Бактерија Листерија?

  • Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Сиромаштијата и лошите хигиенски навики кај граѓаните, компаниите и угостителските објекти се главната причина за ширење на листеријата во Македонија, сметаат епидемиолозите.

„Утврдивме дека одредени угостителски објекти за да не трошат хигиенски средства за миење садови само ги пребришуваат и повторно храната ја ставаат во нив. Можете ли да замислите што е тоа? Тоа е една страшна систуација којашто луѓето толку несериозно ја сфаќаат, а од друга страна заради сиромаштијата, заради немањето пари, на некој начин во опасност се доведуваат и животот и здравјето на населението. Тоа не смее да се дозволи во 21 век“, потенцираше д-р Благоја Алексовски, спидемиолог во Институт за јавно здравје.

http://telma.com.mk/vesti/ima-restorani-kade-chiniite-ne-se-mijat
 
Член од
9 април 2011
Мислења
810
Поени од реакции
1.043
Суперанализите ги отстранија сите сомнежи: Нема листерија во производите на Екстра Меин
Суперанализата направена во лабораторијата на Факултетот за ветеринарна медицина направена по барање на месната индустрија ”Екстра Меин”,
не покажа присуство на бактеријата листерија, јавува порталот Нова.
Суперанализата е направена со акредитирана метода според ISO-11 290 -1. Со овие анализи, допрва ќе треба да се истражува каде всушност се крие присуство на опасната бактрија листерија, од која во Македонија досега починаа четири лица, а петтмина беа заразени меѓу кои и едно новороденче.




Е сега некој треба да одговара за нарушување на угледот на компанијата, значи уште од почеток почнаа со нејасни искази, има листерија, нема листерија, па листеријата е во овошје и зеленчук итн. Ова е сериозен удар за компанијата која сега неможе да се врати на првобитното производство, поради сомнежот на луѓето и изјавата која и нанесе штета. А дека некој ќе одговара за ова чисто се сомневам
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.797
Поени од реакции
15.714
Сиромаштијата и лошите хигиенски навики кај граѓаните, компаниите и угостителските објекти се главната причина за ширење на листеријата во Македонија, сметаат епидемиолозите.

„Утврдивме дека одредени угостителски објекти за да не трошат хигиенски средства за миење садови само ги пребришуваат и повторно храната ја ставаат во нив. Можете ли да замислите што е тоа? Тоа е една страшна систуација којашто луѓето толку несериозно ја сфаќаат, а од друга страна заради сиромаштијата, заради немањето пари, на некој начин во опасност се доведуваат и животот и здравјето на населението. Тоа не смее да се дозволи во 21 век“, потенцираше д-р Благоја Алексовски, спидемиолог во Институт за јавно здравје.

http://telma.com.mk/vesti/ima-restorani-kade-chiniite-ne-se-mijat
aj da ne ide nikoj u kafeana, šteta nema od toa...
šala na strana, mnogu nezgodna rabota... so ovolku dolga inkubacija nikoj nema ni da znae od kade ja dobil... čare nejadenje, samo po edna lažica varen oriz na den ( kako Bruce Lee što jadel 5 godini), a orizot e dobar nema aflatoksini...
nesum po ovaa struka, ama lično mislam ima nešto vo prekumerno davanje antibiotici na stokata ( neznam dali ima vrska so poplavite, a što gi jakne bakteriite ) .. pa i od Srbija na pola usta imaše nešto okolu toa...
Patem, kako se otkri Aflatoksinot ?? ... nekoj medicinski stručnjak rabotel so godini na statistiki na kancer na crn drob, pa otkril deka vo edno selo vo Vojvodina ima desetkratno pogolem procent od na drugi mesta... a tie sami si proizveduvale brašno...
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
Суперанализите ги отстранија сите сомнежи: Нема листерија во производите на Екстра Меин
Суперанализата направена во лабораторијата на Факултетот за ветеринарна медицина направена по барање на месната индустрија ”Екстра Меин”,
не покажа присуство на бактеријата листерија, јавува порталот Нова.
Суперанализата е направена со акредитирана метода според ISO-11 290 -1. Со овие анализи, допрва ќе треба да се истражува каде всушност се крие присуство на опасната бактрија листерија, од која во Македонија досега починаа четири лица, а петтмина беа заразени меѓу кои и едно новороденче.




Е сега некој треба да одговара за нарушување на угледот на компанијата, значи уште од почеток почнаа со нејасни искази, има листерија, нема листерија, па листеријата е во овошје и зеленчук итн. Ова е сериозен удар за компанијата која сега неможе да се врати на првобитното производство, поради сомнежот на луѓето и изјавата која и нанесе штета. А дека некој ќе одговара за ова чисто се сомневам
Ај да појаснам нешто.
Суперанализите на начин на кои се земаат кај нас НЕ ЗНАЧАТ ништо !
Иако во целата работа “ нешто смрди“ со потенцирањето на Екстра Меин како главен виновник, посочените резултати не докажуваат ништо, т.е. не ослободуваат од никаква одговорност.

По правило, инспекција зема истовремено повеќе мостри, од кои една се праќа на анализа, додека друга се чува и доколку има потреба ( позитивен наод, спорни резултати ) се прави повторна анализа односно - суперанализа

Секој друг начин не исклучува дека првата анализа не е точна.
Значи, и овие резултати да се условно точни, и да нема Листерија во наведените примероци, тоа не значи дека во првите примероци немало Листерија

Ако може да се прочита долу во извештаите стои “ резултатите се однесуваат само за испитаните примероци“
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
во Данска 12 луѓе го загубиле животот како последица од Листерја пронајдно во некои месни прозводи од фирмата Jørn A. Rullepølser!!!
http://www.spiegel.de/gesundheit/diagnose/listerien-verseuchte-wurst-daenen-sterben-nach-lebensmittelvergiftung-a-985772.html
Појавувањето на Листерија истовремено и во странство ( гледам исто во некои месни преработки) укажува дека можеби не се работи за нехигиена кај нас, туку на проблематично увозно месо
 
Член од
14 август 2012
Мислења
1.705
Поени од реакции
738
Брат ми пред десетина дена јадел кубаски или виршли забрави шо точно од Екстра Меин па фала богу ништо не му е.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.952
Поени од реакции
14.703
Луѓе од нешто умираат.од што треба надлежните да си кажат.

по мое скромно мислење,бактеријата не потекнува од цел арсенал на производи,туку од само од мал дел од месото.

увозникот што ја снабдува месната индустрија сигурно нема фарма со милион свињи туку ги собира од цела област.по мое мислење заболените свињи се само од една фарма,заклани,смрзнати и растурени по пазарот.

можи во еден ист производ на една иста фирма,да има пакувања кои имаат и кои немаат од бактеријата.

зависно од тоа дали во нив има месо од заразената фарма или не
 
Член од
15 февруари 2012
Мислења
2.680
Поени од реакции
1.805
Според мене чиста хајка праат на екстра меин, односно политички е монтиран случајов како и де остало и да немало листерија они ке ја стават... Тоа е тоа
 
Член од
15 февруари 2012
Мислења
2.680
Поени од реакции
1.805
па ова е доказ дека е монтиран случајот, ако има листерија, зашто да има контрадкторни резултати?
министерство за здраство вика има листерија
а таму некој институт што праат супер анализа вика нема

се е јасно
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
460
Поени од реакции
461
Не ми се верува дека се работи за монтиран случај. Има едно правило, вели, никогаш не барај злонамерност во нешто, кое што може адекватно да биде објаснето со некомпетентност.

Целиот случај е воден аматерски, особено во координацијата на различните ентитети кои имаат удел во целата машинерија на контрола на храната, и најмногу во справувањето со медиумите.

Самата бактерија ја има во изобилство околу нас, ја има во почвата и особено во самите животни кои се колат, па дури и 10% од луѓето ја носат како клицоносители без да им прави штета. Ништо чудно да биде најдена во готов производ, всушност како што кажаа, била најдена во 50тина различни производи. Работата е да постои процедура во текот на производството која ќе биде листерицидна, односно ќе ги убива најголемиот дел од бактериите и ќе спречи да има толкав број што во текот на рокот на траење не би се размножиле до неприфатливо ниво.

Самиот ХАСАП сертификат со кој сите се фалат, не е само една диплома, тоа е начин на спроведување на производството, тоа не е само еден ден, туку секој момент од работата. Предвидува редовно земање мостри од сериите за испитување. Во случај каде во еден примерок е најдено неприфатлива концентрација на бактериите, веднаш треба да се побара документација дали е земено мостри од таа серија, кој зел, кој испитал. Ако не било предвидено да се зема, кој одобрил намалена контрола и врз кои фактори. Да се види кое месо е употребено, од која кланица и кој број на маркица. За ваков процес нема никој најавено.

Напротив, бил земен по една единица од секој производ како мостра, нема таква процедура за земање мостри, треба да се земат барем по 5 единици и тоа по случаен избор. Затоа што крајното толкување е невозможно да се направи со една единица мостра.
Била најдена бактерија кај многу од тие единици, ама само кај еден примерок кој е производ готов за употреба. Не се открива повеќе фактори за тој примерок, начин на дистрибуција и чување, состојба на примерокот, време поминато од производството и слично.
И најголемата грешка е што крајната информација му е дадена да ја објави на јавноста лекар, кој нема никаква обука, ниту одговорност, ниту некаква потреба да барата со вакви податоци, и дава поинаква тежина на самата информација.

Значи процедурата на земање мостри за обичен, секојдневен мониторинг од секоја серија предвидува по барем неколку единици, а не во ваква крајна ситуација кога не смее да се бара резултат со само по една земена единица. Постои цела процедура како се постапува со тој резултат. Резултат од еден примерок е незначаен. Не дека компанијата ја тргам од секаква одговорност, туку дека со една вака водена процедура многу е лесно да ја избегнат таа одговорност и да не можат соодветно да ги процесуираат виновниците.
Во зависност од проценката за растот на бактеријата, во храна во која бактерија не се очекува да расте во текот на дистрибуцијата, дури и е дозволено одредена концентрација на бактерии. Шунката не е таква, и во крајниот производ не е дозволено да има бактерија, ама ете сега компанијата може лесно да се дистанцира од одговорност заради несоодветна процедура и како една од причините наведува и недостаток на квантификација во податокот, кога и самото квалитативно присуство е индикативно за прекршување на правилата.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.952
Поени од реакции
14.703
Луѓе,неможи нешто тек така да се монтира лесно и да помине лесно.Тоа што го кажа Миленковиќ за геномот е исто како за ДНК-та да кажи дека се поклопила кај човек.

Ако се најди ДНК од некој човек како доказ за некое злосторство,воопшто не е битно колку деенки нашле.Битно е совпаѓањето
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
460
Поени од реакции
461
Всушност и наводната генотипизација е под знак прашалник, исто се јавува лекар да ги одбранува резултатите, а тоа не е негов домен на делување и одговорност.

Во вакви случаи не се прави генотипизација, туку серотипизација. И тие фамозни 98% сличност може да значат многу работи. Не постои таков резултат од серотипизација, или е истиот серотип, или не е.
Во лабораторијата во Скопје сигурно тие не направиле детерминирање на ДНК сенвенцата на геномот на бактеријата, па за тие 98% сличност да значат со сигурност исто потекло.

Во вакви случаи на епидемии, се бараат епидемиолошки клонови, односно бактерии со иста генетска структура, значи 100% сличност.
Се бараат одредени генетски маркери и се гледа дали ќе се поклопат, ако не се поклопат се работи за друг серотип.
И сега претпоставувам дека ова 98% значи дека 98% од маркерите се поклопиле, а другите не, што автоматски би значело друг серотип, и е многу поразлично од информацијата за 98% генетска сличност, што би значело само мал полиморфизам, ама во реалноста е невозможно да се дојде до тој резултат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom