Биографии на ѕвездите

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Мислам дека ни фали тука една средена тема, во која освен пофалби и критики од два збора, ќе се потрудиме да направиме една збирка од биографии на славните актери и актерки. Да пробаме ете да ги запознаеме повеќе, какви и кои биле пред да станат славни, како успеале да дојдат тука каде што се (или биле) итн.
Потрудете се, ако веќе сакате да допринесете на темава, да биде тоа со јасни и кирилични постови, со подетална и поопширна содржина.
Неможе да има некаков ред и да сакаме, затоа кој за кого сака нека пишува ... дали ќе е тоа за омилените актери/ки, дали ќе е тоа за најславните, дали ќе е тоа за најубавите - сеедно.
Ќе почнам јас, па повелеле надоврзете се ...:smir:

Al Pacino

Alfredo James Pacino кој бил нарекуван Sonny од неговата фамилија и пријателите, е роден на 25 Април 1940 година во East Harlem, New York City. Неговите родители Salvatore и Rose Pacino се развеле на негова двегодишна возраст, па тој и неговата мајка заминале да живеат со нејзините родители (the Gerards) во јужен Bronks. Врската со неговиот татко никогаш не била добра, па тие скоро и да не се гледале и зборувале. Pacino израснал во комфорна заедница. Немале многу пари, но сепак живееле среќен живот.

Кога бил мало момче, неговата мајка постојано го носела на кино кога доаѓала од работа. Al набрзо почнувал да се фасцинира од филмовите. Знаел да поминува дома многу часови со повторување и глумење на неговите омилени сцени, имитирајќи ги најчесто своите омилени актери. Посебно уживал немо да изведува драматични умирања.
-"Се сеќавам ... ќе си дојдев дома од кино (секогаш беше тоа навечер), па кога влегував, обично беше тоа на смртоносен начин. Ќе влезев и "умирав" цел пат до кујната" - вели Al.

Уште како млад имаше многу другари, но постојано бил задеван поради неговата тежина, опсесијата со актерството и неколкуте други ситници кои го карактеризирале и правеле различен од другите деца. Дури и во игрите сакал да ги внесе своите актерски способности, па како најжесток играч најчесто завршувал повреден. Се трудел да направи се` за да се вклопи и истакне во секоја средина, па како таков и неговата невиност ја изгубил на 9-годишна возраст.

Pacino кога дошло време одлучил да го посетува средното училиште за актери, од кое бил избркан на 17 години. Следните неколку години ги поминал во пловење од една работа во друга, продолжувајќи да учи глума и повремено да се појавува во Broadway продукцијата. Откако почнал да се појавува на сцена, почнал да поминува низ подолг период на депресија и сиромаштија, а понекогаш дури морал и да позајми пари за автобуска карта за да стигне на аудиција. Во престижносто актерско студио стигнал во 1966-та година, каде што го поучувал Lee Strasberg, креаторот на Method Approach, што постана заштитен знак на многу актери од 70-те.
Појавувајќи се во различни улоги, Pacino конечно постигна успех со "The Indian Wants the Bronx", освојувајќи ја Obie наградата за сезоната 66/67`. После тоа ја освоил и Tony наградата за претставата "Does the Tiger Wear a Necktie?".

Неговата прва главна улога во филм му донесе мало скршнување од реалните изведби во театарот со кои заработил почитување ... глумел наркоман во "The Panic in Needle Park" (1971), после неговиот прв дебитантски филм "Me, Natalie" (1969).

Наредното нешто што му се случи, му го промени животот засекогаш. Улогата на Michael Corleone во The Goodfather (1972) беше една од најбараните и постана најдобра ролја во филмската историја. Robert Redford, Warren Beatty, Jack Nicholson, Robert De Niro и уште многу други биле во предвид за таа улога, но на директорот Francis Ford Coppola срцето му го освоил непознатиот Pacino. Од студиото, до продуцентите, до другите ликови, никој друг не го сакал Al Pacino во тој филм. Сепак, останал бидејќи директорот се залагал за него, улогата стана хит, па му ја заработи на Al првата номинација за најдобра споредна улога.
Понатаму, наместо да прифаќа полесни проекти за пари, Pacino прифатил улоги во филмовите "Serpico" - 1973 (вистинска крими драма) и "Dog Day Afternoon" - 1975 (филм за трагичен реален грабеж на банка).
Pacino ги задржа очите на светот со неговите храбри одлуки за ролји и беше номиниран три години по ред за Најдобар актер.
После неколку филмови прифатил уште една гангстерска улога во легендарниот филм "Scarface" (1983), после што следи катастрофална грешка. Глумејќи во "Revolution" - 1985 (прогласен за најлош филм), Pacino озбилно се разболил од пневмонија, после што бил тргнат од сцената цели четири години.
Враќајќи се на сцената, направил многу за да придонесе на театарот кој го сметал за прва љубов. Го режирал филмот "Local Stigmatic" (1989), кој никогаш не бил прикажан на публиката.
Во напаѓачка форма се вратил во "Sea of Love" (1989) како полицаец алкохоличар. Во 1990 се навратил на Corleones и го снимил третиот дел од "The Goodfather" и ја заработил првата ролја во комедија "Dick Tracy" (1990).
Во 1991 бил во романтична форма и го снимил "Frankie and Johnny" со Michelle Pfeiffer.
Во 1992 година, на филмскиот фестивал, конечно освоил награда за Најдобар актер за неговата неверојатна изведба во "Scent of a Woman" (1992).
"Carlito's Way" (1993) беше наредното негово остварување, после што следеше криминалистичката драма "Heat" (1995) на режисерот Michael Mann.
После тоа, се вратил на директорската столица за добро поздравениот и оригинален "Looking for Richard" (1996).
"City Hall" (1996), "Donnie Brasco" (1997) и "The Devil's Advocate" (1997) беа следните негови остварувања и хитови.
Повторната соработка со Mann, а потоа и Oliver Stone му ги донесоа главните улоги во "The Insider" (1999) и "Any Given Sunday" (1999).

Во неговиот приватен живот, Pacino е еден од Холивудските вечно непоправливи ергени, кој никогаш не се оженил. Има ќерка Julie Marie со наставничката по глума Jan Tarrant, и близнаци со долгогодинешната девојка Beverly D'Angelo. Неговата романтична историја ја вклучува и долгогодишната врска со ѕвездата од The Goodfather - Diane Keaton.

Со неговите интензивни и решителни изведби, Al Pacino е оригинален во актерската професија. Неговиот непобедлив број на класични ролји, неговата поврзаност кон глумењето како професија и неговата постојана доминација го сместува на врвот од филмските легенди.

The Goodfather


Scarface


Heat


Scent of a Woman


The Devil's Advocate
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.357
Поени од реакции
25.051
Почнувам со Дастин Хофман

Дастин Ли Хофман година како најдобар главен глумец. Дастин Хофман е роден на (англиски: Dustin Lee Hoffman) е американскифилмски глумец, прославен со филмовите од крајот на шеесеттите и седумдесеттите години: Дипломец, Пеперутка, Маратонец и Крамер против Крамер, за кого добил Оскар во 19798 август, 1937 година во Лос Анџелес, Калифорнија, од еврејско-американски родители Хари Хофман и Лилијан Голд. Мајка му му го дала името по глумецот од немите филмови Дастин Фарнум. По завршувањето на средното училиште, го посетува Конзерваториумот во Лос Анџелес со намера да стане пијанист. Потоа се запишал на колеџот „Санта Моника“, но не успеал таму заради многу лошите оценки. Подоцна се запишува на часови за глума и почнува да се занимава со глума. Неговиот прв филм е „The Tiger Makes Out“ (1967), а во истата година игра и во филмот Дипломец (The Graduate), за кого е номиниран за Оскар. Подоцна глумел во многу филмови како: Полноќен каубој (Midnight Cowboy) (1969), Крамер против Крамер (Kramer vs. Kramer) (за кого го добива својот прв Оскар во 1979 година), Тутси (Tootsie) (1982) и Дождовен човек (Rain Man) (1988) (за кого го добива својот втор Оскар како најдобар главен глумец).
Хофман има две деца (Карина и Џена) со бившата сопруга Ен Берн и уште четири (Џејкоб, Максвел, Ребека и Александра) со сегашната сопруга Лиса Готсеген, и уште два внука. Добар пријател е со глумците Џин Хекман и Роберт Дувал со кои ја учел глумата.

Награди
  • Оскар за најдобра главна улога во филмот Крамер против Крамер, 1979.
  • Оскар за најдобра главна улога во филмот Дождовен човек, 1988.
  • Златен глобус за најдобра главна улога во филмот Крамер против Крамер, 1980.
  • Златен глобус за најдобра главна улога во филмот Тутси, 1983.
  • Златен глобус за најдобра главна улога во филмот Дождовен човек, 1988.Филмографија
    • The Star Wagon (1967)
    • The Tiger Makes Out (1967)
    • Дипломец (1967)
    • Madigan's Millions (1968)
    • Sunday Father (1969)
    • Полноќен каубој (1969)
    • John and Mary (1969)
    • Little Big Man (1970)
    • On Location: Dustin Hoffman (1971)
    • Who Is Harry Kellerman and Why Is He Saying Those Terrible Things About Me? (1971)
    • Straw Dogs (1971)
    • Алфредо, Алфредо (1972)
    • Papillon (1973)
    • Лени (1974)
    • The Magic of Hollywood... Is the Magic of People (1976)
    • All the President's Men (1976)
    • Маратонец (1976)
    • Straight Time (1978) (и продуцент)
    • Агата (1979)
    • Крамер против Крамер (1979) (Оскар за најдобра главна улога)
    • Тутси (1982)
    • Death of a Salesman (1985)
    • Private Conversations (1986) (документарец)
    • Иштар (1987)
    • Дождовен човек (1988) (Оскар за најдобра главна улога)
    • Common Threads: Stories from the Quilt (1989) (документарец) (наратор)
    • Family Business (1989)
    • Дик Трејси (1990)
    • Били Батгејт (1991)
    • Hook (1991)
    • Херој (1992)
    • Jonas in the Desert (1994) (документарец)
    • Outbreak (1995)
    • American Buffalo (1996)
    • Sleepers (1996)
    • Mad City (1997)
    • Wag the Dog (1997)
    • Сфера (1998)
    • The Messenger: The Story of Joan of Arc (1999)
    • Вторник (2001)
    • Goldwyn (2001) (документарец) (наратор)
    • Moonlight Mile (2002)
    • The Shakespeare Sessions (2003) (документарец)
    • Confidence (2003)
    • Runaway Jury (2003)
    • Freedom2speak v2.0 (2004) (документарец)
    • Finding Neverland (2004)
    • I ♥ Huckabees (2004)
    • Meet the Fockers (2004)
    • Lemony Snicket's A Series of Unfortunate Events (2004)
    • Racing Stripes (2005)
    • Изгубениот град (2005)
    • Perfume: The Story of a Murderer (2006)
    • Stranger Than Fiction (2006)
    • Mr. Magorium's Wonder Emporium (2007)
    • Kung Fu Panda (2008) (се снима)
    • The Tale of Despereaux (2008) (се снима)
    • Last Chance Harvey (2008) (не е почнат со снимање)

Дивајн, не е ова толку многу како твоето, ама мислам добро е
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.357
Поени од реакции
25.051
Метју Фокс



Роден е на 14 јули 1966 година во Кроухарт, Вајоминг. Детството го поминал на ранчот на неговите родители, кои имаат уште два сина, едниот постар, а другиот помлад од Метју. Научил да јава на коњ кога имал шест години.
По завршувањето на средното училиште добил стипендија како успешен рагбист на Универзитетот во Колумбија, каде играл рагби за универзитетскиот клуб и студирал економија. Дипломирал во 1988-ма година и планирал да работи на Волстрит.
Меѓутоа, животот му тргнал во сосема друг правец. Поради неговата висина (188 цм), мајката на неговата девојка, инаку моден агент, му предложила да проба да работи како модел наместо како брокер.
Снимил неколку реклами и решил дека сака да се занимава со глума, па се запишал на Школата за филм и телевизија во Њујорк.
Првата улога ја добил во 1992-ра година кога се појавил во една епизода од серијата „Wings“. Истата година добил улога во серијата „Freshman Dorm“, меѓутоа серијата се снимала само една сезона. Наредната година го снимил и првиот филм, „My Boyfriend's Back“.
Во 1994-та година го постигнува својот прв голем успех, кога добива улога во серијата „Party of Five“, која се снима се до 2000-та година. Благодарение на оваа серија се стекнува со светска слава и, меѓу другото, во 1996-та година е прогласен за еден од 50-те најубави луѓе на светот, во избор на „People Magazine“.
На аудицијата за „Lost“ се пријавил за улогата на Сојер, меѓутоа косценаристот на серијата Џ. Џ. Абрамс бил толку импресиониран од неговиот настап што решил да му ја додели улогата на д-р Џек Шепард.
Оженет е и има две деца, а заради снимањто на „Lost“ се преселиле да живеат на Хаваи.




 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Alec Baldwin

Alexander Rae Baldwin III е роден на 3 Април 1958 година во Amityville, New York, како второ од шестте деца на фудбалски судија и наставничка. Пораснал во Massapequa - Long Island, New York заедно со неговите две сестри и тројца браќа (Daniel, William и Stephen). Тој бил првиот од кланот што започнал да се занимава со глума, а после него тоа го направиле и браќата.

Неговата интелигенција почнал да ја покажува уште на мала возраст, па така една негова наставничка запишала во неговиот извештај дека може еден ден да стане славен или претседател на Америка.

Baldwin после средното училиште се запишал на факултет за политички науки, со намера да го изучи правото. Но, неговата детска љубов кон глумата повторно му се вратила, резултирајќи со преместување во Manhattan и запишување на факултет за драмски уметности под туторијалство на Lee Strasberg.

Неговата кариера започна на телевизија, со улога во сапуницата на NBC - "The Doctors" (1980-82). Наскоро после тоа почнал да глуми во сериите "Cutter to Houston"и "Knots Landing" (1984-85).
На Broadway дебитирал со црната комедија на Joe Orton - "Loot" (1986), за која добил награда. После тоа следела улогата во хит комедијата "Serious Money", а со наредната во "Prelude to a Kiss" добил награда за најдобар актер во 1991 година. Таа улога ја повторил и на платно во 1992 година.
Baldwin се појави како Stanley Kowalski во репризата на "A Streetcar Named Desire" (1992), заработувајќи уште една награда за најдобар актер. Подоцна се појавил во серија со Jessica Lange, John Goodman и Diane Lane.

После неговиот неповолен дебитантски филм "Forever Lulu" (1987), глумел во: "Beetjuice" (1988), "Married to the Mob" (1988) со Michelle Pfeiffer, "Talk Radio" (1988), "Working Girl" (1988), "Great Balls of Fire" (1989), "The Marrying Man" (1991), "Miami Blues" (1990), "The Hunt For Red October" (1990), "Glemgarry Glen Ross" (1992), "Prelude to a Kiss" (1992), "The Shadow" (1994), "Heaven's Prisioners" (1996) и во "Notting Hill" (1999) со Julia Roberts и Hugh Grant.

Во 1998, Baldwin се врати на бина учествувајќи во претставата Hamlet заедно со Angela Bassett во New York. На големото платно повторно се врати со трилерот "Mercury Rising" и комедијата "Outside Providence".
Во 2003 потпиша за споредна улога во "Aviator" со Leonardo DiCaprio, а во 2004 во "Along Came Polly" со Ben Stiller и Jennifer Aniston.
После тие остварувања, глумеше во популарната телевизиска серија "30 Rock" која дебитираше во 2006-та година.

Со неговата сопруга Kim Basinger беа активисти во PETA (People for the Ethical Treatment of Animals), а исто така донираа и во театарските организации.
Тој се ожени со неа во 1993 и имаат една ќерка Ireland Elisse, родена во Los Angeles на 23 Октомври, 1995. Во Јануари 2001-та, после седум години брак, Basinger му побарала развод. Од тогаш постојат обвинувања за насилство и алкохолизам и се водат спорови за старателство над нивната ќерка.



Prelude to a Kiss


The Hunt For Red October


Heaven's Prisioners
http://www.aolcdn.com/tmz_audio/0419_baldwin.mp3
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.357
Поени од реакции
25.051
Gary Sinise

Роден е на 17 март 1955 година во државата Илиноис како второ дете на славниот филмски монтажер Роберт Синиз. Неговото семејство се сели во местото Хајленд Парк каде Гери завршува средно училиште.
Благодарение на неговата професорка Барбара Патерсон, ќе се запознае со тајните на глумата, а од класата на Барбара ќе произлезат и денес големите ѕвезди, Том Хенкс, Стив Гутенберг, Том Селек, Том Круз и Патрик Свејзи.
Глумата го привлекла Гери и набрзо се приклучил на театарската трупа на Чикаго, надевајќи се дека преку театарот, полесно ќе стигне и до тогаш фамозната сцена на Бродвеј.
Но, судбината го одвела на телевизијата, а Бродвеј му се случил истовремено кога започнал да ги добива првите филмски улоги. Некои од нив морал да ги одбие, несакајќи да го пропушти златниот момент на сцената на Бродвеј, каде истовремено режирал и глумел во претстави и мјузикли.
Неговите први телевизиски филмови не бележат поголем успех, но за Гери тоа значи пробив на филмското платно и први номинации за награди. На Канскиот фестивал во 1988. година беше номиниран за „Златна палма“ за филмот „Милји од дома“, а повторно се најде меѓу номинираните и четири години подоцна за улогата во „За луѓето и глувците“.
Во 1994 година, го остварува сонот да игра во блокбастер. Со улогата на фрустрираниот поручник Ден во „Форест Гамп“, си обезбеди уште една улога во филмскиот хит „Аполо 13“, а потоа маестрално го долови ликот на претседателот Хари Труман во филмот „Труман“.
За улогата во „Форест Гамп“ ја доби номинација за „Оскар“ за споредна улога и „Златен глобус“. Последната награда ја освои за улогата во „Труман“, а повторно е номиниран за улогата во филмот „Џорџ Валас“.
За разлика од неговиот холивудски колеги, приватниот живот на Гери не е исполнет со скандалозни разводи и врски. Од 1981-ва година е во среќен брак со Мојра Харис со која има три ќерки, Софи, Мекена и Ела.
Нивната врска започнала во средното училиште, но се прекинала кога Гери заминал во Чикаго, за клучната улога во нивната повторна средба да ја одигра Џон Малкович, другарот на Мојра од факултет, кој мислејќи дека ќе успее да му намести девојка на срамежливиот Гери, ја повикал Мојра на слеп состанок со неговиот колега, без да знае за нивната романтична историја.
Џон им бил и кум на свадбата и на нивната ќерка Софи.
Од 2004-та година, Гери станува „шеф“ на тимот на форензичари од Њујорк, а за улогата, голема помош имал и од Дејвид Карузо и Вилијам Петерсен, неговите филмски колеги од тимовите на Мајами и Лас Вегас.




 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Antonio Banderas

Antonio Banderas, еден од Шпанските најпознати лица кој беше фудбалер додека ја повреди ногата на 14 годишна возраст, сега е интернационална филмска ѕвезда најпознат како Зоро.

Jose Antonio Dominguez Banderas е роден на 10 Август 1960 година во Malaga, Spain. Неговиот татко Jose Dominguez бил полицаец во Шпанската цивилна гарда, а неговата мајка Dona Ana Banderas била учителка.
Како мал, сакал да игра фудбал професионално и направил многу успеси играјќи за неговиот школски тим до 14-та година кога се повредил. Во тоа време му се родила страстта за театарот откако ја гледал претставата "Hair".
Banderas ги започнал студиите по глума во Malaga, каде што во еден мал театар го имал и својот дебитантски настап. Во тоа време еднаш бил и уапсен од Шпанската полиција за една од неговите улоги која имала политичката заднина.

Во 1981 година, на 19 годишна возраст се преселил во Madrid во лов по актерска кариера. Бил борбен и млад актер кој исто така работел и како келнер, како и многу други мали непостојани работи. Во тоа време се зачленал во актерската екипа на Националниот Театар од Шпанија, постанувајќи најмладиот член во друштвото.
Неговите дела на бина го привлекле вниманието на филмскиот режисер Pedro Almodovar, кој му доделил дебитантска улога на младиот актер во неговиот филм "Labetinto de pasiones" (1982). Тие двајца ги здружиле силите во правењето оригинални и сексуално провокативни филмови во 80-те. Во 1984 година, Banderas постигнал кулминација во Шпанија, започнувајќи да ја работи неговата улога како хомосексуалец, глумејќи го првиот "машко-на-машко" бакнеж во филмот "Ley del deseo, La" (1987).
Долгата соработка на Banderas со Pedro Almodovar му донела интернационална слава, која дошла со неговата улога во "Mujeres al borde de un ataque de nervios" (1988). После тоа, во 1991 се појавил и во филмот на Madonna "Madonna: Truth or Dare".

Во 1992 година Banderas дебитирше на Холивудското платно со "The Mambo Kings". Бидејќи во тоа време сеуште не зборувал англиски, неговиот дијалог за филмот го учел фонетски. Уште еден голем погодок после оваа, беше неговата наредна улога во "Philadelphia" (1993). После тоа, на кратко се појави и во големиот хит "Interview with the Vampire" (1994), па со споредна улога во "Evita" (1996).

Во 1998 бурно беше поздравена неговата интерпретација на Зоро во филмот "The Mask of Zorro", во кој глумеше заедно со Anthony Hopkins и Catherine Zeta-Jones. За таа улога, Banderas земал часови во Олимпискиот национален тим за мечување во Шпанија и ги вежбал движењата со вистински челични сабји. Тој исто така пред да започне снимањето, земал и часови по јавање. Подоцна и се вратил на истата ројла во второто продолжение т.е. во "The Legend of Zorro" (2005).
Во 1999 Banderas дебитираше и како режисер со неговото прво остварување, филмот "Crazy in Alabama", во кој главната улога ја имаше неговата сопруга Melanie Griffith. За наредниот филм "Frida" (2002) доби сериозни критики за претставувањето на мексиканскиот човек.

Antonio Banderas со неговиот харизматичен изглед бил избран за еден од 50-те најубави мажи во светот од магазинот "People" во 1996 година.
Добил бројни награди и номинации за неговата работа на филмското поле.
Од 1996 година Banderas е во брак со американската актерка Melanie Griffith и има една ќерка со неа.
Надвор од актерската професија Banderas е страстен фудбалски обожавател и верен симпатизер на клубот Real Madrid. Неговото слободно време го поминува во неговите две резиденции, едната во САД, а другата во јужна Шпанија.

The Mambo Kings


Interview with the Vampire


The Mask of Zorro




 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Одри Хепберн (4 мај 1929 - 20 јануари 1993) е англиска актерка со белгиско потекло, добитничка на оскар, изведувачка на Бродвеј, балерина, манекенка и хуманитарка.


Израсната во Арнхем, Холандија за време на нацистичката окупација врз оваа земја во текот на Втора Светска војна, напорно тренира балет пред сосема да се посвети на актерството. Најпрво е забележана како Жижи во истоимената театарска претстава на Бродвеј од 1951 година. Филмско деби има како Принцезата Ен во Празник во Рим од 1953 година, улога за која го добива својот единствен оскар. Таа е една од најпознатите актерки во Холивуд во текот на 1950-тите и 1960-тите, период во кој уште четири пати е номинирана за оскар. Меѓу номинациите особено се истакнува нејзината антологиска изведба на Холи Голајтли (Holly Golightly) во Појадок кај Тифани (1961). Во 1964 година, Хепберн ја игра Елајза Дулитл (Eliza Doolittle) во Мојата убава дама, адаптација на Шоовата драма Пигмалион.

Од 1988 до нејзината смрт во 1993 година, Одри Хепберн е Амбасадор на Добрата Волја при УНИЦЕФ и е наградена со Претседателскиот Медал на Слободата (највисокото признание што може да го добие еден граѓанин на САД) во чест на нејзината хуманитарна работа. Во 1999 година, прогласена е за третата најголема актерка на сите времиња според Американскиот Филмски Институт во нивната листа АФИ 100 години... 100 ѕвезди.
Во 1945 година, по завршувањето на војната, Одри Хепберн го напушта Арнхемскиот Конзерваториум и се преселува во Амстердам каде учи кај Соња Гаскел (Sonia Gaskell) [16]. Во 1948 година, Хепберн оди во Лондон и зема часови кај познатата Мери Рамбер (Marie Rambert), учителка на Васлав Њински (Vaslav Nijinsky), еден од најголемите танчари во историјата. По некое време, Хепберн ја запрашува Рамбер за нејзината иднина. Рамбер ѝ објаснува дека може да продолжи да работи и дека ќе има одлична кариера, но дека нејзината височина (170 cm) и нејзината недоволна ухранетост за време на војната ќе ѝ оневозможат да стане прима балерина. Хепберн ја прифатила проценката на Рамбер и се решила да продолжи како актерка, кариера која би ѝ дала можност да се усоврши [17]. Откако Хепберн станала позната ѕвезда, Мери Рамбер рекла во едно интервју: "Таа беше прекрасен ученик. Ако се одлучеше да продолжи, ќе станеше величенствена балерина [18]." За несреќа, мајката на Одри била приморана да работи како слугинка за да го издржува своето семејство, па Одри морала да најде работа што ќе се плаќа. Бидејќи цел живот вежбала да биде изведувач, актерска кариера изгледала како разумно решение. Еднаш има речено: "Ми требаа пари; тука се плаќаше ₤3 повеќе отколку на балет [19]."

Нејзината актерска кариера започнува со една мала улога во едукативниот филм, Холандски во седум лекции, каде игра улога на стјуардеса. Потоа учествува во музички театарски продукции од типот на Високи чевли со копчиња (High Button Shoes) и Пикантен сос (Sauce Piquante). Нејзината прва улога во долгометражен филм е онаа во британскиот филм Еден див овес (One Wild Oat), каде игра хотелска рецепционерка. Следат неколку мали улоги во филмови како што се Приказната на младите сопруги (Young Wives' Tale), Смеа во Рајот (Laughter in Paradise), Толпата на Лавендер Хил (The Lavender Hill Mob) и Монте Карло, злато (Monte Carlo Baby). Во текот на снимањето на Монте Карло, злато, Хепберн била избрана да ја игра главната улога во Бродвејската претстава Жижи која премиерно била изведена на 24 ноември 1951. Писателката Сидони-Габриел Колет (Sidonie-Gabrielle Colette), првиот пат кога ја видела Одри, извикала "Voilа! Еве ја нашата Жижи!" [20]. Хепберн ја добива Светската театарска награда за нејзината дебитантска изведба. Претставата се одржува шест месеци на Њујоркшката театарска сцена.

*Бракови, семејство и подоцнежен живот*

Во раниот период на 1950тите, Одри е свршена за младиот Џејмс Хенсон [39]. Одри, оваа врска ќе ја нарече љубов на прв поглед; сепак, дури откако е направен свадбениот фустан и датата веќе закажана, свршувачката е раскината бидејќи Хепберн одлучува дека поради професионални обврски кои би ги оддалечувале неа и Џејмс долг период, бракот нема да успее [40]. Хепберн го подарува својот фустан на една сиромашна италијанска двојка која го поседува и денеска.

Хепберн се венча два пати: за американскиот актер Мел Ферер и за италијанскиот доктор Андреа Доти, и од двајцата има по еден син; Шон во 1960 од Ферер и Лука во 1970 од Доти.

Хепберн го запознава Мел Ферер на забава чиј домаќин е Грегори Пек. Таа го забележала Мел во филмот Лили и била воодушевена од неговата изведба. Ферер подоцна и` го испраќа сценариото за драмата Ондин и Хепберн со задоволство се согласила да учествува. Пробите почнале да се одржуваат во јануари 1954 година, а Хепберн и Ферер се венчаат на 24 септември [41]. Хепберн велела дека се неразделиви и среќни, без разлика на честите озборувања кои тврделе дека нивниот брак нема да трае. Сепак, и самата ќе признае дека Мел имал тежок темперамент [42]. Се велело дека Ферер ја контролира Одри и дека е нејзин Свенгали [43]. Еднаш Вилијам Холден ќе рече: "Мислам дека Одри му дозволува на Мел да мисли дека ја контролира."

Пред да и` се роди првото дете, на Хепберн два пати ќе и` се случи да има спонтан абортус, од кои првиот во март 1955 година. Во 1959 година, за време на снимањето на Непростено, Одри ќе си го скрши грбот откако ќе падне од коњ на карпа. Неколку недели минува во болница и подоцна има спонтан абортус кој бил предизвикан од физички и ментален стрес. Додека се одморала дома, Мел Ферер и` го донесол паунот употребен во филмот Зелени палати да го чува како милениче. Го нарекле Ип, скратено од Пипин. Во 1965 година, Одри повторно ќе има спонтан абортус. Затоа ќе биде повнимателна кога ќе биде бремена со Лука во 1969; се одморала со месеци и постојано сликала се додека не го породила Лука со царски рез. Последниот спонтан абортус ќе и се случи во 1974 година [44]. Во популарните легенди, Хепберн останува запаметена по песната "Time Tested Beauty Tips" ("Совети за убавината тестирани од времето") која им ја рецитирала на своите деца. Песната вклучува стихови од типот на "За да има убава коса, дозволи му на детето да минува со прстите низ неа еднаш дневно" или "За убава фигура, сподели ја својата храна со гладните." Поемата понекогаш и` се препишува нејзе, но вистинскиот автор на песната е Сем Левенсон.

Бракот со Ферер траел 14 години, до 5 декември 1968; нивниот син еднаш рекол дека Одри останал предолго во овој брак. Во последните години од нивниот брак, се зборувало дека Ферер имал девојка на страна, но и дека Одри имала афера со нејзиниот партнер од Двајца за патот Алберт Фини. Таа ги негира озборувањата, но режисерот Стенли Донен ќе рече: "Со Алберт фини таа беше како нова жена. Таа и Алби создаваа нешто прекрасно заедно; беа како мали деца. Кога Мел не беше на сетот, тие блескаа. Кога Мел беше таму, беше навистина смешно. Одри и Алби се однесуваа прилично формални и малку беше непријатно [45]." Двојката се разделила уште пред разводот. Во текот на разводот, Хепберн ослабува. Го запознава италијанскиот психијатар Андреа Доти на едно патување со брод и се вљубува во него при посетата на некои древни грчки рушевини. Тогаш таа верува дека ќе има многу деца и дека ќе престане да работи. Со Доти се венча на 18 јануари 1969. Иако тој ја љубел Хепберн и бил сакан од Шон кој сметал дека Доти е забавен, Андреа многу често имал афери со помлади жени. Нивниот брак трае 13 години и завршува во 1982, откако и Лука и Шон се способни да живеат со самохрана мајка. Иако Хепберн ги прекинува сите контакти со Ферер (со него ќе зборува само уште два пати до крајот на својот живот: на дипломирањето на Шон и неговата прва свадба), таа останува во контакт со Доти за доброто на Лука.

Пред да умре, Хепберн ќе биде во врска со Роберт Волдерс, згоден холандски актер, поранешен маж на покојната филмска ѕвезда Мерли Оберон. Се запознава со Волдерс преку пријател во периодот кога нејзиниот брак со Доти е веќе во распад. По разводот, Одри и Роберт почнуваат да живеат заедно иако никогаш не биле венчани. Во 1989 година, откако веќе минува 9 години со Волдерс, таа ќе ги нарече најсреќните години од нејзиниот живот. "Навистина ми требаше многу време", ќе рече Хепберн во едно интервју со Барбара Волтерс. Волтерс тогаш ќе ја праша зошто никогаш не се венчале. Хепберн ќе одговори дека тие биле венчани, само не формално. Заедно ги планирале патувањата со УНИЦЕФ. На секој нејзин говор, бил присутен и Роберт Волдерс. И додека Хепберн зборувала, тој често плачел.

*Рак на слепото црево*

Во 1992 година, по нејзиното враќање од Сомалија, Одри Хепберн почнува да чувствува болки во стомакот. Оди кај специјалисти но добива неубедливи резултати, па решава да се прегледа за време на едно патување во Лос Анџелес во текот на октомври. На 1 ноември, докторите и` извршуваат лапароскопска операција и откриваат стомачен рак кој почнал да се шири од слепото црево. Ракот растел во текот на неколку години и се метастазирал не како тумор, туку како мала обвивка врз нејзиното тенко црево. Болката што ја чувствувала Одри била резултат на грчеви во илеумот од тенкото црево. Хепберн одбива хемотерапија, па докторите отстраниле речиси 30 cm од цревото и Одри била хранета исклучиво интравенозно. Откако лузната зараснала, Хепберн била лечена со 5-флуороурацил леуковорин. Неколку дена подоцна, Хепберн има оклузија, односно запирање на крвотокот. Лековите не биле доволни да ја намалат болката, па на 1 декември таа има и втора операција. По еден час, хирургот објавува дека ракот веќе доста се проширил и не е можно да биде отстранет.

Бидејќи Хепберн не била способна да поднесе комерцијален лет, Живанши го најмува социјалитот Бани Мелон кој испраќа приватен лет до Лос Анџелес кој ја носи Хепберн во Швајцарија. Мелон ја наполнил кабината со цвеќиња.

Одри Хепберн умира од рак на слепото црево на 20 јануари 1993 година во Толохеназ, Швајцарија, каде е и закопана. Имала 63 години.




 
Член од
5 октомври 2007
Мислења
29
Поени од реакции
0
Evangeline Lilly/Кејт Аустин

http://www.a1.com.mk/reklama2.asp?ID=5
Родена е на 3 август 1979 година во Форт Саскичеван, Алберта, Канада. Била забележана на улица од агенти на модната агенција „Форд“ и одма добила понуда да работи како модел но, понудата ја одбила бидејќи имала намера да студира.
Шест месеци подоцна се запишала на Универзитетот во Британска Колумбија и решила да ја прифати понудата на „Форд“ за да може да го плати студирањето.
Откако се појавила во неколку телевизиски реклами, решила да прекине со снимањето и комплетно да му се посвети на факултетот и дипломирала на насоката меѓународни односи.
Неколку години подоцна решила да повторно да проба да работи како модел и глумица и добила неколку различни улоги но, заедничко за сите нив било дека глумела мртовци и воопшто не зборувала.
Првата вистинска улога што ја добила била улогата на Кејт во „Изгубени“ и од тогаш решила повеќе да не игра мртовци.
Пред да стане позната по улогата во „Изгубени“ работела на многу различни работни места, вклучувајќи келнерка и стјуардеса, а додека студирала работела во автомеханичарски сервис кадешто менувала масло на камиони.
Зборува француски, а во слободно време сака да чита, слуша музика и патува.


 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.498
Поени од реакции
2.622
Chris Farley
Кристофер Кросби Фарли е роден на 15 февруари 1964 год во Медисон,Висконсин.Тамѕ го помина и неговото детство.Студираше театар и комуникации на Универзитетот Марки.После завршување на студиите глумел помала улога во градскиот театар каде што бил забележан од продуцентот на многу популарното шоу "Saturday Night Live" (1975).Тој работеше во ова популарно шоу 5 години за кое време играше во филмовите Wayne's World (1992), Coneheads (1993), Billy Madison (1995) и врвот во неговата кариера на сите нас познат филмот Tommy Boy (1995).
Една година покасно го снима филмот Black Sheep (1996) (Црна Овца).Од тоа време Крис беше еден од најпознатите и најдобри комедиски звезди и неговата слава само растеше и растеше.
После некое време го снима филмот Beverly Hills Ninja (1997) во кој глуми со познатиот Крис Рок.Крис Фарли како што стануваше се по познат и популарен така и неговите проблеми се зголемуваа.Не сакаше да биде познат по тоа дека е (дебел дечко кој се глупира).Крис исто така имаше проблеми и со алкохолот и зависноста од дрога.
На 18 декември 1997 год Крис почина од предозирање со кокаин и беше најден во неговиот стан во Чикаго од страна на неговиот брат.Значаен фактор за неговата смрт имало и неговата тежина која допринела за смрта.Крис имаше само 33 години кога умре.После година дена од неговата смрт филмот lmost Heroes (1998) (Речиси херои) во кој глуми со познатиот лик од серијата Пријатели Matthew Perry беше издаден.Крис секогаш ке биде запаметен во нашите срце и ке остане еден од најдобрите комедиски звезди.
 

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Марлон Брандо Џуниор,син на Марлон Брандо Ср. и Дороти Пенебакер Брандо е роден на (3 априлhttp://mk.wikipedia.org/wiki/3_%D0%B0%D0%BF%D1%80%D0%B8%D0%BB 1924) во Омахаhttp://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%9E%D0%BC%D0%B0%D1%85%D0%B0&action=edit&redlink=1, Небраска. Во 1935, кога имаше 11 години, неговите родители се разделија. Неговата мајка за кратко време ги зеде своите деца Марлон, Жaклин и Франсис Брандо да живеат со неа во Санта Ана, Калифорнјиа, до 1937 кога неговите родители пак се смирија и се иселија во Либертивил, Илионис, село во северно Чикаго. Семејството беше од холандско, ирско, германско, англиско потекло. Бабата на Брандо Мари Холовеи го остави нејзиниот сопруг Еуген и нејзиниот син Марлон Брандо Ср. кога тој имаше пет години. Семејството Брандо беше местена во Њујорк за долго време. Сенејното име претходно се изговараше Брандоу и го добил од страна на Германски имигрант, Јохан Вилхем Брандау, кој се сместил во Америка во раните 1700ти. Брандо имаше бурно детство. Тој заостана една година во училиште а после беше избркан од средното училиште на Либертивиле. На 16 годишна возраст, се врати во војната академија на Шатук и таму веднаш се забележа неговиот талент за театар и добро се вклопи во структурата на училиштето. Во неговата последна година 1943 доби условна казна заради дрскоста што ја покажа кон еден офицер за време на вежби. Дел од казната беше тој да се однесе во училишен кампус но тој се обиде да побегне во град но беше фатен. Сепак стафот на наставници одлучи тој да биде истеран од кампусот. Но подоцна него го викна назад во училиштето, но и покрај тоа тој се одлучи да не го заврши школувањето. Работеше како копач на канали во својот роден град, како летна работа наместена од страна на неговиот татко, но подоцна се одлучи да ги прати нејзините сестри во Њујоркhttp://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%8A%D1%83%D1%98%D0%BE%D1%80%D0%BA. Едната сестра студираше сликање, а другата веќе имаше настапено на Бродвеј. Тој ја посети сестрата Франсис во Њујорк во Божик 1942 година и многу му се допадна искуството што го доживеа за време на престојот таму. Брандо доби шест месечна подршка од неговиот татко, а после таткото уште и му понуди помош да најде работа како продавач. Брандо го остави Илиноис за Њујорк, каде студираше во Американското Професионално Театарско Училиште, “Ново Училиште”, Драмска Работилница и во Актерското Студио. Во Драмската Работилница на “Ново Училиште” студираше со Стела Адлер и ги научи техниките на Системот на Станиславски.
Прегледај го приврзокот 6736

Интерсна тема.
 
Член од
1 јули 2008
Мислења
741
Поени од реакции
76
Shannen Doherty е моја омилена актерка па еве нешто за неа:

Родена е на 12 април 1971 година во Мемфис, Тенеси. Сакала да стане глумица уште од седумгодишна возраст, а за прв пат се појавила на телевизија во 1981-ва година, со улога во серијата „Отецот Марфи“.
Наредната година добила улога и во популарната серија „Малата куќа на крајот од преријата“, а настапувала и во неколку други серии и тинејџерски улоги.
Голем напредок во кариерата прави во 1990-та година, кога ја добива улогата на Бренда Волш во популарната серија „Беверли Хилс 90210“ на Арон Спелинг, по што дефинитвно се стекнува со статус на телевизиска ѕвезда.
Во „Беверли Хилс 90210“ останува до 1994-та година, кога поради несогласувања со остатокот од екипата ја напушта серијата.
Во 1998 година повторно соработува со Арон Спелинг и ја добива улогата на Пру Халивел во серијата „Волшебнички“. Во серијата останува три сезони, до 2001-ва година, по што, ја напушта за да им се посвети на филмовите: „Another day“ (2001), „The rendering“ (2002), „Hell on Heels: The Batle of Mary Kay“ (2002) и „Nightlight“ (2003).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom