Биртии

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Леандра, Шабан веќе не постои... тоа не беше биртија... тоа беше категорија за себе. А тука некаде близу Шабан беше т.н. дупка. Е, таму имаше од алкохол до ороспетини... а до дупката беше Пепи...
Во таа категорија беа и Паскал од Петралинци, Чардак од Босилово, Пилот Ново Село, Мазгал... уффф кои пијанки у ПМ.
Како бе непостои, кој го уништи симболот у Македонија?
Пепи ја знам, другиве ќе ме носиш кога ќе идам пак натаму :)
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Како бе непостои, кој го уништи симболот у Македонија?
Пепи ја знам, другиве ќе ме носиш кога ќе идам пак натаму :)
Се од тоа набројаното не постои. Тоа беа други времиња... Им падна прометот, од градот луѓето почнаа по барови до сабајле, ова она... И тие егзотични места пропаднаа.
Е сега, јас под биртија разбирам некое местенце каде е нечисто, никакво, ама има некаков шмек...
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.915
Поени од реакции
41.876
Пепи таму имам видено и 20 годишни девојчиња. :pos:
Јастра во Штип
И не им ги знам имињата има едни во с.Оризари и с. Облешево Кочанско. :D
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Имав некои слики од Шабан, али неможам да ги најдам, веднаш ќе ги закачам, да се види поим за певајка. Певајка треба да е мрсна, а шо е финтава со синтисајзерчињава и некои копуци залижани не ми е јасно. Се знае што личи у биртија.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.507
Не сум била, ама доста сум слушала за Деспина...:pos:“Биртиска“ легенда...:icon_lol:
И јас не сум бил, ама тие што биле ми кажале дека ,,Деспина" е биртија од прва класа :)
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.126
Поени од реакции
8.073
Подобро неможев ни јас да опишам;)
Кога сме кај тоа има уште една која одговара на описот, одма наспроти нептун преку мовчето за во пазарот. Кај Гоце или гоцева порта така нешто се вика. Точен опис 4х4 , ќумбе на талаш точно на средина од биртијата, келнерката во години жена на кај 50, забите пар непар, по потреба е и певалка. Битно за пазар во Битола значи вторник и петок пука музиката и тоа сред бел ден. Школски пример за крчма.
додај ги тука Јагода и Ефтинија
Исто така и поранешно Бифе Мерак кај селската автобуска станица(близу Ефтинија)
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.002
Поени од реакции
24.470
Вака, после искуството насобрано на конкретнава тема знам само една работа-многу е тешко некој објект да го класифицираш строго како биртија, некогаш границите се многу тенки. Но да почнеме од почетокот. Значи во основа постојат угостителски објекти за храна и пијалоци. Пред да се појават овие новокомпоновани лаунџ барови, снек барови, а од пред дваесет и нешто години и првите сендвичари и после тоа фаст фуд ресторани, на времето си постоеја два типа на место за јадење-ресторан(т) оној класичниот и кафаната. Е сега има неколку фактори кои дефинираат објектот на која група припаѓа иако не секогаш тие фактори носат строга дефиниција. Како главни ќе ги земам-дали објектот служи само пијалок или пијалок и храна, типот на музика кој се пушта внатре, социјалниот профил на авериџ хомосапиенсот што влегува во објектот, влогот во и типот на екстериерното а особено ентериерно уредување на објектот и секако цените. Класични ресторани се на пример Виторија, Мулињо, Камник, Лира. Музиката е главно странска, цените поскапи, јадеата сервирани убаво, дизајнот без разлика дали е ретро, покласичен или моредерен секако е поискеширан. Од друга страна доколку амбиентот е понароден и традиционален за ова подневје, се пушта кирилица, цените се реалтивно прифатливи, инвестицијата не многу голема тогаш во оваа сфера станува збор за кафани и биртии. Разликата помеѓу кафани и биртии знае да биде многу тенка за дефинирање некогаш, и луѓето тука често грешат. Додека Идадија на пример е класична кафана а сега веќе затворената Стар В'к класична биртија, постои огромна сива зона. Во главно кај биртијата цените се пониски, народот понеобразован, понекултурен и попрост за разлика од кафаните каде што одат и боеми луѓе кои може да се академци и доктори на науки, хигиената на далеку понезавидно ниво, ентериерот кич, музиката е тежок турбофолк за разлика од староградската музика која ја среќаваме во кафаната, се останато на најпримитивно угостителско ниво. Одиме без некој посебен ред. Ќе бидат споменати и екс биртии
Два Елена-Локацијата е фантастична, во непосредна близина на црквата Свети Јован Крстител во Капиштец опкружена со дрвен амбиент и дрвја наолколу Два Елена е има многу карактеристики да биде и кафана наместо биртија, Цените не се баш ефтини, амбеинтот е релативно добро среден со камин и убава атмосфера. Меѓутоа таму настапува Тони кој е уан мен шоу. Визит картата која ја чувам и денденешен во новчаник му е лепотан на мајка, треба да се види џабе раскажувам. Славата оваа релативно постара кафана ја доби кога сопственик нејзин беше Панки од Куку Леле, кој чуваше препарирана мечка во кафаната. Во текот на доцни 90-ти пијани војници умпрофорци му ја закачале мечката и овој заедно со конобарите и шанкерите ги подбра јако. Резилот за професоиналните војници беше огромен, а Панки си заработи трип до Белград и частење како што кажува легендата лично од тогашниот српски претседател Слободан Милошевич и соработникот негов а сегашна Хашка легенда-Воислав Шешељ.
Ханибал-Најпознатата маџарска (не унгарска него од населба Маџари) биртија. Едно време беше поим на Ко преживи причаче. Пушки, ножеви, пиштољи и што ти се не. Сега е преобратена во кафана исклучиво за свадби и е далеку од своето славно минато.
Три фазана-Сеуште си го држи реномето, иако и таа не е што некогаш беше. Лоцирана во субнеурбаната Скопска населба Илинден, Три фазана беше редовно збирно место од локални мештани до рекетари мафијаши и вратари. И уште е.
Лисабон-Сега преобратена во покултурна кафана, Лисабон своевремено беше гордост за Лисичани. Кафаната беше употребена и за снимање на култниот Македонски филм-Самоуништување со чичко Кумплунг и останата актерска екипа од кој дел подоцна ќе ги упознаам и ќе ми бидат едно време добри пријатели. Кога екипата позади тој филм ја избрала токму Лисабон за да го отслика типичниот македонски биртиски менталитет секое мое додатно објаснување е излишно
Опатија-Има многу цркви и манастири а само еден е Соборен Храм. Така и јас ја викав Опатија-Храмот (The temple). Да пишувам за Опатија меѓу биртиите е како да пишувам за Пинк Флојд во рокенрол музиката. Лоцирана во центарот на Скопје, на самиот кеј на Вардар непосредно до градскиот стадион, Опатија беше село во град. Зозе Мургоски во преводот на кафана треба под зборот да стави слики од Опатија. Морам да се задржам тука малце поопширно, затоа што сакам споменот за Опатија да остане, бидејќи на жалост и кафаните и биртиите се во фаза на изумирање а Опатија беше барем за мене најтипичната и најдобрата. Значи прво кога влегуваш во Опатија ја имаш истата реакција кога Тарентино и Клуни влагаат во Тити Твистер во култниот филм Од самрак до Зори. Жени качени на маса, столици и тањири летаат на сите страни, на една маса седат полицајци во униформа и пиштоли, две маси понатаму локални мафијаши исто така со пиштоли се гледаат меѓу себе и не се закачаат дојдени се за пиење. На сцената не еден туку два синтисајзера марка КОРГ плус тапани, кларинет, гитара и бас. Од тогаш јас не признавам фолк сајзерист или биртија каде што сајзерот не е марка КОРГ. Келнерите, спори и стари, ракијата-медицинска од онаа што ти го мачкаат гзот во амбуланта пред да ти удрат инекција, патлиџанот во шопската фатил брчки од исушеност. Собрани средновечни тетки со стомаците и свадбарките (попадната кожа под бицепсот/лактот што се тресе како вреќа кога тетката игра на свадба) со шампањско во метална кофа со мраз на сред маса слават нешто облечени во лштави лампион како на Тошо малерот оделото фустани со трекол... море квадроколте и сукња без комплекс што го открива петослојниот целулит, слават и шмекаат млади како да се матурантки и гајле немаат. Внатре сложно оро играат ѓуптин до наш, до шќиптар , до влав до 70 годишен старец што слави свадба на внуката, до брк каков што немал ни Ристо Шишков во екранизираната верзија на Табакерата, до 17 годишно крцкалче со извадени боски трилитарки, до случајно залутани часни цури кои демек не оти они сакале него од роденден славеникот инсистирал. Столиците пред распаѓање, стаклото од вратите менувано секоја втора вечер па секогаш беше чисто, дупки на чаршафот од цигари. Значи врз масата прво е поставен црвен ако смеам да го наречам чаршав со реси а врз него не по маса него како баклава со темето на средина помеѓу отсечките е поставен чаршафот оној белиот

Певаљката мрсна и средновечна оркестарот професинален и на ниво. Опатија редовно беше на црните хроники и вестите поради престрелки со огнени и убоди со ладни оружја. Пред 5-6 години Македонска Куќа онаа од Кале ја купи и сега Опатија и целата нејзина легендарност заминаа во историјата.

Stay tuned for part two...
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Одлично Сусаро!
Легендите Ханибал и Опатија и самиот ги имам посетено некаде 99-та 2000-та. Баш така како што кажуваш!

leandra Роката е закон!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom