Бер Грилс доби отказ од Discovery

Член од
23 јуни 2011
Мислења
9.977
Поени од реакции
3.516
Ќе си најде друга работа, или може ќе го најдат него. На Дискевери највеќе што се гледаше е Бер Грилс.
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
Ќе си најде друга работа, или може ќе го најдат него. На Дискевери највеќе што се гледаше е Бер Грилс.
Сигурно? Се мислев дека е Митбастерс, и порано што одеше таа емисијата со грдине што прават мотори.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
2.371
Поени од реакции
1.281
Абе шојма врска сликата шо јаде тој на неа.Тој емисијата ја прави за да покаже како се преживува а не да гладува заради својата работа :facepalm:

Инаку, на шала го кажав тоа..
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Едвард Мајкл Грилс, познат како Бер (анг. мечка) Грилс, човекот кој си ја пиеше својата урина, преживуваше жед, глад, болка, а стана најпознат по неговата емисија на Discovery, „Man vs. Wild“, доби отказ од оваа телевизиската куќа.


Грилс е најпознат во јавноста по јадењето инсекти и „преработување“ на неговата урина во течност за пиење во емисијата која ја води од 2006-та и во која покажува како да се преживее во најзафрлените делови на Земјата, користејќи само материјали што се наоѓаат во дивината, во шоуто за преживување „Man Vs. Wild“.

Како причини поради кои Грилс доби отказ после шест снимени сезони на „Man vs. Wild“ се наведуваат несогласувањата со Discovery, кои од него барале да учествува во уште два нивни проекти. Поради неможноста да најдат заеднички компромис, Discovery се откажа од сите моментални продукции со него, што значи дека Грилс сега навистина ќе треба да се потпре на своите вештини за преживување.

„Целта на Грилс е секогаш да прави ’силни’ емисии за своите бројни обожаватели низ целиот свет, а врз себе презеде многу големи ризици за Discovery да има толку наградуван програм во текот на сите сезони“, вели гласноговорникот на Грилс, Хедер Круг за People.
Таа исто така соопшти дека Грилс ја обожава својата емисија и ќе настојува да најде начин за да презентира слични содржини пред целиот свет

http://kajgana.com/ber-grils-dobi-otkaz-od-discovery

Нели во последно време добро му одеше со Worst Case Scenario ? Човекот уште што не напраи за Discovery... инаку дали ова значи дека повеќе нема да ги емитуваат неговите емисии ?
Има своја екипа нели таа што оди сонего на снимањето на емисијата..ке снима сонив па ке ги продава епизодите на телвизиски куќи..барем мое мислење...а за најлошо можно сценарио незнам..
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.006
Поени од реакции
7.607
Мислам дека фотошоп беше сликата.
Не е фотошоп. И он не вика дека не јаде на паузи. Он не преживува. Он ве УЧИ како да се преживее.
Шоуто си беше топ.
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
Ма он ако сака нека јаде и Биг Мек на емисијата , не е важно он дали е гладен или е најаден...целта на емисијата е да не научи да се снајдеме и преживееме во дивината ,а не дали Бер ќе истрпи да биде гладен...
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.312
Discovery ја изгубија најдобрата емисија според мене. Овен Mythbusters и копродукциите со BBC, ништо друго не можат да понудат повеќе.
Не дека Бер треба нешто да се загрижи околу финансиите. Човекот продава облека, рекламира милион работи и има свои стејџ-шоуа низ целиот свет.

A еве околу тоа дали јаде стекови и спие по хотели за време на снимањето:
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Discovery ја изгубија најдобрата емисија според мене. Овен Mythbusters и копродукциите со BBC, ништо друго не можат да понудат повеќе.
Не дека Бер треба нешто да се загрижи околу финансиите. Човекот продава облека, рекламира милион работи и има свои стејџ-шоуа низ целиот свет.

A еве околу тоа дали јаде стекови и спие по хотели за време на снимањето:
За најдобрата емисија шо ја изгубија ја изгубија ама сепак пак имаат да понудат некој интересни емисии...според мене добра им е и митбустерс како шо кажа и how do they do it,how it's made,one man one army,weapons future,brothers weapons и слично ама сепак подобра емисија од ултимајт сервајвер на дискавери нема..
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
11.580
Поени од реакции
8.000
Има дискавери и други добри емисии ..how it's made... x machines ,extreem engenering и слични..така да,ни дискавери ни Бер нема да пропаднат.
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.245
Поени од реакции
2.312
мене ми изгледа дека никој ништо не изгубил. на негово место секогаш има некој друг што ке се најде да прави такви емисии па јебига не е ни прв ни последен нели? истото важи и за него. немора да значи дека само со дискавери може или треба да соработува - популарен е луѓето го знаат и може некоја друга јака телевизија да го земе.

што се однесува до дискавери - конректно оваа емисија со него што одеше чат пат ја гледав кога ке ја фатев. dual survival никад не сум ги глеал зашо некако не ми праи мерак ( незнам зашто ). има повеќе интересни емисии кај нив што може да се гледаат. Myth Busters е мн добра емисија. overhaulin 5th gear deadliest catch dirty jobs mega builders how it's made how do they do it и одредени други емисии вредат да се гледаат.

п.с многу ми е криво што ја скинаа brainiac од Discovery Channel ( мислам почнаа на Discovery World да ја емитуваат ). - скинаа и некои други емисии што стварно беа добри али јебига тоа е тоа.
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.743
Поени од реакции
1.128
Ова тв шоу е - тв шоу.

Наменето е воглавно да ја забавува публиката, да продава ствари во меѓувреме и можеби да пренесе нешто корисно.

Не велам дека не е интересно, или дека не чини, океј си е, нормална појава во шоу бизнисот.
Сега Бер Грилс ќе го продаде шоуто на друга телевизија најверојатно и тоа е тоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom