Бистра Вода

RedBlack

Grof
Член од
28 март 2008
Мислења
4.615
Поени од реакции
2.711
Партиски режисер, уредник на партиска телевизија, ангажирал партиски актери за серија која ја промовира на својата телевизија, во емисија кај водител партиски војник.

Ова на километри смрди на некоја огромна партиска пропаганда. Така да јас со задоволство ќе ја одминам серијава, не планирам ни минута да погледнам.
Kako partiski daj objasni ziti se...
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.884
Поени од реакции
17.490
Партиски режисер, уредник на партиска телевизија, ангажирал партиски актери за серија која ја промовира на својата телевизија, во емисија кај водител партиски војник.

Ова на километри смрди на некоја огромна партиска пропаганда. Така да јас со задоволство ќе ја одминам серијава, не планирам ни минута да погледнам.
Чудно како не ви сметаа оние "серии" од после ослободувањето на "режимот". А да тие беа бањати овие се небањати.
 
Член од
12 јули 2018
Мислења
1.471
Поени од реакции
4.640
Ама како така сега, серијата е за гробот на Александар Македонски, тоа е македонски национализам, а знаеме забрането е да се промовира македонизам во нашата северна држава, покрај тоа Александар по преспанскиот договор е грк, не е историска личност на нашата северна творевина па да се слави, како што не се и Цар Самуил, Карпош, Гоце Делчев, Никола Вапцаров и Кочо Рацин, да беше серијата за Скендербег или за адем јашари тогаш ќе можеше да се гледа, духот на соживотот и едното општество да се зајакни, вака не чини и не само што не треба да се прати треба и да се забрани како и серијата за Кочо Рацин или онаа за Гемиџиите. Не смее да се дозволи македонски национализам да се промовира во уметноста, да беше албански, грчки, српски или бугарски ќе беше супер, ама каков е овај шовинизам и ксенофобија кој ги нарушува добрите односи со соседите на нашата држава?

Тие мразат се македонско, и тоа што останало малку сакаат да го уништат, затоа е овoј негативен набој кон серијата.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.851
Поени од реакции
7.541
Нов трејлер
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.851
Поени од реакции
7.541
И во Тинекс на касите се рекламира серијава. Гледам на екранот од компјутерите е и реклама за серијава.

Чекам сега некој да пише Па кога газдата е Вмровец нормално дека ќе ја спонзорира серијава :icon_lol:
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.851
Поени од реакции
7.541
Како што и најавивме, светската премиера на првата епизода на Бистра Вода ќе се одржи 4 дена пред тв премиерата на Алфа и промовирањето на првите пет епизоди на платформата Кинемое.

Заинтересираните меѓу вас за посета на премиерата нека ни пишат во инбокс, најбрзите согласно капацитетот на салата ќе добијат покана
Светска премиера бе! :icon_lol: Kоја бре светска премиера? Во Cineplexx ќе имаат премиера на прва епизода. Премиерата во кино е во среда на 1-ви март 19 :30 часот.

Али ајде светска премиера можеби мислат на тоа дека Kinemoe интернет платформата ќе биде достапна во цел свет да се гледа. На таа платформа ќе бидат достапни уште на почеток пет епизоди.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.851
Поени од реакции
7.541
Некој беше на премиерата на прва епизода?
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
3.627
Поени од реакции
5.604
Kaj da ja gledam serijava?
Ima nekade kaj da se simni ili da se gleda
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.851
Поени од реакции
7.541
Kaj da ja gledam serijava?
Ima nekade kaj da se simni ili da se gleda
Ќе ја има на kinemoe.mk. Првата епизода ќе биде бесплатна а после ќе се плаќа претплата оз 199 денари мислам и на таа платформа/сервис ќе има македонски серии, филмови и емисии..
 
Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.326
Поени од реакции
6.221
Концерт е воа или серија? Шо е со музикава? Ми ги отекоа мадињава бистра водооооооо..... секоја сцена излепена со глупа музика, ушите ме болат.
Никакво дејствие, никаква подлога нафрлени сцени испозалепени една врз друга без никаква конотација.
Сите до еден да седнат да изгледаат една епизода од модерна серија да видат барем како се гради серија.
Со ништо не ме привлече ниеден лик да знам нешто повеќе и да ме заинтригира што прави чоеков кој е чоеков, никој не ми остави никаков впечаток.
Нормално капак на се тоа што Сашко Коцев им го зборуваше на стенд ап пред точно 20 години уште не го научиле...
Доста бе со тоа литературниот македонски говор по сериите, по вештачкото креирано движење и вештачки однос. 0 хемија помеѓу сите актери.

Севкупно земено пак разочарување од македонските филмаџии. Мило ми е, и го поштувам тоа што одвоиле пари и време да направат нешто наше, ама дечки нажалост далеку сте и од просечен квалитет.
 
The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
4.511
Поени од реакции
9.065

Воа е за граматика... Така е тоа ќе нафрлиш неколку критики и сега демек ти си некое мерило за квалитет? Ај се кладиме дека после тебе сите како тебе ќе пишуваат критики... Случајно некој по грешка да не напише убаво мислење за нешто што е наше? Никако ама никако не смее никој да и даде шанса на македонската уметност поготово на филмската уметност...
 
Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.326
Поени од реакции
6.221
Воа е за граматика... Така е тоа ќе нафрлиш неколку критики и сега демек ти си некое мерило за квалитет? Ај се кладиме дека после тебе сите како тебе ќе пишуваат критики... Случајно некој по грешка да не напише убаво мислење за нешто што е наше? Никако ама никако не смее никој да и даде шанса на македонската уметност поготово за филмската уметност...
Зошто да не се критикува тоа што е лошо? Македонско било и сеа мора да викаме дека е добро? Немаме ли право на сопствено мислење?
Едноставно не ми се допадна ништо од епизодава. Мерило за квалитет нема никој, уметноста е лична перцепција на секој што гледа, за тебе можеби е најдоброто нешто, за мене далеку од тоа. Дури и посочив каде целосно флопнале во правењето на серијава. Никој од тие што се дел од ова нема да го прочита ни твоето ни моето мислење, нити ќе се консултираат со некого кај биле добри кај лоши, и ќе продолжат да прават овакви серии со слаб квалитет.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom