Бизнис план и негова реализација со помош на неповратен кредит

Член од
9 мај 2018
Мислења
1.628
Поени од реакции
2.167
Значи вака. Имам бизнис план, нешто околу кулинарство но не е ресторан, сендвичара и сл. туку нешто различно. Но тоа не е темата. Имам неколку прашања. Сакам да аплицирам за неповратен кредит. Што треба, каде треба, колку добивам, за што добивам и кои се моите бенефити и дали и што е лошо со тој кредит.

Другото прашање е дали јас ќе можам да работам во друга институција со она што сум го студирал (или не)? Дали јас како сопственик или директор на фирмата ќе можам да се занимавам со друга дејност со полно работно време а бизнисот да го терам како хоби или додатна работа, да работам и помагам околу работата, организацијата и сл. кога имам време.

Имам слушнато низ муабети дека татко на некое девојче зел неповратен кредит преку ќерката, таа се води како директор (во меѓувреме студира) но од кога ќе дипломира не може да се занимава со друга работа.

Трето прашање е дали доколку вработиш лице со инвалидитет имаш целосно отстапување од придонеси или само процент?

Фала ви, ќе има уште прашања но се со ред. :)
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.257
Поени од реакции
3.608
Небитно кој е идеен творец и кој го работи бизнисот секој правен субјект треба да има најмалку едно вработено лице на полно работно време од 40ч неделно па макар осигуран и на најмала ставка. Ова значи ако се пишиш ти за тој еден едноставно нема опција да имаш и друга работа на која ќе си исто пријавен. Инаку колку фирми има такви што се од некој а се водат на жена, родител, дете а друг работи ехехеее... само гледај кога ќе дојди инспекција да не си таму да работиш затоа што омилено прашање е кои се вработени, дали имаат санитарни книшки, кој е кој од тие што се затекнати на работно место... пример еден вработен (управител) женско име а со ножот во раце или издава фискална машко...
 
Член од
9 мај 2018
Мислења
1.628
Поени од реакции
2.167
И дали можи да работи лице со навршени 64 години односно е во пензија, како ќе се води тој?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom