..точно балоните се на топол воздух, на гас полесен од воздухот..: водород или хелиум, и конбинација на хелиум и на топол воздух каков е овој кој сега лета преку Пацификот . Водородот од познати причини не е во игра. Понатаму балоните можат да бидат врзани или неврзани , за висини до 10 км. и стратосферски.
Е сега дирижаблите од кои најпознати се оние на грофф Цепелин , па затоа у народ познати како Цепелини..

Прво тие за разлика од балоните кои ветер ги вее, имаат погон, значи можат да летаат прецизно контролирано.
Ги има со крута конструкција, такви се германските цепелини...полукрути ,меки дирижабли, најпознати се оние на фирмата Гудјер какви америкнците масовно користеле во втората светска војна како ловци на подморници...и хибридни кои имаат и аеродинамични крила или облик за дополнителен узгон од хоризонталното движење...
Занимливо летало посебно заради тоа што е најеколошко во однос на околината и најефтино во однос превезен тон/километар.., скоро како брод, а не му требаат дооолги писти за полетување и слетување, можат и да лебдат над недостапни места за утовар растовар, транспортирајќи и многу тешки и вонгабаритни товари.
Имаат економска логика, заради законите на физиката само, ако се ЏИНОВСКИ. Мали цепелини функционираат единствено како спортски направи и беспилотни летала за разноразни функции.
Има многу проекти на сите страни за градба на дирижабли, но од тоа нема да биде ништо додека не се скоцка синтетички гас кој не е запалив , а е драстично поевтин од хелиумот , со носивост по м3 на водородот. Може и ќе го смислат во некоја иднина.
Други проблеми нема..., освен нормално мафијата на Боинг и Ербас...