Дивајн
блаблабла
- Член од
- 3 април 2005
- Мислења
- 15.749
- Поени од реакции
- 1.855
Мислам дека ни фали тука една средена тема, во која освен пофалби и критики од два збора, ќе се потрудиме да направиме една збирка од биографии на славните актери и актерки. Да пробаме ете да ги запознаеме повеќе, какви и кои биле пред да станат славни, како успеале да дојдат тука каде што се (или биле) итн.
Потрудете се, ако веќе сакате да допринесете на темава, да биде тоа со јасни и кирилични постови, со подетална и поопширна содржина.
Неможе да има некаков ред и да сакаме, затоа кој за кого сака нека пишува ... дали ќе е тоа за омилените актери/ки, дали ќе е тоа за најславните, дали ќе е тоа за најубавите - сеедно.
Ќе почнам јас, па повелеле надоврзете се ...:smir:
Al Pacino
Alfredo James Pacino кој бил нарекуван Sonny од неговата фамилија и пријателите, е роден на 25 Април 1940 година во East Harlem, New York City. Неговите родители Salvatore и Rose Pacino се развеле на негова двегодишна возраст, па тој и неговата мајка заминале да живеат со нејзините родители (the Gerards) во јужен Bronks. Врската со неговиот татко никогаш не била добра, па тие скоро и да не се гледале и зборувале. Pacino израснал во комфорна заедница. Немале многу пари, но сепак живееле среќен живот.
Кога бил мало момче, неговата мајка постојано го носела на кино кога доаѓала од работа. Al набрзо почнувал да се фасцинира од филмовите. Знаел да поминува дома многу часови со повторување и глумење на неговите омилени сцени, имитирајќи ги најчесто своите омилени актери. Посебно уживал немо да изведува драматични умирања.
-"Се сеќавам ... ќе си дојдев дома од кино (секогаш беше тоа навечер), па кога влегував, обично беше тоа на смртоносен начин. Ќе влезев и "умирав" цел пат до кујната" - вели Al.
Уште како млад имаше многу другари, но постојано бил задеван поради неговата тежина, опсесијата со актерството и неколкуте други ситници кои го карактеризирале и правеле различен од другите деца. Дури и во игрите сакал да ги внесе своите актерски способности, па како најжесток играч најчесто завршувал повреден. Се трудел да направи се` за да се вклопи и истакне во секоја средина, па како таков и неговата невиност ја изгубил на 9-годишна возраст.
Pacino кога дошло време одлучил да го посетува средното училиште за актери, од кое бил избркан на 17 години. Следните неколку години ги поминал во пловење од една работа во друга, продолжувајќи да учи глума и повремено да се појавува во Broadway продукцијата. Откако почнал да се појавува на сцена, почнал да поминува низ подолг период на депресија и сиромаштија, а понекогаш дури морал и да позајми пари за автобуска карта за да стигне на аудиција. Во престижносто актерско студио стигнал во 1966-та година, каде што го поучувал Lee Strasberg, креаторот на Method Approach, што постана заштитен знак на многу актери од 70-те.
Појавувајќи се во различни улоги, Pacino конечно постигна успех со "The Indian Wants the Bronx", освојувајќи ја Obie наградата за сезоната 66/67`. После тоа ја освоил и Tony наградата за претставата "Does the Tiger Wear a Necktie?".
Неговата прва главна улога во филм му донесе мало скршнување од реалните изведби во театарот со кои заработил почитување ... глумел наркоман во "The Panic in Needle Park" (1971), после неговиот прв дебитантски филм "Me, Natalie" (1969).
Наредното нешто што му се случи, му го промени животот засекогаш. Улогата на Michael Corleone во The Goodfather (1972) беше една од најбараните и постана најдобра ролја во филмската историја. Robert Redford, Warren Beatty, Jack Nicholson, Robert De Niro и уште многу други биле во предвид за таа улога, но на директорот Francis Ford Coppola срцето му го освоил непознатиот Pacino. Од студиото, до продуцентите, до другите ликови, никој друг не го сакал Al Pacino во тој филм. Сепак, останал бидејќи директорот се залагал за него, улогата стана хит, па му ја заработи на Al првата номинација за најдобра споредна улога.
Понатаму, наместо да прифаќа полесни проекти за пари, Pacino прифатил улоги во филмовите "Serpico" - 1973 (вистинска крими драма) и "Dog Day Afternoon" - 1975 (филм за трагичен реален грабеж на банка).
Pacino ги задржа очите на светот со неговите храбри одлуки за ролји и беше номиниран три години по ред за Најдобар актер.
После неколку филмови прифатил уште една гангстерска улога во легендарниот филм "Scarface" (1983), после што следи катастрофална грешка. Глумејќи во "Revolution" - 1985 (прогласен за најлош филм), Pacino озбилно се разболил од пневмонија, после што бил тргнат од сцената цели четири години.
Враќајќи се на сцената, направил многу за да придонесе на театарот кој го сметал за прва љубов. Го режирал филмот "Local Stigmatic" (1989), кој никогаш не бил прикажан на публиката.
Во напаѓачка форма се вратил во "Sea of Love" (1989) како полицаец алкохоличар. Во 1990 се навратил на Corleones и го снимил третиот дел од "The Goodfather" и ја заработил првата ролја во комедија "Dick Tracy" (1990).
Во 1991 бил во романтична форма и го снимил "Frankie and Johnny" со Michelle Pfeiffer.
Во 1992 година, на филмскиот фестивал, конечно освоил награда за Најдобар актер за неговата неверојатна изведба во "Scent of a Woman" (1992).
"Carlito's Way" (1993) беше наредното негово остварување, после што следеше криминалистичката драма "Heat" (1995) на режисерот Michael Mann.
После тоа, се вратил на директорската столица за добро поздравениот и оригинален "Looking for Richard" (1996).
"City Hall" (1996), "Donnie Brasco" (1997) и "The Devil's Advocate" (1997) беа следните негови остварувања и хитови.
Повторната соработка со Mann, а потоа и Oliver Stone му ги донесоа главните улоги во "The Insider" (1999) и "Any Given Sunday" (1999).
Во неговиот приватен живот, Pacino е еден од Холивудските вечно непоправливи ергени, кој никогаш не се оженил. Има ќерка Julie Marie со наставничката по глума Jan Tarrant, и близнаци со долгогодинешната девојка Beverly D'Angelo. Неговата романтична историја ја вклучува и долгогодишната врска со ѕвездата од The Goodfather - Diane Keaton.
Со неговите интензивни и решителни изведби, Al Pacino е оригинален во актерската професија. Неговиот непобедлив број на класични ролји, неговата поврзаност кон глумењето како професија и неговата постојана доминација го сместува на врвот од филмските легенди.
The Goodfather
Scarface
Heat
Scent of a Woman
The Devil's Advocate