Истиве овие предвидувања (или можеби слични на нив), не се сеќавам точно, и јас ги имам прочитано дека се на Нострадамус. Но изгледа луѓево сакаат да веруваат во предвидувања, па затоа постојано нешто им се сервира. Исто или видоизменето, во зависност од потребите...
Знам дека на МТВ на времето се прикажуваше емисија за Нострадамус и за 3 СВ мислам дека кажаа околу 2000 г. И годините поминаа, па затоа 3 СВ постојано се поместува...
Дека се битни толкувачите а не наводните пророци јасно е и од случајот со Нострадамус. Имено неговите катрени (или како и да се викаа) т.е. стихови намерно се напишани нејасно, за да им остават широки можности на толкувачите, да ги толкуваат спрема потребите. И ваквото пишување не било негова оригинална идеја... Пред него имало некој, познат како Црн Пајак.
Причините зошто Нострадамус станал многу попознат од овој другиов (Црниот Пајак), е машината за печатење на Гутемберг. Неговото дело било после Библијата, најмногу печатено.
И спрема потребите, во новите изданија биле додавани стихови.Негде прочитав дека оној многу познат катрен, за Наполеон кој што е доста прецизен е дополнително додаден... Катренот со кој што наводно се опишува Хитлер, во 19 век му се припишувал на некој друг. Изгледа дека не било тешко да се предвиди дека низ вековите ќе се појават типови како Хитлер, Наполеон ...