Бејзбол

Cappie

Vincere non è importante: è la sola cosa che conti
Член од
29 мај 2008
Мислења
1.914
Поени од реакции
307
Има ли некој што го гледа и го сака овој спорт? освен мене, се разбира...
јас почнав да гледам бејзбол т.е. да ја пратам американската МЛБ лига некаде во 2004 година и од тогаш сум заљубен во овој спорт. постојано се обидувам да гледам по некој натпревар иако ретко која тв пренесува, но нешто преку нет, нешто преку хајлајтс го држам чекорот со текот на сезоната. Сега кога сме на десетина дена од октомври, месец кој во бејзболот го означува почетокот на плеј-оф натпреварите, ми текна да отворам тема токму за овој спорт. Па ако има некои кои го сакаат овој спорт, некои кои сакаат да го сакаат, ама не знаат што и како е во спортот, слободно прашајте па, ќе пробам да одговорам. Мислам дека знам доволно за бејзболот со оглед на тоа што правев и матурска тема за бејзболот па доста научив.

Ако има љубитељи на бејзболот, кажете кои се вашите фаворити? Мои се Чикаго Кабс (Chicago CUBS) кои оваа сезона, да чукнам во дрво супер им оди и имаат шанси за титулата, па ќе видиме. Инаку, ако некој сака да гледа бејзбол, има на телевизијата NASN - која се емитува на КаблеТел кабловската. Јас едвај чекам да дојдам во ск, и тоа баш на време за да го гледам октомвриското шоу. спортски поздрав:wink:

 
С

Спенсер

Гостин
безболл!!! ја не го разбирам овој спорт, шо,како се игра:??дај објаснете у пм, да разберам
 

Neno-WH

Anyone interested?
Член од
21 септември 2008
Мислења
281
Поени од реакции
17
Еве друже истомисленици сме јас и ти. Обожавам МЛБ, НФЛ и НХЛ. Инаку навивам за Јенкис и Брејвс. Не ме зезај за тапата форма на Јенкис у последно време:nesum: Штета што нема многу фанови во мкд....

безболл!!! ја не го разбирам овој спорт, шо,како се игра:??дај објаснете у пм, да разберам
Баже дрвце мое, коа ке те видам ке ти објаснам вака прилично комплицирано е а и ме мрзи да пишувам
 

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Значи спортов бикад да го разбера.
Ептен е чуден.
 

filipmakedonski

Македонец
Член од
25 ноември 2007
Мислења
1.278
Поени од реакции
31
Обожавам бејзбол , се заљубив во него кога бев во Америка.Омилен тим ми е Аризона Дајмондбекс ( повеќе на www.dbacks.com ) а омилен играч Брендон Веб.Правилата се комплицирани , ама после некое време простудирувајќи го спортов , се станува јасно
 

pcjodamaster

:trololo:
Член од
20 мај 2006
Мислења
4.180
Поени од реакции
127
Некој да даде страна со правила, да напише нешто, било што.

Бидејќи сакам да гледам безбол, ама не го разбирам. :)
 

Neno-WH

Anyone interested?
Член од
21 септември 2008
Мислења
281
Поени од реакции
17
Некој да даде страна со правила, да напише нешто, било што.

Бидејќи сакам да гледам безбол, ама не го разбирам. :)
Вака на брзина само ке ти казам. Знаци имас 3 бази- 3 полиња наречи ги. Тој сто е со палицата треба да ја удри топката и додека топцето лета да истрца сто повеке бази мозе(најцесто по 1) пред некој да ја фати топката во раце директно или па да му ја врати на цовекот сто ја цува базата. Знаци типот со палица игра сам против сите на теренот. Поени се добиваат со освојуванје 3 бази, а доколку имас по еден цовек на сите 3 бази и ја лупнес топката во трибини тоа е хоумран и е 3 бода. Ова е само на кратко
 

Cappie

Vincere non è importante: è la sola cosa che conti
Член од
29 мај 2008
Мислења
1.914
Поени од реакции
307
ооо сме ја живнале темава,а? имало фанови бе...јас па мислев ќе паѓа клуч на темава, оти никој ништо немаше кажано. али кога веќе има па да ја тераме:wink:

вака сега. кои се правилата во бејзболот? ќе објаснам најкратко што можам. се игра во 9 ининга. играат 9 играчи или 10 (во american league). кога се во дефанзива, играчите се поделени на пичер(фрлач), кечер(фаќач) 1,2 и 3 база, шортстоп (меѓу 2 бази) и играчи во полето лево, десно и средина. во напад,пак има батер(удирач) кој се труди да ја удри топката, откако ќе ја удри трчи кон 1 база, а потоа 2 и 3, за на крај да стигне до домашната база каде постигнува поен. одбраната како главна задача ја има, да ја фаќа топката без да падне на земјата (што е аут) или пак ако падне на земја, да ја фрлат до една од базите и играчот на база да ја фати пред таму да стигне напаѓачот. тоа е уште еден начин за аут. трет начин е, ако удирачот направи 3 страјка(промашувања). кога ќе направат 3 аута, екипите ја менуваат улогата и тогаш е половина од инингот. откако и домаќините (секогаш втори напаѓаат) ќе им бидат направени 3 аута, завршува инингот. ако удирачот ја удри топката преку теренот тоа е хоум ран, и сите кои се на базите постигнуваат поен. доколку по завршувањето на 9 ининг е нерешено се играат дополнителни ининзи додека некој не победи. ако сака некој подетални правила, истории и слично еве тука!
мислам дека треба да стане јасно откако ќе изгледате 2-3 натпревари. но треба упорност во гледањето, оти ако гледаш 5-6 минути, и ако ништо не се случи може да си кажеш, хм досадно е. но, кога ќе го гледаш постојано ќе видиш дека има некои моменти кои се фантастични.

п.с. до нено
не бе зошто да те зезам. него одамна ја немам разгледано целата табела (само за кабс гледам:kesa:) ќе влезат во плеј оф ли?
 
Член од
23 февруари 2008
Мислења
59
Поени од реакции
2
Супер што не има двајца тројца на форумов, што пратат безбол,ама ипак сме во дебело малцинство,сакав и за нфл да пишам нешо ама гледам сте отвориле тема. Што се однесува до спортот мислам дека е многу поинтересен од многу европски спортови, иако порано имав ептен обратно мислење. Што се однесува до сезонава, сега уствари почнува главното и најинтересното.Фан сум на ред сокс, ама и кабс ако освојат нема да ми биде криво, редно е луѓето да освојат после 100 години и да ја победат клетвата.Еве една прогноза од мене, финале ЛАА-Филаделфија ептен ненавивачки Ејнџелс прваци.Мислам дека НАСН ќе дава 90 посто од утакмиците така да нема да мора да се траќаме по џастини, сопкасти и други срања.Поздрав
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Ретко кога сум гледал безбол иако ги знам правилата. Едноставно, ние овде не сме навикнати на безбол и рагби. И да е популарен тука, тешка работа дека ќе гледам. Го играв порано на МАМЕ32, кога немав интернет, така ги поднаучив правилата, а горе - долу ги разбрав од артиклите на Енкарта Енциклопедија. Мислам дека Куба има добри безбол - играчи.
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Бејзболот ми е меѓу поглупавите спортови. Горе, доле ги знам правилата, ама не целосно. Доколку ги научам сигурно би ми бил поинтересен. ама што знам не е нешто што многу ме интересира. Од друга страна интересни ми се филмовите со бејзбол, баш прееска го гледав Major league 2. :)
 

Neno-WH

Anyone interested?
Член од
21 септември 2008
Мислења
281
Поени од реакции
17
Супер што не има двајца тројца на форумов, што пратат безбол,ама ипак сме во дебело малцинство,сакав и за нфл да пишам нешо ама гледам сте отвориле тема. Што се однесува до спортот мислам дека е многу поинтересен од многу европски спортови, иако порано имав ептен обратно мислење. Што се однесува до сезонава, сега уствари почнува главното и најинтересното.Фан сум на ред сокс, ама и кабс ако освојат нема да ми биде криво, редно е луѓето да освојат после 100 години и да ја победат клетвата.Еве една прогноза од мене, финале ЛАА-Филаделфија ептен ненавивачки Ејнџелс прваци.Мислам дека НАСН ќе дава 90 посто од утакмиците така да нема да мора да се траќаме по џастини, сопкасти и други срања.Поздрав
И јас исто мислам за во финале дека ќе идат Филис и Ејнџелс, ама ништо чудно да замешаат прсти и д-бекс:wink:
 

Cappie

Vincere non è importante: è la sola cosa che conti
Член од
29 мај 2008
Мислења
1.914
Поени од реакции
307
Бејзболот ми е меѓу поглупавите спортови. Горе, доле ги знам правилата, ама не целосно. Доколку ги научам сигурно би ми бил поинтересен. ама што знам не е нешто што многу ме интересира. Од друга страна интересни ми се филмовите со бејзбол, баш прееска го гледав Major league 2. :)
хехе, епа филмовите со бејзбол се од секогаш интересни, бидејќи таму е полно интересни моменти т.е. некои ептен чудни фаќања на топката, па страшни хоумрани итн. тоа постои и во реалноста, ама не е постојано така :wink: па затоа може на моменти да е досадно.

И јас исто мислам за во финале дека ќе идат Филис и Ејнџелс, ама ништо чудно да замешаат прсти и д-бекс:wink:
хммм како тоа за во финале не ги спомнувате кабс? во каква форма влегоа момците не е чудо да одат до крај. а и плус, 100 години немаат стигнато до World Series, па редно време е:vozbud:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom