Тешка и заебана тема .
Како што нашите плачат по југославија и тоа време, така и постарите "домородци" плачат по 70ти/80ти во странство. Не е тајна дека денеска младиве генерации го "јадат стапот", не само во мкд туку насекаде.Зборам за генерација на луѓе од 85та до 98ма. Оваа генерација израсна у рецесии, економски кризи, технолошки бум и во ера каде што цената на недвижностите во никој случај не корелира со реалните примања на луѓето.
Луѓе од странство ми зборувале како со жена домаќинка (значи само мажот работел и тоа не некоја wow професија, еве сметководител) можеле да си дозволат и куќа и образование за децата, и тоа како имигрант. Денеска брат, тоа тешко. Практично невозможно.
Уствари денеска е незамисливо да можеш да купиш солидна недвижност, и во МКД и во странство со некои океј примања (500 евра). Во странство со 2000 па и 3000 евричи, цел живот ќе си бидеш под кирија, да не се лажеме. Тука пак имаш некаква надеж за нешто свое. Може твоите да ти помогнат, пријатели вака-така (иако и тие муабети ретко држат вода).
Мора нешто да жртвуваш за да си ја дозволиш и тоа преку кредит, на кој ќе треба да му се тресеш неколку декади. Ќе биде во село, ќе биде во гето и такви жртвувања се многу common во странство, бидејќи проклето е тешко да купиш недвижност во нормална средина. Да не зборам колку е скапо.
Секој ама секој постар човек (50+) од странство ќе го каже истото - на младите денес им е потешко.
Плус, да не заборавиме дека работникот, односно вработениот секаде е девалвиран, немојте да мислите дека во Германија или на друго место е поинаку. Да, прекувременото е платено и слични тралалајки, ама тоа прекувремено тебе те сече од корен буквално. Тие дополнителни 2 саати на работа буквално ќе те "залепат" за кревет дома. Нема да можеш да мрднеш, не па еден мочан оброк да си направиш. ОСОБЕНО, ако работиш физичка работа. Ако имаш деца, нема да можеш муабет да им правиш од премореност.
Секаде платата на работникот/вработениот е константна и во премал раст, а работните задачи/одговорности се зголемуваат. Ова е ноторен факт и тренд.
И нормално дека работникот таму е повеќе платен од работникот овде. Тука нема дилеми. Но колку тој работник таму може реално да си дозволи повеќе од работникот овде, доколку таму се ПРЕСЕЛИ трајно?
- Не многу. Практично исто. Зборам за реални работи како недвижности, кола, образование и тн.
Таму може ќе јаде туна од 1 евро наместо ајварот што го јаде овде.
Сум видел што значи македонска имиграција во Германија и Шведска и доста од нив живеат исто скромно ко во Македонија. Јадат ствари што се тамошен синоним за ајварот овде. И не треба да го криеме ова.
Додај на ова фактот што ГОЛЕМ дел од нив незнаат да гукнат на шведски или германски, а веќе со години се таму. Штом 8 години не научиле ЗБОР на тој јазик, нема никогаш да научат. Освен можеби bruder, brot, hallo, wie gehts, guten tag и уште 3 збора. Е тоа ми е несфатливо. Тие луѓе нема никогаш РЕАЛНО да напреднат во животот пошто не сакаат да вложуваат во себе. Нешто што го задржале од овде. Очекуваат платиште а едвај чекаат денот да им помине на работа. На секои 45 минути праат по 15 мин пауза за цигара. Епа не бива браќа мои. Ако не научи јазик, цел живот ќе си биде на тоа работно место, нема теорија да мрдне нагоре по корпоративната скала.
И во македонија ако знаете германски, шпански италијански, скандинавски или друг јазик ви се отвара можност за некаква работа, дали стална или фриленс сеедно.
Се јаде го*на за сиријци, црнци и тн, кога и ние сме исти. Бесплатни курсеви по германски на СЕКОЈ ЧЕКОР значи, нашиве абер немаат да се запишат барем нешто да научат.
Но, убаво им е од 250 евра на 1200 у немачка. Не јадат ајвар, ами туна. Не пијат скопско ами оние грдите од алди што се 30 центи.
Она што е несфатливо за западњаците е каков живот ние водиме. Бегаме од држава каде што имаме роднини со ниви и органски производи. Бегаме од мали места со прекрасна природа и можност за долг живот, а се населуваме во "најзагадениот град во светот". Наместо спорт, рекреација, книги, образование, паркови, вложување во себе и здрави навики се тера кафе, алкохол, излегувања, блеење по социјални мрежи и тн.
200/250 евра плата а 90% пушачи. тие цигари ти го кратат месечниот буџет за 2-3000 денари. Логика?
Мажот иде вози камион по запад, жената и децата дома. Децата практично без родител растат.
Парите се битни за нив и нивната иднина - апсолутно, ама дали вреди децата твои да ги гледаш 2 месеци во годината? Дали они ќе бидат здрави индивидуи ако го гледаат својот татко 60 дена во годината? Или ќе израснат у дивјаци?
Не дека земам ХАРДКОР патриотски налик valvoline став. Но ова е длабока, длабока тема која е крајно индивидуална, и во секаков случај мораш да жртвуваш нешто, дали ќе останеш овде или ќе бегаш на страна. Несомнено западот нуди бескрајни можности и има милион позитивни страни.
За висококвалификуван кадар е далеку подобро на страна ради можноста за напредок пред се, иако и овде не се живее лошо за нив, не земајќи ги во предвид докторите и останат медицински кадар. И ова стриктно поради тоа што има можеби преголемо генерирање на ваков кадар од нашиве факултети (по 250? студенти само на УКИМ медицина, додај и Штип и други ако има) - што е премногу, и покрај трендот за иселување на страна.
Докторите мислам дека не треба да размислуваат дали да останат овде или да бегаат. Нека бегаат и ич да не му ја мислат.
IT секторот е исто така добро платен овде, да не се лажеме.