Бемки

Член од
16 декември 2008
Мислења
391
Поени од реакции
125
Леле дај кажи ни појше детали :) Кај ти го направија зафатот? Колку те чинеше? Какви испитувања има пред тоа? Секаков тип на бемка можат да извадат?
Зафатот го изврши д-р Лазо Новевски на клиниката за пластична и реконструктивна хирургија во државна болница - Скопје. Испитувањата пред тоа се дерматоскопија на клиниката за дерматологија каде ги гледаат бемките, дали имаат промени во боја, форма, големина и сл. и дали истите можат да се отстранат (кај мене се покажа дека се сите во ред, можат да се отстранат, а и не мора, но бидејки кај мене веке беа почнати да се одлепуваат самите од телото и со тоа ми сметаа при туширање, не можев нити нив да ги измијам како што треба, а и постоеше ризик несакајки да ги скинам, добив препорака од таму да извадам 3, за 4-тата докторката на дерматологија ( Силвија Дума) рече да не ја вадам, многу биле 4 наеднаш, но кога отидов на пластична хирургија и ја објаснив ситуацијата докторот ме почасти една од него :) )
Целата процедура пага на товар на фондот, така што на дерматологија платив само 80 ден, потоа кога отидов на пластична за да закажам термин уште 40 ден. и толку. Кога ми ги извадија рекоа дека сега не се плака туку кога ке ја подигнам отпусната листа ( за околку 10 дена ) и дека отприлика може да чини за сите околу 1250 ден. но не мора да значи тоа зависело од резултатите што ке ги добијам од патологија ... така што кога ке се случи сето тоа ке пишам што како ке испадне со трошоците.
Инаку после отстранувањето треба да се внимава местото да не се наводени со вода или пот, се вршат некои преврски по што следи вадење на конците, (јас бидејки не сум од Скопје сето тоа ке го вршам во мојот град, што како ке се одвива ке ви пишам понатаму). Сега засега е се ок, воопшто не е болно, само ме чешкаат помалку тие фластерите :D, утре одам на преврска па се надевам на се најдобро.
Друга информација што ја добив е дека со процесот на стареење постоечките бемки кои ми останаа ке се зголемувале, а и тоа дека ке се јавувале нови бидејки тие што имаме бемки телото ни било склоно кон создавање на бемки, и тоа дека кај женската популација во текот на бременоста повеке растат и се зголемуваат и поради тоа е препорачливо нивно отстранување. Исто така она што го слушаме од бабите и дедовците дека бемка не треба да се чепка е точно бидејки постои ризик од инфекција, но не и да не се отстранува хирушки, напротив хирушко отстранување е препорачливо доколку истата создава проблеми. Муабетите од типот дека е ризично ако се искуби влакно од бемка е опасно, или ризично или дека ке се претвори во рак ( барем јас така имав порано слушано) не се е точни и кубењето на влакна од бемка не претставува проблем.
Се надевам дека помогнав некому :) позз.
 
Gregor

Оbserver
Член од
6 февруари 2013
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.935
Муабетите од типот дека е ризично ако се искуби влакно од бемка е опасно, или ризично или дека ке се претвори во рак ( барем јас така имав порано слушано) не се е точни и кубењето на влакна од бемка не претставува проблем.
Мене дерматолог ми го има кажано спротивното. Влакното се кубе само ако бемката е воспалена, кубење на влакно може да ја инфицира бемката.

Инаку повреда на нормална меланоцитна бемка не е страшна работа, но на атипична или ти диспластична бемка може да биде проблем.

Затоа се препорачува атипичните бемки да се контролираат одреден период, да не се изложуваат на Сонце или превентивно да се извадат.

Ама од друга страна вадење на бемка што не е испакната е непотребна ствар пошто ризикот за повреда е мал, а ризикот за малигна трансформација е помал од 1%. Тоа само америте имаат навика да вадат пациенти од памет и да вадат бемки ко луди.

Исто луѓе со многу бемки, без разлика на фото-типот никако не смејат да се изложуваат на сонце и ја веќе им здосадив на луѓево мрчејќи им да не се сончаат (притоа ги гледаш у грбот полни со бемки), ама луѓе без памет шо да се прави...
 
WalterWhiteTheMethKnight

Генијалец
Член од
19 мај 2010
Мислења
407
Поени од реакции
292
Инаку повреда на нормална меланоцитна бемка не е страшна работа, но на атипична или ти диспластична бемка може да биде проблем.

Што е разликата ппомеѓу меланоцитна, атипична и диспластична? Како се разликуваат?
 
Член од
16 декември 2008
Мислења
391
Поени од реакции
125
Мене дерматолог ми го има кажано спротивното. Влакното се кубе само ако бемката е воспалена, кубење на влакно може да ја инфицира бемката.

Инаку повреда на нормална меланоцитна бемка не е страшна работа, но на атипична или ти диспластична бемка може да биде проблем.

Затоа се препорачува атипичните бемки да се контролираат одреден период, да не се изложуваат на Сонце или превентивно да се извадат.

Ама од друга страна вадење на бемка што не е испакната е непотребна ствар пошто ризикот за повреда е мал, а ризикот за малигна трансформација е помал од 1%. Тоа само америте имаат навика да вадат пациенти од памет и да вадат бемки ко луди.

Исто луѓе со многу бемки, без разлика на фото-типот никако не смејат да се изложуваат на сонце и ја веќе им здосадив на луѓево мрчејќи им да не се сончаат (притоа ги гледаш у грбот полни со бемки), ама луѓе без памет шо да се прави...
И мене дерматологот ми кажа дека кубење на влакно е опасно, но ете во Ск ми кажаа дека не е опасно ( е сеа не знам може тоа да се однесуваше само на моите бемки, бидејки како што кажав дерматоскопија покажа дека сите бемки што ги имам се во ред и се бенигни, но ми препорачаа вадење на тие 4 бидејки сите беа не само испакнати туку краевите им беа одлепени од телото, како да се сушеа на некој начин ) ... што е точно кој ке ти каже :D
А за сонцето, да ... луге со многу бемки не треба да се исложуваат на сонце и доколку изложувањето на сонце е неопходно истите треба да користат креми со висок заштитен фактор.
 
Gregor

Оbserver
Член од
6 февруари 2013
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.935
И мене дерматологот ми кажа дека кубење на влакно е опасно, но ете во Ск ми кажаа дека не е опасно ( е сеа не знам може тоа да се однесуваше само на моите бемки, бидејки како што кажав дерматоскопија покажа дека сите бемки што ги имам се во ред и се бенигни, но ми препорачаа вадење бидејки сите беа не само испакнати туку краевите им беа одлепени од телото, како да се сушеа на некој начин ) ... што е точно кој ке ти каже :D
А за сонцето, да ... луге со многу бемки не треба да се исложуваат на сонце и доколку изложувањето на сонце е неопходно истите треба да користат креми со висок заштитен фактор.
Тоа што тебе ти се случувало со бемките е природен процес на стареење на бемка, некои помиваат од еден вид во друг, некои што веќе се испакната можат да се исушат одвојат и паднат.
Некои пак што се во ниво на кожа може да ги снема, полека почнуваат да се повлекуваат и на крај ги снемува, правени се истражувања и пациентиве при давање на историја кажувале дека со текот на годините бројот на бемките им се намалил и то е природен процес, не е толку чест, ама се случува.

Тоа за влакното, што знам, има многу видови на бемки, дерматологот поарно знае, има некои „бемки“ што личат на бемки а се уствари себореични кератози, фиброми кои воошто не се опасни, а можат да изгледаат страшно.
 
Јас искрено да ти кажам прво сакав сите до 1 да ми се извадат, за да не си имам проблеми со истите понатаму :D потоа пак се предомислив и решив само тие што ми претставуваат проблем да ги отстранам, бидејки едната од нив веке неколку пати при бањање ја имам поткачено со мрежичката и крвареше, а другата само еднаш ја поткачив и потоа кога се бањав на сите што ми беа така одлепеи од телото лепев ханзапласи за да не ги поткачам :D и на крај ке го одлепам и само онака ке и ставам малку гел за туширање и со тушот со вода ги миев ... за на дерматоскопија да се покаже дека бемките не ги мијам како што треба :D и кажав на докторката што како стои работата и ми рече во ред ти сметале и затоа така си правела мегутоа истите требало многу убаво да се мијат и тријат поради нивната нерамна површина. Е сеа како се приближуваше датата на закажан преглед почнуваше некако да ми станува криво што нема да бидат дел од мене, ама пак ако не ги извадев хирушки изгледа јас самата ке си ги извадев некој ден несакајки :D и така сега по малку си жалам по нив :D ама битно нема да се плашам да не ги откорнам при бањање, здравје после вторник-среда ми рекоа дека може, само како ке се бањам со конци не знам, утре ке прашам за тоа :) Инаку гледам имаш широки познавања од оваа област, студираш нешто за тоа, доктор си или онака за твој интерес ( мислам ако не е тајна :) ). Позз.
 
Член од
16 декември 2008
Мислења
391
Поени од реакции
125
Зафатот го изврши д-р Лазо Новевски на клиниката за пластична и реконструктивна хирургија во државна болница - Скопје. Испитувањата пред тоа се дерматоскопија на клиниката за дерматологија каде ги гледаат бемките, дали имаат промени во боја, форма, големина и сл. и дали истите можат да се отстранат (кај мене се покажа дека се сите во ред, можат да се отстранат, а и не мора, но бидејки кај мене веке беа почнати да се одлепуваат самите од телото и со тоа ми сметаа при туширање, не можев нити нив да ги измијам како што треба, а и постоеше ризик несакајки да ги скинам, добив препорака од таму да извадам 3, за 4-тата докторката на дерматологија ( Силвија Дума) рече да не ја вадам, многу биле 4 наеднаш, но кога отидов на пластична хирургија и ја објаснив ситуацијата докторот ме почасти една од него :) )
Целата процедура пага на товар на фондот, така што на дерматологија платив само 80 ден, потоа кога отидов на пластична за да закажам термин уште 40 ден. и толку. Кога ми ги извадија рекоа дека сега не се плака туку кога ке ја подигнам отпусната листа ( за околку 10 дена ) и дека отприлика може да чини за сите околу 1250 ден. но не мора да значи тоа зависело од резултатите што ке ги добијам од патологија ... така што кога ке се случи сето тоа ке пишам што како ке испадне со трошоците.
Инаку после отстранувањето треба да се внимава местото да не се наводени со вода или пот, се вршат некои преврски по што следи вадење на конците, (јас бидејки не сум од Скопје сето тоа ке го вршам во мојот град, што како ке се одвива ке ви пишам понатаму). Сега засега е се ок, воопшто не е болно, само ме чешкаат помалку тие фластерите :D, утре одам на преврска па се надевам на се најдобро.
Друга информација што ја добив е дека со процесот на стареење постоечките бемки кои ми останаа ке се зголемувале, а и тоа дека ке се јавувале нови бидејки тие што имаме бемки телото ни било склоно кон создавање на бемки, и тоа дека кај женската популација во текот на бременоста повеке растат и се зголемуваат и поради тоа е препорачливо нивно отстранување. Исто така она што го слушаме од бабите и дедовците дека бемка не треба да се чепка е точно бидејки постои ризик од инфекција, но не и да не се отстранува хирушки, напротив хирушко отстранување е препорачливо доколку истата создава проблеми. Муабетите од типот дека е ризично ако се искуби влакно од бемка е опасно, или ризично или дека ке се претвори во рак ( барем јас така имав порано слушано) не се е точни и кубењето на влакна од бемка не претставува проблем.
Се надевам дека помогнав некому :) позз.
Денес ми ги извадија тие газите и ми залепија ханзапласи :D уееее ... е сеа има мал проблем целиот лепак од фластерите остана на мене на кожа :D да не знае некој некаков начин како да го отстранам (бидејки не смеам таму да се туширам сеуште за да не се наводени местото) :confused: ??
 
Член од
22 септември 2013
Мислења
8
Поени од реакции
3
Абе јас за бемки знам дека ги имам многу и не ги сакам. Ги имам чепкано како мал од незнаење и слично ама за среќа моја ништо ми се нема случено. Едвај чекам да дојде тој ден кога ќе се измисли нешто за убаво отстранување на бемки зошто имам некои кои навистина понатаму во животот ќе може да ми попречат ограничувајки ме поради можност за да ги оштетам и слично.

Masloto od kanabis na Rick Simpson koe isto taka lechi melanoma ako se nanesuva na bemki gi otstranuva. Duri e zdravo da se konzumira digestivno da se podliznuva navecer. E sega problemot e sto ne e potpolno dostapno i da go napravish tesko bidejki treba pogolema kolichina spirt 90% a i toa go napravija nelegalno. Ako nekogash imash sansa da otpatuvas vo Kanada ili drugo mesto kje si zavrshish rabota.
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.320
Поени од реакции
1.277
Кубењето на влакната од бемката или нивно бричење може да ја инфицира бемката??
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Кубењето на влакната од бемката или нивно бричење може да ја инфицира бемката??
Да. Со ножици скратувај ги влакната.
Мене на козметичар секогаш ми викаат успат и влакненцата на бемките да ми ги пројдат со восок бидејќи има различни типови на бемки и као моиве биле од тие од кои немало опасност ама не ги пуштам. Дерматолог ми има речено стриктно со ножици.
 
Член од
19 декември 2013
Мислења
236
Поени од реакции
152
Имам препреосетлива кожа и склона сум кон создавање на бемки, а и наследни од татко ми и мајка ми па коа ќе видиш ексик..Ги имам насекаде по телото, али ситни се, неиспакнати како мали точки.Има и 3-4 така малку поголемки од тие останатите, али ништо страшно.На лице имам две, една на образот и една скроз над устата.И за ништо не би ги отстранила, како точки се малечки.Исто така имам мала бемка блиску до папокот, и неа многу си ја сакам хахах.Ако отранувам во иднина тоа сигурно ќе биде онаа на левото рамо, точно ради тоа шо ем нервира ептен, иако не ми прави никакви проблеми и не е некоја голема али сепак.:)
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Јас имам мала бемка на левата страна од лицето, и секогаш кога се бричам многу внимавам да не ја исечам или иритирам, затоа што може да стане опасно . Толку години се бричам, фала богу со бемката досега не сум имал проблеми . :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom