Београдски Синдикат

Член од
16 септември 2013
Мислења
687
Поени од реакции
514
И ден денеска ги слушам БС. Дефинитивно најдобра група.
 
Член од
21 септември 2012
Мислења
1.308
Поени од реакции
1.442
Добри, подобри, најдобри, БС. Во последно време сите ја вртат Балада Дисиденти... кога веќе слушаат нешто од БС, нека ги слушнат и другите нивни пресни :) Ги има многу кои се добри. Текстовите се на место од збор до збор.





 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
6.358
Време е да се подготвите и за финалната вечер на новото издание на Таксират Фестивал. Пред нас е јубилејното петнаесетгодишно издание на фестивалот чија главната фестивалска вечер годинава ќе се одржи на 28 декември 2013, на веќе стандардната локација, „Метрополис Арена“ во Скопје.
На задоволство на најпребирливите „таксиратлии“ и оние кои секојпат трагаат за нешто подобро, главната вечер на Таксират 15 македонскиот бенд кој веќе го потврди својот статус како еден од најдобрите нови бендови во регионот и кој наметна нови стандарди за инди-музичарите. Оние кои го познаваат „тематиката“ сигурно веќе без сомнеж знаат дека тоа е „БЕРНАЈС ПРОПАГАНДА“ (BERNAYS PROPAGANDA), групата која на Таксират 15 ќе го претстави препознатливиот бунтовен звук и социјално ангажирана музика која го носи и нивниот последен албум „Забранета планета“.
„БЕРНАЈС ПРОПАГАНДА“ може накратко да се опише како танцувачки њу вејв / пост-панк бенд со шармантен женски вокал. Но ова нека не ве залажува, тука зборуваме за екстремно политички бенд врз чиј развој влијаат различни бендови, од Submission Hold, преку Fugazi, па се’ до Gossip и Gang of Four. Цврсти ритмови на тапани придружени со дебели и груви бас линии се основата над која што доаѓаат фанки и прекршени гитарски акорди и над сето тоа, како цреша на врвот доаѓа уникатниот, силен и извонреден женски глас кој извикува анархистички текстови. Дали веќе ги споменавме лудиот ентузијазам, експлозивната енергија и привлечната атмосфера? (Можеби затоа што Bernays Propaganda своите длабоки корени ги има во DIY хардкор сцената) Овие елементи го водат овој бенд низ Европа свирејќи стотици концерти речиси на секое ќоше од континентот. Во изминативе 6 години постоење, бендот има одржано повеќе од 300 концерти, а во март годинава беа на маратонска турнеја во која беа вклучени 64 концерти низ Европа. На оваа турнеја „Бернајс Пропаганда“ го промовираа својот трет студиски албум „Забранета планета“. Новото исклучително издание беше објавено во февруари 2013, а воодушевувајќи ги рецензентите ширум регионов, го одреди бендот како име кое претставува врв на пост-панк културата.
Таксират 15 доаѓа на радост и на поклиниците на рап музиката, претставувајќи го прв пат во Македонија „БЕОГРАДСКИ СИНДИКАТ“ - најпопуларната српска рап група! За време на своето четиринаесетгодишно постоење оваа група објави 3 албуми („Бссст...Тишинчина“! – 2001, „Сви заједно“ – 2005. и „Дискретни хероји“ – 2010. година) и 2 сингла („Говедина“ – 2002. и „Они су“ – 2006. година). Својата концертна промоција на споменатите изданија ги доживеаја пред преполните арени во сите поголеми градови во Србија, но и во Париз, Виена, Цирих, Москва... Покрај ланскиот концерт во преполната „Београдска арена“, врвот на досегашното делување на групата е и третиот албум, кој од интернет страницата на бендот беше бесплатно преземен и споделен од најширок можен аудиториум и кој ќе имаме извонредна можност да го чуеме и на концертот на Таксират 15. Имено, групата во моментов е во фаза на пауза од концертни активности и се подготвува за работа на четвртиот студиски албум, но поканата за гостување на Таксират е повеќе од доволна причина за отстапка во оваа пауза. Подгответе се за екипата синдикалци која како една од најистакнатите претставници на српската сцена различна од реалните шоуа и турбо-фолкот, одлучи да превземе одговорност и на свој начин да ја употреби популарноста генерирана со музиката во решавање на проблемот на разорениот и искривен систем на вредности во модерното општество.
Таксират фестивал за најверните и најбрзи „таксиратлии“ кои сакаат што поскоро да го осигураат своето присуство на „Таксират 15“, ги подготви промотивните т.н. „early bird“ влезници кои веќе се достапни по промотивна цена од само 450 денари! Овие промо влезници се во строго ограничен број и можете да ги набавите на сите продажни места во мрежата на МКтикетс:
• Продажните салони на ONE во: Скопје (Рамстор, ТЦ Бисер, ГТЦ, ВЕРО Центар, Скопје Сити Мол) Куманово, Тетово, Гостивар, Битола 01, Охрид, Струга, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Штип, Велес, Кочани, Струмица, Гевгелија.
• Продажните салони на Office Plus во: Рамстор, Скопје Сити Мол, ГТЦ, Палома Бјанка;
• Југотон ГТЦ 1 кат.
• Низ Македонија : ЗЗ ТОП Охрид, Агора Куманово, Хард Рок Битола, Шишко Кочани, Розе Веро 2, Камарад Рамсторе, Кафе Браво, Круг Кафе.
Покрај „Бернајс Пропаганда“ и „Београдски синдикат“ на главната фестивалска вечер нѐ очекуваат повеќе значајни музички артисти и препознатливата фестивалска атмосфера.
Наскоро очекувајте и нови артисти од програмата на „Таксират 15“!
Таксират Фестивал! Преврти го Скопје наопаку!

 
Член од
16 септември 2013
Мислења
687
Поени од реакции
514
МОРА да се оди на БЕОГРАДСКИ СИНДИКАТ. За прв пат во Македонија :vozbud::vozbud:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom