Биртии

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.857
Поени од реакции
23.229
Биртија е дупка, претежно два на два, се греат на ќумбе на дрва, претежна клиентела е на рамбовки, копачот им е потпрен пред врата, пие ракија и мези зелка или домашна туршија, негде од страна вреска певајка у најлоша верзија со најлош турбофолк на сите времиња, се е дим околу тебе таму е дозволено да се пуши. Претежно се наоѓаат во селски средини или негде спикани во град каде инспекција никогаш нема да ги најде.
Подобро неможев ни јас да опишам;)
Кога сме кај тоа има уште една која одговара на описот, одма наспроти нептун преку мовчето за во пазарот. Кај Гоце или гоцева порта така нешто се вика. Точен опис 4х4 , ќумбе на талаш точно на средина од биртијата, келнерката во години жена на кај 50, забите пар непар, по потреба е и певалка. Битно за пазар во Битола значи вторник и петок пука музиката и тоа сред бел ден. Школски пример за крчма.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
428
Поени од реакции
519
"3-ка" маџир маало.
Е тоа ти е биртија, има и уште една во Маџир Маало накај поштата под железничка што гледа ама ич не ми текнува на името. Иначе и "Кум" во Кисела Вода до некаде спаѓа во групава али за порано сега незнам дали е уште такво местото.
 
Ф

ФилипМакедон

Гостин
Филип II е биртија во права смисла на зборот! :icon_lol:
Што имате против Филип II,кој газда ке дозволи да плескате карти до касни сати...ПС со него никогаш не играјте на пари :sneaky:
Инаку во Кумановско поднебје,Кобра и Три брата,во првиот за 500 ден три дена таму ке поминеш,а во вториот се "загреваат" за пред чаршија малолетниците...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: |S|

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Точно.Се помешав Мело/Мелбурн.Заебано место во секој случај :D
Најмногу паметам со Г. кога ќе се опијанеше и не можеше да ја крени главата од маса и еднаш се погоди песната ја крена главата и фрли со шише пивско пред него среќа имаше столб па директно во него се разлетаа срчи на сите страни се разбегаа луѓе, и тој си ја спушти главата на маса и си седиме како ништо да не било, иди газдата и го фати за уше и му вика: ЕЕЕЕЕЕЕЕЕееееј главо дрвена че отепаш некого :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:.
 

bokser_mk

Баксуз
Член од
29 јануари 2012
Мислења
1.363
Поени од реакции
1.831
Не бе, некаде во Аеродром во Скопје е. Не сум баш сигурна точно каде е.
despiana ti e kaj zeleznicka idat alfi i kriminalci tamu sekoja vtora vecer mora da ima nekoja tepacka
inace za birtii gi ima dosta
ima edna Busko nakajjonson kontrols e natamu 3 fazani ne e bas biirtija drugi vekkovo meance
nezz ovie mi teknuvaat sea za sea
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Е тоа ти е биртија, има и уште една во Маџир Маало накај поштата под железничка што гледа ама ич не ми текнува на името. Иначе и "Кум" во Кисела Вода до некаде спаѓа во групава али за порано сега незнам дали е уште такво местото.
Не работи кум повеќе...
--- надополнето: 27 август 2012 во 20:26 ---
"Роза" - цементарница (кај Новус)
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Златно пиле - Берово. Одлична скара и сирење.
Кај Баче - Струмица. Прекрасна скара
Во Радовиш околу пазарот, каде и да седнете нема да погрешите.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Грешка си, за да биде биртија не мора да има потпрено копач до врата. Конкретно за Шкорпион доволни се сребрените шљокици на пердињата за да влезе у оваа категорија :D
Кич all the way !
Пред да ја прошират беше биртија, шљокица ти е моден детаљ:icon_lol:
Велешко барем изобилува со биртии. Од автобуска десно двете трафики карши Енгилизот ти се за од нога. Во превалец Ламбада, најново кај Гавро десет денари ракија. Четворица софра пукаат за 500денари на раце испаѓаат. Нема певаљки само тоа им фали. Во Градско на самиот пат од десна страна тоа беше колеж атмосфера, една рика качена на маса, флаши летаат, кој ја тегне за цицка, газдава фрла маси, твое е само да пиеш и да внимаваш да не те погоди нешто. После 2 ноќта се одеше. Најјака во Велешки регион е Два Галеба во Чашка. Кој не бил, а сака да посети вистинска биртија му ја препорачувам. Уште на влез имаш врзано магаре, од името на кафаната ДВА паднале и останале само Галеби да пишува. Влегуваш внатре ќумбе прпори среде кафана, се дотураат цепенки, смрди корне на џигер и кромид, маси како од народни приказни, покривките исти издупени од цигари, клиентела Слп, Еловец, Голозинци, Ореше. Газдата напрчен у средина, сепаре заграден ѕид и две маси, литро вино 70 денари. Две певајки завиткани у целофан рикаат колку што ги држи глас, хит на вечерта Докторе, Докторе. Задолжително деколте каде секој може да остави пари, строго по десет денари им туткаат.
Болетос строго да се посети, темно, прст пред око не се гледа. Задимено мислиш си стасал во пеколот. Едно типче со сентисајзер уу филм дека е ѕвезда и едан певајка може има 18 години, само жалопојки пее, срцепарателни. Можеш да порачаш само тоа што останало, не она што сакаш. Значи ако се испило пивото, има само вино. Десно курвите застаните на бендис, Бузалково мафија по маси, тепачки преку една ноќ. Ако се многу лути и пиштоли и бомби летаат кај браќата. Ако не се задеваш никој не те задева.
Кавадарци една биртија ми остана во мозок, имаше три маси, домаќинката за мезе ни извади домашна туршија и сирење од канта, плус и во едно чиниче ајвар. Биртијава се наоѓа на патот накај Ваташа од десна страна, минијатурна исто со ќумбенце во средина и клиентела секој сам на маса со ракија. И една исто спикана немаше веце се друго им се распаѓање, па за олеснување се идеше пред врата. Бонус после 3 у една дискотека по скали надоле, скршени прозори, мажи заспани на шанк, пеачкава рика ли рика. Едно време се степуваат, другиот момент се гушкаат, трет момент флаши летаат. Преживеавме.
Шабан, Дабиле Струмичко. Кој не бил ова му е задолжител испит за лиценца кафански човек. Огромен хангар, копачите пред врата, рамбовка дрес код, две певајки рикаат на двете страни на маса качени. Едната мрсна глуми полицајка, со пластичен пиштол на појас, другава слаба ребрата и се бројат. Слободно можеш да стоиш на стол и да се фрлаш од маса во слободен пад. Ова неможе да се опише, само да се доживее.
Друго не ми иде сега на памет :)
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
кај Чешо во Кочани.. симбол за биртија :icon_lol:
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.813
Не сум била, ама доста сум слушала за Деспина...:pos:“Биртиска“ легенда...:icon_lol:
Хаха...единственото место што работи до 6h ам и во работни денови.....а можно е и повеќе,во зависност од гостите.:pos:
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Леандра, Шабан веќе не постои... тоа не беше биртија... тоа беше категорија за себе. А тука некаде близу Шабан беше т.н. дупка. Е, таму имаше од алкохол до ороспетини... а до дупката беше Пепи...
Во таа категорија беа и Паскал од Петралинци, Чардак од Босилово, Пилот Ново Село, Мазгал... уффф кои пијанки у ПМ.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Три Багреми кај Кавадаречко некаде беше.
Три Лебеди кај Шахман Лажани
Прилепски:
Мелбурн
Кантри Вајт
Кај Нунио
Тололо
Шикело
Кај Чичо (После се ребрендира Кај Стрина која Чичо замина да продава скара во Охрид)
Тризла кај Кариоките ама не ми текнува на името...Тука каури не се пожелни, ама појдов..
И Мело не е биртија, туку кафаниште.

Во Битола
Што ја спомна таа Владе до Железничка
И еднаш бев со Ристиќ и онај газдата од Сенатор Коле ми се чини се викаше во една кафана со шлем и панцир да ти е страв да влезиш, ама бев ѓон пијан и не ми текнува кај беше локацијата.

Немам шетано низ Македонијава по останати биртии за жал.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom