Аliexpress (официјална тема)

Член од
14 август 2010
Мислења
776
Поени од реакции
478
Член од
17 ноември 2014
Мислења
2.642
Поени од реакции
4.142
Decki kako e so carina i dugi davacki ako poracam neshto od AliExpress shto koshta 200€.
 
PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.406
Decki kako e so carina i dugi davacki ako poracam neshto od AliExpress shto koshta 200€.
Ако вредноста на стоката во пратката е помала од 800 ЕУР во денарска противвредност, се применува единствена царинска стапка од 15 % и стапка на ДДВ од 18% или 5% во зависност од видот на стоката.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.024
Поени од реакции
7.050

А од колкава вредност почнува да се наплаќа данок, а од колкава царина?
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
1.538
Поени од реакции
746

Сите поштенски пратки кои содржат стока, а кои се испратени од странство од страна на правни лица, како и сите пратки кои се предмет на купопродажба, подлежат на пресметка на царински давачки и ДДВ, независно дали служат за лична употреба на примачот. При тоа од плаќање на царински давачки се ослободуваат пратките чија што вредност не надминува 45 ЕУР, а од плаќање ДДВ се ослободуваат пратките чија што вредност не надминува 22 ЕУР, што значи дека за пратките со вредност до 45 ЕУР се плаќа само ДДВ.
 
Сум нарачувал производи над 50 евра и не ми барале ддв и царина (дури и на пакетот не пишуваше лажна ниска цена). Само се прашувам дали Shippingot ги има покриено тие давачки...
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.356
Поени од реакции
4.869
Во врска со царините, иако не е за алиекспрес
Минатото лето на име на здружението беше стигната пратка од 100 ситни колачиња од Холандија.
Подарок беа за една собиранка што ја правевме летото.
Се јавија од царината овде во МК, рекоа дека не може да ја земеме пратката додека не помине царинска постапка, за што бараа да ангажираме фирма за таа работа, шпедиција. Излезе дека барем 100 евра ќе треба да потрошиме за подарокот, од кои во најголем дел за шпедицијата и нивниот ангажман. Му кажав на тој што се јави дека во пратката се колачиња кои се подарок, тој ми рече: може порше да е, и подарок да ти е, ама сепак ќе треба да си ангажираш фирма. :D
Му одговорив да си ги отворат да ги изедат, или да ги вратат на испраќачот, не ги земаме.

По 6 месеци, зимава, пак се јави некој од царина, рече за истата пратка последно прашање дали ќе ангажираме фирма за шпедиција да ни ги помине на царина? Реков - колачиња имаше внатре, еднаш кажав да ги јадете или да ги вратите, а сега по 6 месеци се гарант расипани.
 
Член од
5 мај 2016
Мислења
95
Поени од реакции
66

Тие колачиња од Холандија да не биле „специјални“ па од страв не сте ги зеле? :LOL:
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
1.538
Поени од реакции
746
Сум нарачувал производи над 50 евра и не ми барале ддв и царина (дури и на пакетот не пишуваше лажна ниска цена). Само се прашувам дали Shippingot ги има покриено тие давачки...
Shippingot никако не покрива ДДВ и царина. И мене ми се случувало да ми пуштат пратка, ама се случувало и да платам или ДДВ или ДДВ и царина.

Како што спомнаа погоре не е битно дали е поклон, препорачана, итна или било каква. Битно е колку чини и што има во пратката.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.356
Поени од реакции
4.869
Тие колачиња од Холандија да не биле „специјални“ па од страв не сте ги зеле? :LOL:
Не, сигурно не беа специјални. Ама не ни се даваа 100 евра за колачиња кои не ги ни баравме. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom