Неспорно дека во ‘‘молзењето‘‘ се парите!
Мислам и како метафора, а и навистина во молзењето, те. во сточарството.
Не само што се бават (меѓу другото) и со сточарство, многу познатото влашко бизнис трио: Наков, Костов, Зиков.... туку уште повеќе ме тера така да размислувам дека е доста профитабилно, бидејки и Миленко стана сточар!
.... А тој има нос за бизнис! Се за што се фаќа многу профитабилно ( е сега него што не му иде баш многу, ај со третиот можеби ќе му тргне).... Нели оној стариот многу профитабилен со кој се опече и малку гуслаше кај дедо Идриз... мислам со тобако бизнисот!.... потоа мегафон на власта (рекет-новинар велевме порано) како еден многу профитабилен бизнис.... и еве ти го сега Миленко козар! Миленко и брат му нашле некој тип што имал предходно земено под концесија 20 хектари и почнале... Од 60 на стартот пред 3 години, стигнале до респектабилна бројка до стадо кое денес брои 200 кози! А вели и нешто дале од козите...
Покрај оние апокалиптични анализи на Миленко, како се ќе гори и пропаѓа.... и гњаважи и курчења во стилот: Рековме јас и Мирка пред 2 години за тоа и тоа... бла, бла, бла... Во емисијата она за козите беше единствено што ми се допадна! Ееееј курназ, кози мајката!?.... многу доходовни, а малку работа и трошоци за разлика од крупниот добиток, па и од овците... Јас не се разбирам многу ама така го разбрав! И мала конкуренција вели - ги нема!
Иако е тема овде магарече млеко, сепак можеби некој ќе добие идеја за производство на козјо! А штом Миленко се фаќа за ова (реков) мора да е доходовно!
http://www.youtube.com/watch?v=qTXSwZsB-HY 1:30 ....
ме интересира што мисли за ова Luki Junior....
ако имаше предходно на ова нешто пишувано ја се извинувам... и молам да биде ова само прескокнато!