Библијата

Член од
10 март 2019
Мислења
23
Поени од реакции
2
Biblijata, toa e najinteresnata kniga shto sum ja chital. Sekoja prikazna go otvora svetot pred tebe. Samo luge koi shirat lagi i omraza...e tie ne ja sakaat Biblijata. Mislam deka nie pravoslavnite hristijani treba da ja chitame.
 
D

Deleted member 12196

Гостин

А која Библија да ја читаме? Онаа издадена од православната црква, од католичката црква, од протестантската црква, од Јеховините сведоци?
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
D

Deleted member 12196

Гостин
За помалку писмените кои едвај и сопствениот јазик си го познаваат.
Ова делува навредливо. Јас учев 4 години руски јазик, две години француски и две години германски (и нормално, научив НИШТО). Таков беше системот. Зарем сега, кога седмата деценија од животот ми е пред носот, треба да учам уште еден јазик?
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.476
Поени од реакции
1.050
А која Библија да ја читаме? Онаа издадена од православната црква, од католичката црква, од протестантската црква, од Јеховините сведоци?
А зошто би читал библија?
Што тоа на прагот од седмата деценија , не знаеш?
 
D

Deleted member 12196

Гостин
А зошто би читал библија?
Што тоа на прагот од седмата деценија , не знаеш?
Не знам дали господ го создал човекот или човекот го создал господ.
Не знам од кој Адамов син водиме потекло. Како се однесуваме, изгледа дека Каин е нашиот дедо.
Не знам дали и колку синови има господ.
Не знам што не знам...
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.476
Поени од реакции
1.050
Не знам дали господ го создал човекот или човекот го создал господ.
Не знам од кој Адамов син водиме потекло. Како се однесуваме, изгледа дека Каин е нашиот дедо.
Не знам дали и колку синови има господ.
Не знам што не знам...
Паланчански , а да седнеш и да напишеш една книга и во неа според искуството што го имаш опиши се самиот себе во разделени улоги од своите емоции од своето раѓање.Постави граници во зависност од телесните промени, кој период е како во рај , а во кој со мака ќе обработуваш трње.

Се разбира, како творец на пишаниот збор - книгата, почни да се разделуваш како би им произведол "храна" на читателите.
Еден лик кој ќе биде земјоделец и "храната" ќе ја сади во вид на семе чекајќи временските промени да ги израснат и еден лик кој ќе биде козар каде читателите ќе го задржат својот облик "пасејќи" од стрмни и високи предели.

После , осмисли нај страдална приказна во која животот и смртта ќе ги раделиш , па ќе ги соединиш со посебен акцент на меѓусебна борба на добро и лошо. Да има читателот лавиринт од поимите добро и лошо по кој ќе чекори.
Временскиот интервал ословувај го како жена која во рака го држи детето со твојата книга во рачето.
И не заборавај , вистинската причина за да напишеш нешто такво е да се создадеш самиот себе преку духовна промена , негде и некогаш пак да постоиш.Твојата вечност, наместо по тебе да именуваат улица.:)

Па други нека тупат мозок кој кого создал и колку пати ќе се создадеш и кој на кого му е дедо.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.578
Поени од реакции
11.595
“One would go mad if one took the Bible seriously; but to take it seriously one must be already mad.”
― Aleister Crowley, Magick: Liber Aba: Book 4

Така да, не барај многу од библијата како целина од „нов“ и „стар завет“ ... не заборавај дека основата е хебрејска философија, учење и закон, наменет за Евреите - сето друго е подоцна додадено со мешање на различни учења кои „минувале“ низ тој дел на светот. :)

Оние што не успеале да се запознаат со езотеријата зад овие записи, ги толкувале сами и создавале секти и религии кои денес го раскопуваат човештвото сеуште... за жал.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Така да, не барај многу од библијата како целина од „нов“ и „стар завет“ ... не заборавај дека основата е хебрејска философија, учење и закон, наменет за Евреите - сето друго е подоцна додадено со мешање на различни учења кои „минувале“ низ тој дел на светот.
Се согласувам дека основата на Библијата е старохебрејската филозофија. Но многу работи, некои ненамерно, други намерно се искривени.
Од друга страна старохебрејската филозофија е превод (исто многу искривен) од староакадските записи. Овие пак потекнуваат (директно или индиректно - не знам) од старосумерските записи. После толку преведувања и прераскажувања се добива сосема нова слика. Од многу богови остана еден единствен.
Паралелно со ова,старогрчката митологија исто има потекло од старосумерските записи. Но тие ја „копирале“ староегипетската митологија. И првите и вторите не ги „убиле“ вишокот на богови. Нивната митологија е многу поблизу до старосумерските записи. Ако отидеме во Индија и таму ќе најдеме повеќе богови. Само „нашиот“ и муслиманскиот бог останаа единки.
Факт е дека старогрчката и староиндиската митологија се многу слични. Битки меѓу боговите, борба за превласт, кастрирања, силувања... А сето тоа го има во старосумерските записи.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.578
Поени од реакции
11.595
Тоа е премногу историја наназад, што и како е преземано е изгубено низ минатото....
Историски најблиску ни е евреите и Египет на кои може да им се најде „крајот“...

На библијата денес да се повикуваш и да бараш „мистичност“ и оправдување за своите постапки, како и основа на се она што е на Земјата - е лудо.
Да се заморува човек со евреите и нивните школи - може да се најдат симболи и пракси кои даваат смисла на денешните учења и ги унапредуваат :)
Нормално, и кај нив има егзотерија и езотерија... едното е просто верување и „закон даден од богот на Израел“, а другото е работа и само работа.
Без многу разоткривања на симболиката...

Мислам дека знаеме малку повеќе историја денес отколку нашите предци :)
 
Последно уредено:

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.476
Поени од реакции
1.050
Се согласувам дека основата на Библијата е старохебрејската филозофија. Но многу работи, некои ненамерно, други намерно се искривени.
Од друга страна старохебрејската филозофија е превод (исто многу искривен) од староакадските записи. Овие пак потекнуваат (директно или индиректно - не знам) од старосумерските записи. После толку преведувања и прераскажувања се добива сосема нова слика. Од многу богови остана еден единствен.
Паралелно со ова,старогрчката митологија исто има потекло од старосумерските записи. Но тие ја „копирале“ староегипетската митологија. И првите и вторите не ги „убиле“ вишокот на богови. Нивната митологија е многу поблизу до старосумерските записи. Ако отидеме во Индија и таму ќе најдеме повеќе богови. Само „нашиот“ и муслиманскиот бог останаа единки.
Факт е дека старогрчката и староиндиската митологија се многу слични. Битки меѓу боговите, борба за превласт, кастрирања, силувања... А сето тоа го има во старосумерските записи.
Паланчански, самиот термин бог или богови асоцира на безвременско- вечно , што бараш во времињата - историја , нешто што го нема?

Какви евреи , сумеринци и останати , с'е е во човек, секој именуван и неименуван бог.
Секоја промена во склад со телесното и внатре емоцијоналното од празното до исполнето набљудувано од безвременска позиција што би одговарало за секој човек(маж и жена), од своето раѓање до умирање, изговорено со метафорични поими , може да создаде поим на бог.

Само што луѓето бараат надворешно , па мислат дека со проучување на историја ќе добијат некој одговори, напротив уште повеќе се збунети и со повеќе прашања.

Батали историја и книги, проучи се себеси кога си бил дете ..и секоја промена која следи, а бидејќи си во поодминати години можеш и смртта да ја почекаш таа во еден миг ќе ти го врати филмот , а за сумерици, египјани , грци и останати нема да те праша.Џабе учиш.;)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom