Барање работи со детектори за метал - злато

Член од
5 август 2016
Мислења
312
Поени од реакции
221
дали некој го има ова хоби да пронајдува закопани или изгубени работи со детектори за метал..
Мене искрено многу ми се допагја ова хоби, ама немам финансии да си купам детектор за метал, гледам по 400/500 евра се :)
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.629
Поени од реакции
34.888
Земај копач и удри на ќоро дур не најдеш нешто, после ќе имаш пари за детектор, плус за злато многу јунаци пред тебе поминаа, повеќе ти се исплати да бараш некоја плоча камена со натписи или слична глупост само пази да не му станиш цимер на Паско ;)
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.863
Поени од реакции
6.370
Јас знам каде има закопано злато.. арно ама локацијата е на сред населено место , на сред улица ... нема како а да не ме види некој додека го копам... треба некоја диверзија да смислам како да не ме види никој.... Ако некој сака може да му ја одкријам локацијата за 10К еу фиксно.
 
Абе само за домашна употреба, по мојот двор, местата шо се у моја сопственост?
И тоа е казниво?
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.646
Поени од реакции
13.103
Глеал дечково некој амерички филм, на малиот му купиле метален детектор да се занимава по песочна плажа капачиња од сода да „тражи“. :zelen:
Прво ти треба дозвола за поседување на оваа машина. (исто како и оружје, дури и потешко се стекнува)
После тоа прочитај за начин како се користи при легално ископување на артефакти.
После тоа присуствувај на ископување на локалитет (ако те пуштат), покажи интерес дека те занима овој спорт.
Откако ќе те примат - there you have it.
Во секој друг случај, можеш да завршиш во затвор/да плаќаш тешки пеналии.
 
Гледај видеа на YouTube, не викам дека сите се вистините, ама гледај.. Лугето најнормално си одат по плажаата и си тражат
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.646
Поени од реакции
13.103
Гледај видеа на YouTube, не викам дека сите се вистините, ама гледај.. Лугето најнормално си одат по плажаата и си тражат
Кај нас тоа, или...?
Јас ти кажувам кај нас како стојат работите. Барем на балканот. А оноа што го има по youtube е или сензација или демек „пување“ на професијата - археолог, или е нелегална операција.
Во пракса, работите друкчие функционираат.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.629
Поени од реакции
34.888
Абе само за домашна употреба, по мојот двор, местата шо се у моја сопственост?
И тоа е казниво?
Се што ќе најдеш, а припаѓа на предмети од археолошко значење за државата останува за државата, без ралика дали си го нашол дури си копал темели за куќата, си ја орал нивата или си копал низ планина.
2.2. Случајни откритија

Обврски на наоѓачот

Член 65

(1) Ако во текот на изведувањето на градежни, земјоделски или други работи се дојде до археолошко наоѓалиште, односно предмети од археолошко значење, изведувачот на работите е должен веднаш, а најдоцна во рок од три дена:

1. Да го пријави откритието во смисла на членот 129 став (2) на овој закон;

2. Да ги запре работите и да го обезбеди наоѓалиштето од евентуално оштетување и уништување, како и од неовластен пристап и

3. Да ги зачува откриените предмети на местото и во состојбата во која се најдени.

(2) По исклучок од ставот (1) на овој член, ако предметите се ископани, односно извадени заради нивна подобра заштита или со оглед на околностите, изведувачот на работите е должен:

1. Да ги предаде откриените предмети при нивното пријавување или тоа да го направи при идентификацијата во смисла на членот 66 на овој закон, а до предавањето да преземе мерки кои се нужни за да не пропаднат и да не се оштетат или да се отуѓат и

2. Да ги даде сите релевантни податоци во врска со местото и положбата на предметите во времето на откривањето и за околностите под кои тоа е направено.
[DOUBLEPOST=1485130450][/DOUBLEPOST]
Глеал дечково некој амерички филм, на малиот му купиле метален детектор да се занимава по песочна плажа капачиња од сода да „тражи“. :zelen:
Прво ти треба дозвола за поседување на оваа машина. (исто како и оружје, дури и потешко се стекнува)
После тоа прочитај за начин како се користи при легално ископување на артефакти.
После тоа присуствувај на ископување на локалитет (ако те пуштат), покажи интерес дека те занима овој спорт.
Откако ќе те примат - there you have it.
Во секој друг случај, можеш да завршиш во затвор/да плаќаш тешки пеналии.
Не ти треба дозвола за поседување на детектор за метали, ти треба за негово користење во археолошки ископувања. Јас може да си го купам за да си ги барам подземните цевки и кабли.
 
Последно уредено:

PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
дали некој го има ова хоби да пронајдува закопани или изгубени работи со детектори за метал..
Мене искрено многу ми се допагја ова хоби, ама немам финансии да си купам детектор за метал, гледам по 400/500 евра се :)
Миленко Неделковски не трпи конкуренција во ова хоби :)
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
дали некој го има ова хоби да пронајдува закопани или изгубени работи со детектори за метал..
Мене искрено многу ми се допагја ова хоби, ама немам финансии да си купам детектор за метал, гледам по 400/500 евра се :)
Не ти требаат детектори од 500 евра за да тражиш драгоцени метали и слични суровини. Купи си голем магнет кој со помош на неговите магични својства сам ќе го привлекува златото и среброто. За магнет дозвола не ти треба. Така јас од дворот кај мене извадив 15 кила платина и богато украсен вештачки колк на агријански главатар изработен од позлатена слонова коска. Бидејќи не секогаш ќе налетуваш на скапоцени монети и антички денари, магнетот ќе ти биде од голема корист оти привлекува и лименки, старо железо, бакар. Сум чул дека тежнее и кон монети во апоени од 1,2,5, 10, а зошто да не и кон тие од 50 денари, што е чиста пара (сепак, подзаплакни ги малку).
Во затвор се оди само ако те фатат, и ако го избегнеш тоа тогаш е ок, пошто грците и бугарите дебело плаќаат ако им донесеш квалитетна археолошка роба, а не се имуни и на нумизматика.
Сепак, сите што се барем малку упатени во тражењето скриени блага и други колачи, знаат дека правото богатство се крие на територијата на денешен Ирак и во Сирија (таму отсекогаш нешто интересно се дешавало). Никој нема време сега таму да се бави со тражење работи и нема закони, сите се убиваат во името на Алах и ископуваат нафта, што отвора многу можности. Некои од тие можности се доста ограничени, но без ризик нема добивка.
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.938
Поени од реакции
35.341
Јас знам каде има закопано злато.. арно ама локацијата е на сред населено место , на сред улица ... нема како а да не ме види некој додека го копам... треба некоја диверзија да смислам како да не ме види никој.... Ако некој сака може да му ја одкријам локацијата за 10К еу фиксно.
Напрај си договор со комуналец као демек работите нешто некоја пукната цевка сега на ладното , и лапај. :icon_lol: Во 2009 еден турчин со мапа од дедо му во Струмица на прометно место откопа , човекот се пресели тука од Истанбул , отвори и гиро сендвичара , 3-4 месеци се врткаше али не најде начин , и на крајот мораше да дели со државата. Мислам 4 милиони евра вредно беше. Кога го искешира сендвичарата им ја остави на газдите на дуќанчето шо му беше со сите апарати во неа. :D

Иначе со дедо ми се убивме од вадење шајки и разни железни глупости , пред да научиме да го програмираме само на благородни метали. :pos:
 
Последно уредено:
Член од
21 септември 2016
Мислења
831
Поени од реакции
1.135
Кој те излажал дека 500 евра е детектор за злато, мислам сериозно мислиш дека само 500 евра е квалитетен детектор за злато, плаќаш 500 a наоѓаш злато вредно 50k€?
Ако мислиш тие детектори за метали што влечат лименки и сличен отпад колку за занимација можда се 500 али за злато стриктно над 10k€.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.707
Поени од реакции
6.824
Миленко Неделковски не трпи конкуренција во ова хоби :)
На Миленко не му е потребен метал детектор. Тој се си знае...[DOUBLEPOST=1485159985][/DOUBLEPOST]
Гледај видеа на YouTube, не викам дека сите се вистините, ама гледај.. Лугето најнормално си одат по плажаата и си тражат
Оди, пребарај по плажите во Дојран или Преспа, чуда ќе извадиш
 
Kajgana Shop

На врв Bottom