Балкански филмови

MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
11.183
Поени од реакции
5.243
Тема каде ќе дискутираме за новите и стари балкански филмови од Србија, Босна, Хрватска, Црна Гора додека пак за филмови од Македонија веќе имаме тема.

Ги има доста филмови од балканот.Често се репризираат на балканските телевизии но доколку сакате во моментов да гледате некој балкански филм одете на сајтот Netfilm.tv. Од многу балкански филмови небитно дали станува збор за постари или понови филмови се паметат многу реплики.

Моментално во глава мене ми се врти српскиот филм Nebeska udica (2000) Предобар филм на Љубиша Самарџиќ.

Музиката во филмот е на Влатко Стефановски.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
6.427
Поени од реакции
10.581

Многу добар филм.До коска ме имаат погодено некои моменти од филмот.Ретко на кој друг филм ми се насолзуваат очите како на Небеска удица
 
macedon89

Провокатор по вокација
Член од
22 јули 2008
Мислења
780
Поени од реакции
568
Иако не е спомната во државиве, а е балканска држава, Романија може да се пофали со добра кинематографија иако во Македонија тотално непозната. Би предложил да се погледне филмот Смртта на господинот Лазареску кој има добиено многу награди на повеќе филмски фестивали. Во филмов е обработена нефункционалноста на Романското здравство, нешто што може да се види и кај нас:

Ќе обајвам уште неколку добри Романски филмови доколку може темава да ги опфати и нив (не само ех-ју филмови).
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
3.580
Поени од реакции
4.153

Болдираново го доживеав на своја кожа, така што можам да потврдам дека е иста ситуација со здравството и овде.

Кога сме кај романските, го препорачувам и Doua lozuri - добра романска комедија.

П.С. Штом темата е Балкански филмови, нормално ќе се пишува и за романски, бугарски и грчки покрај споменативе погоре.
 
MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
11.183
Поени од реакции
5.243
Се што сметате дека е добро а е од балкан и е филм ставете го тука. Мене секогаш кога ќе се спомне балкански филм или воопшто балкан ми се вртат во глава земјите од бившата југославија Србија, Црна Гора, Босна, Хрватска и Македонија
 
K

kicodarker

Гостин

Сега зависи колку стари бараш, од 47ма па наваму можеш овде да начекаш.

https://www.youtube.com/channel/UCovHOmsDEDVY7-9S9arw1pA/videos
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
8.880
Поени од реакции
19.805
Мене секогаш кога ќе се спомне балкански филм или воопшто балкан ми се вртат во глава земјите од бившата југославија Србија, Црна Гора, Босна, Хрватска и Македонија
Па има таква тема: https://forum.kajgana.com/threads/ex-yu-филмови.9804/. Логично е ако остане оваа, тука да се коментираат филмови од Грција, Бугарија, Албанија и Романија
 
MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
11.183
Поени од реакции
5.243
Па има таква тема: https://forum.kajgana.com/threads/ex-yu-филмови.9804/. Логично е ако остане оваа, тука да се коментираат филмови од Грција, Бугарија, Албанија и Романија
Знам дека имаше не можев да ја најдам таа тема и се откажав помислив дека е избришана. Можеби имам и во таа коментирано нешто.

Ајде нека одсте оваа што ја отворив за се балканско од филмови само не за она од екс ју.
 
macedon89

Провокатор по вокација
Член од
22 јули 2008
Мислења
780
Поени од реакции
568
Болдираново го доживеав на своја кожа, така што можам да потврдам дека е иста ситуација со здравството и овде.

Кога сме кај романските, го препорачувам и Doua lozuri - добра романска комедија.

П.С. Штом темата е Балкански филмови, нормално ќе се пишува и за романски, бугарски и грчки покрај споменативе погоре.
Имат многу добри романски филмови, ама штета што се ретки тие што можат да се најдат слободно на интернет со превод на Англиски.
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
4.118
Поени од реакции
5.320
Metastaze , хрватски филм каде што се прикажанни девијантните појави на новото време преку четворица ликови кои живеат во Загреб. Режисер е Branko Schmidt еден од најдобрите хрватски режисери.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
4.513
Поени од реакции
4.480
Мали Будо 2014, Со многу познати балкански глумци од разни генерации меѓу кои и Сергеј Трифуновиќ, Инзвонредна комедија а приказната е животот на Црногорците во Белград, Инаку Српски филм.
https://www.youtube.com/watch?v=cywt1KnzRDI
 
MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
11.183
Поени од реакции
5.243
Мали Будо 2014, Со многу познати балкански глумци од разни генерации меѓу кои и Сергеј Трифуновиќ, Инзвонредна комедија а приказната е животот на Црногорците во Белград, Инаку Српски филм.
https://www.youtube.com/watch?v=cywt1KnzRDI
Го има некаде цел филм ?
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
4.513
Поени од реакции
4.480
Го има некаде цел филм ?
На јутјуб јас го гледав и го имаше цел и во добра верзија ама лани, пред некој ден кога отворив едниот беше без тон а другиот беше без точен редослед снимен.[DOUBLEPOST=1498936335][/DOUBLEPOST]Побарај низ странициве со српски филмови мора да го има.
 
MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
11.183
Поени од реакции
5.243
На јутјуб јас го гледав и го имаше цел и во добра верзија ама лани, пред некој ден кога отворив едниот беше без тон а другиот беше без точен редослед снимен.[DOUBLEPOST=1498936335][/DOUBLEPOST]Побарај низ странициве со српски филмови мора да го има.
Го најдов

Го најдов и на еден балкански торент сајт али да не чекам ќе го гледам на јутјуб.
 
Последно уредено:
Член од
31 март 2013
Мислења
297
Поени од реакции
175
Не сум голем филмофил но ќе се вклучам во оваа тема ми се виде интересна во изминатите неколку месеци одгледав неколку филмови од регионот меѓу кои Зона Замфирова 2, Реквијем за г-ѓа Ј, На Млечниот пат, Дневникот на машиновозачот, Енклава, Ничије дете. и други ќе се потрудам да дадам некоја си кратка рецензија инаку мислам дека сите набројани се (Мн)добри но се разбира секој во својот жанр и тематика.

Зона Замфирова 2 всушност многу сличен на првиот само со подновена и посвежа млада екипа на актери кои и се добро познати посебно на помладата популација. Евидентна е промената на режисерот но новиот млад режисер доведе некоја нова свежина но со минамално помал квалитет. Приказната е интересна и се разбира својствена за времето новата екипа многу добро со исклучоци ја носи приказната. Топло го препорачувам за гледање мислам дека ќе прободи интерес кај сите генерации, филмот е типичен балкански. Да додадам дека филмот е повеќе од комерцијален отколку уметнички карактер за по фестивали.

На млечниот пат филм за кој се крена многу прашина поради главната актерка Моника Белучи но и доволно е тоа што е дело на Кустурица. Филмот е целосно во стил на Кустурица со неговиот посебен уметнички израз кој на моменти ги поминува границите. Присутни се фантастични елементи. Актерската екипа е малтене одлична што може и да се каже за приказната во секој случај е најдобриот филм од сите горе набројани и меѓу најдобрите кои сум ги гледал. Филмот не е баш за секоја публика допадлив за помалите посебно не е поради некои вознемирувачки сцени но и тешкиот израз на Кустурица за останатите го препорачувам филмот е навистина уникатен и евидентна е големата продукција но и исклучителната надареност на Кустурица, директорот на фотографија одлично си ја завршил работата а локациите и реквизитите за перфектни.

Енклава

По насловот е јасно дека се работи за филм за Косово и за односите помеѓу србите и албанците. Присутна е националистичката нишка во моменти и субјективноста на авторите кон својот народ и националност иако јас не зафаќам страна сметам дека филмот реалистично прикажува живот на едно српско семејство во Косово. Мислам дека секому не би се допаднал но филмот добар.

Наскоро можеби ќе напишам нешто и за останатите.
 
На врв Bottom