Белорусија

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.635
Поени од реакции
5.316
mnogu si glup. terminot nikogas NEMASE da vleze vo oficijalna upotreba ako toa ne go napravea politicari na nekoj 3ti zemji posto ako trgnese od grcija ke bea osudeni za rasizam. terminot vleze u upotreba vo juzna avstralija prvo pa potoa i na nacinioalno niv vo aus pa ostatokot na svetot pretezno forsiran od aus anglosaksonci politicari.
Да, да...Исто така, прогонот на Егејците од Грција, не го направија грците, туку за да не биди директно од нив, американците се преоблекоа во грчки униформи, и тие направија се.

Прво, во која сакаш демократска земја појди, ако му речиш дека се чувствуваш како марсовец, марсовец ќе те пишат, и тоа не значи дека овие имаат против марсовците, туку некој побарал така да се пиши, бидејќи така се чувствува. Треба еднаш засекогаш да го напуштите тој менталитет дека цел свет се збрал за да уништи една земја голема колку помал град во Англија. Ако УСА сака да не нема, во 3 минути ќе исчезниме од картава, и тоа нема со прст да мрднат....Така да олади малку....
 
Член од
1 март 2021
Мислења
338
Поени од реакции
758
Фиромјано северна ти може да се чуствуваш и како газда на хотел Мериот, но ако немаш црно на бело ќе останеш само на чуствување.
Твојата Америка ќе става санкции и ќе забранува влез кај нив за сите оние што не го почитуваа Преспанскиот и рамковниот договор, односно на оние кои се чуствуваат како Македонци од Македонија, џабе ја хејташ Русија :icon_lol:
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.288
Поени од реакции
22.530

daj be izlezi malku od selovo kaj sto zivees vidi kako funkcionira svetot.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.538
Море, прочитај назад ти одговорив :) Е сега ако не си задоволен од одговорот, тоа е твој проблем, не мој.

И конечно на крајот иако несакајќи, сепак си призна дека дибек си игра држава врз вистинска територија со вистински луѓе. Јас не можев да ги погодам поточно зборовите за бркот..Дибек што си ИГРА држава врз вистинска територија со вистински луѓе. Браво, конечно ја погоди точната формула.

бтв. Да ти беше брз рамот ќе стартуваше побрзо и немаше да верглаш исто прашање....
Одбивање да дадеш одговор на прашање не е одговор.

Јас сум признал ?

Чисто информативно, потсети ме дали јас некогаш воопшто сум ја негирал природата на општественото уредување на некоја држава. Ако добро помнам, ти си тој кој располагаш со неограничени критики и плукања за одредени држави, додека истовремено бегаш како ѓавол од темјан кога од тебе се бара одговор на прашања за други држави. Ако некој тука треба да признае нешто - како на пример лична пристрасност и незрелост за одредени политички прашања - тоа си ти.

Се гледа дека појма немаш од рам меморија, но добро, со таков незрел карактер и не треба да се очекува нешто многу од тебе.
 
Последно уредено:

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.635
Поени од реакции
5.316
Фиромјано северна ти може да се чуствуваш и како газда на хотел Мериот, но ако немаш црно на бело ќе останеш само на чуствување.
Твојата Америка ќе става санкции и ќе забранува влез кај нив за сите оние што не го почитуваа Преспанскиот и рамковниот договор, односно на оние кои се чуствуваат како Македонци од Македонија, џабе ја хејташ Русија :icon_lol:
Црно на бело?Задолжително, не сери. На личната карта и пасошот ми пишува МАКЕДОНЕЦ, што и сум, тоа ми е мене црно на бело. Не ми треба признание од некој си чиновник во Франција или чистач во Кремљ да ми признава мене дали сум или не сум Македонец.

Русија води исто дволична политика како што водат и сите големи држави во светот не само кон Македонија туку кон сите, т.е. си го бранат интересот. Љубови, сојузи, иста религија, слична култура , исто семе, итн, тоа се само басни за мали деца, да те држат за конец. Честитката за 24 Мај е доволен доказ за нивната чесна политика кон Македонија, така да нема потреба да се брани одредена страна во случајот. Ние како прво сами си се нејќиме, не очекувам некој друг да не сака.
daj be izlezi malku od selovo kaj sto zivees vidi kako funkcionira svetot.
Дај напиши нешто без вреѓање. жив ти се, зошто ми ги испоти тестисиве искрено. Ако не знам како функционира светот, биди сигурен дека нема да чекам тараба како тебе да ми го објаснува..
Одбивање да дадеш одговор на прашање не е одговор.

Јас сум признал ?

Чисто информативно, потсети ме дали јас некогаш воопшто сум ја негирал природата на општественото уредување на некоја држава. Ако добро помнам, ти си тој кој располагаш со неограничени критики и плукања за одредени држави, додека истовремено бегаш како ѓавол од темјан кога од тебе се бара одговор на прашања за други држави. Ако некој тука треба да признае нешто - како на пример лична пристрасност и незрелост за одредени политички прашања - тоа си ти.

Се гледа дека појма немаш од рам меморија, но добро, со таков незрел карактер и не треба да се очекува нешто многу од тебе.
Јас ти дадов одговор, ОПКРУЖЕНИ СМЕ СО НАТО ЧЛЕНКИ, УСА и т.н. сојузници нивни нема да дозволат среде НАТО држави руски вилает, што не ти е јасно. Нивни интерес е да нема тука руски сателит, и по секоја цена не пикнаа во НАТО. Да не сакаш со морзеова азбука да ти напишам, зошто 8пати ти го пишав тоа.

Критики? Јас ги измислив критиките дека Стаљин носи крв на раце од милиони украинци кои умреа од глад поради неговата аграрна реформа? Или за тие што ги носеше по гулазите поради читање книги од американски автори?

За рам меморија требало да научиш во средно, не планирам да те превоспитувам тука. Ако сакаш, искеширај слободно, и ќе ти одржам некој час.
 
Дефинитивно живееш во 1950-те години, со оглед на фактот дека ги делиш државите и луѓето на наши и нивни.

Но и пред 1950-те години твојата теорија не држеше вода исто како што не држи вода ниту денес.

Јас воопшто не го спомнав Јосиф Висарионович Сталин, но ете ти го извади како зајак од капа, исто како што и Џозеф Мекарти наоѓаше комунисти кај ќе стигнеше низ САД, исто така во 1950-те години.

Карактеристично за РАМ меморијата за 1950-те години е дека ја имало во многу мали количини поради ограничувањата на тогашната технологија, што говори доволно за ограничувањата на твојот мозок.

Дефинитивно си заглавен во минатото, имаш повеќе од 60 години историја да научиш за да можеш да коментираш за настаните во третата деценија од 21-от век.
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.635
Поени од реакции
5.316
Дефинитивно живееш во 1950-те години, со оглед на фактот дека ги делиш државите и луѓето на наши и нивни.
Класично комунистичко спинување и дефокусирање. Ги превртуваш зборовите мои, и сакаш да прикажиш нешто што немам напишано, како да го имам. Со таа комунистичка доктрина и филозофија, не можеш повеќе, не живееме во Северна Кореја.
Карактеристично за РАМ меморијата за 1950-те години е дека ја имало во многу мали количини поради ограничувањата на тогашната технологија, што говори доволно за ограничувањата на твојот мозок.
:) Не знам дали сакаше со ова смешен да испадниш, или што. Но верувај, дека твојов `хумор`, боли кога ќе го читаш, боли до коска.
Но и пред 1950-те години твојата теорија не држеше вода исто како што не држи вода ниту денес.

Oу, па ние сме го имале модерниот Аугуст Ландмесер на кајгана форум :) Извинете господине, не ве препознав.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.538
Класично комунистичко спинување и дефокусирање. Ги превртуваш зборовите мои, и сакаш да прикажиш нешто што немам напишано, како да го имам. Со таа комунистичка доктрина и филозофија, не можеш повеќе, не живееме во Северна Кореја.

:) Не знам дали сакаше со ова смешен да испадниш, или што. Но верувај, дека твојов `хумор`, боли кога ќе го читаш, боли до коска.

Oу, па ние сме го имале модерниот Аугуст Ландмесер на кајгана форум :) Извинете господине, не ве препознав.
Единствениот кој врши било какво спинување и дефокусирање на темава си ти.

За почеток од поодамна ја однесе темата оф-топик, постојано избегнуваш да одговараш на прашања кога ќе останеш без аргументи со кои би ги поткрепил твоите коментари, и токму ти се однесуваш како да сме веќе нападнати од Северна Кореја, ама затоа тука си ти за да ги разоткриеш комунистичките инфилтратори.

Ваквиот макартизам од твоја страна може да функционира во 1950-те години, но денес во 21-от век луѓето од поодамна имаат расчистено со идеолошките фасади.

До коска може да те боли само твојата неписменост и незрелост, но добро, додека администраторите и модераторите ти даваат слобода да ги демонстрираш на дело, мора истите да бидат извадени на виделина за сите останати членови и посетители на форумот.
 
Господине Ландмесер, ви се молам. Ако сите членови на форумов сте ти овај палачинката и фенерот на диоген, и компанијата стаљинољупци тука, тогаш ми е мило да ти кажам што според тебе не сум со вас, ако сум, би си пукал вo нога...

Јас вам господине Ландмесер ви одговорив на прашањата, се извинувам ако не ве бендисаа одговорите, но не сме сите ботчиња програмирани, заглавени во кгб филмој...

Идеолошки фасади?! Ај ви се молам,со тие изрази господине Аугуст веќе почнувате да се бламирате. Јас имам против само фашизмот и комунизмот..Ако вам не ви се допаѓа тоа, тогаш тоа е ваш проблем.

И, кажете ако овде на темава сите треба да му се клањаме на тој вашиот идол, бркатиот психопат, и ако си имате еден тип на социјално клупче на почитувачи на ликот и делото на дотичниот брк, и сите да си шлапкате едногласно хвалоспевајќи го неговото психопатско делување врз сопствениот народ, тогаш господине модераторите можат да ме банираат од темата, блокираат и слично. Вашата ментална матрица не дозволува различни мислења. Се извинувам, но тука сум да си искажам мислење, ако не ви се допаѓа, господине Ландмесер, тогаш тоа е ваш проблем..Земете си Мајкрософт Офис, и почнете си во Ворд сами со себе да си пишувате, можеби и тогаш нема да имате исти мислења ;)
 
D

Deleted member 12196

Гостин

Џабе е на слепиот да му намигнуваш, на глувиот да му шепотиш и на будалата да му објаснуваш.
 
Јас не се викам ниту Аугуст, ниту Ландмесер, но сепак го споделувам неговиот третман кон нацизмот и сличните општествени уредувања, додека ти од друга страна велиш дека ако сме опкружени со држави членки на воено-профитерски сојуз со забележително фашистички карактеристики, немаме друг избор освен да бидеме дел од таквиот сојуз.

Се декларираш себеси како анти-фашист и анти-комунист, а исторемено одбиваш да ги осудиш злосторствата на држави кои себеси се декларираат како демократски, а кои имаат многу слични карактеристики со злосторствата на фашистите и комунистите.

Гледаш на светот исклучиво и само на црно или бело, а притоа одбиваш да го прифатиш сивилото во твојата западна идила кое е повеќе од забележително.

Ако некој живее тука во филм, тоа си ти, и тоа живееш во мекартизмот од 1950-те години, а тоа е ептен застарена приказна која заврши неславно во 1950-те години, слично како и фашизмот и комунизмот кои ти ги осудуваш.
 
Последно уредено:

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.635
Поени од реакции
5.316
Јас не се викам ниту Аугуст, ниту Ландмесер, но сепак го споделувам неговиот третман кон нацизмот и сличните општествени уредувања, додека ти од друга страна велиш дека ако сме опкружени со држави членки на воено-профитерски сојуз со забележително фашистички карактеристики, немаме друг избор освен да бидеме дел од таквиот сојуз.
Пак ми ставаш зборови што не сум ги рекол. Јас не ти реков дека немаме друг избор, туку дека нема да не остават и да сакаме да бидиме во друг сојуз, затоа му е интересот за нас, а не дека сме некој битен фактор. Немаме моќ, за жал, да влијаеме врз светските геополитички поместувања како мала држава, едноставно таков е соодносот на силите тука на Балканот. Е сега имаме два избора, или ќе играме паметно и ќе опстоиме, или ќе одиме со главата во ѕид и ќе не распарчат повторно. Тоа е реалноста, колку таа ни се допаѓала или не.

Ете, пример Србија, најблиска земја со Русија е. Зошто постојано сака во ЕУ да влези? Зошто размислуваат 20 год напред.

Е сега, доаѓаме до тоа која е цената која треба да ја платиме односно ја плативме (не велам дека се согласувам со тоа)..Да беа нашите власти паметни 30 години уназад, од ова парче земја ќе напраеа да биди стандардот минимум како во Чешка и Словачка, па ќе видиш тогаш како ни Грција ни Бугарија немаше да прават проблем за ништо, оти немаше да смеат да зуцнат. Кај нас 30 години сите власти главен приоритет им беше како да направат капитал, како да се збогатат..
Се декларираш себеси како анти-фашист и анти-комунист, а исторемено одбиваш да ги осудиш злосторствата на држави кои себеси се декларираат како демократски, а кои имаат многу слични карактеристики со злосторствата на фашистите и комунистите.
50 пати ги осудив сите злосторства направени од сите држави во светот,дали источни или западни,доколку ги има. Не спинувај.
Гледаш на светот исклучиво и само на црно или бело, а притоа одбиваш да го прифатиш сивилото во твојата западна идила кое е повеќе од забележително.
Западот со сите свои негативности и позитивности, е стопати подобра опција за Македонија отколку да јадиме леб и сол, и некој дибек на ТВ да ни кажува колку убаво живееме. Пак ќе речам, од сите вас љубители на сталинистичките култури, доколку се одлучите да ја напуштите Македонија, 99,9% од вас за своја следна дестинација ќе одберите западна земја, нема да се преселите во Москва, Минск и Пекинг. Зошто ако се толку добри не одат таму?
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.538
Пак ми ставаш зборови што не сум ги рекол. Јас не ти реков дека немаме друг избор, туку дека нема да не остават и да сакаме да бидиме во друг сојуз, затоа му е интересот за нас, а не дека сме некој битен фактор. Немаме моќ, за жал, да влијаеме врз светските геополитички поместувања како мала држава, едноставно таков е соодносот на силите тука на Балканот. Е сега имаме два избора, или ќе играме паметно и ќе опстоиме, или ќе одиме со главата во ѕид и ќе не распарчат повторно. Тоа е реалноста, колку таа ни се допаѓала или не.

Ете, пример Србија, најблиска земја со Русија е. Зошто постојано сака во ЕУ да влези? Зошто размислуваат 20 год напред.

Е сега, доаѓаме до тоа која е цената која треба да ја платиме односно ја плативме (не велам дека се согласувам со тоа)..Да беа нашите власти паметни 30 години уназад, од ова парче земја ќе напраеа да биди стандардот минимум како во Чешка и Словачка, па ќе видиш тогаш како ни Грција ни Бугарија немаше да прават проблем за ништо, оти немаше да смеат да зуцнат. Кај нас 30 години сите власти главен приоритет им беше како да направат капитал, како да се збогатат..
50 пати ги осудив сите злосторства направени од сите држави во светот,дали источни или западни,доколку ги има. Не спинувај.
Западот со сите свои негативности и позитивности, е стопати подобра опција за Македонија отколку да јадиме леб и сол, и некој дибек на ТВ да ни кажува колку убаво живееме. Пак ќе речам, од сите вас љубители на сталинистичките култури, доколку се одлучите да ја напуштите Македонија, 99,9% од вас за своја следна дестинација ќе одберите западна земја, нема да се преселите во Москва, Минск и Пекинг. Зошто ако се толку добри не одат таму?
Безброј пати се имам согласено со тебе дека сме тотално небитна држава, но ти упорно одбиваш да објасниш зошто САД и НАТО би сакале тотално небитна држава по секоја цена да биде нивна членка. Не можеш да се повикуваш на Русија бидејќи Русија не демонстрира никакво влијание на Балканот, поддршката на Србија со непризнавањето на Косово како независна држава е логична политика на држава која го брани сопствениот територијален интегритет, а не демонстрација на политичко влијание.

Не мислиш дека поткуп полесно ќе поминеше за членство во НАТО, отколку внатрешно уништување на една држава ?

Тотално небитна држава лесно се продава за ситни пари, на пример милијардата на Циле за признавањето на Тајван која освен Циле никој друг во Македонија не ја виде. Има безброј начини за зачленување на една држава во воен сојуз, балкански татарстан прифати да се бори на страната на Централните сили - Германија, Австро-Унгарија, Турција - во Првата Светска Војна бидејќи на татарите им беа ветени заем од 500 милиони златни лева, целата територија на Македонија, како и дополнителен воен заем во износ од 200 милиони франци доколку војната трае повеќе од 4 месеци, ете ти пример за поткуп на една држава.

Од друга страна, западните "пријатели" и "НАТО сојузници" на Македонија за кои ти велиш дека се подобра опција отколку да јадеме леб и сол, до денешен ден немаат апсолутно ништо ниту ветено, ниту испорачано за нивната најнова држава пријателка и НАТО сојузничка.

Кога сме кај Русија и Кина, во Русија имам пријатели од средно кои имаат роднини во Австрија и Швајцарија, цело средно велеа дека после матура ќе се преселат во Австрија или Швајцарија, за 2 години после матура да се преселат во Русија, каде што немаат никого. Живеат во Русија повеќе од 17 години и до денешен ден говорат само најубави работи за таа држава и за условите за живот, па ако тие ме лажат мене и јас те лажам тебе.

Во Кина живее познаник мој, поточно пријател на мој пријател, кој се има преселено таму во 2002 година и до денешен ден вели дека било каква фобија која западњаците ја негуваат кон Кина е целосно оправдана, бидејќи таа држава со секој ден станува само побогата, а парите ги инвестираат низ целиот свет, што не е баш во корист на матичната држава на американскиот долар - моментално најкористената валута во меѓународната трговија - која мора да бира помеѓу социјалните програми за да го одржат својот домашен социјализам или финансирање на државни удари и војни низ светот, а со зголемувањето на јазот помеѓу богатите кои избегнуваат плаќање на даноци, и сиромашните кои немаат со што да плаќаат даноци, воениот буџет и буџетот за социјални програми немаат многу голема дојка за да се нахранат.

Твојата приказна дека западот нешто не дозволува не се совпаѓа со реалните факти на терен. Еве ќе ти ја потенцирам Кина повторно како пример. Во 2019 година, Кина преговараше договор за партнерство со Боливија - државата со најголеми залихи на литиум во светот - кој меѓу другото би предвидувал изградба на заедничка фабрика за производство на литиумски батерии во Боливија. Иако договорот никогаш не беше ниту потпишан, ниту ратификуван, сепак демократорските САД не ја бендисаа ваквата идеја, па во ноември 2019 на социјалистичкиот претседател на Боливија Ево Моралес му се случи државен удар, по што човекот мораше да ја напушти државата. Но масовните протести кои следуваа од боливиското население резултираа со победа на неговиот сојузник Луис Арсе на вонредните претседателски избори во Боливија во октомври 2020, по што Моралес се врати наредниот месец од Аргентина после речиси година дена поминати во прогонство.

Слично демократорско сценарио му подготвија и на Александар Лукашенко во Белорусија во август 2020, но некако сценариото не се спроведува баш онака како што го имаат испланирано демократорите во Вашингтон и Брисел. Тоа е реалноста, без разлика дали ти се допаѓа или не.
 
Последно уредено:

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.635
Поени од реакции
5.316
Безброј пати се имам согласено со тебе дека сме тотално небитна држава, но ти упорно одбиваш да објасниш зошто САД и НАТО би сакале тотално небитна држава по секоја цена да биде нивна членка. Не можеш да се повикуваш на Русија бидејќи Русија не демонстрира никакво влијание на Балканот, поддршката на Србија со непризнавањето на Косово како независна држава е логична политика на држава која го брани сопствениот територијален интегритет, а не демонстрација на политичко влијание.
Русија не демонстрирала никакво влијание на Балканот? :) Ова е мајтап, шега, оксиморон или вистинско твое мислење? Ова последново мислам дека е со најмал коефициент.
Кога сме кај Русија и Кина, во Русија имам пријатели од средно кои имаат роднини во Австрија и Швајцарија, цело средно велеа дека после матура ќе се преселат во Австрија или Швајцарија, за 2 години после матура да се преселат во Русија, каде што немаат никого. Живеат во Русија повеќе од 17 години и до денешен ден говорат само најубави работи за таа држава и за условите за живот, па ако тие ме лажат мене и јас те лажам тебе.
Твојата приказна дека западот нешто не дозволува не се совпаѓа со реалните факти на терен. Еве ќе ти ја потенцирам Кина повторно како пример. Во 2019 година, Кина преговараше договор за партнерство со Боливија - државата со најголеми залихи на литиум во светот - кој меѓу другото би предвидувал изградба на заедничка фабрика за производство на литиумски батерии во Боливија. Иако договорот никогаш не беше ниту потпишан, ниту ратификуван, сепак демократорските САД не ја бендисаа ваквата идеја, па во ноември 2019 на социјалистичкиот претседател на Боливија Ево Моралес му се случи државен удар, по што човекот мораше да ја напушти државата. Но масовните протести кои следуваа од боливиското население резултираа со победа на неговиот сојузник Луис Арсе на вонредните претседателски избори во Боливија во октомври 2020, по што Моралес се врати наредниот месец од Аргентина после речиси година дена поминати во прогонство.
И дојде на власт Луис Арсе..Ја изгради фабриката?! И кај беше на бацирака пред да го остават да биди на власт, знаеш ли?

Значи тоа е тоа што го зборувам, а ти критикуваш, а јас ја кажувам само реалната состојба..Констелација на моќ и сила. Русија и Кина во моментов ја немаат ни половина моќ што ја има западот, остај настрана Инфомакс и компанија, финансиските текови и движењето на парите и капиталот во светот тоа го покажува многу јасно. Русија ни сега не е милосрдна, а камоли да ја има моќта на Западот во моментов..Ќе гледаме реинкарнација на СССР.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.538
Русија не демонстрирала никакво влијание на Балканот? :) Ова е мајтап, шега, оксиморон или вистинско твое мислење? Ова последново мислам дека е со најмал коефициент.
Повели дај пример за демонстрацијата на руско влијание на Балканот.

Јас колку што помнам твоите западни миленици се тие кои бараат од Србија да го признае како независна држава балканското Манџуко наречено Косово.

Истовремено колку што помнам, во 2001 година токму твоите западни миленици САД, НАТО и ЕУ им помагаа на македонските домашни велепредавници во преговарање, потпишување и ратификување на велепредавнички рамковен договор во Охрид.

Во 2018, односно во 2019 година, токму САД со нивниот заштитен извор Никола Димитров, помагаа во преговарање, потпишување и ратификување на велепредавнички договор со Гејлада во Преспа.

Повели посочи каде тука ја гледаш Русија.

И дојде на власт Луис Арсе..Ја изгради фабриката?! И кај беше на бацирака пред да го остават да биди на власт, знаеш ли?

Значи тоа е тоа што го зборувам, а ти критикуваш, а јас ја кажувам само реалната состојба..Констелација на моќ и сила. Русија и Кина во моментов ја немаат ни половина моќ што ја има западот, остај настрана Инфомакс и компанија, финансиските текови и движењето на парите и капиталот во светот тоа го покажува многу јасно. Русија ни сега не е милосрдна, а камоли да ја има моќта на Западот во моментов..Ќе гледаме реинкарнација на СССР.
Фабриката никогаш не беше ниту договорена за да биде изградена, но самиот факт дека воопшто нејзиното спомнување како опција беше доволно за да се случи државен удар кој - фала му на Бога - не траеше долго, говори дека дури и самото хипотетичко, а не реално постоење на таа фабрика, беше доволно за да им ги помати сметките на одредени индивидуи северно од Ел Пасо, Тексас. Но сепак поминати се нешто повеќе од 7 месеци од доаѓањето на Луис Арсе на власт во Боливија, па како што Рим не бил изграден за еден ден, така и возобновување на држава која помина речиси година дена под власт на хунта прошверцувана преку државен удар спонзориран од ЦИА не се спроведува за еден ден.

Дали воопшто ги читаш коментарите на кои реплицираш ?

Убаво ти спомнав дека информациите кои ги имам за животните стандарди во Русија и во Кина ги имам добиено од луѓе кои лично ги познавам, а не од Инфомакс и компанија.

Но еве ти и некои други извори на информации, се надевам дека не ги ставаш во ист кош со Инфомакс и компанија.

G7 summit: Spending plan to rival China adopted

Nato warns of military challenge posed by China

Единствената реинкарнација на која сведочиме денес, е реганизмот од 1980-те години, чии што надворешни политики секогаш се темелат врз една и единствена цел - замачкување очи на јавноста пред огромните долгови на државата и на нацијата, но истиот не успева во денешниот свет во кој ниту руската мечка, ниту кинескиот змеј не реагираат на западниот стап, бидејќи истиот едноставно не е повеќе доволно долг и доволно тврд за да стигне до нив.

За Русија да биде милосрдна, треба прво западот да направи пример за милосрдија, а не да им продава памет на држави како Србија и Македонија со примери за внатрешно самоуништување.

Замисли САД да поканат руска војска на Косово со цел заедничко превземање на локалната и регионалната власт и нејзино мирно враќање под контрола на Србија. По пат и заедно нека формираат суд на кој ќе им судат на учкарите за нивните злосторства против човештвото. Од една страна тоа ќе биде одличен знак за заедничка соработка и партнерство кое во целост го исфрлува НАТО надвор од балканската сцена, а од друга страна би бил одличен пример за подобрување на односите на две големи светски сили.

Настрана фактот дека не треба човек да му биде благодарен на рекетар бидејќи му ги вратил парите кои ги изнудил од него, сепак што мислиш, како ќе реагираат Србите, па и ние Македонците на таквото милосрдие ?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom