Бегство од Македонија

Во која европска држава е најдобро да се емигрира?

  • Германија

    Гласови: 72 26,9%
  • Шведска

    Гласови: 48 17,9%
  • Италија

    Гласови: 11 4,1%
  • Франција

    Гласови: 6 2,2%
  • Малта

    Гласови: 8 3,0%
  • Обединетото Кралство

    Гласови: 23 8,6%
  • Ирска

    Гласови: 15 5,6%
  • Белгија

    Гласови: 5 1,9%
  • Холандија

    Гласови: 24 9,0%
  • Данска

    Гласови: 15 5,6%
  • Австрија

    Гласови: 15 5,6%
  • Словенија

    Гласови: 15 5,6%
  • Полска

    Гласови: 11 4,1%

  • Вкупно гласачи
    268
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.419
Поени од реакции
7.757
Сигурно овие од ИТ сектор гејмаат на работа аха.
Не знам кој ви го кажува тоа. Ако го има во една фирма не значи дека во сите е така. Некој ќе ти даде пари за играње Дота да бе.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
Форца кај виде дека преку еден пример генерализирам?
Ја сфаќаш и ти поентата на муабетот.
И не е само овој пример, и не важи за сите.
Q&A работи другаров, буквално си пичи дота 2 дур работи.
Додуше remote работи aма нема врска :D

Ја сум либерален за овие работи, но не до тој степен да почнам да го правам : Знам и фаци кои пушат трева на работа. Не се баш ИТ, ама сродни сфери - видео 3д едитори, гејм девелопери, дизајнери. И ова е вистина, не измислувам колку да имам квази аргумент да си ја поддржам тезата.
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
@ jamey jasta за едно е многу во право!
На кратко еден совет, од искуство. Учете јазик, доколку сакате да успеете некаде, било каде, па и дома;).
Имам работено во 6-7 земји, тоа значи сум морал да учам 6-7 јазици. И за беља секаде сум се погодувал или да не го знам јазикот на земјата кај што работам или одамна сум го учел, па ми останала само нитка од граматика и троа фонд на зборови.
Нејсе, сум ја почувствувал разликата, кога го лафиш абориџинскиот(домородечкиот) јазик и кога мафташ со раце или покушаваш да се вадиш на инглиш, разбираш:)
Се од корен е поинаку, од шанси да најдеш поплатена работа, до можност да се уклопиш во општеството.
Едноставно, подруго си примен кога умееш да му се обратиш некому на неговиот јазик.
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.097
Поени од реакции
5.767
Луѓе во IT сектор во Македонија гејмаат на работно место - дота 2ка си играат без проблем.
Кај го има ова?
Во Германија. CS на работно место, на службен лаптоп, ама ПОСЛЕ завршување на работно време. Исто како што во фирмата во која работев во Македонија игравме Dota, секако ПОСЛЕ завршување на работно време. Не знам од кај го извади тоа дека некој гејма за време на работно време.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.729
Поени од реакции
9.766
Зависи до фирмата, работев 3.5 години во старт-ап, пола работно време го минавме на Плејстејшн. Кошула и одело не видов тие 3.5 години, ниту јас ниту колегите. Еден колега во тренерка идеше на работа. Чил аут музика низ канцеларии, Плејбој календари по ѕидови. Кога ќе те фати мрза си работиш од дома и така. Сега сменив фирма пошто досадно ми стана таму, работам на проекти низ цела Германија и истата приказна ја има во сите помали фирми, додека корпорациите со 2 милјарди годишен обрт на пари ти се типичен капитализам, сите се 50+, од утро до мрак куцаат на ПЦ, досега немам видено некој веб страна да има отворено наместо бројки и кодови. Без да пишувам есеј, поентата ми е дека работната атмосфера, саати итн зависи до фирмата не до државата.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.419
Поени од реакции
7.757
Апсолутно се согласувам.
Кадарот во таа сфера е хардкор дефицитарен и се целата основа за правење кеш на современите фирми. Така да, можат што сакаат да прават :D
Генерално тие се млади луѓе кои лесно можат да напуштат едно работно место и лесно можат да најдат исто платено (идентично) раб место пошто цело време(!) се бараат луѓе.
Кај овој млад кадар и не е до тој степен пресуден кешот пошто СЕКАДЕ се најплатени како сектор и практично во секоја фирма земаат солидна плата, туку влегуваат во предвид и работната атмосфера, проектите, новодетерминирани термини ко work-life balance и ред други работи.
Мене ми беше муабетот за секој друг тип канцелариска работа, неповрзана со програмирање, девелопери и слично што е во екстремен дефицит.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.596
Поени од реакции
18.018
Зависи до фирмата, работев 3.5 години во старт-ап, пола работно време го минавме на Плејстејшн. Кошула и одело не видов тие 3.5 години, ниту јас ниту колегите. Еден колега во тренерка идеше на работа. Чил аут музика низ канцеларии, Плејбој календари по ѕидови. Кога ќе те фати мрза си работиш од дома и така. Сега сменив фирма пошто досадно ми стана таму, работам на проекти низ цела Германија и истата приказна ја има во сите помали фирми, додека корпорациите со 2 милјарди годишен обрт на пари ти се типичен капитализам, сите се 50+, од утро до мрак куцаат на ПЦ, досега немам видено некој веб страна да има отворено наместо бројки и кодови. Без да пишувам есеј, поентата ми е дека работната атмосфера, саати итн зависи до фирмата не до државата.
Ниту во Скопје не е ништо поразлично, кога сакаш доаѓаш на работа, кога сакаш си идеш. Нормално ако имаш демо или тикети не можеш тоа да го правиш пошто ти си тој кој што договара со клиентот што кога ќе биде готово. Има ликови кои може немаат работа баш ништо посебно тој ден али со ќеиф доаѓаат на работа да се испукаат пинг-понг/фудбалче или плејстејшн со колеги. Исто доста често, попладне обично, се мава пиво на балкон, за дрес код ако сакаш и у пижама дојди никој ништо нема да ти рече. Колегиве, со исклучок на колешките :), освен по бермуди и не видов некој да облече долга панталона летово. :)
 
Н

невидливио

Гостин
Значи сума сумарум од муабетиве.
Викате вака ако разбрав добро
Скопје. Ти даваат плата помеѓу 500 и 1500 евра, работиш ефективни 2 саати во просек... а имаш ниски трошоци за живот
Запад. Работиш 15 саати ефективни ти даваат 2000+. Трошоците скапи.

тоа е муабетот?
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.747
Поени од реакции
17.453

Можда во некој паралелен универзум. Реалноста е дека во Македонија ќе работиш 50-60 саати неделно за плата од 300-400 евра. Исклучок од ова е ИТ секторот, банките и останатите странски фирми кај што наш менаџер не ја решил работата.

Треба храброст за да се остави животот тука и да почнеш се од нула во странство, колку постар толку потешко ќе се навикнеш на промената. Факт е дека не секогаш работните услови се причина за среќен живот. Ама тоа нема врска со тоа кај повеќе се работело, туку е поише социјален аспект.
 
Ако ти имаш начини целата работа да ја завршиш за два ефективни саата, без никој од тимот да има забелешки и без никакви багови, сигурно нема да ти се развикаат зошто толку брзо си ја завршил, баш напротив. Значи си имаш фази на проектот, ако е девелопмент од скреч, се погодуваат денови кога и немаш баш толку работа. Ако си на повеќе проекти, малце поретко се дешава тоа. :)
Можда во некој паралелен универзум. Реалноста е дека во Македонија ќе работиш 50-60 саати неделно за плата од 300-400 евра. Исклучок од ова е ИТ секторот, банките и останатите странски фирми кај што наш менаџер не ја решил работата.

Треба храброст за да се остави животот тука и да почнеш се од нула во странство, колку постар толку потешко ќе се навикнеш на промената. Факт е дека не секогаш работните услови се причина за среќен живот. Ама тоа нема врска со тоа кај повеќе се работело, туку е поише социјален аспект.
И тоа како имаат улога работните услови, може имаш семејство, имаш деца, да ти е лабаво на работа во однос на тоа кога сакаш да излезеш и да си бркаш приватни работи, ако е нешто итно, е доста, доста важно по мене. Во македонска фирма, кај што имаш класични надредени/шефови/менаџери мислам дека е ова невозможно.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
И да имаш работа може да излезеш или да напуштиш порано ако е ептен итно. Тоа итно може ќе е два пати во месецот, а не три пати во неделата и да се злопотребува.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.596
Поени од реакции
18.018
И да имаш работа може да излезеш или да напуштиш порано ако е ептен итно. Тоа итно може ќе е два пати во месецот, а не три пати во неделата и да се злопотребува.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
Ако треба детето да го носиш во болница секој ден едно две недели, недај боже, се договараш со колегите и клиентот однапред околу состаноци и никој нема да ти направи проблем.

Ако немаш состаноци тој ден со клиенти/колеги можеш да напуштиш без проблем и да работиш од дома, не знам зошто не би можел? Исто имаш опција и за работа од дома.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Ако треба детето да го носиш во болница секој ден едно две недели, недај боже, се договараш со колегите и клиентот однапред околу состаноци и никој нема да ти направи проблем.

Ако немаш состаноци тој ден со клиенти/колеги можеш да напуштиш без проблем и да работиш од дома, не знам зошто не би можел? Исто имаш опција и за работа од дома.
Тоа не можат да бидат секои две недели.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
S

silmarillion

Гостин
Абе Кано, Кили другарти на Еквадор отиде. Дали тоа значи дека Еквадор е погоден за миграција? :) За купче македонци у Москва што останале од проекти проба да ми ја продаде Русија како земја за миграција : ))
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Треба да се разграничи дали се работи за печалба или селидба комплет. Ако одиш на печалба можеш и 300 евра да плаќаш стан во Германија. Несомено е дека н
таму за една година ќе заработиш колку кај нас за 5. Е сега за вака печалбарски е тежок животот. Само 20 дена да ги гледаш жената и децата е заебана работа. Практично децата живеат без еден родител.

НО, за селење е сосема друга математиката. Тука имаш многу поголеми трошоци. Пример доколку се селиш би требало да размислиш кој ќе ти ги чува децата. Ако е жената ќе живеете на една плата долго време. После киријата ќе биде 3 пати поголема минимум, сметките исто, кола ќе треба да купиш, потоа да ги школуваш децата во тој систем е едно 3-4 пати поскапо отколку да ги школуваш кај нас. Вака ќе ти остане ли за сопствена недвижнина? Според официјалните податоци дури 50% од германците немаат своја недвижнина.
Пред да влезе некој клизачи не заземам страна, не велам дека не е можно сево ова да се постигне, само предочувам некои факти кои треба да се земат во обзир.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom