Бебињата родени со царски рез имаат различни цревни бактерии

Член од
13 јули 2006
Мислења
15.125
Поени од реакции
17.913
Бебињата со родени со царски рез имаат повеќе болнички бактерии од оние што се родени вагинално, покажуваат истражувањата

Студијата покажа дека бебињата родени вагинално во најголем дел ја земаат почетната доза на бактерии од нивната мајка, додека бебињата во царски рез имаат повеќе бактерии поврзани со болничките средини, вклучително и такви кои покажуваат антимикробна отпорност. Овие наоди може да објаснат повисока застапеност на астма, алергии и други имунолошки состојби кај бебиња родени од царски рез.

Бебињата се стерилни кога се во матката, но веднаш штом се изложени на надворешниот свет, тие започнуваат да примаат бактерии, што брзо ги колонизираат цревата. За шест до девет месеци, разликите помеѓу двете групи бебиња се намалува.

Но, научниците сметаат дека првичното изложување на бактерии во моментот на раѓање може да биде ресет за имунолошкиот систем, дефинирајќи ја неговата чувствителност на кои видови бактерии предизвикува одговор.

 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Баш интересна тема, иако - не е баш нова веста. Ова го имам читано најмалку пред 4-5 години :)
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.125
Поени од реакции
17.913
Баш интересна тема, иако - не е баш нова веста. Ова го имам читано најмалку пред 4-5 години :)
Како што гледам има повеќе истражувања на оваа тема, еве уште едно од април.

Темава е многу битна затоа што го зафаќа имуниот систем и допира до 'модерниве' проблеми како алергија на пример. Со оглед дека активатор на акутната леукемија е повторно имуниот систем, нека стои темава можеби ќе има нови истражувања на оваа тема.

Мислам дека и проблемот со аутизмот т.е. барем некои негови форми имаат иницијална каписла во имуниот систем.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Не сум цар главоња сум :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos:, а и со моите 5360 грама тешко да сум излегол без рез :icon_lol:.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Имаш проблем со алергии ?

Ќерка ми е со царски и има проблем со алергии, син ми е роден нормално и нема проблеми.
Прв пат годинава, ама од компјутеров ми рекоа дека е, алерген тест немам правено, масло од црно семе многу помага. Очиве ми солзеа и ме чешаа сега многу помалку.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Ако бебето е над 3.5кг веќе и докторите не се замараат со природно, а на денешните мамички пак им одговара вака. Ни се мачат ем доле тесно.
Ова го слушнав од мајка која е породена пред 2-3 месеци. Вика во болницата повеќе се со царски рез.

Истите подоцна имаат проблем со алергии, барем тие деца што ги познавам.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.125
Поени од реакции
17.913
Прв пат годинава, ама од компјутеров ми рекоа дека е, алерген тест немам правено, масло од црно семе многу помага. Очиве ми солзеа и ме чешаа сега многу помалку.
Па, добар си бил не ти е ништо, чим прв пат годинава, немаш алергија :)

И јас сум бил големо бебе, само мене во тоа време пред 50 години ме тегнеле со клешти :pos:
 
Член од
22 август 2018
Мислења
192
Поени од реакции
81
И јас сум роден со царски рез и немам проблеми со алергија
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.862
Поени од реакции
6.369
Имаш проблем со алергии ?

Ќерка ми е со царски и има проблем со алергии, син ми е роден нормално и нема проблеми.
Кај мене обратно, јас со царски, пу пу никакви алергии никаква бакрачи, сестрами природно, па има алергии....
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
...ех широка тема,
природното породување е здраво,здраво за бебето, малку помачно за мајката поради повеќе часовно очекување и болки, но апсолутно поздраво отколку породувањето со царски кој порано строго се изведуваше на „патолошка“ бременост!
...денес „царското“ породување е во мода, полесно за мајката, се штеди на време, се штеди на несакани ноќни посети и долгочасовни провокации за пород, медицинскиот персонал е подморен (поради закажување), а самиот потфат е порентабилен! ... и мислам дека на крај се гледа бенефитот за новороденото или не се гледа? затоа што ниеден лекар со царски рез не може да породи жена, а да ја знае точно „гестациска старост“ со што се потврдуваат токму проблеми кај новороденото од тип на респираторни проблеми, астма и алергиски реакции!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom