Уште една бејзбол сезона почнува денеска. Интересно за овогодинешниот опенинг деј е тоа што за прв пат во историјата на МЛБ на опенинг дејот требаше да играат сите 30, но поради дождот утакмиците помеѓу Детроит и Питсбург и Синсинати и Вашингтон се одложени за утре. Прва утакмица, која што само што започна е Мајами - Чикаго.
Најголеми фаворити оваа сезона се ланските финалисти Хјустон и ЛА Доџерс. После нив, фаворити се и Јенкис кои ептен се засилија во пред сезоната. Бостон Ред Сокс, Кливленд, Вашингтон и Чикаго се веднаш зад нив.
За вечерва Јенкис и Хјустон се зицери, Доџерс, Кабс, Кливленд и Ред Сокс исто така се фаворити.