SaltNPepa
Other's envy, owner's pride!!!
- Член од
- 14 септември 2012
- Мислења
- 1.945
- Поени од реакции
- 2.523
Не, јас не сум за субвенции за нови сорти. Напротив нашите сорти се далеку подобри од оние што се пласираат во Европа. Било кој што живее таму ќе ти каже дека наш домат и нивен се небо и земја. Али затоа Европа те заебава, сака да наметне секаде исто семе ако сакаш да извезуваш а нема врска дали е квалитетно или не. Ова сум го чула, дали е точно или не не знам, но не би ме чудело. Дека се потребни субвенции се, но потребна е и строга контрола, да се види каде се трошат тие пари и како се трошат. Тоа е едно, второ е што државата треба да им овозможи пласман и добра цена на земјоделците и сточарите. Зошто да увезуваме млеко кога ние имаме перфектни услови да извезуваме а притоа нашиот пазар да биде целосно покриен. Литро млеко што им го откупуваат на сточарите е 16 ден. срамота... Една Словенија има со закон забранет увоз на млеко, кај нив нема да најдете пакување од друга држава, а они извезуваат и плачат за пасишта бидејќи имаат голем процент на шуми кои се во приватна сопственост. Можеме, имаме услови да живееме од земјоделите о сточарството, а не од индустријата, но треба соодветна политика за тоа.