Бегство од Македонија

Во која европска држава е најдобро да се емигрира?

  • Германија

    Гласови: 72 26,9%
  • Шведска

    Гласови: 48 17,9%
  • Италија

    Гласови: 11 4,1%
  • Франција

    Гласови: 6 2,2%
  • Малта

    Гласови: 8 3,0%
  • Обединетото Кралство

    Гласови: 23 8,6%
  • Ирска

    Гласови: 15 5,6%
  • Белгија

    Гласови: 5 1,9%
  • Холандија

    Гласови: 24 9,0%
  • Данска

    Гласови: 15 5,6%
  • Австрија

    Гласови: 15 5,6%
  • Словенија

    Гласови: 15 5,6%
  • Полска

    Гласови: 11 4,1%

  • Вкупно гласачи
    268
Член од
31 мај 2014
Мислења
172
Поени од реакции
306
Па и да планира две години наназад, он има повеќе опции.
Македонецот има среќа што Грција е близу па ете, ќе види убава дестинација во животот. Да бевме на локација Белорусија, никогаш немаше да знаеме што е тоа море. Па и на тие места што се оди во Грција се едни од најефтините.
Се знае кои македонци идат во Миконос и оние малку полуксузни места, оние што можат без проблем да отидат и Шпанија, Франција, Турција, Египет. Додека, секој западњак може да си дозволи бар еднаш во животот да иде на полуксузно летување од Миконос а да не мора да заглавува по банки или да чека парите од свадба.

Кога веќе збориме за возење, кажи колку е цената на горивото на Запад и колку е во Македонија. Разликата е некои 20-30 центи по литар, додека платата е неспоредлива. Значи и да вози за леб (иако не е така како што збориш ти) него не го кошта премногу. Само за споредба, во Македонија има се повеќе дизелаши и плинаши додека во Европа е обратно.
Да не зборам за еко автомобили, Македонија е 5 години назад.
Еве овде во Малта, да купиш нов гланц еко автомобил државата ти помага директно со 5 до 7 илјади евра.
Ако сакаш да купиш скутер добиваш 600 евра за скутер кој чини 1500 евра.
Регистрација на еко автомобили не постои за првите 10 години, додека кај скутер тоа се 5 години.
За да ја наполниш батеријата на скутерот треба да платиш 25 центи со кои можеш да возиш 60 км.
За автомобил те чини 1 евро за сто и нешто километри.

Само да разјаснам, Малта не е една од понајевтините држави во Европа.
Минатиот месец бев во Валенсија и таму е буквално двојно поефтино од Малта.
Малта била една од поефтините, сега сигурно е на добар пат да биде меѓу една од најскапите држави за живеење.
Цената на становите е како таа во Германија, на некои локации и поскапа.

А ова што го збориш за платите во Германија ми е за неверување. Толкави се во Малта. Јас имам разговарано со премногу луѓе кои живеат таму и платите се далеку подобри од тоа ти што го прикажа.

Како и да е, многу е глупо да кажеш дека македонецот и германецот со просечна плата горе-доле добиваат исто.
Тоа може да го каже некој кој заработува премногу во Македонија и незнае што е да ти легнат 200 евра за цел месец или некој кој е дел од владата па работи по форуми да ги задржи младите во Република Северџанија, или ако повеќе милувате Република Тралала.
Не се разбираме. Друже не пропагирам ништо и не сум од влада. Чекам БГ пасош и јас. Туку го одделив финансискиот дел од се друго и кажав мое истражување и лично искуство во делот на заработката, иста дејност исти добра купуваш и тука и било каде. Условите за живот, мирот, сигурноста да не останеш на патот, пензиски систем здравство, образование, инфраструктура и многу друго е ужасно во МК за разлика од запад. А за финансискиот дел мислам дкеа и Германија е најлоша
 
Член од
6 јули 2017
Мислења
2.273
Поени од реакции
1.487
У Меминген ли си?Тоа е она градче кај аеродромот во близина на Минхен?Каде си сместен и колку плаќаш кирија ако не е тајна?Мислам дали имаш цел стан за себе или делиш смештај со некого?
Населба во Меминген, малку подалеку, куќа со двор, 1200 еур кирија
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Зошто милиони Германци одат на „мини работа“?

Дури 3.4 милиони Германци работат повеќе работи.
Во 2003 година такви работници имало 1.4 милиони.
Германија е прва земја во Европа по луѓе кои освен основната имаат и дополнителна работа.

Таа „мини работа“ обично им носи по 450 евра месечно.
Мотивите за работење на повеќе работи во исто време се различни, но причина најчесто е лошата финансиска состојба.
Над 4 милиони луѓе во Германија работат месечно за 2.200 евра бруто. Како дополнителна работа најчесто се бираат професии од здравство, нега, туризам, угостителство, трговија.

https://www.faktor.mk/zoshto-milioni-germanci-odat-na-mini-rabota[DOUBLEPOST=1550569106][/DOUBLEPOST]Го најдов селото овде луѓе нема, во 2003 имало 2200 жители 2012 1500 жители сега можи 1000 да има. Идила само автопатот и Мекдоналдсот :icon_lol:.

Последно уредено:
Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.370

Непобивен доказ за еквивалентноста на животните прилики тука и во странство, како и за економската апокалипса која галопира кон нас.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Цената на бербер во Германите.

52876805_1235183806649649_8606216740004691968_n.jpg [DOUBLEPOST=1551349987][/DOUBLEPOST]И цена на кујна со попуст 15 000 евра, кај нас стан ќе купиш :icon_lol:.

53063678_545170676005640_8390977155500081152_n.jpg
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Тој берберот е од селото погоре со дрон снимката, а замисли цената во голем град колку е.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Како да се шишаш за 3 евра и кујна да купиш од 1500 евра.
Па и тие се цените, шишање 200 денари, кујна од 1000 до 2000 евра.

Останува Буци да проба да поентира со цената на патлиџаните од 5 евра и лебот 3 евра.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Па и тие се цените, шишање 200 денари, кујна од 1000 до 2000 евра.

Останува Буци да проба да поентира со цената на патлиџаните од 5 евра и лебот 3 евра.
Толку цената на храната во Швајцарија е.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.730
Поени од реакции
9.770
Тој берберот е од селото погоре со дрон снимката, а замисли цената во голем град колку е.
13-15 евра :toe: Исто ко што ти не регистрираш 200 денари (или колку и да е) за бербер, така и овде никој не регистрира 15 евра месечно во глава и не се замара со нив.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Добро до бербер дојдовме, валво пред некоја година замараше со цени за центрирање на гуми :icon_lol:
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.730
Поени од реакции
9.770
Добро до бербер дојдовме, валво пред некоја година замараше со цени за центрирање на гуми :icon_lol:
Тоа се тие важни работи за квалитет на живот :) Финансиска/социјална/здравствена стабилност, напредок во кариера, мир и спокој, чист воздух и функционална држава...кој се замара со тоа. Важно берберот зема 15 евра и празот не е како од нива во МК.

За да има берберот, мајсторот или било која услужна дејност германска плата, мора да наплаќа и германски цени. Во Норвешка сигурно е поскапо, ама и платата е поголема. Мислам, има логика или?
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Тоа се тие важни работи за квалитет на живот :) Финансиска/социјална/здравствена стабилност, напредок во кариера, мир и спокој, чист воздух и функционална држава...кој се замара со тоа. Важно берберот зема 15 евра и празот не е како од нива во МК.

За да има берберот, мајсторот или било која услужна дејност германска плата, мора да наплаќа и германски цени. Во Норвешка сигурно е поскапо, ама и платата е поголема. Мислам, има логика или?
Налет ова (знам дека си во право, секој нормален знае дека тоа се приоритетите), се гледа дека буци не се фарбал и не се шминкал па да знае што цени има во Македонија и сега демек паднат на газ. Па и кујна 15,000 евра а во Карес двосед е 5,000 евра и уште ти викаат ние не сме продавница за секој :icon_lol:

А и во Германија знам шминка е шминка, крај на муабетот. Кај нас свадбена шминка 100 евра :icon_lol: :icon_lol: Свадбена бе, сигурно и трака за бандажирање ти става па мачка пудра.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Налет ова (знам дека си во право, секој нормален знае дека тоа се приоритетите), се гледа дека буци не се фарбал и не се шминкал па да знае што цени има во Македонија и сега демек паднат на газ. Па и кујна 15,000 евра а во Карес двосед е 5,000 евра и уште ти викаат ние не сме продавница за секој :icon_lol:

А и во Германија знам шминка е шминка, крај на муабетот. Кај нас свадбена шминка 100 евра :icon_lol: :icon_lol: Свадбена бе, сигурно и трака за бандажирање ти става па мачка пудра.

Види сега свадбената шминка обично се мисли дека се става еднаш во животот :icon_lol:, ама се е реалитвно и загубата на Ворен Бафет од 25 милијарди долари тој ја гледа на свој својствен начин а јас ја гледам на мој начин :icon_lol:.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Види сега свадбената шминка обично се мисли дека се става еднаш во животот :icon_lol:, ама се е реалитвно и загубата на Ворен Бафет од 25 милијарди долари тој ја гледа на свој својствен начин а јас ја гледам на мој начин :icon_lol:.
Епа тогаш не кукај за 15 евра фризер :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom