Берза Продавам/Купувам сајтови домејни

Dr_ViRuS

DarkSide with green light
Член од
9 јануари 2006
Мислења
1.076
Поени од реакции
28
Продавам купувам сајтови домејни, блогови.
Нека има една дискусија околу овој бизнис
Материјална проценка на сајтови
 
Член од
12 април 2009
Мислења
41
Поени од реакции
2
Баш денес видов дека се продава www.dobitnakombinacija.info 1200eura.
Поздрав
Типот или тимот кои го продаваат сајтот нека си ја чукнат малце главата. Како прво името на домејнот е со 18 букви, а како второ е со .info завршница. Дизајнот е Joomla CMS, така да тоа секој може да го направи, уште да биде по спортот и да пишува типови. Едно што незнам е колкав хост имаат, но тоа е релативно, ако се купи домејнот лесно може да се смени хостот. Ако ме прашате лично мене овој домејн би го проценил на 50 евра преку сила.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
се слагам 1200 евра за .инфо без разлика каков дизајн има е лудница.
 

Крими

......
Член од
8 декември 2008
Мислења
479
Поени од реакции
14
Јас админот денес го контактирав онака на Заебанција:) го прашав колку кошта едно друго и ми одговори ова:
Код:
Cenata na websajtot so domain I hosting iznesuva 1200 EURA, realnata
vrednost na sajtot mozete da ja proverite na
[URL]http://www.websiteoutlook.com/www.dobitnakombinacija.info[/URL]
а за дизајн е катастрофа а исто така како што кажа ивановски доменот има 18букви ехеееееј
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Не ме заебавај... 1200 евра за што? Сајт изработен во џумла со просечен дизајн. Овие се нездрави.

Патем, во Македонија единствен кој што смее и може да продава домејни е мар-нет. Остатокот од лицата не смејат да ги продаваат домејните со .com.mk или .mk наставка. Со закон, мар-нет може да те тужи.
 

Крими

......
Член од
8 декември 2008
Мислења
479
Поени од реакции
14
Абе тоа ее тоа можете и вие да ги контактирате ними ...:):):)
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Сериозно не знам кој ќе се нафати на .инфо да даде толку пари. Па домејните се евтини, само дизајнот ако не може некој да го креира ќе го плати 10 пати помалку...
 
Член од
12 април 2009
Мислења
41
Поени од реакции
2
Не ме заебавај... 1200 евра за што? Сајт изработен во џумла со просечен дизајн. Овие се нездрави.

Патем, во Македонија единствен кој што смее и може да продава домејни е мар-нет. Остатокот од лицата не смејат да ги продаваат домејните со .com.mk или .mk наставка. Со закон, мар-нет може да те тужи.

Не е Марнет овластен за да се меша во продажбата на овој домејн. Марнет е регистар за домејни со .мк завршница. Исто така постојат регистри во светот каде можете да си изберете завршница по веша желба, па така да цела филозофија на Марнет паѓа во вода. Тоа е за Марнет.

Додека за продажба на домејн во конкретниот случај Марнет нема никакви ингеренции, затоа што домејнот не е во сопственост на Марнет. Плус темава е отворена за продажба на домејни, што тоа е нормален бизнис во светот.

Планирав еднаш да се занимавам со овој бизнис. Пред 1 година, а може и повеќе не се сеќавам баш најдобро, со членот Vodkamixx и уште двајца сакавме да направиме ваков бизнис. Сакавме да го купиме univerzum.com и закаснивме еден ден за негова регистрација. Домејнот беше веќе регистриран 23 часа пред ние да го регистрираме. Сега univerzum.com е во сопственост на Маџар Телеком. А добро ви е познато од колкав калибар е Маџар Телеком, па така да ако го регистриравме домејнот пред нив со свесен памет ќе им побаравме 100 000 еур. за откуп.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Пред 1 година, а може и повеќе не се сеќавам баш најдобро, со членот Vodkamixx и уште двајца сакавме да направиме ваков бизнис. Сакавме да го купиме univerzum.com и закаснивме еден ден за негова регистрација. Домејнот беше веќе регистриран 23 часа пред ние да го регистрираме. Сега univerzum.com е во сопственост на Маџар Телеком. А добро ви е познато од колкав калибар е Маџар Телеком, па така да ако го регистриравме домејнот пред нив со свесен памет ќе им побаравме 100 000 еур. за откуп.
Како што гледам немаат ставено ни редирект кон invitel.com
 

Крими

......
Член од
8 декември 2008
Мислења
479
Поени од реакции
14
Значи дозволено е да продаваш домен со .мк?? како оди таа работа.Објаснете некој кој е упатен во таа работа ,баш ме интересира
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Значи дозволено е да продаваш домен со .мк?? како оди таа работа.Објаснете некој кој е упатен во таа работа ,баш ме интересира
Зошто да не е дозволено? Можеме ја и ти да се договориме сега трансфер на пари и промена на податоци во днс-от на марнет. Тоа е тоа.
Мислам дека за промена на податоците не е потребен никаков посебен законски документ...
 
Член од
12 април 2009
Мислења
41
Поени од реакции
2
Зошто да не е дозволено? Можеме ја и ти да се договориме сега трансфер на пари и промена на податоци во днс-от на марнет. Тоа е тоа.
Мислам дека за промена на податоците не е потребен никаков посебен законски документ...
Имам купено 3 домејна од Марнет и во днс-то првите три именски промени во 1 година се бесплатни. Така да само пари на рака, немора ни на нотар да се иде ;)
 

Крими

......
Член од
8 декември 2008
Мислења
479
Поени од реакции
14
Пример ако му продам јас некому домен ,како че го плаќа после купавачот доменот?? а јас морам да го плаќам..Неми малце јасно во ова
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
Патем, во Македонија единствен кој што смее и може да продава домејни е мар-нет. Остатокот од лицата не смејат да ги продаваат домејните со .com.mk или .mk наставка. Со закон, мар-нет може да те тужи.
Абе смееш да продаваш, ама никој да не знае :) Смешно е што толку е ефтино да купиш домеин од мар нет и едино шо ти треба е креативност.
Шпекулации има дека Унет ги има прилично мноооооогу домеини купено на времето па после тоа има заработувано многу пари од тоа
 

Kajgana Shop

На врв Bottom