Барање на работа

Дискусија во форумот 'Економија, бизнис, вработување' започната од Cap ain't dead, 14 април 2019 во 23:10.

  1. Cap ain't dead

    Cap ain't dead Гостин

    Здраво, јас имам 14 години и би сакала да направам оглас за вработување. Дали некој знае некоја македонска веб страна за барање на работа?
     
  2. Ron Burgundy

    Ron Burgundy

    Член од:
    29 јуни 2014
    Мислења:
    8.634
    Допаѓања:
    8.746
    не смееш да работиш на 14 години, после 18 е мислам дозволено
     
    На wot му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Cap ain't dead

    Cap ain't dead Гостин

    Можам на 15 години да се вработам (законски е, проверив) за минимална плата. Исто така ме барам целосно работно време тука нешто ситно или да бидам појасна да бејбиситувам.
     
  4. Forca

    Forca

    Член од:
    2 март 2016
    Мислења:
    124
    Допаѓања:
    49
    Веројатно си 8мо одделение, уживај во детството и тинејџерството кое ти следи, не ги троши најубавите години од животот да работиш, имаш време за работа, поздрав и мој совет не седи по форуми, фб, и слично, еден час надвор играње фудбал или друштвена игра со твоето друштво создава многу повеќе убави спомени отколку седење пред компјутер :)
     
  5. MSE

    MSE

    Член од:
    13 мај 2017
    Мислења:
    195
    Допаѓања:
    237
    Зошто мислиш дека би барала работа на таа возраст ако не е приморана?
     
  6. Forca

    Forca

    Член од:
    2 март 2016
    Мислења:
    124
    Допаѓања:
    49
    Не може 14 годишно дете да биде приморано, а да седи на нет, тие што се приморани не седат на нет, веројатно нејзините не ни знаат дека бара работа, инаку не верувам да дозволат па макар и во било која ситуација, повеќе мислам дека е за џепарлак плус или водење на инат кон нејзините што е нормално за таа возраст. :)
     
  7. Ilumious

    Ilumious Патник, педер, поет, администратор, масон

    Член од:
    29 јануари 2007
    Мислења:
    76.244
    Допаѓања:
    156.948
    Исто и мене вака ми викаа кога бев дете и 15 години подоцна сега истите тие се гребаат за 100 денари за кафе. Океј може е подобро да си го троши детството на уживање ама ако сака да заработи, нема ништо лошо да му биде во иднина :)

    @Cap ain't dead види со фриленс нешто почни или како келнер, шанкер нешто на лето.
     
    На MSE му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Forca

    Forca

    Член од:
    2 март 2016
    Мислења:
    124
    Допаѓања:
    49
    Зависи од самиот човек, тие што така ти викале изгледа не им се работи, или прибираат многу за работа.
    Јас на мои 14 години освен играње фудбал и дружба не ме интересираше ништо друго, првпат започнав да работам на 26 години, и воопшто не се каам дека не сум работел како тинејџер или подоцна додека студирав, тогаш ми беше време за учење, за искачање, луди години..., а работа?
    Цел живот ќе треба да се работи, но сега не сум исфрустриран и не ме фаќа ,, лудило" како многу кои ги знам што од свои 15-16 години работат, или пак како оние кои учеа 24/7 и освен книга ништо не гледаа пред себе, и сега кога ги гледам од страна жално ми е, 30+ годишни се пијанчат по паркови на клупи, киснст по кафани, одат по дискотеки кои 90% се полни со средношколци, воглавно сите оние кои работеа и само учеа во своите тинејџерски денови, сега со 30+ години се однесуваат како 15+ годишни, дури ми е жал за нив, али тоа што е, животни фази не се рипаат, оти човек си мисли дека прави еден чекор напред а всушност два чекори назад... :)
     
  9. MSE

    MSE

    Член од:
    13 мај 2017
    Мислења:
    195
    Допаѓања:
    237
    Како увиде дека "седи на нет", по двете пораки што ги има на форумов?
    Или во смисла, 14-годишник чим има интернет значи е од ситуирано среќно семејство :LOL:

    Може и бездомник да има интернет во денешно време, не е тоа проблем. Од блиски кафулиња, кладилници, од добри луѓе итн...

    П.с Ете и бездомник ја направивме, само зошто се интересира за работа од нејзини лични причини кои и не мора да ги каже на форум, посебно не како малолетник..
     

Сподели преку: