Аliexpress (официјална тема)

Член од
26 април 2020
Мислења
57
Поени од реакции
83
Да да секако немаат, сметките преку граница стигаат. јас кај што живеам нема ни еден албанец поштар, има еден турчин (торбеш) и ТОЈ е најпоштен и најработлив од сите.

А па и пред ДУИ да влезе во поштата шо беше таа една ажурна и одговорна институција што да ти зборам...
Значи... поштарите не се тие што ги внесуваат нарачките во Македонија.
Не се работи за Албанци, Турци или Македонци поштари туку за МЕНАЏМЕНТОТ на Македонска пошта.

Еве на поштарот каде што живеам јас никогаш не му се случило да не ми донесе нешто на врата, дури и пакети не му е тешко да донесе, ама ете сега не носи зашто во Пошта не е стигнато ништо.
 
Последно уредено:
Член од
6 јануари 2015
Мислења
1.302
Поени од реакции
1.242
Пред пандемија пратките кој ги нарацував от АЛИ..по серискиот број за следене от Кина секогаш прецизни излегуваат за нецела недела дена но кога ке влезе во Скопје овде БОГ ДА ЧУВА за да ми ја донесат от Скопје до Охрид ТРАЕ ТОЧНО ТРИ 3 НЕДЕЛИ па така да се на се секоја пратка ми идеше за 40 дена максиум порано,имам пратки на кој пишува "se prima vo isporacana" и така седат от 5ти еве 27ми сме абер намам от нив Сметките за струја ни ги носат на 23 (прецизни секогаш) самошто овојпад ни ги донесоја на 5ти ПАК ЕВЕ НЕШТО КАСНАТ ги нема и нив ПУСТА ДРЗАВА ИЛИ ТЕРИТОРИЈА се додека Поштата,ЕВН,Водовод,И ДР се ДРЖАВНИ напредок нема да има,ке сме какви сме и каде сме,ке мора да се иселуваме за нормален зивот за зивеене не за презивуване,,ШТО ТИ Е ДРЖАВНА ПОСЛА,нишај врата земај плата(загарантирана плус одмор)ШТОЧЕТИ ШВАЈЦАРИЈА КОГА СИ ВЕКЕ ТАМУ.....
 
Член од
20 јануари 2018
Мислења
91
Поени од реакции
76
Јас пратки во март порачани ги чекам уште. Не работеше аеродромот во СК и се наопаку е поради коронава. А поштарите мува не ги лази, го боли к..от, државна работа, загарантирана плата, која мотивација ја има да внесе малку повеќе труд во работата ко и вака се може...
Поштарите се последното дупче на свиралото, тоа некој од погоре го има прекинато, некој кој сигурно не знае што е да нарачаш по интернет а дошол патриски на позиција и сега он одлучува ај што ке им се пратки има битпазар,бувљаци ке си купат тоа што го има таму, тоа што нема немора да го имаат, како во време на кумунизмот горење касетофон и нишки телевизор а ако ти донесе тетка од Германија вокмен главна фаца си.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.139
Поени од реакции
8.237
И јас чекам две пратки од АЕ од почеток-средина на март. Еден поштар го препрашував, ми кажа дека по малку ќе стигале...
 
Член од
20 јануари 2018
Мислења
91
Поени од реакции
76
Значи... поштарите не се тие што ги внесуваат нарачките во Македонија.
Не се работи за Албанци, Турци или Македонци поштари туку за МЕНАЏМЕНТОТ на Македонска пошта.

Еве на поштарот каде што живеам јас никогаш не му се случило да не ми донесе нешто на врата, дури и пакети не му е тешко да донесе, ама ете сега не носи зашто во Пошта не е стигнато ништо.
Кога сме веќе кај менаџментот на пошта еве да кажам јас мое искуство од 2018 кога мислам дека сеуште беше Рафис Алити директор. Нарачав чешма-проточен бојлер од еБеј ист како деламано само за монтирање на ѕид 22 долари со фрее шипинг. И дојде пратката до аеродромот во Скопје се појави и во нашава пошта на тракинг и никако да ја добијам праткава и после месец дена го контактирам продавачот и тој без објаснување вез збор ме рефундира во целост што не беше нормално за кинески продавач на еБеј. После тоа гледам истава чешма-бојлер нема опција за шипинг до Македонија. После 2-3 недели во Евротулс гледам исти такви-чешми-проточен бојлер се продаваат и тоа од сите модели со туш итн. само што залепиле марка тонсформ, после тоа истите ги видов и на бувлјакот тонсформ чешми колку сакаш и веднаш ми стана јасно кај завршила мојата пратка и зошто кинезот без збор ме рефундираше и без објаснување.
Значи не ми криво и не сум љубоморен што некој од Пошта ја видел мојата нарачка и направиле бизнис со тоа нарачале контејнер со тој производ, иако не тоа етички и професионално за вработени или менаџмент на Пошта, ама чешмата проточен бојлер што јас го нарачав требаше да го добијам, кој ми беше за у гаража. Сеуште немам чешма и нема да купам од тие тонсформ затоа што мислам дека ми ја украдоа мојата што јас ја нарачав, за да направат бизнис, за што мене не ме интересира, не сакав да правам бизниси, јас само сакав да си ставам чешма-проточен бојлер во гаражата. Требаше да ми ја достават со било какво закаснување но така ти е кога живееш во БАНАНА држава.

20200527_091216.jpg
-
Автоматски споено мислење:

Стасаа две ...една преку латвиа друга по сингапур пост ...

Sent from my iPhone using Tapatalk
У Велес таму централана Македонија изгледа дека функционира доставата.
 
Прегледај го приврзокот 253092
-
Автоматски споено мислење:

У Велес таму централана Македонија изгледа дека функционира доставата.
Во последно време ми се чини дека малку се оправија или барем јас сум немала лошо искуство освен сега со праткиве што не стигаат. Ама поради вакви хорор-приказни што ги имам слушано секогаш со параноја си ги чекам нарачките.
 
Последно уредено:
Член од
20 јануари 2018
Мислења
91
Поени од реакции
76
Во последно време ми се чини дека малку се оправија или барем јас сум немала лошо искуство освен сега со праткиве што не стигаат. Ама порафо вакви хорор-приказни што ги имам слушано секогаш со параноја си ги чекам нарачките.
Баш и мене поради ваквите лични искуства од порано сега кога ги нема пратките ме фаќа параноја дека ќе ги видам на бувљак кој редовно го посетував. Сега сигурно ќе почне со работа по олабавување на мерките.
 
RePrEsEnT

Until The End Of Time
Член од
26 септември 2007
Мислења
92
Поени од реакции
126
Сега ке ви кажам јас една случка од пред две три години ....
Нарачав самсунг с5 копија ... 3000 денара го платив ...
Стасува на царина го отвараат и ми се јавуваат ми викаат вакво нешто не смееш да порачуваш, или согласи се да се уништи или кривично ке те гониме ...

Наредниот ден наоѓам контакт од еден цариник и му се јавувам и ми вика вака:
Другар дојди во Скопје дај ми лично на рака 3000 денара и ке ти го дадам .. јас не прифатив бидејки не ми се исплатеше и со селерот се договоривме пола пари да ми ги врати ...

После на фејзбук кога ке ви испадне продажба на некоја копија на самсунг да не се лудите од каде им се ... значи законски копија на телефон не смееш да купуваш а после ги гледаш на фб како ги продаваат.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
6 јануари 2015
Мислења
1.302
Поени од реакции
1.242
а како би го објасниле ова!!!!!!!пред некоја година дена добив пратка от АЛИ.кој ја имава нарачано пред години..значи пратката ја добив после две ипол години откако ја нарачав...тогаш пандемија немаше војна немаше празници немаше,прашањето е?кајбила што правела толку време????????
 
Член од
14 август 2010
Мислења
1.156
Поени од реакции
1.376
Да не ја пуштиле бродски наместо авионски? Тие прво Аустралија пристигаат после се дистрибуираат по други бродови за Америка, Азија и сл.
 
Член од
20 јануари 2018
Мислења
91
Поени од реакции
76
Сега ке ви кажам јас една случка од пред две три години ....
Нарачав самсунг с5 копија ... 3000 денара го платив ...
Стасува на царина го отвараат и ми се јавуваат ми викаат вакво нешто не смееш да порачуваш, или согласи се да се уништи или кривично ке те гониме ...

Наредниот ден наоѓам контакт од еден цариник и му се јавувам и ми вика вака:
Другар дојди во Скопје дај ми лично на рака 3000 денара и ке ти го дадам .. јас не прифатив бидејки не ми се исплатеше и со селерот се договоривме пола пари да ми ги врати ...

После на фејзбук кога ке ви испадне продажба на некоја копија на самсунг да не се лудите од каде им се ... значи законски копија на телефон не смееш да купуваш а после ги гледаш на фб како ги продаваат.

Sent from my iPhone using Tapatalk
Не е баш точно, копија на оргинал несмееш да увезеш наменета за препродажба а наменето за лична употреба смееш, значи со самото тоа што ти си имал едно парче и ако не било адресирано на име на фирма која врши продажба на мобилни би требало да го добиеш.
 
RePrEsEnT

Until The End Of Time
Член од
26 септември 2007
Мислења
92
Поени од реакции
126
Не е баш точно, копија на оргинал несмееш да увезеш наменета за препродажба а наменето за лична употреба смееш, значи со самото тоа што ти си имал едно парче и ако не било адресирано на име на фирма која врши продажба на мобилни би требало да го добиеш.
Можеби сега е сменет законот, јас кога го нарачав не беше така ... жив ке ме изедеа ...

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
20 јануари 2018
Мислења
91
Поени од реакции
76
Поштата мислам дека најдобро ќе биде да се приватизира како што направија со ЕВН и телеком за да профункционира 100%, вака не бива секој си води своја политика и си праи свои правила. Не бива државно да биваше Кумунизмот немаше да крахне.
 
Дефинитивно. Заедно со Комунално.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom