Словени сме биле, антички Македонци сме биле...бре , бре , бре !!!
Македонија има географска положба којашто секогаш низ историјата претставувала своевидна раскрсница , многу народи поминале, останале , живееле ....антички Македонци, словени, готи, крстоносци, племиња...... не сум некој страствен историчар па затоа и нејќам да навлегувам ниту да солам памет. Но едно сум сигурен ....не сме ниту чисти антички Македонци , ниту Словени... на Балканов во историјата не се знае кој кого клецнал, па какви се мешавини има! КОјзнае што сме....од аспект на генетиката?!?! Она што е битно е како што се чувствуваме ??? Она што е битно е што определуваме да бидеме и она што ни се негира е едно основно право да бидеме тоа што сакаме, тоа што чувствуваме во себе дека сме и да се нарекуваме како сакаме.
Меѓутоа не е тоа најтрагично! Искрено више преку к...в и од името , и од словени , македонци ,грци.....толку сме опседнати со минатото што заборавивме на сегашноста а уште помалце мислиме на иднината.
А сегашноста е дека се случува пропаст во државава ни наша на идеолошки, културолошки , економски, социјален, политички план . Многу си ја сакам, никогаш неам намера да се отселам ама државава за кур не ни ја бива. Џабе сите се праат патриотишта у душа, поотмци на Алкеснадар кога 90% од народов е поделен на ВМровци и Сдсмовци. Македонскиот народ кој живее на територијата на сегашна Македонија , сега во моментов е најголем безкичмењак. Политичкава елита не гази , не праи будали и пак на избори ќе идете ќе ги гласате и пак ќе се чукате у груди за нив. ПОлитика влезе и во МАНУ и во судтство и во спорт па дури и на кајгана.ком кога се дискутира за историја гледајте колку се доведуваат работите во политички контекст.
А најпарадоксално е што ваква дискусија се развива за емисија во која за историјата говореа поет и археолог, мислам каков нон сенс!
некои го величаат едниот , некои го величаат другиот! А паралелно сите јадат говна за Б. Ристовски , Љ. Фрчковски , Д. Малески и други кои само си го користат своето демократско право да си го кажат своето мислење и да си ги бранат своите интереси. Они можеби се корумпирани, предавници и нешто друго, но они си имаат свое мислење, си го кажуваат и го бранат. Дејствуваат!!! А овие бесполезни полемики кои континуирано се водат на форумов станаа више досадни и стерилни. Ме потсеќа на оној Јудејски народен фронт од МОнти Пајтон- Житието на Брајан!!! Discusonс, discusions , discusions!!! And what about action????