Балзак

Член од
12 ноември 2017
Мислења
2
Поени од реакции
0
Балзак е романописец, раскажувач и драматичар,автор на стотина дела, со изворедна уметничка визија на галерија ликови во чија душа умее длабоко да продре. Тој со исклучитела енергија ја отсликува париската сиромаштија и благородништво во сите негови дела. Карактеристично за Балзак во сите негови дела е тоа како ни ги претставува ликовите, тие од високиот општествен статус, како поради различни причини го губат својот статус, и приморани се да го заборават нивниот раскошен живот.

Градот на светлината во едно златно време, една сиромашна уличка, занемарен павиљон, татко на две ќерки, ликови кои ја даваат сликата за целото француско општество. Ликовите на овој роман се жртви на материјализмот како главна вредност, наспроти љубовта, моралот и честта. Семејната трагедија, нецелосниот фамилијарен портрет на Чичко Горио и неговите ќерки, ги прикажува токму како страдалници на свет со лажни вредности. Чичко Горио е еден човек од побогатиот општествен слој, кој што, по смртта на неговата жена, постојано ги разгалува неговие две ќерки Анастазија и Делфина, не успевајќи да ги направи личности со морални квалитети. Неговата љубов спрема нив ја покажувал со пари, секогаш им обезбедувал се што сакале, при што тие набрзо станале многу неблагодарни и себични. Додека тие станувале се по алчни, ја губеле сетта почит и љубов кон татка си, Горио се повеќе се осиромашувал, приморан да оди се погоре во катовите на стариот павиљон. Горио веќе не се облекувал раскошно, со убави облеки и перики, се тоа што му останало, неговите ќерки успеале да земат. Тој многу доцна сфатил во какви личности се претвориле неговите ќерки, тој пага во бед и наскоро умира. Нивната безчувствителност, коруптивност и самољубие се повеќе доаѓа до израз кога ниту една не доаѓа на неговиот погреб, туку тие испраќаат празни кочии.

Понекогаш е залудно да го имаш целото богатство на овој свет, кога највредните нешта во животот не се купуваат со пари. Балзак ни прикажува високо морална сторија која секако допира длабоко до сечија свест од едноставна причина што се случува секој еден од нас да биде нечие дете, односно нечиј родител запечатувајќи не со една универзална вистина … дали и колку сме бедни самите ние?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.540
Поени од реакции
34.704
и? со која цел е темата поставена? споредбата ли со денешно време или ?:toe:
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.356
Поени од реакции
4.878
Не, туку му треба состав за на училиште.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom