Биди МАКЕДОНЕЦ, сакај ја својата ТАТКОВИНА !

Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Зошто мене да ми претставува гордост таканаречениот „Патриотски проект“ Скопје 2014 во којшто Парите кои државата ни ги оданочува од сметките за струја, вода, парно па дури од нашите плати, платите на нашите родители одат за тој проект. Ако Грујо решил да гради споменици нека си ги продаде становите негови (што се водат на име од мајка му) и со тие пари нека гради.

.
А зошто мене да ми претставува гордост некој изграден булевар во Охрид или улица например до твојата куќа ? Што корист имам ја кога не живеам таму..може еднаш годишно ќе дојдам,ама и место булевар да има земјен пат ќе преживеам ... зошто ја да одвојувам пари од данок пример за Охрид или за твој водовод или канализација или електрификација,или за школото кај што учи твоете дете,за болницата кај што се лечиш и слично ?
ненормално површно и еднолично ги гледаш работите..се што не е во твој интерес и што не ти е пред г'з не те инерересира.
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
незнам од кои причини:confused: - фрлена во заборав песнава

Тука е мојот дом, старата ми мајка
Братот мој, либето, се што имам јас
ВИНООТО, ТЕШКООТО, СВАДБИТЕ СО ТААПАН!!!
Родот мој, срцево, тука припаѓа
Тука е М А К Е Д О Н И Ј А!
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.854
А зошто мене да ми претставува гордост некој изграден булевар во Охрид или улица например до твојата куќа ? Што корист имам ја кога не живеам таму..може еднаш годишно ќе дојдам,ама и место булевар да има земјен пат ќе преживеам ... зошто ја да одвојувам пари од данок пример за Охрид или за твој водовод или канализација или електрификација,или за школото кај што учи твоете дете,за болницата кај што се лечиш и слично ?
ненормално површно и еднолично ги гледаш работите..се што не е во твој интерес и што не ти е пред г'з не те инерересира.
Citro Изградбата на Водовод, Канализација, Електрификација, Болници, Патишта сето тоа е задолжително...Сето тоа се битни работи...
Ама нашите oданочени пари освен за Скопје 2014 одат за многу небитни работи, како на пример:
1. За партиски војничиња со основно образование којшто се Директори на државни институции и којшто ќе си вработуваат нивни луѓе што се на платен список, а си седат дома.
2. За боречки пензии за во иднина да се обезбеди фонд за припадниците на ОНА.
3. Високи плати за пратениците некои ниеден збор немаат кажано, а некои воопшто не се појавуваат на седници.
Во време на светска криза кажи како сакаш ние да живееме бе? Македонецот со ништо не е задоволен.. така да знаеш.. има нови автобуси топло е во натре.. епа тесни биле.. Се даваат попусти кредити за станови,куќи,земјоделство.. епа каматите не чинеле.. Добро бе ако ти е толку подобро иди во Грција таму нели земаат 2.000 евра плата па прави таму пари да те видам..
Во време на светска криза Владата гради споменици во вредност од 500 милиони евра.
Сето тоа оправдување од типот светска криза е за нашата влада да си ја оправда својата неспособност...

Пред 3-4 години лебот поскапе ненормално. Владата се оправда со светската криза и сушата, па поради тоа пченицата не никна и мораше да се купи по скоро двојно поскапо. А јас се чудам и се мислам. Како може да никне нешто што воопшто не е посеано. Ако премиерот очекуваше угарните (необработените) површини да родат сигурно останал разочаран и депримиран. Оти ништо не беше посадено во Македонија. Поготово не пченица.хектари и хектари необработени површини кои порано, и покрај лошата и тогаш аграрна политика беа сеени и жнеени. А сега, сушата е крива?

Како второ, зошто една Украина, пченичната мајка на Европа не се соочи со проблемот, кој, можеби беше со мака измислен, а се викаше светска пченична криза? Зошто Украина не увезе ни грам пченица, зошто Украина си го нахрани населението без да го поскапи лебот? Дали и таму пченицата се откупува како и ваму? И да, Украина ја зедов за пример во случај да се бара оправдување во тоа дека Македонија беше со социјалистички систем до скоро, па затоа не се сее, не се жнее, се увезува. Па и Украина, колку што знам, беше во комунистичкиот СССР до 1990 година, па ево, се здрави и живи, имаат пченица и ја хранат пола Русија и Казахстан. Само уште да ни го кажат рецептот како успеаа да ја надминат пченичната рецесија!
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Citro Изградбата на Водовод, Канализација, Електрификација, Болници, Патишта сето тоа е задолжително...Сето тоа се битни работи...
Ама нашите oданочени пари освен за Скопје 2014 одат за многу небитни работи, како на пример:
1. За партиски војничиња со основно образование којшто се Директори на државни институции и којшто ќе си вработуваат нивни луѓе што се на платен список, а си седат дома.
2. За боречки пензии за во иднина да се обезбеди фонд за припадниците на ОНА.
3. Високи плати за пратениците некои ниеден збор немаат кажано, а некои воопшто не се појавуваат на седници.

Во време на светска криза Владата гради споменици во вредност од 500 милиони евра.
Сето тоа оправдување од типот светска криза е за нашата влада да си ја оправда својата неспособност...

Пред 3-4 години лебот поскапе ненормално. Владата се оправда со светската криза и сушата, па поради тоа пченицата не никна и мораше да се купи по скоро двојно поскапо. А јас се чудам и се мислам. Како може да никне нешто што воопшто не е посеано. Ако премиерот очекуваше угарните (необработените) површини да родат сигурно останал разочаран и депримиран. Оти ништо не беше посадено во Македонија. Поготово не пченица.хектари и хектари необработени површини кои порано, и покрај лошата и тогаш аграрна политика беа сеени и жнеени. А сега, сушата е крива?

Како второ, зошто една Украина, пченичната мајка на Европа не се соочи со проблемот, кој, можеби беше со мака измислен, а се викаше светска пченична криза? Зошто Украина не увезе ни грам пченица, зошто Украина си го нахрани населението без да го поскапи лебот? Дали и таму пченицата се откупува како и ваму? И да, Украина ја зедов за пример во случај да се бара оправдување во тоа дека Македонија беше со социјалистички систем до скоро, па затоа не се сее, не се жнее, се увезува. Па и Украина, колку што знам, беше во комунистичкиот СССР до 1990 година, па ево, се здрави и живи, имаат пченица и ја хранат пола Русија и Казахстан. Само уште да ни го кажат рецептот како успеаа да ја надминат пченичната рецесија!
Епа тоа ми е муабетот..битно е и водовод и канализација и улици и осветлување и уште милион работи..ама според твојата логика ја сега треба да се бунам зошто се гради таму во Охрид кога ја овдека во Куманово немам никаква корист од тоа... а дел од мојот данок сигурно иде за некој проект и во Охрид...

Второ не претеруј дека спомениците се 500 милиони.. сите топтен градби се околу 200 ај нека бидат и 300 милиони..ама 500 е претеризам..и тоа распоредени во повеќе буџетски години..да те потсетам дека од 2007 наваму се гради,а треба според роковите да се заврши во 2014..занчи тоа се 7 буџетски години.

А за пченицата и лебот ова е моето мислење..ние моментално сме слаби на тоа поле..пред се поради неорганизираноста на земјоделците,застарена механизација , не толку плодно земјиште... и од се тоа на крај излегува неквалитетна пченица,со 30% ѓубре во неа,а земјоделците бараат да им се плати исто како и српската пченица од Војводина..која е неспоредливо поквалитетна.. а чим има неквалитетна пченица и апропо на тоа следи увоз , неминовно е и да расте цената на лебот..не е оправдување тоа..ама проблемот е во неквалитетната и малата домашна количина која ја имаме.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.795
Поени од реакции
8.818
Имаш еден ироничен лајк. Ова е text-book пример за испран мозок дека Турците биле добри со нас и дека треба да ги сакаме.:facepalm:
Не треба да ги сакаме или да ги мразиме.
Но не треба ниту да мижиме пред вистината.
Турците немале проблем со националноста, туку со религијата.
Турците не убивале зошто си Македонец, и дефинитивно поради тоа не вршеле геноциди.
И Турците, ако ништо друго, си ја исправаат грешката.
Тие за 500 години, не убија и уништија колку нашите соседи за половина век.
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Citro Изградбата на Водовод, Канализација, Електрификација, Болници, Патишта сето тоа е задолжително...Сето тоа се битни работи...
Ама нашите oданочени пари освен за Скопје 2014 одат за многу небитни работи, како на пример:
1. За партиски војничиња со основно образование којшто се Директори на државни институции и којшто ќе си вработуваат нивни луѓе што се на платен список, а си седат дома.
2. За боречки пензии за во иднина да се обезбеди фонд за припадниците на ОНА.
3. Високи плати за пратениците некои ниеден збор немаат кажано, а некои воопшто не се појавуваат на седници.

Во време на светска криза Владата гради споменици во вредност од 500 милиони евра.
Сето тоа оправдување од типот светска криза е за нашата влада да си ја оправда својата неспособност...

Пред 3-4 години лебот поскапе ненормално. Владата се оправда со светската криза и сушата, па поради тоа пченицата не никна и мораше да се купи по скоро двојно поскапо. А јас се чудам и се мислам. Како може да никне нешто што воопшто не е посеано. Ако премиерот очекуваше угарните (необработените) површини да родат сигурно останал разочаран и депримиран. Оти ништо не беше посадено во Македонија. Поготово не пченица.хектари и хектари необработени површини кои порано, и покрај лошата и тогаш аграрна политика беа сеени и жнеени. А сега, сушата е крива?

Како второ, зошто една Украина, пченичната мајка на Европа не се соочи со проблемот, кој, можеби беше со мака измислен, а се викаше светска пченична криза? Зошто Украина не увезе ни грам пченица, зошто Украина си го нахрани населението без да го поскапи лебот? Дали и таму пченицата се откупува како и ваму? И да, Украина ја зедов за пример во случај да се бара оправдување во тоа дека Македонија беше со социјалистички систем до скоро, па затоа не се сее, не се жнее, се увезува. Па и Украина, колку што знам, беше во комунистичкиот СССР до 1990 година, па ево, се здрави и живи, имаат пченица и ја хранат пола Русија и Казахстан. Само уште да ни го кажат рецептот како успеаа да ја надминат пченичната рецесија!
Тие пари што се за спомениците не се од 1на година.. Проектот Скопје 2014 се гради повеќе години па кога ќе го поделиш и не испаѓа голема сума одвоена за реконструкција на градот кој заличи на нешто.. Кажими што имаше историско во Скопје за да те потсети дека си прав македонец? Сега кога ќе прошеташ ја гледаш на еден начин целата наша историја.. Толку многу години македонците умирале за ова парче земја и да не им се направи споменик тоа е Срамно..

Чекај малце сакаш да кажеш дека светската криза не влијае на Македонија? значи сите земји се во криза само ние сме ептен добри " Премиерот ве украде " ..

Трето се зголемија платите многу нормално е дека и продуктите ќе поскапат.. Недостиг на пченица има како сакаш ти лебот да биде ефтин?? Пола од селата згаснааа никој неќе да работи на нива.. Како сакаш да се сади пченица? Сите сакаат во канцеларија сакаат лесни пари.. Затоа има субвенции затоа државата ги потикнува луѓето да работат на нива.. Сега барем е олеснето и секој може да почне бизнис.. ИМаш кредити кои се многу поволни ти даваат цела година без да отплаќаш.. Но не никој неќе да работи мачно му е.. Битно има невработеност и владата е крива а да ги прашаш луѓето пола од тие што не работат пребираат ова нечини она нечини..
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Ај кажи колку те плаќаат да го браниш премиерот.

А во кои приватни фирми платите се зголемени и колку?
Ме плаќаат голема пара.. Затоа на форумов го бранам него.. тоа ми е целта мене !!!

Минимална плата сега е 8.000 денари под тоа никако несмее да биде пошто следуваат казни.. Мислам дека го знаеш тоа.. ИМаше многу случаи каде платата беше 100 евра сега веќе нема..
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
Не треба да ги сакаме или да ги мразиме.
Но не треба ниту да мижиме пред вистината.
Турците немале проблем со националноста, туку со религијата.
Турците не убивале зошто си Македонец, и дефинитивно поради тоа не вршеле геноциди.
И Турците, ако ништо друго, си ја исправаат грешката.
Тие за 500 години, не убија и уништија колку нашите соседи за половина век.
Точно дека не треба да мижиме пред вистината, а вистината боли! 500 ропство, не се знае точна бројка на жртви, не се знае точна бројка на одземени деца, не се знае точна бројка на луѓе ставани на кол што се противеле против режимот....
Каков проблем имале Турците со Македонците? Па види можеш да кажеш и дека имале проблем со општественото уредување па затоа убивале! Не ми е јасно како твојот ум може со одобрување да прифати дека убивале на основ на религија, но не те “закачале“ за националноста? Дискриминација? Хммм сепак тоа е друга тема.
Сигурна си дека за 500 години не убиле толку Македонци колку што комшиите убиле за половина век? Пак ќе те потсетам во прашање се 500 (ПЕТСТОТИНИ) години?! Еве хипотетички да речеме да, затоа ќе морам да ги прифатам како “браќа“ како “ослободители“ како?
И те молам немој само да ми кажеш дека си ја исправаат грешката? Како си ја исправаат? Вложуваат во Македонија? Сакаш еден час да имаш по Основи на Економија 1, па да видиш зошто ја “исправаат“ грешката?
 
Не се нервирај, не е убаво ;)
Јас убаво реков - ниту ги сакам, ниту ги мразам, индиферентна сум по тоа прашање. Не ги сакам, но не би ја отфрлила нивната поддршка (зошто и самите имаат потреба да ја малтретираат Грција ни се пријатели, не затоа што многу не сакаат), воено се доста силни, економски исто така. Имам корист од нив. И денес, без оглед кои се нивните интереси (а биди сигурен дека се помали побезболни од оние на нашите мили соседчиња) имаме корист од нив, имаме поддршка, која е многу значајна, Турција не е било која земја во светот. Имаат моќ.

Секако дека ништо не ги оправдува нивните убиства, но не е исто да кажеш дека убивале ради националност, боја на кожа или религија. Не е сето тоа едно исто.
Но, според мене, од двете зла, нас ни се случило помалото. Некој ќе бил ,,над,, нас, добро е што тоа биле Турците. Да биле комшиите, денес немаше да има ни М од македонско.

Имаме некаква среќа во несреќа, што на Турците не им пречела националноста. Ме разбираш сега подобро?
 
Аха значи ти како една од декларираните националисти на форумов си индиферентна кон Турците, иако можеби тие се најзаслужни во ситуацијата во која се наоѓа Македонскиот народ во однос на националното чувство? Индиферентна си кон нив иако за 500 години не се знае точен број колку твои “браќа“ Македонци тие убиле? Индиферентна си кон нив иако не се знае колку силувања се извршени, колку деца се одземени? Хммм мене ова не ми личи на националист.
Како тое Турција не е било која земја во светот? Можеби си и во право, Турција е само протекторат на САД, сепак да не е подршката што ја имаат од САД тие би биле како и сите други земји на Блискиот Исток.

Во врска со болдот можеш да си напишеш дипломска работа на факултетот што го учиш. Но ти самата да се земеш како пациент. “Ништо не ги оправдува нивните убиства, но сепак едни се пооправдани од другите“? Тоа сакаш да кажеш? :facepalm: Како тоа не е исто? Ако убивале по основ на религија, тоа ги прави нивните убиства - убиство во самоодбрана?
Алооооооо!
Другото ти е шпекулација, демек да не биле Турците би било полошо. Тоа не можеме да го знаеме. А и како тоа би било полошо, на пример? Би убивале на основа на националност? Затоа би било полошо? :facepalm:
 
Јас навистина не те разбирам.
Сакаш вистина, или сакаш да слушнеш тоа што ти одговара?
Одлучи се.
Ако ја сакаме вистината, ќе знаеме и што вистински правеле Турците и кои биле нивните вистински мотиви за тоа што го правеле.
Со ништо не ги оправдав нивните злодела, само нивната поддршка и одговара на Македонија денес.
Нивната поддршка денес ни значи многу. Не постои начин да се оправдаат, но тоа не значи дека треба да им го завртиме грбот.
И да, бидејќи нашиот народ е мирољубив (и ден денес), без ,,помош,, од страна не би имале држава денес, тоа да ти биде јасно. Не сме ние толку значајни и моќни.
Прашањето било кој ќе ни ја одредува судбината, ,,добриот дел во несреќата,, е тоа што ни било одредено некому да му смета религијата, а не националноста. Да сме биле 500 години под Бугарско или Грчко, денес ти немаше да бидеш Македонец.
Егејска и Пиринска не ти се доволни за да сфатиш?
 
Пумо јас ја сакам вистината, ама не вистина завиткана во розева фолија, дали ме разбираш?
Мене ме иритира однесувањето на личности коишто ропството под Турците го гледаат како “лошо беше ама можело и полошо“ или твојот став “убивале но само по основ на религија, не и по основ на националност“. Ме иритира шпекулирачкиот дел од овие изјави.
Мотивите се добро познати на Турците, а тоа сигурно не биле да ја “воздигнат“ Македонската нација.
Јас никаде не кажав дека треба да се откажеме од нивната подршка, но во меѓувреме не смееме да си дозволиме да “мнозинство“ од Македонски народ гледа кон Турците како кон свои браќа.
Тоа се случува моментално во Македонија.
Народот едноставно како да заборавил дека сме биле под Турско ропство, и на што се биле способни Турците. Не е тоа некое далечно минато, тоа се случувало до пред 100 години.
Болдот ти е повторно шпекулација. Ако сакаш шпекулации зошто не се запрашаш, а како би било да сме биле 500 години под Австро-Унгарија? Секако не би завршиле како што завршивме со Турците.
И пак ќе повторам, јас се залагам за вистината, а не за моменталната корист што ја имаме од нив (што е реципрочна нели). Само ако се знае вистината нема да постои квази-национализам и квази-патриотизам за каков што се залагаш ти. Не може да бидеш националист, притоа восхитувајќи се на делата на Гоце Делчев, Даме Груев, Крушевската Република, а во меѓувреме да веруваш во пропагандната машинерија дека Турците биле добри со нас. Нели е тоа лицемерно?
Знаеш како звучи ова? Како Гебелс да држи говор пред некоја СС дивизија за Евреите, а после говорот да замине на ручек со некој Евреј и во меѓувреме “приватно“ да збори меѓу соработниците дека Евреите се супер луѓе.
 
Јас само не разбирам, КАДЕ; О КАДЕ јас ги сметам Турците за свои браќа; ги воздигнувам; ги сакам; ги оправдувам; простувам; ??!!!
Ти скокаш редови кога читаш или?!
Како тоа јас ,,верувам дека биле добри со нас,,?!
И мене ми е идиотски што народот повеќе верува на Султан Сулејман него на сопствената историја, и мислат дека сите султани биле како него, а башка што и во самата серија неговиот лик и дело се ,,испеглани,,.
Те молам, не ме ставај во корпа со оние кои веруваат во ,,добрината,, на Турците, а тоа што реков дека не убивале ради национализам, туку ради религија, не значи и дека ги оправдувам.
И да, нема да ја отфрлам нивната помош, затоа што непријателот на мојот непријател, е мој пријател.
Взаемна корист.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Престанете да протнувате дневна политика на секоја тема.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom