Белорусија

Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Ти си ја видел со свои очи таа фамозна хиперсонична ракета, или само така си слушнал?

Сум имал прилика да се дружам повеќе месеци со Руси кои живеат во Ставропол и во Оренбург, и сум добро запознат со повеќе работи во поглед каков е животот таму, и да ти кажам искрено, не се разликува со оној што го имаме тука ние во Македонија, според нивните зборови.

Баш така. Да се послужам со басни како еден член тука што обожаваше басни да пишува. Работава мене ми изгледа како некој локален були, кој оди по комшии покажува мускули. Сите пари што ги има ги дава втеретана и на стероиди, и сите од него околу се тресат, а кога ќе си појди дома, на маса има само леб, масло и пипер и му дува од пенџерињата кои не се променети 203 години.

Тие што ги малтретира булито, кога ќе си појдат дома си одат во чисти и средени куќи, со ПВЦ дограма, со тв, интернет, со јадење и пиење итн..Нив не им е толку важно да се јаки во тепање, бидејќи не им е таква филозофијата, туку нив поважно му е да си се облечени убаво, да си имаат убав дом, да се нахранети и да си имаат услови за живот.

И доаѓаме до фактот дека булито впрочем, си ги лекува фрустрациите малтретирајќи други, а кога ќе дојди некој поголем батко од некое друго маало кој не само што е понавежбан доаѓа и убаво дотеран, со кола.И кога ќе добие по уши, локал булито почнува да се жали и да цвика кај својата тетка со закосени очи, а таа е толку тромава и гломазна, што да се помести ќе и требаат 32 години...
Сериозно сеуште се расправаш со бачињава?
Бујрум сведочења од луѓе кои живеат на патот помеѓу Питер и Москва(што ќе рече далеку, далеку од длабоката провинција):

Земаат пензија од 30-40 евра, живеат во куќи од дрва, серат во полско веце и црпат вода од бунар. Да не речам нема вакви работи во Македонија, а за од Хрватска нагоре да не коментирам. И тоа видеово е снимано пред Мајданот и санкциите. Ден денес живеат уште покатастрофално, а пензијава од 2400 рубљи на старецот му вреди 24 евра. Смешно и патетично е да се споредува Руската економија со ЕУ. Има луксуз, но тој е ограничен на олигарси и квартови од неколку града, останатото е беда и сиромаштија. А да не беше бизнисот од нафтата и природните ресурси БДП-то пер капита ќе им беше на ниво на Африканските земји, јер не произведуваат апсолутно ништо позначајно.
И тоа ова рачунајте на место кое што е не повеќе од 30 километри од Москва и на најпрометен пат со Петерсбург. Кој знае каква беда е таму на исток од столицата наспрема Сибир.

Само да победи Бајден, ваму ќе ги бркаме сите бачиња, па нека се фалат оттаму со руските хиперсуперсонични ракети.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.563
Поени од реакции
26.078
Едноставно, не не бива...Факт...
Збори си за тебе, има и Македонци што ги бива, кој во странство, кој уште тука .. и си тераат ...
Автоматски споено мислење:

Не е пичкевац у внатрешноста у САД, туку Сан Франциско....
 
Последно уредено:

SNM

Член од
19 август 2020
Мислења
564
Поени од реакции
1.336
И велиш тој им вели на Русите дека би било добро да научат чеченски јазик и да вработуваат Чеченци во приватните фирми ?
Академикот Рамзан Кадиров ја исече својата прва руска глава на 18-годишна возраст. Чеченија има најголем буџет по глава на жител во цела Русија. Некои Руси веруваат дека плаќаат репарации.
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.635
Поени од реакции
5.316
Збори си за тебе, има и Македонци што ги бива, кој во странство, кој уште тука .. и си тераат ...
Зборувам за општество како целина. Да не биваше немаше после промена на име да има 200 луѓе надвор на улица. Сите ќе бевме.. Енд оф стори....Да не почнуваме со турското ропство итн.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.563
Поени од реакции
26.078
Зборувам за општество како целина. Да не биваше немаше после промена на име да има 200 луѓе надвор на улица. Сите ќе бевме.. Енд оф стори....Да не почнуваме со турското ропство итн.
Тоа се жалопојки, самосожалувачки... Нема врска со бивање-небивање на цел еден народ... Евреите речиси доброволно во смрт оделе пред 70 години, истите тие Евреи што ја исмевале новата израелска држава на Теодор Херцл, па не била работата дека не ги бивало, ситуацијата денеска го тврди спротивното... Туку најлесно е да се предадеш, а и не ти замерам... како што сите во Израел не се Моше Дајан, Бен Гурион и Ели Коен, така и кај нас не се сите Гоце Делчев.... Некои во беизлесноста стануваат херои, а повеќето се предаваат, па дури и ако ги праќаат во гасни комори...
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.486
Поени од реакции
11.542
Академикот Рамзан Кадиров ја исече својата прва руска глава на 18-годишна возраст. Чеченија има најголем буџет по глава на жител во цела Русија. Некои Руси веруваат дека плаќаат репарации.
Значи дефинитивно е амнестиран злосторник против човештвото.

Сега после амнестијата и откако начекал власт, дали повикува на независна Чеченија или ги повикува Русите да учат чеченски јазик или да вработуваат Чеченци, или игра на музиката на Москва ?
 
SNM

Член од
19 август 2020
Мислења
564
Поени од реакции
1.336
Значи дефинитивно е амнестиран злосторник против човештвото.

Сега после амнестијата и откако начекал власт, дали повикува на независна Чеченија или ги повикува Русите да учат чеченски јазик или да вработуваат Чеченци, или игра на музиката на Москва ?
Зошто му е независност? Му плаќаат куп пари. Да не е луд. Прави што сака на својата територија. Ниту едно федерално тело не смее да оди во Чеченија без дозвола от Рамзан. Точно е, тој е најверниот војник на Путин.
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.635
Поени од реакции
5.316
Тоа се жалопојки, самосожалувачки... Нема врска со бивање-небивање на цел еден народ... Евреите речиси доброволно во смрт оделе пред 70 години, истите тие Евреи што ја исмевале новата израелска држава на Теодор Херцл, па не била работата дека не ги бивало, ситуацијата денеска го тврди спротивното... Туку најлесно е да се предадеш, а и не ти замерам... како што сите во Израел не се Моше Дајан, Бен Гурион и Ели Коен, така и кај нас не се сите Гоце Делчев.... Некои во беизлесноста стануваат херои, а повеќето се предаваат, па дури и ако ги праќаат во гасни комори...
Кој рече дека се предава?? Зошто импутираш зборови??Човек што ја кажува вистината, не значи дека се согласува со неа, треба да ги разграничиш работите. Јас лично никогаш нема да прифатам да бидам северномакедонец, туку Македонец од Македонија. Секој си води битка на своето поле..Но фактите се тие колку и да се поразителни..
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.486
Поени од реакции
11.542
Зошто му е независност? Му плаќаат куп пари. Да не е луд. Прави што сака на својата територија. Ниту едно федерално тело не смее да оди во Чеченија без дозвола от Рамзан. Точно е, тој е најверниот војник на Путин.
Не зошто му е независност, туку дали воопшто подбуцнува со такви приказни за мали деца ?

Ако не подбуцнува и ако игра на музиката на Москва - па макар и во замена за пари - тогаш значи неговата лојалност има цена, за разлика од мирољубивите рамковнисти кои и покрај се` што добија сепак никогаш нема доволно за нив и воопшто не им е гајле за националниот суверенитет и територијалниот интегритет на Македонија.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.563
Поени од реакции
26.078
Кој рече дека се предава?? Зошто импутираш зборови??Човек што ја кажува вистината, не значи дека се согласува со неа, треба да ги разграничиш работите. Јас лично никогаш нема да прифатам да бидам северномакедонец, туку Македонец од Македонија. Секој си води битка на своето поле..Но фактите се тие колку и да се поразителни..
Да кажеш не не бива е предавање... Тоа искажување на сопствената немоќ и притоа кривејќи го сопствениот народ. Народот никогаш не бил тој што ги земал работите во своите раце, туку поединци... Јас се сложувам дека треба да ја видиме вистината во очи, пред се за да можеме успешно да ја продолжиме или поточно започнеме борбата... Но вистината не е е дека не не бива... За никој народ таа констататција не е вистинита... Вистината е дека Македонскиот народ се наоѓа во една комплексна и крајно неповолна ситуација. Уште повеќе на сето тоа се зголемува комплексноста со фактот дека постои илузија дека позади Македонскиот народ стои држава и му дава лажна и залудна надеж во безизлезноста, која уствари ја убива секоја природна желба за самоодбрана.. Таа состојба буквално може да се спореди со експериментот на варење на жива жаба со постепено зголемување на температурата.

Не мислам дека постои некаква глобална конкретна завера против Македонскиот народ, туку едноставно тековите на историјата не донеле во една таква ситуација. Но не е и дека не постојат одредени анимозитети во Европа кон Македонците, кои може да црпат одредени корени од периодот на нарко-картелите и терористичките дејанија во дваесетите и триесетите години. Но и негативна конотација воопшто за Македонското прашање поради причина што било директна причина за 2-3 крвави конфликти во 20 век.

Борбата за Македонија, не се започнува со констатација „не не бива“... Со таква констатација се започнува капитулацијата...
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Не зошто му е независност, туку дали воопшто подбуцнува со такви приказни за мали деца ?

Ако не подбуцнува и ако игра на музиката на Москва - па макар и во замена за пари - тогаш значи неговата лојалност има цена, за разлика од мирољубивите рамковнисти кои и покрај се` што добија сепак никогаш нема доволно за нив и воопшто не им е гајле за националниот суверенитет и територијалниот интегритет на Македонија.
Чеченија од време била јак играч на Кавказот. Може да се каже повеќе незгоден отколку јак! Царот ги покорил, ама со тактика и многу жртви, Коба ги направил пуздер, ама покасно ги рехабилитирале пополека! После девеесетите и Елцин, Путин ја свртува политиката на војни и почнува со политика на поткуп! Му помага на другарчето Кадиров да ги исчисти сите други сепаратисти, а овој го става за цар и го плаќа дебело! Додуша со парите од гас и нафта од Чеченија!
Принципот на делење на власта е сличен со Мк, само што наместо Зајко и лубрикантите, од другата страна е Путин и армијата! А со нив нема играчка, Кадиров тоа го знае и има дебел ќар од тоа! Како и рамковните и чеченците го држат пазарот на дрога и проституција, нормално со поткуп и амин од горе!
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.486
Поени од реакции
11.542
...

Борбата за Македонија, не се започнува со констатација „не не бива“... Со таква констатација се започнува капитулацијата...
Ова е твојот одговор кон некој кој воопшто не ни вели дека планира да се бори за Македонија, туку вели дека не вреди да се протестира против менување на уставното име бидејќи на протест се собрале едвај 200 луѓе. Ама затоа па 100.000 протестирачи во Минск претставуваат 600.000 или 700.000 незадоволни граѓани.

Партизаните никој не ги прашувал дали воопшто сакаат да бидат под нацистичка окупација бидејќи им било одлучено одозгора, поконкретно од Берлин, па сепак се фатиле за оружје и извикувале "смрт за фашизмот, слобода за народот".

Евреите исто така никој не ги прашувал дали го прифаќаат Конечното решение кое им било одлучено одозгора, повторно од Берлин, но сепак се дигнале на востанија во Варшавското гето, Собибор и други места од каде што знаеле дека можат да излезат само во облик на пепел.

Но партизаните и Евреите не велеле "не не бива" или "нас никој не не прашува, се е одлучено одозгора", туку се бореле за сопствените животи и слободи, а тоа е спротивно на начинот на кој размислуваат тие кои се восхитуваат на површинската убавина на цивилизираните брисељаци и демократорските и слободарските САД.

Тоа е слично на игранката на ЦИА која исто така си тера бизниси со злосторници, водејќи се според принципот од Студената Војна, кој гласи:

" Не е важно кој кучкин син е на власт, се` додека е наш кучкин син " .

Кај нас од друга страна, не се наши кучкините синови кои се на власт.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.563
Поени од реакции
26.078
Ова е твојот одговор кон некој кој воопшто не ни вели дека планира да се бори за Македонија, туку вели дека не вреди да се протестира против менување на уставното име бидејќи на протест се собрале едвај 200 луѓе. Ама затоа па 100.000 протестирачи во Минск претставуваат 600.000 или 700.000 незадоволни граѓани.

Партизаните никој не ги прашувал дали воопшто сакаат да бидат под нацистичка окупација бидејќи им било одлучено одозгора, поконкретно од Берлин, па сепак се фатиле за оружје и извикувале "смрт за фашизмот, слобода за народот".

Евреите исто така никој не ги прашувал дали го прифаќаат Конечното решение кое им било одлучено одозгора, повторно од Берлин, но сепак се дигнале на востанија во Варшавското гето, Собибор и други места од каде што знаеле дека можат да излезат само во облик на пепел.

Но партизаните и Евреите не велеле "не не бива" или "нас никој не не прашува, се е одлучено одозгора", туку се бореле за сопствените животи и слободи, а тоа е спротивно на начинот на кој размислуваат тие кои се восхитуваат на површинската убавина на цивилизираните брисељаци и демократорските и слободарските САД.
Не беше тоа само обичен одговор, туку став...

Иначе за борбата, некогаш е подобро да се одложи и да се почекаат поповолни услови, одколку да се стави главата во торба непотребно ... Јас лично сметам дека во овој момент, секоја борба е залудна... Едноставно не сме спремни, не сме организирани, премногу илузии гаиме и неможеме да ја погледнеме фактичката состојба во којашто се наоѓаме....
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.635
Поени од реакции
5.316
Да кажеш не не бива е предавање... Тоа искажување на сопствената немоќ и притоа кривејќи го сопствениот народ. Народот никогаш не бил тој што ги земал работите во своите раце, туку поединци... Јас се сложувам дека треба да ја видиме вистината во очи, пред се за да можеме успешно да ја продолжиме или поточно започнеме борбата... Но вистината не е е дека не не бива... За никој народ таа констататција не е вистинита... Вистината е дека Македонскиот народ се наоѓа во една комплексна и крајно неповолна ситуација. Уште повеќе на сето тоа се зголемува комплексноста со фактот дека постои илузија дека позади Македонскиот народ стои држава и му дава лажна и залудна надеж во безизлезноста, која уствари ја убива секоја природна желба за самоодбрана.. Таа состојба буквално може да се спореди со експериментот на варење на жива жаба со постепено зголемување на температурата.

Не мислам дека постои некаква глобална конкретна завера против Македонскиот народ, туку едноставно тековите на историјата не донеле во една таква ситуација. Но не е и дека не постојат одредени анимозитети во Европа кон Македонците, кои може да црпат одредени корени од периодот на нарко-картелите и терористичките дејанија во дваесетите и триесетите години. Но и негативна конотација воопшто за Македонското прашање поради причина што било директна причина за 2-3 крвави конфликти во 20 век.

Борбата за Македонија, не се започнува со констатација „не не бива“... Со таква констатација се започнува капитулацијата...
Да не одиме многу офтопик, но мислам дека за состојбата во која сме, прво сме си виновни самите себе. Не можи бе цела историја се некој друг да ни е крив, се некој друг да ни е виновен за се...Почнувајќи од политичари кои не воделе изминатите 30 години, до најобичниот човек кој живее во некое планинско рандом место.

Па кога ќе размислам малку подалеку, и повеќе од 30 години. Да не почнувам од нашата разединетост за време на Илинденското востание, кога имаше поделби, некој беше за кревање некој беше да се доспремат па да кренат востание, па колку Македонски синови умреа и беа убивани поради искариоти наши Македонски, па за антифашистичката борба каде Македонија имаше активна улога.

Како сакаш речи, и колку сакаш демантирај, сосема друга ќе ни беше позицијата и во преговорите со Грција и Бугарија ако во изминативе 30 години успееа политичариве наши да направат од ова парче земја успешна приказна, пристоен живот, солиден стандард. Тогаш ќе беше друга песна, можеби немаше да бидиме рамноправи со грците. Ете ја Словенија ти е пример. Појди ним мени им го името, и речи му дека ќе се викате славословени или граѓани на Словенија. Или на Хрватска..Кај нас променава си помина глатко, сите вака на фб, форуми и пред коперација викаат против промена на името, а кога ќе дојди гласањето, тогаш гледаат да си пикнат некого или самите себе за 15.000 ден на државно, па другите нека му ја мислат.Да не разглабаме сега дека вината најмногу ја носат оние што не водат. Ми го споменуваш Бен Гурион, но Израелците имаа перфектна организација, перфектно ја одиграа улогата и извлекоа максимум од нивната трагедија во холокаустот, поточно беа сложни...

Ние сложни не сме биле во никој дел од историјата, затоа си сме мета на поткусурување од комшиите до светските сили...
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.635
Поени од реакции
5.316
Не е пичкевац у внатрешноста у САД, туку Сан Франциско....
До утрина постирај вакви документарци,тоа не го менува фактот за лебот и вотката. САД и Русија во споредба на стандардот на сопствените граѓани не можиш да ги пишиш во иста реченица, а камоли да ги споредуваш.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom