Мое мислење. Индивидуално е. Од Македонија заминав поради тоа што сакав подобри услови за образование, за поперспективна работа по образованието, а и во тоа време имаше доста политички притисоци врз моите родители, иако со факултет ги избркаа од работа, приватното им пропадна но и додека работеа бевме поприлично сиромашни чак и за тогашните македонски стандарди.
Јазикот го совладав одма во 2 месеци, го вежбав со кого ќе стигнам, зборував како навијан, во секоја можна минута чак и сам со себе го вежбав. Со тек на време ги совладав и дијалектите. Денес освен по име и презиме локалците не можат да ме препознаат дека сум странец. Ама.... Кога ќе дознаат дека не сум староседелец... Одма е односот поинаков. Не те дружат, на разговор за работа или не те викаат или ти нудат сума пониска од онаа на моите колеги староседелци иако не се разликуваме. Искрено разлувам за промена на името и презимето баш од оваа причина, ми се смачи од дискриминација ради тоа.
Во сите овие години тука пријателства слабо. Овде онде по некој пријател ќе имав ама и тоа по некое време се губеше. Е сеа некои може ќе речат дека било до мене. Не знам може е до мене до карактерот мој мада не сум намќор. Ама па кога отидов на еразмус еден куп пријатели стекнав, кога доаѓав на одмор исто. Но тоа веќе не е важно. Сега сум во години кога пријателства нема, кога имаме други приоритети, кога интересите и парите и работата се поважни па сите имаме други приоритети па не е тоа битно. Битно е за помлад човек, да не го фаќаат депресии. Коа си постар е сеедно.
За работа. Шо знам. Сум во релативно барана струка иако кога беше економската криза и јас го јадев стапот. Работев свашта и живеев доста мизерно. Пред кризата нешто и ќе потрошев, купував добра облека, секоја зима одев на сноубординг, секое лето македонија,сега ништо, најминимално живеам. Купувам во лидл храна и облека, облеката ја шијам кога ке се скине, се возам со бус, иама 7 години стар мобилен од 50 евра, живеам во мувлосана дупка со цимери (ако не ми верувате можам и слики да прикачам). Работам на 2 места. Едното по струка другото на црно кога имам време во ресторан. Друштво неам, женска неам, деца неам. Нема ни абер дека ќе имам нешто од тоа. Песимист сум по однос на тоа.
Не знам што да кажам. Порано кога бев помлад ме фаќаа некои депресии, секој млад човек сака да троши да излезе, да има пријатели, женска. Јас ништо од тоа немав. Во животов се на се имам испиено 1 пиво, онака буквално коа бев на факс прва година на една забава ме натераа и оттогаш ништо. Со женско имам бидено само еднаш во цел мој живот и тоа за пари со проститутка чисто онака да видам што е тоа се*с. Единствен порок ми беа видео игри односно една игра лиг о леџендс ама престанав да ја играм. И тоа онака некое време од немајкаде играв од досада кога немав што да правам пошо немав друштво. Станав зависник последната година и пол. Стигнав и до мастер во пикот на мојата зависност на еув серверот. Ама шо знам не ми се игра више неам месеци играно, не сакам да сум зависник. земав сеа демек нова сезона една партија изиграв и ја избришав, ме мрзи треба на ново по цели денови да вежбам ужасно бавни ми се реакциите пошо неам долго играно.
Сума сумарум. Не знам што да кажам. Јас сум деформисан човек, станат сум дегенерик тотално променет. Некои че речат па зашто не се вратиш? Па не знам, со македонци тука слабо имам контакти пошо се страшно привремени луѓе. Во македонија долго не сум бил, контактите со тек на време се губат, дури имам и филинг дека сум заборавен, а и македонскиот менталитет на оговарање, сеир и слично не ми одговара. Едноставно се навикнав вака да живеам. Истотака знам дека за работа би било тешко за мене, ќе ме искористува некој максимално за ич пари. Боље да сум благо депресивен во странство и да иам полн акаунт пари него во македонија да не можам глава да кренам и да сум сиромав. Едноставно некои лиѓе неаме среќа во животот, не сме родени под среќна ѕвезда.
Одете кај што ќе одете, ви пожелувам успех и среќа, ама вардете немојте да завршите како мене. Најдете начин да имате и пари и живот.