Бесплатни огласи (Пазар3, Реклама5...)

Член од
10 септември 2014
Мислења
144
Поени од реакции
91
Бесплатното огласување на Пазар3 ќе ве чини само 30-50 денари за секој поединечен оглас (зависно од категоријата),
Бесплатното огласување на Реклама5 за една година е само 106 денари. Но еве дојде нова година, па требаат и нови 106 денари.

Едно време огласувањето навистина беше бесплатно па затоа можеше да огласиш дури и дека продаваш „сочувана врвка од левата патика“. Но сега веќе не е така.
Кое е вашето мислење за ова? Каде огласувате? Има ли некоја бесплатна страна за огласување а да е достојна замена за овие горе наведените? Јас досега не сум платил ниту денар за зонско паркирање а не сум платил ниту денар ниту за пуштање оглас...што се однесува до мене намерата ми е тоа така и да остане. Како е тоа кај вас?

(Побарав но не пронајдов тема со оваа содржина, ако веќе има тогаш админот нека ја спои т.е нека го префрли овој пост таму)
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.074
Поени од реакции
3.225
Викаш се почнало да се плаќа...o_O
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
116 денари годишно на реклама5 ти е многу?

Според мене е одлично што треба да платиш и да се регистрираш, баш заради ова не е преплавено со секакви лажни огласи, или огласи од типот "продавам врвца од лева патика". Не ми е јасно зошто огласувањето треба да биде бесплатно, па и пред да има интернет за да пуштиш оглас во Огласник или било каде по веснициве требаше да се плати.
Тоа на почеток што беше бесплатно беше утка и мислам дека служеше само да се популаризираат онлајн огласниците додека беа во зачеток. Кога видоа дека се направи каша-попара ја направија работата како што треба.
 
Член од
10 септември 2014
Мислења
144
Поени од реакции
91
Не е работата во тоа дали е многу или малку...туку дали треба да се плаќа нешто што било и треба да биде бесплатно. На некој што продава резиденцијална куќа на водно од 3 милиони евра и 50 денари на пазар3 и 106 денари на реклама5 не се многу, ама некој што продава полевен прилично изамортизиран стар тип на мобилен телефон за некои 300-500 денари е во таков случај 50 денари се многу пари. А за врвките...моежеби некој ја изгубил левата врвка па баш таква и му треба...зошто да нема и таков оглас?
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Плаќаш за услуга. Некој тој сајт го одржува и плаќа за хостинг и домејн секоја година. Нормално дека сака да го наплати својот труд. Можеби треба да почнат да работат на процент за да бидат луѓето како тебе задоволни.
 
G

Goldie

Гостин

Колку што знам повеќето сериозни огласници (надвор од мкд) се бесплатни, а тие што го имаат сајтот и го одржуваат има многу други начини како да си го наплатат тоа.
Пример моментално на реклама5 гледам банери од најмалку 2-3 фирми како макпетрол, еуростил, фортис
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.074
Поени од реакции
3.225
Плаќаш за услуга. Некој тој сајт го одржува и плаќа за хостинг и домејн секоја година. Нормално дека сака да го наплати својот труд. Можеби треба да почнат да работат на процент за да бидат луѓето како тебе задоволни.
Можат и од реклами да се финансираат, имаат солидна посетеност.
 
Член од
29 септември 2016
Мислења
464
Поени од реакции
285
Не е работата во тоа дали е многу или малку...туку дали треба да се плаќа нешто што било и треба да биде бесплатно. На некој што продава резиденцијална куќа на водно од 3 милиони евра и 50 денари на пазар3 и 106 денари на реклама5 не се многу, ама некој што продава полевен прилично изамортизиран стар тип на мобилен телефон за некои 300-500 денари е во таков случај 50 денари се многу пари. А за врвките...моежеби некој ја изгубил левата врвка па баш таква и му треба...зошто да нема и таков оглас?
106 денари за цела година воопшто не се многу
сигурно и другпат ќе ти затреба да ставиш оглас нема само еднаш да го користиш сајтот
а и подобро така оти има дечишта кои ставаат лажни огласи од мајтап
вака кога ќе видат дека треба платат ќе размислат два пати дали ќе стават оглас за зезанција
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.074
Поени од реакции
3.225
106 денари за цела година воопшто не се многу
сигурно и другпат ќе ти затреба да ставиш оглас нема само еднаш да го користиш сајтот
а и подобро така оти има дечишта кои ставаат лажни огласи од мајтап
вака кога ќе видат дека треба платат ќе размислат два пати дали ќе стават оглас за зезанција
Исплатливо е само ако продава многу работи или скапи работи, во друг случај е неисплатливо, на 1000, 100-че е 10%!
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.178
да се сложувам со погоре кажаното дека некој треба да плати хостинг, да ги контролира огласите... и дека не се работи за тие 106 или116 ден. туку за тоа како секоја година треба да го верификувам профилот и пази да платам, во ред е еднаш на почетокот да си платиш регистрација но бидејќи и на најавната страна убаво им пишува огласувај бесплатно понатаму по некоја моја логика би требало да биде бесплатно а не секоја година да плаќам.
Или нека го прекрстат во годишна членарина или нека наплатуваат само еднаш за да се регистрираш вака не :drk:
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Колку што знам повеќето сериозни огласници (надвор од мкд) се бесплатни, а тие што го имаат сајтот и го одржуваат има многу други начини како да си го наплатат тоа.
Пример моментално на реклама5 гледам банери од најмалку 2-3 фирми како макпетрол, еуростил, фортис
Не можеш ти да му одредуваш на некого како да вади профит. Ако не ти се допаѓа тој сајт можеш да пробаш со друг. Постојат повеќе методи на монетизација од вакви сајтови а нашиве се решиле за еден кој очигледно најдобро функционира во македонија. Според мене најдобра опција се онлајн транскации со земен процент за посредување и се тоа со shipping. ама ќе почекаме некоја година за тоа кај да профункционира. Кога ми кажаа дека за реклама5 треба со уплатница да одиш во банка се запрашав во кој век живееме. [DOUBLEPOST=1483620863][/DOUBLEPOST]
Можат и од реклами да се финансираат, имаат солидна посетеност.
Можат, ама треба да бараш клиенти па после да се замараш со компензација и други глупости па да ги чекаш да платат. Вака си имаш чиста пара:)[DOUBLEPOST=1483620917][/DOUBLEPOST]
да се сложувам со погоре кажаното дека некој треба да плати хостинг, да ги контролира огласите... и дека не се работи за тие 106 или116 ден. туку за тоа како секоја година треба да го верификувам профилот и пази да платам, во ред е еднаш на почетокот да си платиш регистрација но бидејќи и на најавната страна убаво им пишува огласувај бесплатно понатаму по некоја моја логика би требало да биде бесплатно а не секоја година да плаќам.
Или нека го прекрстат во годишна членарина или нека наплатуваат само еднаш за да се регистрираш вака не :drk:
Во тој дел се согласувам. Условите и маркетингот треба да бидат прецизни. Не е бесплатно ако треба да платиш, макар и сто денари.
 
Член од
10 септември 2014
Мислења
144
Поени од реакции
91
Можат и од реклами да се финансираат, имаат солидна посетеност.
Како можеше Пазар3 цели 10 и повеќе години да опстојува без наплата туку само од реклами поради големата посетеност на сајтот се додека еден ден не се полакомија па почнаа да наплаќаат. Тоа впрочем и беше поводот да се појави Реклама5 кои нели велеа на почетокот дека ќе бидат бесплани сега секогаш и во вечни векови...ама тоа секогаш и кај нив траеше до моментот кога не се ПОЛАКОМИЈА. Мислам дека е време некој од алтернативните да го преземе приматот со посети и број на огласи а секако да остане бесплатен....па и таму некој плаќа за одржување на тие страни.
(zona.mk, vipmarket5.mk, bitpazar.mk, kupuvamprodavam.mk, bilbord.mk...)
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.074
Поени од реакции
3.225
Не можеш ти да му одредуваш на некого како да вади профит. Ако не ти се допаѓа тој сајт можеш да пробаш со друг.[DOUBLEPOST=1483620863][/DOUBLEPOST]
Можат, ама треба да бараш клиенти па после да се замараш со компензација и други глупости па да ги чекаш да платат. Вака си имаш чиста пара:)[DOUBLEPOST=1483620917][/DOUBLEPOST]
Во тој дел се согласувам. Условите и маркетингот треба да бидат прецизни. Не е бесплатно ако треба да платиш, макар и сто денари.
Среќа што модераторите ги плаќа Сорос:kuracc:, инаку Ацид ќе ни бапнеше плаќање на форумот:pos:
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.074
Поени од реакции
3.225
Како можеше Пазар3 цели 10 и повеќе години да опстојува без наплата туку само од реклами поради големата посетеност на сајтот се додека еден ден не се полакомија па почнаа да наплаќаат. Тоа впрочем и беше поводот да се појави Реклама5 кои нели велеа на почетокот дека ќе бидат бесплани сега секогаш и во вечни векови...ама тоа секогаш и кај нив траеше до моментот кога не се ПОЛАКОМИЈА. Мислам дека е време некој од алтернативните да го преземе приматот со посети и број на огласи а секако да остане бесплатен....па и таму некој плаќа за одржување на тие страни.
(zona.mk, vipmarket5.mk, bitpazar.mk, kupuvamprodavam.mk, bilbord.mk...)
Епа тоа де, се финансирале од друго место.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom