Берово

Член од
29 март 2013
Мислења
4.478
Поени од реакции
4.283
Планирам викендов да го посетам Берово. Поточно сакам да престојувам во некоја од вилите околу езерото. Па сакам са ве замолам, некој поупатен да предложи некоја добра вила со добри услови за некоја прифатлива цена од 400-500 ден. од вечер.
:)
 
Член од
28 јануари 2015
Мислења
518
Поени од реакции
2.870
Планирам викендов да го посетам Берово. Поточно сакам да престојувам во некоја од вилите околу езерото. Па сакам са ве замолам, некој поупатен да предложи некоја добра вила со добри услови за некоја прифатлива цена од 400-500 ден. од вечер.
:)
http://www.berovobooking.com.mk/ па еве тука ги имаш од лево, углавно има и слики, па види си.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.478
Поени од реакции
4.283
http://www.berovobooking.com.mk/ па еве тука ги имаш од лево, углавно има и слики, па види си.
Ми требаше нешто проверено, пошо не сум одел и не ги знам условите кои се нудат и разликите од вила до вила.

Се јавив во една вила, мислам дека "вила вип берово" се викаше, во близина на езерото се наоѓа, но инстантно ме откачија, ми вели "не ги познавам добро понудиве, јавете се утре и ми спушти. Затоа барам некој предлог за вила со добри услови.

Но фала ти во секој случај! ;)
 
Член од
28 јануари 2015
Мислења
518
Поени од реакции
2.870
Ми требаше нешто проверено, пошо не сум одел и не ги знам условите кои се нудат и разликите од вила до вила.

Се јавив во една вила, мислам дека "вила вип берово" се викаше, во близина на езерото се наоѓа, но инстантно ме откачија, ми вели "не ги познавам добро понудиве, јавете се утре и ми спушти. Затоа барам некој предлог за вила со добри услови.

Но фала ти во секој случај! ;)
пробај ``Лина 1`` таа е попозната. Тоа вип е како хотел нешто, ама не го фалат баш. И ``Клепало`` ти е доста добро, ама подалеку е од езерото.
 
Член од
9 јули 2017
Мислења
380
Поени од реакции
80
Ќе најдеш и таму доволно е да се распрашаш. Имаш вили, кампови, во куќи низ градот...
А Бела вода ти е на патот Берово-Струмица.
Како е со гужва овој период на Бела Вода. За во Недела треба ли да се јавам за резервација?
 
Член од
28 јануари 2015
Мислења
518
Поени од реакции
2.870
Како е со гужва овој период на Бела Вода. За во Недела треба ли да се јавам за резервација?
Не би требало, гужва ти е само летно време, така да помина сезоната.
 
Член од
17 февруари 2015
Мислења
89
Поени од реакции
5
Дали знае некој вила околу Беровско езеро да се изнајмува за друштво од 10души за нг?
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
378
Поени од реакции
1.038
Малку да ја рефрешираме темава со уште едно искуство од престој во Берово.

Сместување во вила може да се најде преку http://visitberovo.mk/ и https://berovobooking.com.mk/, овде ги има скоро сите вили во месностите „Абланица“ (неколку км пред езерото), „Беровско езоро“ (во близина на браната и комплексот „Аурора“) и „Фета“ (2 км подолу од исклучувањето за „Аурора“). Цените варираат зависно од типот на сместувањето, бројот на луѓе и бројот на денови, некои наплаќаат по кревет, некои по соба/студио, за деца има попуст зависно од возраста, така што за конкретни услови најдобро е директно да се контактираат сопствениците. Генерално сите вили се со повеќе купатила, место за паркинг, двор, скара, ТВ, интернет, одговараат за сите комбинации – фамилијарен престој, поголемо друштво со или без деца, заљубљени пар и сл...
Покрај стандардните активности – салата, мезе, скара, пијачка, за пополнување на време има неколку можни варијанти во околината:

Прошетка покрај езерото. Од паркингот на кој завршува патот кон браната се одвојуваат две патеки, кои одат покрај езерото, лево и десно од мотелот кој за жал не работи веќе десетина години. Патеките се во сенка, бетонски, осветлени па така можно е да се шета и дење и навечер.

Кафе/пијачка во „Аурора“, под услов комплексот да е отворен за посетители кои не се гости. Ако е тоа случај може истиот да се разгледа и покрај барот и базенот да се седне на пијачка по нормални (скопски) цени.

Прошетка до бачилото Клепало. На околу 10 км од вилите кај браната се наоѓа бачилото до кое се доаѓа по земјен пат, по кој може да се оди со теренско возило или пешки. Бачилото се наоѓа на околу 700м од асфалтниот пат, а патот (искачувањето) е релативно стрмно така што со нормално одење ќе треба околу 20мин. за качување. Во кругот на бачилото има едно ресторанче кое го работи семејството кое го поседува и бачилото и како што рече жената која работеше – освен кафе и пиво се други е домашно, направено од нив – ракија, сирење, леб од фурна, зеленчук за салата, сокови... Сето ова е пробано, давам гаранција за вкус и квалитетет :bravobe: За домашна пита и качамак треба да се закаже затоа што ги прават само по нарачка. Продаваат и сирење од бачилото. Качувањето може да делува напорно но дефинитивно вреди.

Адреналински парк во Пехчево. Одлична идеја, не сум сретнал вакво нешто во Македонија на друго место. Има патека која се состои од одење по сајли, јажиња, даски, гуми, на висина од 4-6 метри, спуштање по сајла (зип линија). Има дел за возрасни и дел за деца. Обично работи во летен период, информации за цени и услови за користење (инструктор, заштитна опрема и сл) може да се добијат во хотел Гогов во Пехчево кој ја стопанисува и адреналинската патека.

Равна река, на 10км од Пехчево. Убаво излетничко место, во прекрасна природа. Има уреден простор за пикник, со маси, клупи и настрешници, тревната површина околу нив. Во околината има неколку водопади од околните реки кои не се нешто посебно високи и големи, но убаво е да се прошета низ шумата и да се видат. Има табли и патокази, првите кои се покрај асфалтниот пат се полесно пристапни преку уредени патеки, за останатите треба да се пооди пешки по земјениот пат кој води кон месноста „Бреза“ или со теренско возило. Во близина на локалитетот има два рибника, едниот (Идила) не работи моментално, па така другиот (Дивини) е засега единствена опција за ручек или освежување, по цени како во маалско кафанче во Скопје. Иако е деклариран како „рибник“ од риба има само пастрмка која е донесена кој знае од каде (не е се одгледува на лице место).

„Даун таун“ Берово, секако и ова е опција за кафе, ручек, вечера во опуштена атмосфера, има неколку ресторани кои нудат добра храна по пристапни цени, во некои поголеми кафичи (Рефреш, на плоштадот) има и жива свирка преку викенд.

Се на се, Берово и околината е одлична опција за неколкудневен одмор.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom