"Бесплатен" одмор од туристичките агенции

Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
И мене ми стигна такво писмо..:rolleyes: што да ти кажам, патување во Шпанија, Италија, тоа се е убаво, но кога веќе стигнало тоа писмо од туристичката агенција во сандучето, па што не се нашле внатре и платени авионски карти (повратни) до посакуваната дестинација, севкупно обезбеден престој, хотел, базен, е тоа би било пријатно изненадување,...е дури тогаш ќе водам грижа за своите пари, од свој џеб во случај да си купам нешто..
Абе многу паметен си бил па и карти сакаш.

Ајде вака сериозно.
Прво за Јупитер. Патот што го плаќаш еве конкретно за на Крф преку нив за 80 евра е малку скап, со оглед на тоа дека патот до таму би те коштал нешто помалку (да речеме околу 60 евра) Алката можеш но и не мораш да ја купиш, така да се на се, ако се оди со друштво мислам дека ОК е понудата, може да се искористи ако си го имал Крф како можна дестинација. Сите што биле се фалат дека поминале супер. Но реално ако одиш вон сезона и со било која друга агенција можеш да поминеш за истите пари.

А за овие писма што ги добивате во сандаче и тие се вистинити. Вистинити во смисол дека навистина ќе ви дадат смештај во хотел бесплатно, се останато треба да платите, тоа и ви го пишува во писмото.
Мојте добија за Грција 10 ноќевања за 4 лужѓе или за Тенерифе 7 ноќевања за двајца.
Превоз можете преку нив да организирате но и не морате, се што морате е да го издржте напорното убедување дека треба да купите доживотен тајм шеринг апартман. Ако ја издржте оваја презентација ќе ви го дадат тоа бесплатно сместување што нив не ги кошта ништо бидејќи тие апартмани и оанка веќе се исплатени.

Занчи математиката е ваква- Лет на пример до Тенерифе си плаќате вие сами, колку ќе ја најдете картата толку, смештајот таму ви е платен за 7 дена. Кога ќе се собере се се исплаќа да се искорити барем по мое мислење. Мојте не го искористија ваучерот бидејќи имаат други планови, но лани другарка моја замина за дубаи преку нив и беше задоволна, освен фактот дека ја замареле еден саат да го купи тоа тајм шерингот што она одбила, но пак и го дале апартманот во дубаи.
Искрено порано кога не се наоѓаа ефтини летови не се исплаќаше бидејќи само карти до тенерифе ќе те фатеа 1000 евра, но сега има ефтини летови па што да не. Јас најдов карта повратна од Солун до тенерифе за 180 евра пати два за двајца= 360 евра, па мислам дека би издржала еден час замарање ако за овие пари би заминала на Тенерифе ;)
Проблемот излегува кога луѓево очекуваат се да им биде платено, (превоз+сместување) а во писмото јасно стои дека само смештај е платен.
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
312
Поени од реакции
153
Секоја година стигнува тоа :D Баш ме заинтересира и бевме у агенција тогаш ( пред 1 год. беше ) и она таму да да бесплатно е.... Тоа островот богу иза леџа :D ти вика карта да платите , јадење ваше, нашата агенција може се тоа да го резервира бла бла. Само колку да си напраат маркетинг и да ти ги земат парите. (n)
 
Па нормално дека маркетинг е во прашање, они тие апартмани што ги даваат за 7 дена бесплатен смештај се преплатени 100 пати така да му доаѓа дека они тебе всушност ништо не ти дале т.е. ништо не изгубиле со тоа што ти дале бесплатен смештај, можат само да добијат да резервираш карта и пропратни ствари преку нив.
Инаку да Тенерифе е далеку, но се стигнува сега со новиве нискобуџетни компании за ефтини пари
 
rossoner stefan

Модератор
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.770
Поени од реакции
192
Само што се вратив од Крф како дел од бесплатниот одмор добиен од Јупитер.

Нека не ве лажат чичковци, стрини, вујни, комшии. Пишав и претходно, од самиот старт кога добив порака па до пристигање во Скопје вчера се беше на ниво.
Плативме по 86 евра за пат плус 29 евра за алката ( која не си приморан да ја земеш ).
Одличен двоспратен автобус со туристички водичи. На глава им се качуваш и ги прашуваш буквално глупости и ни еднаш не ќе те погледнат на криво.
Апартманите солидни. Со кујничка и ТВ. На 400 метри од плажа. НЕ Е ЛУКСУЗ, ама за 86 евра не знам што треба да очекуваш. Организираат факултативни излети до другите места на островот , бидејќи си сместен на Ипсос, на кои АКО САКАШ можеш да идеш ако не, кулираш цело време во Ипсос.
Таму двајца аниматори кои имаат и улога на прва помош за не дај боже...Те информираат што има следниот ден и слично.
Забавите феноменални, се гледа луѓето знаат што сакаат да направаат и многу умешно го прават истото.
Со алката има попусти на одредени места со кои соработуваат. Не се попусти од типот се за 0 евра, ама коа ке седнеш да јадеш и ке заштедиш 2-3 евра убаво ти доаѓа. На тоа забавите што ги прават добиваш купончиња па имаш од типот за секоја текила со купонче текила гратис и таму уште некои врсти на пијалоци.

Значи сумирано, не жалам што оставив контакт телефон од кога ми стигна пораката, си пројдов фантастично.
 
Член од
10 септември 2011
Мислења
14
Поени од реакции
11

Беше ли во кавос?
 
Дарко Рибарот

Пуштен пуштен,а фактички го кријат..
Член од
15 мај 2012
Мислења
134
Поени од реакции
46
Абе многу паметен си бил па и карти сакаш.

Ајде вака сериозно.
Прво за Јупитер. Патот што го плаќаш еве конкретно за на Крф преку нив за 80 евра е малку скап, со оглед на тоа дека патот до таму би те коштал нешто помалку (да речеме околу 60 евра) Алката можеш но и не мораш да ја купиш, така да се на се, ако се оди со друштво мислам дека ОК е понудата, може да се искористи ако си го имал Крф како можна дестинација. Сите што биле се фалат дека поминале супер. Но реално ако одиш вон сезона и со било која друга агенција можеш да поминеш за истите пари.

А за овие писма што ги добивате во сандаче и тие се вистинити. Вистинити во смисол дека навистина ќе ви дадат смештај во хотел бесплатно, се останато треба да платите, тоа и ви го пишува во писмото.
Мојте добија за Грција 10 ноќевања за 4 лужѓе или за Тенерифе 7 ноќевања за двајца.
Превоз можете преку нив да организирате но и не морате, се што морате е да го издржте напорното убедување дека треба да купите доживотен тајм шеринг апартман. Ако ја издржте оваја презентација ќе ви го дадат тоа бесплатно сместување што нив не ги кошта ништо бидејќи тие апартмани и оанка веќе се исплатени.

Занчи математиката е ваква- Лет на пример до Тенерифе си плаќате вие сами, колку ќе ја најдете картата толку, смештајот таму ви е платен за 7 дена. Кога ќе се собере се се исплаќа да се искорити барем по мое мислење. Мојте не го искористија ваучерот бидејќи имаат други планови, но лани другарка моја замина за дубаи преку нив и беше задоволна, освен фактот дека ја замареле еден саат да го купи тоа тајм шерингот што она одбила, но пак и го дале апартманот во дубаи.
Искрено порано кога не се наоѓаа ефтини летови не се исплаќаше бидејќи само карти до тенерифе ќе те фатеа 1000 евра, но сега има ефтини летови па што да не. Јас најдов карта повратна од Солун до тенерифе за 180 евра пати два за двајца= 360 евра, па мислам дека би издржала еден час замарање ако за овие пари би заминала на Тенерифе ;)
Проблемот излегува кога луѓево очекуваат се да им биде платено, (превоз+сместување) а во писмото јасно стои дека само смештај е платен.
Аспен, моја најомилена епизода од South Park
 
OziLLLL

MADRIDISTA
Член од
8 октомври 2008
Мислења
3.334
Поени од реакции
1.892
Значи типично македонче да се јаде слатки и да се плука по нешто, ете и јас се вратив од Крф, жив - здрав - и ниту евро + не дадов од тоа што го пишуваше во договорот, значи погоре прочитав скап бил превозот, само траектот ако одиш со сопствен превоз повртна карта ти е 60 евра ( за колата и плус 2ца луѓе- имаше пар од кавадарци што кажаа + 4000 денари гориво со само смештај од јупитер - па види колку е скап превозот). Смештајот солиден според и цената која ја плаќаш, со алката на секое ќоше од градот во ресторанти и дуќанчиња имаш попуст од 10 до 15% сите влезници платени во дискотеки + пијачки. Море пречиста вода и преубави плажи... нема шо да се објаснува на македонски народ, да има пак, пак би одел.
 
Член од
7 август 2012
Мислења
12
Поени од реакции
0
Морам и јас како нова на форумов да кажам нешто. И јас добив бесплатен одмор од агенцијата Травел Груп. Инаку по малку чепкање по интернет сфатив дека Травел Груп е истата агенција која порано се виаше Травел Хаус. Која им е поентата после толку години да го сменат името и местото не знам , или можеби само наслутувам. Писмото што ми стигна пишуваше дека можам да одам во една од три локации и тоа Шпанија, Грција или Турција. Кога се јавив ми рекоа дека ќе ми закажат термин за да одам да си го земам сертификатот. И дека морало и мм да дојде со мене. Малку ми падна чудно зашто ни закажуваат термин за еден сертификат, ама отидовме. Не седнаа на една маса ни донесоа кафе и ни рекоа дека за да го добиеме сертификатот треба да седиме 2 саати и да слушаме една презентација. Се согласивме иако не ни беше по ќеф. После извесно време ни рекоа дека го добиваме Тенерифе. Јас сакав да ни се падне Турција и искрено малку и бев разочарана, ама си реков еј па кој ти дава без пари да одиш во Шпанија. Во прецентацијата ни рекоа прво дека располагаат со над 5500 хотели на атрактивни дестинации и дека соработуваат со српската иста агенција СМС Травел или така нешто. После ни рекоа дека можеме да си купиме 10 недели за 3800 евра кадешто за секоа недела ке си доплаќаме плус 365 евра, ама ако уплатиме одма тогаш ќе ни дадат попуст и ќе треба да уплатиме само 2800 евра. ПОсле 15 минути се врати типката и пошто ние не сакавме, ни даде нова понуда, а тоа беше да уплатиме одма 1000 евра а другите 1800 имаме рок од 2 години да ги уплаќаме. И пак не остави да мозгаме. Кога се врати пак и кога ние пак и рековме дека не сакаме, она ни даде и трета понуда каде ни рече дека многу не сакала нас, и затоа сака да и бидеме членови во агенцијата со што би уплатиле веднаш 300 евра а за тие пари добиваме Патувањето во Тенерифе за 2, ама ке ни дале +2 особи да земеме со нас, и Летување во Грција за 4 за 10 дена со што таму ќе сме морале да ја купиме храната (полупансионот) што е 30 евра од човек. Ние си направивме рачуница и ни излезе дека 300 евра + за храна за мене и мм собрано за 10 дена 600 евра и за децата по пола знаци плус 300 евра ни излезе дека за цела фамилија ке ни излезе 900 евра а каде е ручекот за сите и патот. Па за тие пари ке отидам во Турција на одмор. И за тоа кажавме не.Е сега сметам дека се измамници и преваранти, дека со нив не добиваш ништо туку се обидуваат само да ти земат пари. Утредента барав карти за Тенерифе и ми се сврте паметот. Значи они одприлика знаат дека 99% од лугето дека нема да отидат, а само сакаат на лажлив начин да ти ги украдат парите. Со последната понуда кадешто ти даваат кобајаги + 2 особи знаат добро дека ретко кој може да си го дозволи и патот до таму, а за Грција дебело ќе си го платиш одморот. Јас дури и спомнав ај не ми ја давајте Грција, не ми требаат 2 особи плус за Шпанија, дајте ми наместо тоа Турција за 2 ца. Ама типката нешто промумла и си продолжи да збори за Грција. И случајно ја најдов српската фб страна каде сите луге кажуваат дека се преваранти и таму и дека на сите им се паѓа Тенерифе зашто не ни можеш да отидеш. Искрено си продолжуваат со лагите само на нова локација и со ново име. аааа и ми рекоа дека имаат лиценца А дека ја платиле 100 000 евра.
Значи се извинувам за долгиот пост ама сакав детално да опишам се за да не се лажат лугето и да не потпаѓаат под нивните лаги. Одете си во веќе проверени агенции оние кои ви кажуваат реално како стојат работите, и со кои за тоа што ќе си платиш тоа и ќе си добиеш. Јас лично на сите ќе го раскажувам ова искуство а и да сакам само еден одмор да си терам секое лето, нема да стапнам кај нив ноту да барам никаков аранжман. Уште кога им кажавме дека имаме веќе уплатено за ова лето преку една друга агенција ни рекоа Што сте уплаќале, ние да знаевме ќе се јавевме кај нив и ќе ви дадевме попуст. И тоа мислам дека е лага.
Ај ќе престанам сега и не ме карајте за долгиов пост. Едноставно морав :свиркам:
 
Username1

шо е бе?
Член од
2 март 2012
Мислења
585
Поени од реакции
550

Тешко дека за тие пари ке отидеш во турција на одмор цела фамилија,освен ако не одиш во Кушадаси со автобус во хотел со 2-3 звезди со полупансион или алл инц ама со сумњива храна.
Ако сакаш да ја доживееш Турција како што доликува,а тоа значи Кемер,Аланија или Белек-Сиде, тогаш ке одиш во 5 звезди хотел со ултра алл инц, кај што по човек е 900 евра минимум. Се под таа сума и хотел не вреди за парите,освен морето.
 
Член од
7 август 2012
Мислења
12
Поени од реакции
0
Да да те сфакам ама мислев 900 евра за сместај и полупансионската храна, а ручекот и патот ке ти се фати накај 1400- 1500 евра се на се. А ние од фибула летово добивме понуда за Турција за цела фам. во хотел со 4 ѕвезди со се патот со авион, услуга АЛЛ за 1600 евра. Затоа кажав. Иначе јас знам дека има луксуз и не само во Турција туку и на др дестинации ама ќе си ги патиш мноооогу поскапо. Ама сепак сметам дека Грција 4 ѕвезди и Турција 4 ѕвезди има гоооолема разлика.
 
Кога првпат одев во Турција,гледав понуда по човек максимум до 500 евра со чартер и алл ин.
Од убедувања на некои другари дека испод 5 звезди не треба да се оди,на крај уплативме 800 евра по човек со ултра алл,во Кемер.Поентата им ја сфатив дури кога отидов.Ги видов на место хотелите кои ги нудеа за 500 евра.Беа во центарот на Кемер,беа 500 м од ГРАДСКА плажа и беа нешто поголеми од куќа на 3 спрата,заградено дворче и базен колку за петорица. Неможеше ни да се споредат со хотелите со 5 звезди. бев 2009 во Тр. Следната година цените беа дупло поскапи.
Сега за Тр ти требаат мин. 2000 евра за одличен одмор. Двајца возрасни и две деца до 14 год. Се платено,други пари нема да требаат за таму освен ако не одиш на екскурзии.
Мој совет,не оди ако не е 5 звезди алл ин.или ултра алл. ке уштедиш 200 евра ама ке си скратиш од задоволството многу.
 
Член од
7 август 2012
Мислења
12
Поени од реакции
0
Да се разбравме :) Сепак поентата ми беше најмногу за Травел Груп или Хаус како и да се викаат дека манипулираат со луѓето и се се прави за пари. еве да дадам споредба дека за 1400 евра ке одам во Грција на одмор и тоа ке биде алл за целата моја фамилија, а не ми дава само полупансион а јас да си доплаќам за ручекот у другите пропратни ствари за децата, со ке ми се фати како да си уплатам одмор кај нив а ти го прават да изгледа дека ти даваат нешто безпари или со огромен попуст. А нема врска.
А кога е во прашање ТР еееееее и кога би одела прво ко што викаш би си подсобрала пари па да си осетам што е одмор (y)
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Ниту заминаа за Прага, ниту пак ги добија парите назад
Платиле за викенд во Прага, а останаа дома. Граѓаните кои резервираа патување преку туристичката агенција „Јупитер“ се повторно измамени. Ниту заминаа на наградниот викенд, ниту пак си ги добија парите назад.

„Патувањето ни го откажаа два часа пред тргнување со образложение дека парното во хотелот каде што требаше да бидеме сместени било расипано. Ми рекоа дека парите ќе ми ги вратат уште следниот ден, но до денеска нема ништо“, ни изјави оштетениот граѓанин, Исмет Реџепи

Пред две недели група граѓани се пожалија дека патувањето за Прага им било откажано пред самото заминување, со образложение дека се одложува поради проблеми во хотелот каде требало да бидат сместени. Тогаш, од Државниот пазарен инспекторат рекоа дека ќе го испитаат проблемот до крај и доколку се утврди пропуст во работата на агенцијата лиценцата ќе им биде одземена. На граѓаните кои платија за патувањето им беше ветено дека парите ќе ги добијат назад. Правдата, велат ќе ја бараат преку надлежните институции.

„Постои полиција, Управа за јавни приходи, ќе ја бараме правдата преку сите надлежни институции“, вели Реџепи.

По одговор тргнавме во Туристичката агенција „Јупитер“, но нивната канцеларија во ТЦ. Беверсли Хилс беше затворена. „Јупитер“ понудите за наградно патување во Прага ги испраќа по случаен избор и тоа преку интернет.

Извор
 
Kajgana Shop

На врв Bottom