот и Педантеријата.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Од она што сум прочитал, зародишот на детективскиот расказ (кој веројатно му претходи на детективскиот роман) треба да се бара кај По. Не можам да се сетам дали во оној негов расказ за писмото имаше толку впечатлив лик кој би им бил достојна конкуренција на Хаус и на Монк, упс. на Холмс и на Поаро. Тешко.
Сигурно мислиш на Дипен во Украденото писмо. Далеку од доволно изграден лик за да им парира на Шерлок и Поаро, но во расказ и го нема тој простор. Сепак впечатлив и интригантен. Макар што мене малку ми е разнишана таа теза дека највидливото и најприсутното е најтешко забележливо. Можеби во одредени случаи може да е прифатлива, но не секогаш.

На темава, начинот и способностите на Шерлок секогаш ми биле поинтересни затоа што се далеку од реалистичното. Шеролок е лик-херој и има далеку понатприродни и повчудоневидувачки особености од Поаро. Не дека не го сакам и дебелкото. :)
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Сигурно мислиш на Дипен во Украденото писмо. Далеку од доволно изграден лик за да им парира на Шерлок и Поаро, но во расказ и го нема тој простор. Сепак впечатлив и интригантен. Макар што мене малку ми е разнишана таа теза дека највидливото и најприсутното е најтешко забележливо. Можеби во одредени случаи може да е прифатлива, но не секогаш.

На темава, начинот и способностите на Шерлок секогаш ми биле поинтересни затоа што се далеку од реалистичното. Шеролок е лик-херој и има далеку понатприродни и повчудоневидувачки особености од Поаро. Не дека не го сакам и дебелкото. :)
Да, на него мислев, ама сум го заборавил името. Во средно го читав расказот, а веќе имавме двоцифрена годишнина од матура. Лета времето, лета паметот :) . И во право си, тезата е доста разнишана и прилично излитена. Веројатно тоа не било толку изразено кога пишувал По, посебно поради тоа што тогаш биле поставувани темелите на овој специфичен жанр. Некој морал да започне и за мене беше пријатно изненадување што еден од првите, ако не и првиот бил токму ЕАП, кој за мене беше познат по други нешта :).

Има голема привлечност и егзотика во таа Викторијанска ера, која претставува некаков расчекор меѓу две времиња, меѓу старото и новото, па кај Шерлок, независно од тоа што речиси се` подлежи на законите на логиката, зрачи со мистичност.
Поаро е сепак дел од нашето време, можеби не од последниов период, ама сепак ни е поблизок.

Како и да е, и двата лика се „бесмртни“, повеќе од кој било супер херој.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom