- Член од
- 17 октомври 2011
- Мислења
- 13.730
- Поени од реакции
- 33.421
Не сум сигурен дали има ваква тема некаде скриена во подфорумот „Музика“. Јас не успеав да најдам. Значи темава би не поттикнала да побараме (по стари грамофонски плочи или аудио и видео касети кои ни лежат заборавени по дома) било какво аудио или видео на песни од кои не постои ни трага ни глас по глобалната мрежа. Значи, ова не е исто со темата „Кој е насловот на песната (Барам песна)“. Не постирајте тука текстови од песни и не барајте наслови. Исто така, пред да постирате наслов од песна која не можете да ја најдете, осигурајте се дека навистина ја нема (youtube не е единственото место каде може да се најде музика). И обидете се во коментарите да бидете што е можно поконструктивни за да помогнете да ја оствариме крајната цел: конечно наоѓање и upload-ирање на аудио или видео на бараните песни.
Овде ги замолувам и модераторите, при секое побарување на песна која ја нема на интернет или пронаоѓање на некоја побарана, да направат update на почетниов пост, со додавање (или бришење) на насловот на бараната песна од листата.
____________________________________
ПЕСНИ ОД КОИ НА ИНТЕРНЕТ НЕМА АУДИО/ВИДЕО ФАЈЛОВИ
1. Билјана - Лео Мартин (1969) [автор: Александар Џамбазов, отпеана на Скопје фест 1969, освојува второ место од публиката. Покрај Лео Мартин, песната ја пеел и Џани Маршан, исто така на Скопје Фест 1969, но со друг аранжман. Подоцна Џани Маршан ја препеал песната и на српски, и од истата има Youtube видео - http://www.youtube.com/watch?v=hcbNeJQv9Bs . Но од верзијата на Лео Мартин нема ни трага ни глас.]