Многу брзо ви текна. Ако не да почекаме уште некоја година па од тогаш да почнеме да бојкотираме.
Борбата требаше многу порано да почне, да не прифатевме ни БЈРМ, ни ново знаме ни ништо, масовни протести да имаше низ цела Македонија, да го зајакневме нашиот идентитет а не после 15 години инертност сега да изиграваме големи патриоти. Да беше така овој проблем одма ке се решеше.
Дур ние спиевме 15 години, Грците само ја зајакнуваа својата позиција, се и сешто преименуваа во Македонија, испоизградија споменици на Александар Македонски, вршеа пропаганда низ целиот свет.
А ние само се крадевме самите себе, си ја ограбивме државата, 0 денари вложивме во нашиот идентитет и историја.