БРИКС

Член од
24 април 2008
Мислења
10.695
Поени од реакции
11.942
Штанцале не штанцале не менува ништо на ситуацијата ако сме реални.
Ја менува целосно финансиската структура врз која опстојува економијата на една држава.

Распаѓањето на Југославија започна на таков начин, и југословенските комунисти веруваа дека можат да печатат пари до бескрај и економијата ќе функционира на таков начин, па на потешкиот начин открија дека не може така да функционира една економија.

Венецуелските социјалисти веќе ја однесоа Венецуела во социо-економска бездна и сега се натпреваруваат меѓусебно кој може да ископа уште подлабока дупка во бездната, а тоа е денес во 21-от век, а не во 1980-те или во 1990-те години.

Разликата помеѓу венецуелските социјалисти и американските социјал-фашисти е во тоа што американците имаат кој да го откупува нивниот долг - најголем доверител иронично им е Кина, на која и` се ку_чат со технолошки санкции и ембарга, за разлика од венецуелските социјалисти чии што долгови никој не сака да ги купува и да им даде покритие.

Но за разлика од американците кои уживаат во бесплатен оброк, кој во пракса не е бесплатен бидејќи некој друг им го плаќа - во случајот со американскиот бесплатен оброк, истиот го плаќа Кина како најголем доверител на американската економија - Венецуелците од друга страна или гладуваат или се распослуваат до каде им стигнува чергата, односно не глумат светски дами и господа.

А токму американците треба да обрнат најмногу внимание на венецуелските агонии и патешествија бидејќи доколку најголемите доверители на американската економија - на пример Кина - одлучат преку ноќ да го повлечат своето покритие на американските долгови, венецуелското сценарио и тоа како само ќе може да стане реалност и во САД, кои како држава зависна од увоз за многу работи, ќе треба или да скратат на буџетските трошоци - попрво би започнале Трета Светска Војна отколку да врзат ремен - или да воведат монетарна реформа, нешто што и венецуелските социјалисти се обидоа да го направат со формирање на сопствена криптовалута, а која не придонесе на никаков начин за подобрување на економската состојба во таа држава.

Ова на 8:10 е ептен реално можно сценарио, не само за американците, туку за секоја економија која опстојува врз долгови.

 
Последно уредено:

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.368
Поени од реакции
21.892
Не менува?!?
Игорче… еве да ја земеме Аргантина за пример(оти ете убав пример е според тебе..)
Ако таа Аргентина ги одјебе ММФ и СБ! Ако државните резерви почне да ги чува во злато или друга валута врзана за злато…
Ако добива кредит кој нема да биде испринтан на тоалетна хартија, туку со реална вредност, и исто за својот увоз/извоз користи валути/злато…

Не само што нема да банкротира, туку и ќе напредува со оглед на тоа колку е богата со ресурси!

Денес и они и ние сме само обична колонија на империјалниот “запад”!
Само разликата е што тој запад до толку ги усовршил своите методи на колонијално владеење, па веќе не ни мора војска да праќа и насила да држи некој под јарем!
Они сега само го плетат јажето, а ние сами си го ставаме на вратот!
Нормално, ако некој одбие веднаш САД ќе му донесе “демократија” дали преку портокалова/шарена револуција, дали малку подиректно со бомби од осиромашен ураниум!

Среќа во несреќа е што цел свет отиде у курац, и веќе западот нема да може толку лесно и еднострано да си игра колонијализам!
Едноставно премногу земји со преголема популација наеднаш не се контролираат а да не избие Трета Светска Војна!
Многу „ако“ имаш во твојот пост. Ако е така лесно, оти до сега не смениле нешто? Не ми е муабетот толку за Аргентина колку за екипата што се собрала. На прв поглед потенцијал ама премногу, буквално, проблеми и разлика за сериозно да има подлабока интеграција. А посебно со валутата или да се направи резервна валута како ECU во времето пред да почне Еврото. Нема да успее. Ни една од овие држави нема да одстапи педа од својот суверенитет и со тоа на крај ќе гледаме дека ќе си чуваат повеќе девизи во Јуан едните, ќе има економска теговија со матичните валуте (се дур не оди на штета на другиот) и со тоа тигар без заби. Не дека е за подценување ама премногу интерпретирате и очекувате од БРИКС и колку може да има на тежина.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.102
Поени од реакции
4.883
Па ете Кина и Индија на пример пред некое време пради територијално нерешени прашања се подќофнаа а имаше жртви. Е сега тие заедно ќе основаат нов блок со своја валута и тука е и утепана Аргентина која секој 5 години банкротира. Тешко такво друштво кое е толку различно буквално на секое поле да направи многу повеќе од симболичка политика.
Прво да признам дека ја согледуваш реалноста и второ се надевам дека брзи и ќе ја прифатш истата.
Знаеш многу ја гледаат реалноста ама одбиваат да ја прифатат и потоа имаат проблеми...

Кина и Индија имаат спорови многу време, многу поважно е кој тоа има бенефит од тоа и кој постојано работи на тоа тој спор да стане еден од клучните фактори за посакувано растурање на денес веќе може да се рече БРИКС++++++

И повторно да те прашам кој има интерес Аргентина постојано да биде во економска зависност и кој профитира од тоа?
Да те информирам ако си испуштил, Аргентина го отплати својот долг кон СБ во Јуани, има ли некаков значај тоа за тебе?
Многу потешко е да се даде одговор на тоа зошто една Етипоија од 01.01.2024 ќе стане полноправна членка на БРИКС++++++ се разбира ако не се земат во разгледување позицијата и ресурсите кои ги поседува, како и угледот што го има во тој дел од светот.

Но како и повеќето се фокусираш на техникалии и маргинални прашања, а свесно или намерно избегуваш да говориш за процесот кој од 01.01.2024 и официелно ке стане водечки вактор во меѓународната политичка сцена и креирањето на новиот пост-западен свет со нивната неоколинијална политика.

Не мислиш ли дека е многу позначајно да се разгледуваат можните правци на развој во светот, се разбира по пост-западниот, и на пример како и каде Македонија и Македонците ќе се позиционираат во тој нов свет, дали ќе ја искористат оваа прилика да се изборат за свое место во Светот како слободни луѓе кои имаат своја концепција и светоглед!?

За овие процеси кои следуваат, а кои ќе бидат во реализација подолго од посакуваното, на западот и се разбира во нивната колонија Северџганистан не се говори и се под цензура, но тоа значи дека истите постојат и дека се во подем и веројатноста дека ним ќе им припадне 21 век е голема.
 
Член од
12 јануари 2022
Мислења
605
Поени од реакции
1.210
Брикс в пробита историја. Пробат се да плашат Америка, но не става
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.486
Поени од реакции
31.396
Не бе мора само ботови да се прозивааат, еве јас и @Bafra ќе го пингам. Он не е бот ама... (incoming cognitive dissonance)

Eве овде, со тајмстамп:
 

Shakespear

Need moar drugs
Член од
25 јули 2015
Мислења
2.389
Поени од реакции
1.995

Shakespear

Need moar drugs
Член од
25 јули 2015
Мислења
2.389
Поени од реакции
1.995
Вие фашистите верувате дека ЛГБТ ќе го сруши западот. Тоа не се случило досега. Зш сега за БРИКС да ви веруваме?
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.486
Поени од реакции
31.396
Овој Шеки како оној што скокнал од стокатница, и како што паѓал надолу - на секој спрат си повторувал „so far, so good". :unsure:
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.368
Поени од реакции
21.892
Zaednicka valuta ke funkcionira se dodeka na primer Argentincite so bezvredni Pezo ne probaat da kupat Ruska nafta ili Kineska roba. Mozebi ke imaat Rublji ili Juan ama so sto ke gi kupat? Mi podsekjava na vremeto pred Evroto koga Italijancite kupuvaa Germanski masini. 100.000 Liri za proizvod X sto primer bese vo vrednost od 10.000 Marki. Slednata godina vrednosta na tie Liri bese 50% pomala pa posle vidoa ne vidoa im pobaraa Marki koga kupuvaat kaj niv. Zatoa ke bide interesno kako ke funkcioniraat vo praksa :)
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.486
Поени од реакции
31.396
Ако е фиат тогаш исти таклабас (само други профитери).
Било која не-фиат валута би била добар избор (имаше најави од некои за покритие со злато на нивните валути). Зошто да не и интернационална БРИКС валута со златен стандард?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom