Бебиња и мали дечиња

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
61
Дали надареното дете е поддржувано дете?

Некои надарени деца се добро познати во јавноста и широко поддржувани. Но, тоа се ретки случаи, како музички гениј, велемајстор во шах и сл. Многу од надарените деца остануваат непризнати и неподдржани. Ова се деца, кои покрај нивниот неограничен капацитет за учење и креативно мислење, честопати се непризнаени и не им се дава потребниот поттик.

  • Надарените деца не се признати кога нивните вистински потреби не се задоволени, а тие добиваат од наставниците ист поттик колку просечните ученици.
  • Овие деца намерно одговараат на притисокот на врсниците со конформирање и очекувано однесување, избегнувајќи да бидат надвор од толпата, наместо да ги следат сопствените аспирации. Иако детето знае дека е различно, мисли дека е подобро да го крие тоа.
  • Надареното дете повеќе сака да стане невидливо за да избегне неприлики и недоразбирања, отколку да се истакнува меѓу врсниците, што може да биде сватено како закана, да биде обесхрабрувано зошто секогаш го знае точниот одговор (освен ако наставникот е екстремно свесен и тоа го разбира). Во спротивно, талентите на надареното дете остануваат скриени, што е одговор на пораките на неодобрување кои тоа дете ги добива од околината.
  • Многу од овие деца намерно ги ограничуваат своите постигања со цел да бидат прифатени од нивните врсници.

За да ја зголемат својата самодоверба, надарените деца треба да научат:

  1. Да се прифатат онакви какви што се. Супериорната интелигенција е мошне специјален подарок.
  2. Да минуваат време со луѓе кои ги поддржуваат, кои ги охрабруваат, со кои се чувствуваат добро, а не со оние кои ги потценуваат или негираат.
  3. Да разберат дека исто толку важно како да се биде паметен е да се има чувства и да се покажува почит спрема сопствената личност.
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
61
Првиот преглед на вашето бебе

Првиот преглед на вашето бебе

Вие родивте прекрасно бебе. Изброивте 10 убави прстиња, носе и се останато. Детето изгледа без грешка. Но дали е така? Понекогаш зад совршениот изглед, сепак може да се крие здравствен проблем. Пред да ја напуштите болницата, лекарите ќе го прегледаат бебето и ќе направат одредени тестови и третмани. Со нив ќе се осигураат дека бебето е здраво и ќе помогнат да остане здраво.

Апгар скор

Во првата и петата минута по раѓањето, докторот и сестрата ќе прегледаат и ќе забележат пет работи кај бебето- срцевата акција, дишењето, мускулниот тонус, рефлексите и бојата на кожата. За секоја посебно, ќе дадат оценка од 0-2, а збирот од овие оценки го сочинува Апгар скорот. Бебињата кои имаат Апгар 7 или повеќе, веројатно поминале нормално породување и се во добра состојба. Оние со пониски оценки, можеби ќе имаат потреба од додатно надгледување, иако и од нив повеќето ќе бидат добро.

Инекција на витамин К

Набрзо по раѓањето, вашето бебе ќе прими инекција витамин К. Ова го штити од ретко, но сериозно крварење, кое може да се јави кај новородените. Во првите денови по раѓањето, бебињата немаат способност самите да произведуваат витамин К, а овој витамин е неопходен за засирување на крвта.

Капки во очите

Вашето бебе би требало да биде третирано со капки или масти кои се ставаат во очите. Ова ќе го заштити од бактериски инфекции, како што се кламидија и гонореа, со кои можело да се инфицира во тек на породувањето.

Скрининг тестови

Со боцкање во предел на петата ќе се земат неколку капки крв за скрининг (откривање) на некои вродени заболувања. Овие заболувања не се очигледни на раѓањето, но ако не се откријат и третираат навреме (рано), може да доведат до физички проблеми, ментална ретардација, а во некои случаи и смрт. Во повеќето развиени земји задолжителен е скрининг-от за фенилкетонурија и хипотироидизам. И двете заболувања може да предизвикаат ментална ретардација, која може да се превенира со рана терапија. Во некои земји, додатно се врши скрининг и на некои други заболувања. Во нашата земја, засега, задолжителен е само тироидниот скрининг, со кој се открива конгениталниот хипотироидизам. Кај најголемиот дел од бебињата скрининг тестовите ќе бидат негативни. За оние неколку бебиња, кои ќе бидат со абнормални резултати, раната дијагноза и соответниот третман ќе овозможи нормален развој, во спротивно тие би имале долгорочни здравствени проблеми.

Тестирање на слухот

Овој тест мери како бебето одговара на звуци. За таа цел се користи фин слушен механизам (еарфон или микрофон), кој се става во увото на бебето. Ако дете не се тестира, пореметувањето на слухот најчесто не може да се дијагностицира, се до 2-3 година, а во овој период детето веројатно ќе развие проблеми во говорот и јазикот. Раниот третман помага да се превенираат тие проблеми. Се препорачува сите бебиња да поминат низ скринигот со кој се проценува слухот. За жал, во нашата земја овој тест сеуште не е задолжителен, засега се прави само кај ризичните бебиња.

Физикален преглед

Уште првиот ден по раѓањето вашето дете ќе биде прегледано од педијатарот. Тој ќе направи преглед на срцето, белите дробови, стомачето, ушите, очите, носот, главата, рацете и нозете.

Вакцина против хепатитис Б

Уште додека е во болница (во првите 24 часа по раѓањето) бебето ќе ја добие првата доза на хепатитис Б. Втората доза треба да биде дадена барем еден месец по првата, а третата доза- 6 месеци по првата доза. Оваа вакцина го штити бебето против вируси, кои предизвикуваат тешко оштетување на црниот дроб.

Во нашата земја (но не во разивените земји, каде туберкулозата е ерадицирана) бебето ќе прими уште една вакцина- вакцина против туберкулоза, додека е во болница. Подоцна во тек на првите неколку месеци, на местото каде била дадена вакцината (во рамаото) ќе се јави мало испапчување со централна некроза, и тоа не треба да ве плаши. Тоа е знак дека вакцинацијата била успешно дадена. Оваа вакцина штити од туберкулоза.

Каде да се обратите за совет?

Вашиот педијатар

Патронажната сестра

Клиника за детски болести-неонатолошка амбулант
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
61
Растот кај бебињата и децата

Врз растот влијаат многу фактори вклучувајќи го наследството, исхраната и здравствената состојба. Може да се проценува на повеќе начини. Ако исхраната е адекватна и ако немаат хронична болест повеќето деца постигнуваат нормален раст и развој.

Бебиња
Бебињата и децата обично не растат на идеално рамномерен начин- тие имаат тенденција да растат во „периоди“. Кај нив промена во висината и тежината се јавува за кратко време. Првата година на животот е време на најбрз раст. Просечно во првата година, бебе родено со 3.2 кг, ќе ја зголеми за три пати тежината и ќе тежи околу 10 кгр.

Мали деца
Во втората година растот забавува, детето просечно додава во тежина по 2-3 кг, секоја наредна година, се до вториот голем „врв“ во пубертетот.

Методи за проценка на растот
Постојат различни начини да се процени растот кај децата и адолесцентите. Најчесто се користат следниве:
  • Основни мерења кои вклучуваат тежина, висина и обем на главата.
  • Проценка на телесниот состав, како што е масното ткиво или мускулната маса
  • Калкулација на BMI (body mass index)
  • Споредување со стандарди- користејќи криви на растот и карти на растот, кои овозможуваат објективно да се интерпретираат мерењата.
Проценка на телесниот состав
Вклучува некои егзактни мерења како што е проценка на масното ткиво и мускулната маса. Тоа се скапи , комплицирани и тешко спроведливи мерења. Главно се користаат во медицинските истражувања.

Индексот на телесната маса (БМИ)
Одредување на БМИ е најчестиот начин да се процени дали некој возрасен е потхранет, нормално тежок или потежок од нормално. Тоа е бројка која ја интерпретира тежината во релација со висината на таа особа. Се калкулира така што се дели тежината изразена во килограми, со висината изразена во квадратни метри.

БМИ кај деца и адолесценти
Ако БМИ изнесува 20 до 25 тоа се смета за здрава тежина. Ова е точно за возрасните, но не е одговарачко за децата. Кај возрасните, растењето е завршено и ако е повисок БМИ-от тоа укажува дека се зголемило масното криво. Децата растат, кај нив количината на масното ткиво постојано се менува како и нивниот БМИ. На пример, овој индекс е помал во тек на претшколските години и потоа расте до пубертетот и до периодот на возрасен.

Стандардни криви и карти на растот
Овие карти се користат за проценка на растот на децата. Тие се добиени од големи популациони студии и го одразуваат нормалниот распон на висина и тежина, за дадената популација, во било која возраст, до перидот на возрасен. Во нашата земја користиме интернационални карти на растот, кои се изработени врз основа на популациони студии од повеќе различни земји.

Кога да се обратите на лекар?
Ако сте загрижени околу растот на вашето дете или ако имате било какво прашање и нејаснотија во врска со тоа.
Каде да се обратите за помош?
  • Вашиот педијатар
  • Клиника за детски болести - ендокринолошка амбуланта
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
61
Исхрана на деца и бебиња

  • Овошјето и зеленчукот треба да преставуваат интегрален дел од исхраната на детето. Обично, тоа првата солидна храна која ја прима бебето, но по првата година децата често стануваат избирливи и може да се случи да одбиваат овошје и зеленчук. Нема место за загриженост ако ова трае кратко време, во спротивно- може да има сериозни последици.
  • Не можете со сила да ги принудите децата да јадат овошје и зеленчук . Најдобар начин е да им покажете со сопствен пример. Доколку вие консумирате и уживате во овошјето и зеленчукот секојдневно, вашето дете, веројатно ќе ве следи. Тоа најдобар начин како учат децата.
Зошто е важно да се јаде зеленчук и овошје?
Постојат многу причини зошто треба да се консумираат различни овошја и зеленчуци. Со нив се обезбедуваат значајни витамини како витаминот С и фолната киселина. Всушност, овошјето и зеленчукот содржат преку 1000 различни хранливи состојки, кои се важни за превенцијата на некои сериозни заболувања.

Подобро е барем малку, отколку николку!
Се препорачува дневно да се внесуваат две овошја и 5 зеленчуци, но повеќето деца ( и возрасни) не консумираат толку. Голем дел од децата се погрешно научени да консумираат примамливи ужинки, богати со масти и со шеќер (разни кекси, чоколади, кремови и сл). Важно е, на детето да му понудите секој ден различни овошја и зеленчуци. Количината која ќе ја изеде, не мора да е голема и зависи од возраста и од активноста на детето. И мала количина е подобро, отколку вооопшто да не прима. Фокусирајте се не на количината, туку на тоа- да бидат застапени повеќе различни овошја и зеленчуци.

Како да постигнете вашето дете да јаде повеќе овошје и зеленчук?
Првиот чекор е задолжително да го вклучите овошјето и зеленчукот во дневното мени. Ако детето одбива , не се обесхрабрувајте! Децата учат да јадат. Следниот пат кога ќе му го понудите, можеби ќе прифати. Со возраста, се менува и вкусот. За да успеете придржувајте се на следните препораки:
  • Ангажирајте го детето во припремата на храната и во планирањето, колку и да ви се чини дека е тоа губење на време. Водете го со себе кога купувате, дозволете му да ви помага кога миете и приготвувате , дозволете му самото да си направи едноставни салати и да учествува во сервирањето. Ако имате двор или тераса можете заедно да одгледувате некое овошје/зеленчук.
  • Потрудете се консумацијата на здрава храна да стане настан во кој ужива целата фамилија, бидете позитивни, обратете внимание на презентацијата ( да биде убаво за око).
  • Вклучувајте зеленчук и овошје секаде каде е можно, во повеќе оброци, вклучувајќи ги и ужинките. Може да го дадете и во скриена форма, во некои рецепти. Не мора да смислувате нови рецепти. Доволно е да ја зголемите количината на зеленчук/овошје, во стандардните рецепти на кои е навикната вашата фамилија.
  • Не се откажувајте, колку и да ви изгледа безнадежно! На децата им е потребно време да се навикнат. Ставајте во чинијата малку, колку да пробаат. Понудете му зеленчук во форма на салата пред главниот оброк- кога децата се најгладни.
Некои практични забелешки во врска со овошјето/зеленчукот во исхраната на деца
  • Сите зеленчуци и овошја се здрави (со било која боја, облик или вид). Може да ги користите во свежа форма, смрзнати, конзервирани или сушени. Може да се консумираат свежи, или термички обработени со варење, под пареа во претис лонец , во микробранова печка, кратко пржени или печени. Важна е разноврсноста- да се земаат различни видови.
  • Сокови од овошје не се препорачуваат. Подобро е да се јаде целото овошје, а жедта да се гасне со вода. Соковите од овошје преставуваат добар извор на повеќе витамини, но тие исто така, содржат многу природни шеќери, а сиромашни се во влакнести материи.
  • Чипс од компири не е добар избор, за да се јаде компир. Чипсот се подготвува така што компирите се пржат во масло. Содржи многу масти и сол и не се препорачува во редовната исхрана ( може повремено, на пример на забави).
  • Кондиторски производи врз база на овошје, не се препорачуваат. Тие содржат многу шеќер, а се сиромашни во влакнести материи. Делуваат на развојот на кариес кај децата. Подобра алтернатива е да им понудите на децата свежа или смрзната овошна салата.
  • Пред да го дадете на детето овошјето/зеленчукот, измијте го внимателно Со тоа ќе го намалите ризикот од бактериска контаминација.
  • Следете ја сезоната. За да не го оптеретите семејниот буџет, користете сезонско овошје и зеленчук ( кога е најефтино), а може да го замрзнете или конзервирате, за подоцна. Содржината на витамини во вака приготвеното овошје/зеленчук е слична со свежите продукти.
  • Од нутритивен аспект нема разлика меѓу органските и конвенционалните производи. Од вас зависи што ќе одберете.
  • Надгледувајте го вашето дете додека јаде. За да се намали ризикот од аспирација и задавување, малите деца треба секогаш да јадат во седната позиција и да бидат надгледувани додека јадат било која храна, вклучувајќи сецкано овошје, зеленчук или други помалку цврсти храни.
Сугестии за ужинка
Вклучете зеленчук и овошје и во ужинките. Обидете се со следните идеи:
  • Корнефлекс
  • Печен компир во лушпа
  • Домашна палента
  • Сецкан зеленчук со сос или со прелив од јогурт
  • Кекси , колачи на кои им е додадено овошје или зеленчук.
  • Парчиња од смрзнато овошје или зеленчук
  • Миксирано овошје
  • Разни специјалитети од овошје
  • Канзервирано овошје
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
61
Заостанување во развојот

Што се подразбира под заостанување во развојот?
Детето кое заостанува во развојот не успева да ги постигне развојните карактеристики за дадената возраст. Во оваа група се одвојува подгрупа на деца, кај кои болеста почнала многу рано, набрзо по раѓањето. Тие деца покажуваат задоцнет развој на моторните функции, а карактеристично е дека со време, овие функции не се влошуваат. Ваквите деца често се соопштуваат како пациенти со церебрална парализа. Во оваа категорија се вклучуваат и децата со заостанување во развојот, кои се родени со мала телесна тежина. Тука не се вбројуваат децата со генетски пренесени наследни заболувања. Може да се работи за заостанување кај кое, главно се зафатени моторните системи и се манифестира со пореметување на одењето или пак за такво заостанување, каде главно е пореметен говорот и споспобноста за учење. Понекогаш се присутни и други пратечки проблеми , како на пример згрченост на мускулатурата или проблеми со видот. Во најтешките случаи зафатени се сите системи.

Кои се причините за заостанување во развојот?
Причините за успорен развој на детето се бројни. Најдобро е детето со вакво пореметување да се упати кај детски невролог, кој најдобро ќе ја утврди причината. Понекогаш, состојбата е веднаш јасна ( на пр. мозочно оштетување кај дете, кое претходно прележало тешка мозочна инфекција), но почесто за да се утврди причината, треба да се направат бројни испитувања. За таа цел детето мора да се води повеќе пати на прегледи, а понекогаш е потребно и подолготрајно следење.

Зошто е важно да се утврди причината која довела до заостанување во развојот?
  • За да може да им кажеме на родителите/фамилијата, дали постои веројатност да се роди друго дете со слични проблеми. Некои причини се наследуваат, а други настануваат случајно и веројатно е дека нема да се повторат во следните бремености.
  • За да може подобро да се предвиди крајниот исход и евентуалната појава на други проблеми и компликации.
Каква е прогнозата на децата со развојно заостанување?
Родителите често се прашуваат што ќе се случи со нивното дете кога ќе потпорасне? Дали ќе ги достигне своите врсници или “за секогаш“ ќе заостанува зад нив? Тешко може генерално да се одговори на ова прашање, бидејќи крајниот исход зависи од причината која довела до заостанување, а причините може да се различни. Повеќето од овие деца имаат одредени потенцијали, а родителите се првите кои ќе ги препознаат и ќе делуваат тие максимално да се развијат. Можно е, дете кое не е многу ретардирано во тек на детството да ги достигне своите врсници . Сепак, почесто се случува проблемот да продолжи и во адултната возраст и крајниот исход да се разликува од оној на “здравите “ деца. Сепак , можни се и драматични пресврти, како што впрочем постојат и во “просечната популација“. Некои деца напредуваат многу добро и во одреден период ги достигнуваат своите врсници, други напредуваат постепено или воопшто не напредуваат и никогаш не ги достигнуваат своите врсници.

Дали постои специфичен третман за овие деца?

Не постои специфична медицинска или хируршка процедура, со која ќе се корегира развојниот дефект. Најважна работа, која треба да ја направат родителите е да му обезбедат на детето нормална семејна атмосфера, во која тоа ќе биде сакано и позитивно стимулирано. Често пати се препорачува контакт со лекар- физиотерапевт, кој ќе спроведе соодветни вежби и стимулација. Понекогаш, децата треба да се упатат и на други специјалисти на пр. на ортопед за решавање на проблемите со мусукулите или на офталмолог, ако има проблеми со видот. Целта на третманот е колку што е можно да се зголемат способностите и да се превенираат нови проблеми.
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
Бидејќи е сеопфатна темата за бебињата и малите дечиња,ја стикирав,постојано да биде горе.
Доколку ви е потребна информација,прочитајте од почеток до крај.
Доколку имате да додадете, некој неопфатен досега сегмент,од растот и развојот на малите срцки,повелете!

Темата е отворена и за дискусија,прашања,совети.:):):)
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
Никнување на заби



Што сe подразбира под никнување на заби?


Под никување на заби се подразбира процесот на избивање на првите заби кај бебето. Обично прво никнуваaт преднитe долни заби, а потоа предните горе. Кога детето ќе потпорасне, овие први заби ќе се заменат со постојани заби, од 6-та година па натаму.

Кога треба да почне?

Обично започнува помеѓу 4-7 месеци, но некои деца се раѓаат со заби, а кај други забите не никнуваат се до 12-иот месец. И двете ситуации се сметаат за нормални.

Кои се знаците и симптомите?


Може да нема никакви симптоми или никнувањето на заби може да е болно. Непцата може да се отечени и болни. Присутно е зголемено лигавење. Бебето става сешто во уста и жвака.Може да е нерасположено и вознемирено. Спротивно на раширеното убедување, никнувањето на заби не предизвикува покачена темепратура, нити проблеми со спиењето или пролив.

Како се третира?


Може да му дадете на бебето да жвака специјален додаток за заби (или нешто тврдо, кое е доволно големо за да не може да го проголта). Со тоа може да му се олесни болката. Користи ако му дадете да жвака нешто ладно- на пр. ладно пешкирче кое претходно било ставено во фрижидер 30 мин. По секоја употреба исперете го. Избегнувајте да му дадете да жвака прстен со течна содржина внатре. Може да се случи да прсне, а течноста внатре не е сигурна. Ако го ставате прстенот за непца во фрижидер, извадете го надвор пред да се стврдне премногу. Ако е многу тврд, може да ги изгребе отечените непца на детето. Масирајте му ги непцата со вашиот прст (претходно измиен). Никогаш не му го обесувајте прстенот за непца околу вратот. Може да се задави. Бришете ја лигата од лицето на бебето за да спречите појава на исип. Ако го боли дајте му ацетаминофен (на пр. Панадон), за да му олесните. Колачиња за непца не се препорачуваат бидејќи содржат шекер и може да предизвикаат кариес.

Колку долго трае процесот на никнување заби?

Обично првите 20 заби никнуваат до 2.5-3 год.

Како да се превенираат дентални проблеми?

Чистете ја устата на детето уште од првите денови по раѓањето

По секое хранење, чистете го непцето со влажно марамче (пелена)

Откога ќе му никне првиот заб, употрбувајте нежна четка, мала четкица за заби за да го очистите. Прашајте го докторот дали треба да употребите и паста а заби.

Ако вашето бебе добие кавитети, забите ќе испаднат многу брзо, оставјќи простор, каде перманентните заби може погрешно да изникнат. Треба да го одведете кај стоматолог прв пат кога ќе наполни 1 година.

Може да настанат проблеми поврзани со хранење со цуцла со млеко од формула, засладена вода , или овошен сок ако останува во тек на ноќта или во тек на дневниот сон. Течноста се задржува околу забите и може да доведе до еродирање - т.н. циркуларен кариес. Ако вашето бебе подобро спие со шишето со цуцла, ставете во него само вода.

Никогаш не ја мачкајте цуцлата лажливка со мед или слатко.

Редовно водете го кај стоматолог, почнувајќи од 1 година.

Ако е бебето е многу вознемирено и не може да го смирите и ако му се покачи температура повикајте доктор.

Каде да се обратите за совет?

Вашиот стоматолог

Вашиот педијатар
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
Доењето смирува трајно




Некоја чашка алкохол знае да ги смири нервите. Но изгледа дека смирувачките ефекти на доењето се трајни.

Со години откако ќе ги тргнат од доење, доените деца подобро се справуваат со стресни ситуации како што е развод на родителите, одошто оние што биле на шише, сметаат истражувачите.

„Кај доените деца е помала асоцијацијата помеѓу родителски развод и одвоеност и детски страв”.

Мајчиното млеко е полно со хранливи материи, хормони, ензими, фактори за раст и антитела кои се пренесуваат од мајката на детето.

Истражувања имаат покажано дека доењето ги редуцира инфекциите, респираторните болести, диареата и го намалува ризикот од крварење по породувањето кај мајката.


- Во обсервациска студија, Монтгомери со својот тим испитувал како доени и недоени 10-годишници се справуваат со стресот предизвикан од брачните проблеми на нивните родители.

Децата се земени од групата на 9,000 млади, кои се под мониторинг од своето раѓање од страна на една голема британска студија. Од нивните учители било побарано да им го рангираат нивото на уплашеност на скала 0-50.

„Стравот бил многу помалку воочлив кај доените деца”, заклучува Монтгомери.

Истражувачите незнаат зошто доените бебиња се помалку уплашени. Тие претпоставуваат дека доењето може да е индикатор за други родителски фактори или за физичкиот контакт меѓу мајката и детето, кои можеби помагаат во редуцирање на стравот.

„Колку повеќе го посматраме доењето, толку повеќе ја согледуваме користа од него. Такво какво што е, од еволуциски аспект, нормално е да е битно за нормалниот човечки развој”, вели Монтгомери.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom